логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Ве љубам, какви и да сте! - Архимандрит Андреј Конанос

3.angeli.so.truba

  Помнете, дека Бог го укрепува Своето творение, а не ја преисполнува твојата душа со печал.  Кога било кој ти дава критика, те навредува, те убива душевно - тој глас не е од Бог. Бог нé укрепува, затоa и и сите итале да отидат кај старците, тие велики старци, кои веќе се станати свети. Овие двајца луѓе се издвојуваат повеќе од сите други - старецот Паисиј и старецот Порфириј. Зошто сите оделе кај нив? Затоа што самите тие се нacитиле со љубовта од Бог и ја давале неа на луѓето.
    Јас никогаш не сум чул, дека било кој рекол: "Јас отидов кај старецот Порфириј, а тој ме казни, не ми разреши да се причестам, ме навреди и понизи." Еднаш  раскажав за ова во една радио - емисија, да да видам, дали можеби, некој ќе слушне и ќе заѕвони, за да каже дека старецот го навредил но, не се најде ниту еден таков човек. Тој на сите им даваше надеж.
    Исто и мене не ме искара кога дојдов кај него. Но, како тој тоа го стори.... Рече дека јас сум бунџија. Но, го кажа тоа на така добар начин, што знаете што си помислив? - "Кажи го тоа уште еднаш!" А зошто? Затоа што, ако Божјиот човек те удри тебе со љубов, ти го бараш неговиот удар, затоа што сфаќаш, дека тоа тебе те исцелува, дека ти е во благо. Затоа и јас сакав, тој повторно да ми го каже тоа мене. Затоа што тој говори со мене на добар начин, не ме понизува и не сака да ме навреди, туку  сака да ми помогне да се подигнам од местото,  на кое се наоѓам.
    Пред домот на светиот Порфириј чекаа секакви луѓе: хулигани, безделници, богати, аристократи, анархисти со обетки, со тетоважи, во скинати панталони. И сите го чекаа него. Зар тоа не е чудно? Разни категории на луѓе.  Секој кој излегуваше, тој си мислеше: "Тој човек ме љуби мене, тој е Божји човек." Во тоа е тајната на великите свети. Луѓето изгазиле кон неговиот дом патека, која претходно била целата со трње и грмушки.
    Еден 25 - годишен наркоман од атинскиот квартал Екзархија отишол кај старецот Паисиј, а откога се вратил, започнал да му пишува нему писма. На ковертот тој напишал: "за отецот Паисиј", а внатре: "Возљубен оче Паисиј, мој сладок татичко!" колку е тоа впечатливо! Тој него така го нарекувал. Затоа што тој немал татко, односно имал, но тој не наоѓал заеднички јазик со него и не ја чувствувал неговата љубов, а кај старецот Паисиј почувствувал љубов. Затоа што старецот Паисиј имал љубов, која можел да ја даде.
     А ние немаме љубов, и затоа одиме, да ја добиеме од децата, ја вшмукуваме енергијата од луѓето, затоа што во нас самите нема внатрешни енергии, и ние ги измачуваме. Затоа, кога некој кој е покрај нас сака да ги рашири крилјата и да одлета, ние му говориме:
    - Не заминувај, јас имам чувство на љубомора, јас сакам, ти да бидеш мој! Ти си ми нужен.
    Тоа не е љубов, тоа е зависност, потреба. Љубовта е едно нешто, а потребата друго. Љубовта е слобода, љубовта значи, дека јас ти го предоставам тебе пространството на слободата. Сакаш да заминеш? Замини, јас те сакам, јас ти посакувам добро тебе!
    Мајката вели:
    - Јас те сакам тебе, не заминувај далеку, дете мое! Јас те љубам, но не заминувај да се омажиш за оној, за кој што сакаш, заминувајќи далеку. Остани овде, земи некој друг, за ние да бидеме заедно!
    То ест таа и натрупува други мисли на ќерка си во умот: "Моите планови! Нека биде така, како што јас сакам, за мене да ми биде добро." Во исто време како говори чистата љубов, со која човекот се наситува од Бог?
    - Јас ќе појдам во агол, а ти оди напред. Бог мене ќе ми помогне: Мојата среќа нема да ја уништи твојата. Устрој го својот живот, како сакаш.
    Тоа е многу тешко. Затоа кај таквите духовници немало ни приврзаници, ни групирања и тие никого не барале кај нив да се исповеда, туку говореле:
    - Оди кај оној духовник кај кој сакаш. Тоа мене не ме огорчува, затоа што јас сакам, ти да бидеш среќен. Јас не сакам да те влечам тебе на своја страна и да создавам своја група.
    Тоа е одлично. Љубовта Христова го сака твоето срце. А дали вие чувствувате, дека Бог ве љуби? Доколку се чувствуваш себеси љубен/а, ти се чувствуваш одлично. Твојот маж не е дома, а ти не се грижиш, затоа што  чувствуваш, дека Бог те љуби и тебе не ти недостасува ништо. Ако некогаш сте го почувствувале тоа, во тоа имено се состои полнотата, т.е. исполнувањето:" Кај мене нема никаков недостаток, мене не ме интересира, дали ти ќе ме поздравиш или не. Неважно е, мене не ме интерсира, дали ти ќе кажеш, дека јас сум образован, или нема ништо да кажеш. Тоа мене не ме интересира. Јас од  Бог добивам се што сакам: вредност, сила, слобода, радост. Бог ме наситува и јас сум исполнет." А кога си ти внатрешно празен, ти си истрошен, од сите околу го бараш ова  или она и страдаш, ако тебе не ти го дадат тоа. Тоа е голем проблем.
    Еден човек не може да ти даде тебе сè. Мажот сака да појде на стадион, да се види со другарите, да отиде на фитнес, а кај жената гладна душа. И таа душа само Бог може да ја насити. Ако Бог не присуствува во вашите односи, тие ќе станат исцрпувачки, затоа што ти ќе посакаш сè од еден човек. Затоа, кога ќе го најдеш Бог  тоа ќе биде во благост за тебе и за ближниот, и за општеството и никој никого нема да измачува. Тоа е грандиозно.


3.angeli.so.truba
    Зошто страдаш? Затоа што не добиваш љубов. И Бог ти говори:
    - Таа љубов, што ја бараш, - е само мал зрак. Затоа оди кај Источникот. Во спротивен случај секогаш ќе страдаш. Источникот  тебе ќе те насити и во тоа е величието на човекот. Независно од тоа, дали ќе појдеш на Света Гора Атон, или на Кипар, во САД или Англија, ти можеш да се исполниш со Божјата љубов, каде и да се наоѓаш. Бидејќи може да влезеш на Светиот Атон и да не го почувствуваш сето ова. Додека пак,  може да живееш во обичен дом и да ги почувствуваш овие нешта, да ја осетиш полнотата на Божествената љубов.
    Да се обидеме да го достигнеме ова. Светите живееле со ова, но тие исто така тие се бореле, се подвизувале, да се почувствувааат себеси љубени Божји чеда.
    Таа љубов понекогаш нам ни предизвикува болка, нема да молчиме за тоа. Бог те љуби тебе, но и покрај тоа понекогаш чувствуваш болка. Неговата љубов е исцелителна и полезна, но не е безболна. Многупати, за да ја пројави Својата љубов, Бог ја преобразува во хируршки интервенции, кои ни причинуваат болка. Многумина пак на крајот од краиштата говорат:" Па, каква е оваа љубов? Дали е тоа воопшто љубов?"
    Да, тоа е љубов. Но, не ГМО - љубов, туку љубов преобразена. Тоа е Божјо дишење, на кое ние често реагираме вака:" Зошто Ти Господи, ми го причинуваш ова?" Сакаш да имаш дете, а Бог ти постаувува некаква пречка. Сакаш здравје, а доаѓа болест. Сакаш работа, а доаѓа сиромаштија. Сакаш здравје, доаѓа смрт. Тогаш си говориш себеси: "А каде е љубовта? Добро ајде, ние да го засакаме Тој Бог. Но, каде е Он, ако така не измачува." А Бог ти говори тебе:
    - Моментално ти на сè гледаш така.Ти сè уште не ја достигаш длабочината на она што Јас ти го тавам тебе.
    Сето тоа се случува заради тоа, да се научиме да раснеме, да се научиме да ја пројавуваме убавината, која што ја сокриваме, која ја поседуваме, благодатните дарови, со кои сме исполнети и на крајот од краиштата да се ослободиме од болестите на својата душа.  Тоа за жал, не е возможно поинаку, како преку болка.
    Бог ти пратил тебе сопруг, за да можете заедно да го сретнете Него, а не да се прикрепувате еден во друг, затоа што тоа би се претворило во погибел. Вие се жените за да е возљубите еден со друг, а оттука да го возљубите Бог. Во спротивен случај, кога го љубиш само човекот, се добува очајно дело. Човекот - тој е тление, тој е релативност, замор. Мене тоа ми го говорат семејните луѓе:
    - Ние разговаравме, разговаравме и  веќе немаме што да си кажеме. Се запознавме, си здодеавме, а годините си одат.
    Што ќе ги украси вашите односи? Придодавање на Божествената љубов, која те обновува и те прави повеќе слободен во однос на другиот, не така задушен во него.
Повторувам, љубовта Божја прави да чувствуваме болка. Свети Силуан Атонски дошол до очајание поради искушение и му рекол на Бог:
    - Ти си неумолив.
    Односно -" Ти не го жалиш Своето создание." Тогаш кога тој се приближил до последниот предел и во очајание го кажал тоа, тој увидел, како ликот Христов на иконата оживува. Христос застанал пред него и тоа го потресло него, но не затоа што тој видел чудо, туку затоа што, ги видел Неговите очи. Монасите потоа го прашувале него:
    - Што виде,ти оче?
    - Неговите очи, чеда. Тие биле исполнети со љубов. Тогаш јас сум поразен, како Оној, Кого јас го сметав за жесток, кон мене сега пројави толку љубов. Јас мислев дека Он е жесток, оти ми причинува болка, но Он е исполнет со љубов, затоа што Он ми помагал мене, исцелувајќи ме.
    - Некој му рекол на Бог:
    - Ти толку многу имаш поверение во мене, ме љубиш толку многу - и ми создаваш толку многу проблеми?!
    Односно -" зарем ме сметаш мене толку силен, за да ги понесам? Јас не можам да ги понесам, а Ти ми ги доверуваш."
    Ако ние на тоа така погледнеме, тогаш Неговата доверба ја придобива нашата душа. Бог те смета тебе силен и способен да се бориш. Затоа и праќа проблеми. Ти пак тоа го восприемаш поинаку и си мислиш:" Бог мене не ме љуби, Он ме мачи!" За Него тоа не е мачење.  Он смета дека тоа е чест за тебе, твоја привилегија и "напредување". Кога ти во спортската сала подигаш 5 кг., а потоа ти дадат 15 кг. - тоа значи, дека, по мислењето на тренерот, ти имаш сила да ги подигнеш. На тој начин, ти ќе почнеш да правиш успеси, ќе станеш посилен, поубав, и ќе имаш одлично телесно здравје.

3.angeli.so.truba


    Проблемот, што го имаме во нас -тоа не е ударот Божји. Ние така сме го восприемиле како последица од нешто, што сме направиле во однос на Бог:" Мојот татко умре - јас најверајтно, сум направил нешто." Со мажот се случило нешто - ете Бог ме казнува", "детето лошо учи на школо, значи Бог ни се одмаздува".
    Не се одмаздува Бог. Доколку вие би раскажале, што мислите за Бог или што читате за Него, треба да си ги искубете косите. Ние си го претставуваме Бог како човек, и тоа како непријатен  човек со бекрајни псхолошки проблеми, и тоа го нарекуваме "Бог"!" Он мене ме казни, Он ми се одмазди, Он ми беше љубоморен, Он ми постави препреки!" Но, тоа не е Бог. Бог е исполенет со љубов.
    "Бог те љуби тебе, кога ти си добро дете. А кога ќе изнаправиш разни работи, Он тебе не те љуби" - така си мислиме ние, и кој од нас не верува во тоа? Кој може да поверува, дека во она време, кога ти си допушташ некаква грешка или извршуваш грев, Бог исто се наоѓа покрај тебе и те љуби тебе, како што Самиот говори:
    - Јас дојдов да ги спасам праведниците, туку грешниците (сп. Мт. 9,13) и уште: Не им треба лекар на здравите, туку на болните (сп. Мт. 9,12). Поради тоа јас ве љубам вас, какви и да сте.
    Тоа е голема тајна. Кога човек ќе ја разбере, се успокојува, се смирува, станува среќен и ги прави среќни своите ближни. Остави ги луѓето на мир.
    - Но тој прави гревови!
    - А ти што правиш?
    - Јас треба да го исправам.
    Да, но како? Исправи го гревот на ближниот, како што го прави тоа Бог. Каков е Божјиот начин? Љубов. Не одмазда, не казна.
    Некој, кој се натоварил во својот живот со многу бесчинство, ми рече еднаш мене:
    - Јас сум поразен од Бог: како Он дозволи се да се наредува идеално за тоа, јас да извршам гревови. Пред мене просто сите врати се отвораа. Јас разбрав, дека Он, го прави тоа, повеќе, заради тоа, за да ме допре, велејќи:" Дете Мое, јас не ги рушам твоите планови, за не речеш, дека тебе не ти оди како што треба!"
    Така, тој трогнат, од благодарност и љубочестие решил:" Нема веќе така да правам. Тоа не води никаде!"
    А кога сакав да направам нешто лошо и почнував со бесполезности, исто и тогаш немав препреки, затоа што Бог ми говореше:
    - Јас не сакам насилно да те привлекувам тебе кон Себе (т.е. да не западнеш во ад, туку в рај)! Прашањето е, дали ме љубиш Мене? Дали се радуваш кога си блиску до мене?
    Дали вие така постапувате со своите деца? Еве, детето не дошло во црква, како ќе го погледнеш после тоа? Строго, натажено? Но, ти наново љуби го своето дете. Детето не пости? Повторно љуби го! А, дали се муртите вие кога ве гледаат други луѓе? Оти кога го правиш тоа, ти буквално покажуваш, дека меѓу вас нема љубов. Некаква препрека, некаков паразит се вовлекол во вашта љубов.

3.angeli.so.truba
https://pravoslavie.ru/124511.html


превод од руски јазик: М. Белева
(следува продолжение)

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная