"Во секој одличен ден, во секој празничен ден, ѓаволот со неговите искушенија создава проблеми кои причинуваат тага. Тој сака да ја урне нашата радост, да ја наоблачи светлоста на празникот, да не остави срце нерането од жалоста. Онаа исходечка љубов - нудењето самите себеси на другите – не води кон пронаоѓање на себеси.
Го откриваме не само нашето сопствено битие туку и битието на секој друг човек. И ако ја поседуваме оваа љубов – колку и да сме далеку ќе не одведе во Рајот. А ако не ја поседуваме – дури и да сме пред самите порти на Рајот – нашиот недостаток од љубов, кој всушност е „омраза”, ќе не спречи да влеземе и ќе направи да бидеме отфрлени далеку."