логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

На 20 октомври / 2 ноември, Црквата го празнува споменот на Преподобниот Гавриил Самтавриски – духовен старец, Добар дедо, како што го нарекуваат во Грузија, кој со својата неискажлива љубов ја преобразува човечката душа. Чудата по молитвите на старец Гавриил не треба да се бројат, бидејќи тој и по својата смрт, им помага на оние кои страдаат и им е потребна утеха.



Отец Јован (Папич), Србија, Белград:

– Старец Гавриил го почитуваат во целиот православен свет и кај нас во православна Србија. Во мојот живот старец Гавриил има направено многу чудеса, постојано чувствувајќи ја неговата поддршка и грижа. Во знак на благодарност и љубов кон старец Гавриил, јас на една наша парохијанка по име Виолета, и благословив, на икона да го изобрази ликот на Старец Гаврил, со цел неговата икона постојано да стои во нашиот храм. Јас нејзе и раскажав за старец Гавриил и за неговата чудотворна сила, т.е. за силата на неговата љубов. Таа почна да ја слика иконата, а после неколку дена, дојде кај мене и со солзи и ми рече: „Отец, јас со мојот сопруг сме разведени веќе 20 години. Откако го изобразив ликот на старец Гавриил, мојот сопруг после долги години ми позвони, се извини пред мене, и ние се смиривме.“

Несомнено е дека отец Гавриил е голем светилник на љубовта, кој низ времето и просторот им дарува љубов на сите, помагајќи им во сè, дури и во таквите случаи, кога самиот се срамиш да побараш помош од него.

Отар Н., духовно чедо на Преподобен Гавриил:

Еднаш во Великиот пост, јас со отец Гаврил бевме во Светицховели (Соборен патриаршиски храм во чест на Дванаесетте Апостоли). Во текот на ноќта, јас имав бубрежен напад. Јас не се осмелив да го разбудам старецот и сам отидов во болница. Ми дадоа силен аналгетик за смирување на болката. За кратко време, на посета ми дојде отец Гавриил. Од големите болки јас не можев да се движам. Отецот ми благослови, да станам и на колена да ја прочитам молитвата „Отче наш“. Јас го исполнив благословот и веднаш почувствував, дека болката почна да престанува. По милоста Божја, и по молитвите на отец Гавриил кон Мајката Божја, јас бев спасен од операција.

Еднаш старецот ми нареди да му однесам еротско списание, односно не некои карикатури, туку вистински фотографии: списанието требаше да биде „живо, како риба“. После неколку дена јас отидов кај старецот, надевајќи се, дека тој заборави на чудното барање. Но не, тоа беше сеуште присутно кај него. Он ме погледна, велејќи ми: „Ако не го исполниш, ќе бидеш строго казнен“. Немаше што да правам, морав да му го однесам списанието. Блиските, дознавајќи за тоа, почнаа да го осудуваат старецот. Јас бев разочаран, сметајќи се за виновен. И наеднаш, во мојот ум исплива мојот блуден грев, кој некогаш беше втиснат на фотографиите. Овие фотографии се наоѓаа во мојот сеф со документи. Јас веднаш отидов на работното место, ги зедов фотографиите од сефот – и се изненадив многу: во кадарот на една од фотографиите, имаше јадење со жива риба. Јас веднаш ја запалив фотографијата. После неколку дена, во текот на еден процес, мојот сеф беше подложен на проверка. Ако тие фотографии беа откриени, јас ќе бев во голема неволја и непријатност. Така старецот, спасувајќи ме од непријатноста, во предвид не ја зеде својата репутација. Отец Гавриил не се плашеше од осудување, туку секогаш беше подготвен да поднеси било каков срам, со цел да му помогне на ближниот.

Светите мошти на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)


Неколку дена по моето запознавање со отец Гавриил, тој ми подари голема стара икона со Распетието Христово. Ноќта тој ме изведе надвор од келијата. Од месечевата светлина, куполата и крстот на храмот биле јасно видливи. Отецот ме натера да клекнам на колена, а потоа ја постави иконата на мојата глава и долго се молеше. Одвреме – навреме, го слушав неговиот глас: „Бог Авраамов, Бог Исааков, Бог Јаковов…“ Јас сеуште се сеќавам на ова, но за мене остана загатка, за што се молеше старецот. Во една друга прилика, отец Гавриил ми даде кадилница и ми рече: „Запомни добро: постригот ќе биде во Зедазен, и ти таму ќе се упокоиш“. Негледајќи на тоа, дека јас сеуште не сум на таа духовна состојба, во кој треба да се наоѓа монахот, јас посакувам да се остварат неговите зборови. Посакувам Бог да ми се смилува и да ја оправда мојата духовна блискост и топлата пријатна врска со отец Гавриил.

Учителот на смирението, послушноста и големата љубов, утешителот на грешните и немоќните, јуродивиот архимандрит Гавриил често говорел за себеси: „Јас сум – црв, земја и пепел“. Што можам да кажам за себеси после овие зборови!



Протоереј Давид Григлашвили:

Мојата ќерка Мариам, уште од раѓањето имаше проблеми со говорењето. Таа не можеше да зборува. Единственото нешто што можеше да го изговори, беше звукот „у“. На овој начин таа се обидуваше да ни каже што сака и што ја мачи. Отидовме кај сите лекари во градот, но немаше никакви резултати. Таа практично беше нема, и ние се помиривне со тоа. Еден ден, мислата ме натера, мојата ќерка да ја однесеме на гробот на старец Гавриил. Цело семејство отидовме во Самтавро, и на колена се помоливме пред гробот на старецот. Тогаш старецот не беше канонизиран.

Се помазавме со маслото од кандилото на старецот, а потоа, пополека се подготвувавме да се вратиме дома. Јас својата ќерка ја држев за рака. Одеднаш таа избега од моите раце, буквално како да се измолкна и тргна назад кон гробот на старец Гавриил. Таа се поклони на гробот, и на изненадување на сите зеде мала кајсија од таму. На гробот претходно немаше ништо. Таа стана, дојде кај мене и ми ја покажа кајсијата, обидувајќи се да каже нешто, како што таа умееше, преку „у-у-у“. Ние на сестрите им ја покажавме кајсијата, раскажувајќи им ја нашата мака, и ги замоливме да ни кажат што да правиме. Сестрите од Самтавро ни рекоа, дека оваа кајсија, старец Гавриил ја испраќа за Мариам, и најдобро е истата да ја изеде. Ние постапивме според советот од сестрите.

Мариам со апетит ја изеде кајсија, потоа повторно отидовме до гробот на старецот, се помоливме, и по некое време се упативме кон портите на манастирот, влеговме во автомобилот и тргнавме да се враќаме дома. После десет минути, само што излеговме од градот Мцхета, од задното седиште јас го слушнав гласот на својата ќерка: „Тато, купи ми кифла!“ Посреќни луѓе, во тој момент од нас немаше, бидејќи мојата сакана ќерка, за првпат во животот изговори збор – прозборе. Јас го застанав автомобилот, и сите со стравопочит бевме потресени од чудото, кое се случи пред нашите очи. Слава Тебе Господи! Слава на Тебе, оче Гаврииле!

Извор: http://www.pravoslavie.ru

Преземено од:http://www.pppe.mk/2018/tato-kupi-mi-kifla-novi-istorii-za-chudata-na-prepodoben-gavriil-urgebadze/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная