логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Кога Св. Ефрем ја посетил Кесарија, тој посака да го запознае големиот Василиј, основачот на Православната догма и првенец на побожноста. Св. Ефрем, кој беше прозорлив, многу го почитуваше Архиепископот на Кесарија, кого го гледаше со очите на својата душа. Во едно видение, го виде Св. Василиј со гулаб којшто блескаше светлина посјајна од сонцето и стоеше од десно на јерархот, шепкајќи му на уво. Потоа Ефрем виде како Св. Василиј им го кажува на луѓето она што ќе го слушнеше од Божествениот гулаб. И преподобниот Ефрем беше просветлен од овој ист гулаб дека тоа што се случуваше е преку благодатта на Сесветиот Дух и се радуваше во Духот.

Видението на Св. Ефрем беше уште посилно запечатено со вести за многуте чуда на Св. Василиј. Затоа, Ефрем му се молеше на Бога да му открие каков е овој светија. И Ефрем сведочи дека видел огнен столб којшто се издигнувал на небото, и слушнал глас како му вели: „Ефреме, Ефреме, каков што е овој огнен столб, таков е и великиот Василиј!“ Тогаш без двоумење, Ефрем си зеде со себе преведувач кој го знаеше и грчкиот и сириските јазици и отиде во Кесарија. Беше тогаш празникот на Богојавление. Тој влезе во Црквата и го виде Св. Василиј облечен во прекрасни и скапи одежди, како со голема смелост ја слави Светата Литургија. Тогаш Ефрем се прекори себеси и му рече на преведувачот:

    „Попусто се мачевме, брату, бидејќи овој човек, иако го гледаш во ваква слава, не е онаков каков што го видов“


    Св. Ефрем Сирин

Светиот јерарх, откако беше известен во духот за овие зборови изговорени од Св. Ефрем, повика еден од своите ѓакони и му рече: „Оди кај западните порти на црквата и ќе видиш двајца монаси како стојат таму: еден е без брада, висок и слаб, а другиот има црна брада. Обрати му се на безбрадиот монах и речи му: „Дојдете пред олтарот, бидејќи Архиепископот сака да зборува со вас“. Ѓаконот замина и со напор успеа да си пробие пат низ мноштвото. Му ги пренесе зборовите на Св. Василиј на праведниот Ефрем, кој преку преведувачот му одговори: „Грешиш брату, ние сме туѓинци и непознати. Како може Архиепископот да нè познава?“ Не знаејќи што да одговори, ѓаконот се врати кај Архиепископот. Му ги пренесе зборовите на Св. Ефрем на својот свет јерарх, кој повторно го испрати, упатувајќи го: Оди и речи: „Господине Ефрем дојдете кај олтарот, бидејќи Архиепископот ве вика.“ Така ѓаконот појде одново. Правејќи метанија, тој му ја пренесе пораката на јерархот на преподобниот монах. За возврат, праведниот Ефрем, се поклони пред ѓаконот, велејќи: „Навистина, големиот Василиј е огнен столб, бидејќи знае дека го барам за да зборувам со него насамо“. Кога Св. Василиј заврши со служењето на Божествената Литургија, го повика Св. Ефрем. Откако се поздравија со свет целив, тој разговараше со отецот на пустината за длабоки духовни теми и божествени тајни и замисли. Потоа, го охрабри Ефрем да му каже дали има било каква скриена желба во срцето.

Праведниот Ефрем му се обрати преку преведувачот, велејќи: „Ќе ве замолам за една услуга, Ваше Преосвештенство, слуго Божји“. Св. Василиј го прекина: „Барај што и да сакаш, бидејќи сум обврзан кон тебе заради трудот што го вложи за да дојдеш до мене ништожниот“. Св. Ефрем продолжи: „Знам, свет оче, дека ако се помолите за нешто на Бога, Он ќе ви го даде. Па, еве, би сакал да му се помолите на Бога да научам да зборувам грчки, бидејќи не го знам овој ваш јазик“. Св. Василиј одговори: „Твоето барање, свет оче, е над моите сили. Но, бидејќи го побара ова со вера, ајде и двајцата да Му се обратиме на Бога, бидејќи Он е единствениот што може да го исполни твоето барање, зашто дури и пророк Давид кажал:

    „Тој ги исполнува желбите на оние кои се бојат од него, ги слуша нивните повици и ги спасува“
    (Псалм 145,20)

3.angeli.so.truba

Икона Свети Василиј Велики и Свети Ефрем Сирин

Откако Св. Василиј го кажа ова, тој долго време стоеше заедно со Св. Ефрем на молитва. И кога ја завршија својата молитва, светиот повика со силен глас: „Благодатта на Светиот Дух нека е со тебе, прозбори грчки!“ И како што Св. Василиј ја кажа оваа заповед – о, чудо! – Св. Ефрем ја отвори својата уста и зборуваше грчки, исто така како Св. Василиј и Христијаните во тоа место.

Потоа, како што се вели, светиот јерарх го потстрижа преподобниот Ефрем за ѓакон, а неговиот преведувач за свештеник. Св. Ефрем остана со Св. Василиј три дена и стекна голема полза од неговото учење. На крај, си замина повторно во дивината, славејќи и благословувајќи Го Бога…

Светиот Василиј беше голем почитувач на Св. Ефрем и беше восхитен од неговата елоквентност, иако Ефрем не бил формално образован. Нешто подоцна, Св. Василиј го повика преподобниот химнограф да дојде во Кесарија со намера да го издигне во свештенички чин, но Ефрем беше решен да не прими такво достоинство и почна да се прави безумен. Одеше низ улиците непристојно, наметнат со шарени облеки и јадеше леб, лигавејќи се. Испратените од Св. Василиј беа ужаснати од неговото однесување и го известија дека неговиот кандидат е вистински лудак. Св. Василиј извика: „О, скриен скапоцен бисеру, кого светот не го познава! Вие сте луди, а тој е свет!“



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная