логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Што значат зборовите: Господи, Исусе Христе, помилуј ме? Прво, кога ја кажуваме оваа молитва, Го прославуваме Христос – Го нарекуваме Господ, кога се вели Боже мој, Седржителу, Сесилни, Сезнаен, Премудри, Преблаги, сите убави работи кои ти доаѓаат на ум. Во тој миг, кога ја кажуваш оваа молитва, се поклонуваш на Бога, признаваш дека Бог постои, дека не постоиш само ти во овој свет туку постои и Некој друг пред тебе, околу тебе, во тебе, Којшто ја прегрнува вселената, Којшто создал сѐ. Кажувајќи, сепак, Господи – овој збор ја потцртува Божјата трансцендентност, недостижност, вечност и бескрајност – до неа поставуваш едно човечко име, име на човек, на Исус, велиш Исусе Христе. Односно во тој миг потцртуваме и се трудиме да ги разбереме двете природи на Христос – Божествена и човечка и признаваме дека Исус е Господ, дека Христос е Бог, Тој недостижен Бог, Кого дури и ангелите не можат да Го разберат. Тој Бог станува достапен,  материјален, можеш да Го допреш, да Го видиш, да Го изобразиш, да Му зборуваш, да Го слушаш во личноста на Исус Христос, Којшто е Бог. Нели е тоа големо? Ако некој сака да разбере Кој е Бог, знаеш ли што треба да направиш? Земи една икона од Христос, покажи му Го Христос и кажи му: „Овој е Бог“. Ама Тој има форма? Бог е без форма – има бои, ги гледам Неговите уста, очи, коса. Да, Тој е Бог, Господ е Исус, Исус е Господ, Словото стана плот и живеше меѓу нас и ја видовме Неговата слава. Бог дојде на земјата и сега нашиот Бог е достапен – Го гледаме Господ, нашиот Христос и преку молитвата разбираме дека Божествената и човечката природа се соединети во Неговата личност. Постојат местата каде што Господ живеел и одел, каде бил распнат и воскреснал. Него повикувајќи Го, во тој збор влегува целата историја на Христос, целиот Негов живот, сѐ за Христос, сѐ што крие овој збор – сите богатства на земјата и на небото. Го прославуваме Бога, Го нарекуваме Господ: „Господи, другите Те похулија, Те распнаа, Те удрија, Те плукаат, Тебе, Исус Христос, но јас, 2000 години после тоа доаѓам  и викам ден и ноќ и Ти велам Господи Исусе Христе, Тебе, Кого другите Те сметаа за обземен од нечист дух и заблуден, дека со помошта на демоните ги изгонуваш демоните, Тебе Те викам и Те нарекувам Господ, прифаќам дека си Бог, Те признавам за мој Бог, како што слепиот Те викаше и велеше: ‘Господи, помилуј ме, дај ми да прогледам!’ Така јас признавам дека не јас, туку Ти си Бог“.


Мајка Гаврилија

Мајка Гаврилија вели дека Исусовата молитва е силен шамар против твојот егоизам, една шлаканица против твоето его. За да Му кажеш на Христос Господи, треба да се смириш, да разбереш дека не си ти Господ во овој свет, односно не ти, туку Тој е Сѐ. Зашто зборот Господ тоа значи – Сѐ. Потребно е смирение, потребно е да признаеш кој си ти и Кој е Тој. Ти си ништо, ти оној кој до пред неколку години не постоеше, си го помислил ли тоа, драг пријателе? До пред неколку години и ти, и јас, и сите луѓе, сите околу нас, нашите деца, сопруг, сопруга, блиски, не постоеле. Уште не сме биле родени. А Тој постоел. Кој ли? Господ Исус Христос. Ние се родивме кога Тој посака, во даден момент од времето, а Тој секогаш постоел, постои и ќе постои.

Тој е вечно Постоечкиот, Тој е Христос, Него Го признаваме со оваа молитва, Нему Му се поклонуваме, Му служиме и прифаќаме дека ние сме ништо пред Тебе, Господи. Ние сме многу малечки и затоа во оваа молитва моето име стои до името на Христос, но моето е толку мало, во тоа ме кое се кажува на крајот, помилуј ме, влегувам и јас, и ти, и сите ние, до името на Христос. Нѐ дели цела бездна, Бог е едно, а човекот друго. Бог е она што не можеме да го разбереме, како што се вели во молитвата од св. Литургија: „Ти си Бог  неискажлив, неиспитлив, невидлив, недостижен, Којшто вечно постоиш и секогаш си еден и ист“. А јас што сум? Глина, кал, прав. Ако стапнеш на кантар за да се измериш, колку килограми и да тежиш, знаеш ли што си? Кал. Толку килограми кал си. Ако кантарот покажува осумдесет килограми, ти си осумдесет килограми кал. Ти си кал и јас, а Тој е Оној, Кој се облекува со светлина како со облека. И ти, калта, одиш пред Христос, Којшто е Сѐ, и сакаш да направиш мост над таа бездна која те разделува од Него, и знаеш ли како се случува тоа? Со овој чудотворен, моќен, спасителен збор – помилуј ме! – имено Божјата милост го надминува растојанието меѓу тварното и Нетварниот. Нашиот Бог е нетварен, Тој е Создател на Сѐ, а ние сме ограничени суштества, заквасени со тлението и смртта, но одиме пред Христос и се молиме и велиме: „Господи, Исусе Христе, Ти, Кој си Бог, Севозможен и Недостижен, Ти ме приведе од небитие во битие, ми дари живот на овој свет, на оваа планета, јас сум немоќен, малечок, имам проблеми, грижи, што сум јас и што си Ти, ме слушаш ли? Ме разбираш ли?“ Некој од анархистите беше напишал на еден ѕид: „испраќам сигнал SOS, ме слуша ли некој?“ Еден човек ми велеше: „Јас се молам, но Бог ќе седне ли да ме слуша?“ Бог нѐ слуша нас, луѓето? Ама, каков е Тој да нѐ слуша нас? Да се занимава со нас? Се занимава. Знаеш ли зошто? Затоа што го има она за кое се зборува во тој збор – има милост, Господ е Големата Милост. Имено оваа милост нѐ поврзува со Бога, таа е мостот кој го соединува тварниот човек со Нетварниот Бог, овие убави работи ги правиме со оваа убава молитва и ти, малиот човек, застануваш близу Бога со помош на тоа зборче. Велиш: Помилуј ме! – и Господ доаѓа и те милува. Нели се убави овие работи?

Природно, за да ги кажеш, треба да сакаш. Тоа  е љубовна историја, оваа молитва е љубовна, таа е тешка за луѓето кои се рационалисти, ладни, со сува логика, бесчувствителни, без поезија. Христијанинот е поет, како што вели Старец Порфириј, тој е уметнички играч, за да го изобразиш ова име во себе си, треба да имаш уметничка крв, срцето треба да ти го кажува, треба да сакаш. Срцето треба да ти е омекнато, за да можеш да кажеш со славословие, поклонение и признание, дека Христос е Бог и Господ. Треба да сакаш.

Оваа молитва прави и нешто друго. Таа ти покажува кое е основното прашање кое треба да те интересира во овој живот. Да направиме еден експеримент – ако те запрашам, но не сега, туку во друг период од денот, кое е основното прашање кое те интересира, ти би одговорил, т.е. мајката би рекла: „Моето дете!“ Таткото: „Жена ми, децата! Парите!“ Ученикот: „Вежбите, испитите, возачкиот испит“. Младиот човек: „Сакам една девојка и сакам да се запознаам со неа!“ Основната тема што те интересира. Виде ли? Те интересираат многу работи кои сметаш дека се основната тема во твојот живот, т.е. парите, здравјето, на пример, да појдеш, да си купиш некакви обувки, кои си ги видел.  И јас, и сите ние, ако некој ни го отвори умот, за да види кое е првото и основно нешто на кое мислиме, ќе види различни нешта.

    Меѓутоа, оваа молитва доаѓа и ни вели дека основната тема, прашање, предмет на твојот интерес и размислување, љубов и приврзување, најглавното нешто треба да биде Христос. Односно, оваа молитва се обидува да ни каже дека Сѐ во нашиот живот е Исус Христос. Не се моите пари, затоа што, за жал, ти практично ова го велиш: „Господи, моето здравје е сѐ“. Моето основно прашање е да не се разболам од нешто, да оздравам, односно, за нас сѐ е нешто друго. Доаѓа оваа молитва и ни вели: „Не! Сѐ е Христос. Нашиот проблем ќе помине, тоа е нешто минливо, неважно, преодно, како птиците, кои одлетуваат, ќе помине и ова што го имаш, но Оној, Којшто пребива во веки е Исус Христос“. Знаеш ли што прави оваа молитва? Таа нѐ насочува правилно, нѐ ориентира повторно натаму каде што реално е Истокот на истоците, каде што е Сонцето, утринската ѕвезда, каде што е Источникот на животот. Разбираш ли? Ако разбереш дека основното прашање на твојот живот е Христос, а не ти, ниту јас, ниту парите, ниту нешто друго, знаеш ли што ќе се случи? Ќе се успокоиш и ќе оздравиш. Сите проблеми што ги имаме, психолошките, потиштеноста, заболувањата, нашите душевни проблеми, ги имаме затоа што го апсолутизираме реалното, затоа што се прилепуваме кон нешто, имаме зависности, пристрасни сме, имаме болна љубов. Дали тоа не е основната причина? Ти нели ми кажа дека кога една девојка те остави, ти се разболе, полуде, се збуни, не знаеше каде се наоѓаш долго време, беше како замаен. Зошто се случуваат сите тие работи? Затоа што сме поставиле како основно прашање на нашиот живот секакви други работи, а кога ќе поставиш како основно прашање на твојот живот сѐ друго, но не и Христос, тогаш се разболуваш…

Оваа молитва е совршената „психотерапија“, т.е. лек за душата, затоа што му дарува на човекот совршен баланс, те прави балансиран човек, те врти и те поставува во правилна положба пред самиот себе си, пред твојот ближен, пред Бога и ти вели: постави ги работите на нивното место, не се приврзувај кон ништо. Во даден момент, кога ќе умреш – после колку години? Колку години сакаш да живееш? Сто?  Ти давам повеќе од сто! Но, кога ќе си тргнеш од овој свет и јас, и ти, првото нешто што ќе го најдеш пред себе си, првото што ќе го видиш пред себе, нема да биде ниту твојот компјутер, ниту твоето тело кое го сакаш и обожуваш, ниту твоето лице, кое гледаш да не се исполни со брчки, ниту твојата коса која гледаш да не побеле, да не падне, ниту твоите алишта, ниту твојот автомобил, ништо од тоа. Првото и основно нешто што ќе го видиш пред себе си е Господ Исус Христос. Ако ти со едно „интелигентно“ движење, со смирение и богоугодност уште сега Го прегрнеш во Црквата и Го грабнеш, кажи ми, ќе има ли поумен човек од тебе, ако го постигнеш тоа? Ако уште сега Го прегрнеш Тој Господ што треба да пристигне и Го направиш твој, твоја сопственост, ти ќе бидеш најумниот и најубавиот човек на земјата. Сѐ ќе дојде на свое место доколку Христос стане за тебе Господ, основната тема, основниот проблем. Тогаш нема да те интересира ништо друго, нема да се разболиш што и да се случи. Ако твој близок умре, ќе поплачеш, ќе тажиш, да, човек си, не си бесчувствителен, но ќе речеш: „Умре, затоа што тој не беше Господ“. Господ е Исус Христос и Тој е жив, Јас сум животот и воскресението – вели Тој. Гледаш ли што се случува околу нас? Она што го сакаш те предава, се разболува, го фрлаш, остарува, мириса. Тоа се работите кои ги претворивме во господари во нашиот живот, затоа што знаеш дека нашата ера е идолопоклоничка и имаме многу господари и началници. Читав пак на еден ѕид, за жал љубопитен сум, но како минувам со автобусот, гледам што пишува: „Ниту Бог, ниту началници“ – тоа го напишале некои анархисти. Не сакаме ништо над нашата глава. Ама ако го кажеш ова, тоа е само на зборови, ако немаш владетели и го немаш за бог својот егоизам! Имаш сепак илјада божества, илјада господари. Кога нема да Го засакаш Христос и не Го направиш твој Господ, ќе направиш господар нешто друго. Човекот е така створен, таква е неговата градба, да се оддаде на нешто. Не можеме ние да станеме божества, тоа е ароганција, самофалење, демонски, но на нешто ќе се оддадеш, крај! Ќе направиш нешто твој господар. Ако не Го направиш Бога твој Господар, ќе го направиш твоето его, тело, идеи, мислења, одбор, партија, нешто ќе направиш твој бог.

И затоа што ќе те предаде во одреден момент, ќе се разочараш, ќе пропаднеш и ќе плачеш многу. Не се потпирај на ѕвездите зашто и тие не се здраво зацврстени, не претворај во твој господар ништо друго, ти кажува оваа молитва, туку само Мене, Исус Христос!

Господ Исус Христос е основното прашање на нашиот живот, основната личност на нашиот живот. Ниту емисијата што сакам да ја направам, ниту она за кое сега мислиш и другите работи што ќе ги направиш, туку Исус Христос е Сѐ. Преподобен старец Порфириј постојано извикувал: „Христос е Сѐ!“ Возљубен пријателе, ти ми рече: „Отче, за мене компјутерот е сѐ!“ Да, но после тоа ми кажа дека тој се расипал. Значи не е сѐ. „Ќе го поправам“ – ми рече. И да го поправиш, пак ќе се расипе. И ако не се расипе, еден ден ти ќе се оштетиш затоа што и ти си телесен, ќе се тргнеш од овој свет и нема да можеш да го земеш со себе компјутерот. Еднаш едно дете ми кажа:

– Отче, би сакал сонот да не постои!

– Зошто? – го прашав.

– За да не спијам туку цела ноќ да играм на компјутер! Се натажувам кога треба да запрам да играм во даден момент, за да одам да спијам!

Следствено, детето го претворило тоа во негов господар и божество, но тоа е нешто кое ќе те предаде, тој не е тоа што го бараш, ќе те предадат и луѓето, како да кажам, не ти го посакувам тоа да се случи, но е нешто кое се случува. Ние сме тлени луѓе и тлението  предава тление, не може еден човек да ти предаде нешто нематеријално, вечно, бескрајно, затоа што го нема, додека оваа молитва ги поставува работите на нивното место, стануваш одморен човек, придобиваш хармонија, рамнотежа, подвоеноста исчезнува од тебе, ја наоѓаш својата рамнотежа и место во универзумот, во светот околу тебе. Колку е убаво тоа, да ја кажуваш молитвата и очекуваниот Господ да биде твој!



Прекрасно е да го окупираш рајот. Сега прават окупации на училишта, окупации на универзитети, окупации насекаде. И ние да направиме една окупација на рајот! Тоа е прашањето – дали ја правиме? Ќе најдеме ли место таму? Да ти кажам нешто – ако ја кажуваш молитвата, ќе најдеш. Ако постојано ја кажуваш молитвата, постојано, можеш ли? Можеш. Не сакаш. Можам, но не сакам. Од различни причини. Но ако човек вика постојано во својот живот: Господи Исусе Христе, помилуј ме!, кога ќе умре ќе Го види Исус Христос пред себе си, тоа е возможно цел живот да Го вика со смирение, љубов, со трпение, со борба, со верност – но не да зборува едно, а да прави друго – дали е возможно Тој да не го помилува? Тоа значи милоста, да помолиш: „Дарувај ми го рајот!“ Дали Тој нема да ти го даде рајот ако цел живот викаш кон Него? Кога Бог им помага на луѓето кои не Го викаат, Тој оди и ги крепи, им помага, ги поткрепува – луѓето, кои никогаш не Го засакале. Затоа што е Бог на љубовта. На тебе, кој Го викаш цел живот и велиш: Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме, нема ли да ти помогне?

Еднаш, додека чекав на семафор, дојде еден просјак. Немав ситно, имав само едно евро – даваме обично половина евро – но тој имаше нешто кое те омекнува, стопува и си реков: „Колку напатено и жедно лице!“ Начинот на кој просеше милостина, реално ме обори, му дадов малку повеќе и си реков – треба да бидеме такви пред Бога, како просјаците, но добри просјаци, реално да чувствуваш дека немаш, за да ти даде. Овој копнеж треба да ти излегува од срцето со болка, љубов, жед, солзи. Ако ја кажуваш молитвата, ја наоѓаш во себе си благодатта, таа се буди и расцветува, благодатта што си ја примил, знаеш ли кога? Кога си се крстил. Тогаш Христос влегол во тебе и белите одежди што ти ги облекле се белата одежда на чистотата, на светоста на Божјата благодат и Самиот Христос. Затоа, вие кои во Христос се крстивте, во Христа се облековте. Оние кои сме се крстиле во името на Христа, сме се облекле со Него како со друга облека, облека, покривка и покров. Каде е Христос? Во нас. Каде? Не Го гледаме, не Го чувствуваме, не Го забележуваме, затоа чувствуваме празнотија, осаменост, меланхолија, отфрленост, плачеме, ни фали друштвото на луѓе, ни фали утеха, љубов, роптаме и се оплакуваме. Ако Го чувствувавме Оној, Којшто веќе Го имаме во нас, Тој веќе е во нас, Христос, но не Го оставаме да се јави, не Го викаме да излезе, толку многу други нешта нѐ окупираат, толку многу други интереси, теми, прашања, а Христос чека и вели: „Чекам. Во редот сум. Дали некогаш ќе Ме извика и Мене? Да се јавам? Да му ги дадам Моите дарови. Засега вика други работи, ја вика модата, телевизијата, убавите јадења, убавите патувања, сѐ тоа. Мене кога ќе Ме викне? Да се откријам?“ Оваа молитва оди и Му кажува на Христос: „Господи, разбуди се, дојди, покажи ми го Твоето лице, покажи го Твоето лице пред нас и ќе се спасиме! Да Те видиме, Господи, во Твојата светлина гледаме светлина. Господи, Те викаме, нема ли да нѐ слушнеш?“

Исусовата молитва е љубовно искуство (прв дел)

Извор.

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/isusovata-molitva-e-ljubovno-iskustvo-vtor-del/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная