логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

Знаете ли што направила крвоточивата жена? Знаете ли колку бодликава жица, колку граници морала да помине за да стигне до Христа? И што правела? Ползела по земјата. Така само ќе ја поминеш бодликавата жица – и твојата,  и таа на другиот. Така ќе го сретнеш Бога и ќе Му ја покажеш својата верност, така ќе го сретнеш и другиот човек… само ако ползиш, ако се смириш. Смирението не е некаков декоративен елемент во животот на човекот, туку неопходен кислород за неговата душа, нешто кое ги брише сите дистанци. Гледате ли колку сме ладни? Многу сме ладни. Со сите и со сè.

Еве една друга слика од Новиот Завет. Светите Апостоли Петар и Јован трчале, брзале за да стигнат до Христовиот Гроб. Трчале од ревност за Христа, со духовен копнеж. Еднаш се сеќавам на островот Санторини седев во соба во еден манастир и чекав да почне службата. Наеднаш слушнав силен топот на чекори. Некој трчаше. Што да ви кажам, се уплашив, си реков – ,,Нешто се случило‘‘. Излегувам надвор и гледам една бабичка на 90 години како трча со последни сили низ угорницата. Го прашав игуменот: ,,Што е работата? Што и се случило?‘‘  ,,Ништо, трча за не го пропушти ,,Благословен е Бог…‘‘ – ми одговори тој. Каква ревност, трчаше по угорницата. Сте забележале ли како ние одиме во Црква? Можам слободно да кажам дека без разлика дали одиме во црква или за нешто друго духовно, секогаш ни недостасува таа духовна ревност. Да не видат од некое погребално претпријатие, веднаш ќе не вработат – толку тешко пристапуваме. И сега, оваа бабичка која толку брзаше, трчаше за на служба, потполно ме разобличи. Веднаш си спомнав за двајцата Апостоли. Така и тие трчале за да стасаат до Христовиот Гроб. Апостол Јован бил помлад, трчал побрзо и стигнал прв, но застанал и го почекал Апостол Петар. Ете тоа е Црквата. Не влегува внатре, туку го чека другиот, затоа што ние не гледаме кој ќе стаса прв. А знаете и самите колку бил силен копнежот на Апостол Јован, каква била неговата болка, зошто и тој ја преживеал Голготата на Крстот, видел сè со своите очи. Крвта, раните, копјето. Со болка ги носел тие слики во себе. И сега наеднаш радост – брза за торжеството, за Воскресението, но не влегува внатре. Седи надвор и го чека Апостол Петар заедно да влезат внатре. Колку убаво нешто, да си бавен и да трчаш за да си со другиот, да си брз и да чекаш за да си со другиот.

Ние доаѓаме до влезот на Гробот Господов и тука застануваме оти сметаме дека тоа е доволно, дека така сме Христијани, дека сме добри. Но што има на влезот на Гробот?  Внатре е Христос, внатре е Воскресението. Пред врата на Гробот е само оружјето што војниците го фрлиле, кога не поднесувајќи ја таа светлина, побегнале. Ние го земаме тоа оружје за со него да го повредиме другиот, кој што не станал наш брат. И уште велиме дека сме Христијани! Сме пристигнале триумфално до Гробот, не чекајќи никого, без трпение, без љубов, без Христа, и сега го земаме оружјето за да го повредиме другиот.


Сетете се на мигот во Стариот Завет, кога пророк Илија ги повикал жреците на Ваал да принесат жртва без да запалат оган. Тие од утрото го призивале Ваал да испрати оган врз жртвеникот. А свети пророк Илија дошол напладне и им рекол: ,,Тргнете се сега настрана, одморете!‘‘ Но слушнете еден важен детал: во тоа време израелските племиња биле разделени меѓу себе и воделе граѓанска војна. И  дванаесетте жртвеници биле разделени, но Свети Пророк Илија ги зел и ги обединил во едно, а потоа фрлил вода врз нив и  уште пред да ја изговори молитвата која му се родила во срцето, бидејќи срцето зборува прво и ги раздвижува струните на гласот, паднал оган кој изгорел се, ја голтнал дури и водата. Навистина, ако немаме единство, тој Божји оган, тој оган на Педесетница, тој оган и таа светлина на Воскресението може да не допре, но без единството ќе нè изгори. Кога не го почитувам другиот, кога немам љубов, кога не се смирувам за да ја надминам бодликавата жица и да можам да го приближам до себе и тој да се приближи до мене, кога немаме единство и ние само ќе викаме гласно како жреците на Ваал, но ништо нема да се случи.

Кога Црквата зборува, гласот и е величествен. Но и кога молчи, нејзиното присутство зборува. Тоа е Црквата. Таа е заедница, тело, единство. Се разбира, ќе ми кажете: “Се согласуваме, но сепак луѓе сме, имаме разногласија помеѓу себе. Имаме различни ставови”. Во ред. Природно е тоа, Црквата не ги унифицира луѓето, туку сака сите да ги прегрне. Но ајде  да го видиме нашето разногласие. Свети Поликарп, Епископ Смирненски имал несогласување со Римскиот Папа во врска со датумот за празнување на Пасха. Свети Поликарп пројавил љубов, отишол во Рим заедно да го разгледаат прашањето. Седнале заедно – тоа е Црквата, доближувањето, жртвата, љубовта, дијалогот, единството, почитта – љубов и кога сме со различни ставови. Не нашле решение, но што направиле? Се прегрнале, отслужиле заедно, се причестиле и секој продолжил да ја следи својата традиција. Гледате ли како се постапува со разногласието кога има единство и љубов? Како благослов. А помислете сега за нашите несогласувања без љубов, без единство, без Христос. До каде стигнува тоа? До воени состојби, немири, гледаме само како да го поразиме другиот и не разбираме каква штета причинуваме. А колку и тоа несогласување може да биде благослов доколку се постапува со почит и љубов!

Се сеќавам кога бев дете, имаше еден филм од оние старите,  за животот во еден рудник. Во еден миг рудникот се сруши и ги затрупа луѓето. Минаа неколку дена, и другите ги отпишаа затрупаните. Едно детенце зеде стап, зошто во рудникот беше брат му, татко му, се качи на најблиското ритче и започна да удира во камењата. Жителите од местото велеа: ,,Што му е на детево? Полуде? Оди и удира по ридот. Зошто? Мисли дека така ќе го повреди ридот, кој што стана гроб на татко му  и брат му? Глупости. Детски работи.‘‘ Знаете ли што направило детето во тој миг? Под земјата луѓето биле живи, и слушајќи ги ударите се охрабреле и рекле: ,,Ајде да копаме, знаат дека сме живи!‘‘ така и тие исто копале и постепено стигнале до површината и толку многу луѓе се спасиле. Ќе речете, прости движења, но сепак полни со љубов, мир, почит, единство. Навидум детски, ситница, но можат да го натераат другиот да се ослободи и да воскресне. Знаете ли колку луѓе денес се наоѓаат во својот гроб? Еден прост удар, едно грижливо присуство може да даде други резултати, зошто е присутна Божјата благодат. Јас како дете, не можам да направам многу, удирам со прачката, но Бог знае како ќе го прими тој звук и ќе го пренесе до оној кој е погребан во гробот.

Еден Епископ за време на Византиската Империја, Божји човек, со мир и љубов видел како водат заробеници. Во тоа време имало војна против Персијците и биле заробени шест илјади души, иноверци кои војниците намерувале да ги остават на едно пусто место. Си рекле: ,Ајде да не се замараме со нив, да ги оставиме и самите ќе умрат од невреме и од глад.‘‘ Но, срцето на Владиката не го издржало тоа. Мнозина му велеле: ,,Владико, прости, не се христијани! Не се вознемирувај. Што ти е грижа?‘‘  Тој рекол: ,,Нешто мора да се направи.‘‘ Ги собрал отците, монасите, монахињите и рекол: ,,Видете, ако им дадеме пари ќе ни ги пуштат заробениците и така ќе им помогнеме.‘‘ Собрале сè што имале и така ги ослободиле заробениците, и тие се вратиле во својата татковина. По неколку месеци, Владиката примил писмо од управителот на таа област, кој што меѓу другото му напишал: ,,Не нè победи твојот народ, туку твојата љубов. Влезе во нас и веќе немаме мир, не можеме да те заборавиме. Не оружјата, туку твојата љубов не победи. ‘‘

Постои ли поголема сила од таа љубов? Не. Црквата не е музеј, во неа постојано се движи таа восхитувачка Љубов Христова, ништо не е неподвижно. Дури ни иконата. Таа не го затвара Христа во својата рамка, туку ни предлага да појдеме до Првообразот, да појдеме до Олтарот, којшто е извор, не за да Го видиме Христа, туку да Го примиме Христа. Црквата ни Го дава Христа и нашата најголема беда е што не Го примаме тој Христос, не Го живееме, не Му се радуваме. Едноставно бидејќи не сме се допреле со верност кон Бога, не ја живееме љубовта, не сме се смириле, минувајќи под бодликавата жица, не сме влегле во Пресветиот Гроб, туку го земавме оружјето и ги сметавме за ништожни и прости некои работи коишто можеби личат на ударите од тоа дете, но стануваат силни духовни удари по мртвите души на луѓето и тие воскреснуваат, оживуваат и се обновуваат во Христа.

Дај Боже во некој миг и ние малку да ползиме, да се смириме, за да возљубиме силно. Тогаш сигурно никој и ништо нема да не вознемирува и дразни. Кога ќе се допреш до Христа, ништо друго не се допира до тебе.

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/da-trchame-za-da-go-sretneme-hrista-ii/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная