логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Светата Тајна Причест – најдобриот лек

Храмот е најдобра и најизлечива болница, а оној кој ве советува, па макар бил тоа и српскиот патријарх или кој било владика, дека може само пет луѓе да бидат во храмот, тој или нема вера или служи некоја друга служба.


Господ Христос е најдобриот Лекар и Он ги дава најдобрите лекарства преку Светата Тајна Причест – тоа е најдобриот лек! Ние сме православни христијани, немаме причина да се плашиме од никој друг освен од Бога. Ако Бог допушти да нѐ снема, тогаш нема да нѐ има. Да живееме нормално, доаѓајте во храмовите и причестувајте се.


Кои се тие што нè поучуваат што треба да правиме? Со што се занимаваат? Тоа се најголемите безбожници, најголемите блудници, најголемите материјалисти [се однесува на власта во Србија]. Од нив треба да се плашиме [да не се заразиме]! Ја напаѓаат црквата, а ним 3.000 луѓе им спијат заедно. И оние што на пензионерите им носат храна, во магацинот се по 400-500 луѓе што ги пакуваат и ги разнесуваат тие пакети. Што е тоа? Тука нема да се рашири вирусот, а ќе се рашири во храмот?


Ја загрозуваат слободата, го загрозуваат движењето. Што се однесува до мене, слободата е таа што Бог ни ја дава, а мојот благослов е да доаѓате во црква, да се причестувате и да си ги вршите сите други обврски како вистински христијани.


Епископ Банатски г. Никанор

 

10ти април 2020 лето Господово

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2753
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1933
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…