логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ваквите нешта не се дел од нашата логика… тие се нешто поинакво! (Можеби ве заморувам со овие нешта, но нашиот ум треба да избега од логиката). Дури и ние луѓето кои ја исповедаме верата имаме ,,мала вера‘‘ што лесно се разнишува.

Имаме една фондација во Атина наречена ,,Галилеја‘‘ за пациенти неизлечиво болни од рак кои се во последен стадиум на болеста. Неодамна имавме една триесет и девет годишна жена. Таа беше при крај на својот живот. Има три деца, малолетни. Едното на возраст од шеснаесет години, второто седум, а третото шест годишно дете. Таа дојде кај нас и кога влезе во нашата програма, веќе ги имаше поминато сите терапевтски третмани и бидејќи во последната фаза, ја земавме во нашата фондација. Еден ден појдов да ја посетам. Нејзината мајка беше таму. Тие обете ми тврдеа со убеденост:

– Очекуваме чудо, таа ќе оздрави; ви го кажуваме ова однапред за да знаете. Докторите нека си зборат што сакаат. Преосвештен Владико, среќни сме што сме овде и многу сме Ви благодарни. Како дар ќе Ви го дадеме чудото на нејзиното излекување, сигурни сме во тоа. Задржете нѐ во фондацијата и не нè испраќајте.

Овие жени не беа ,,луѓе од црквата‘‘, туку си беа ,,луѓе со вера‘‘.  Каква вера? Си ги носеа децата на причест на Велики Четврток, на денот пред Божиќ, на денот на Пречистата Мајка Богородица – таков вид на вера. Едноставни луѓе, но со вера.

Интервенирав за да можат да останат малку подолго и наеднаш целокупното здравје на младата жена попушти. Тие ја вратија во болница, бидејќи ѝ требаше болнички третман. Таму остана еден месец и после тоа падна во кома, не можеше дури ни вода да пие. Без никаква друга опција, роднините инсистираа да ја вратат назад во нашата фондација. Тие велеа дека сакаат да ја донесат овде; докторите, пак, тврдеа дека не смее, не е во состојба да биде пренесена. Затоа, роднините мораа да потпишат документ дека не прифаќаат таа да умре во болница. И така, мајката ја врати назад во ,,Галилеја‘‘. Не знам што ѝ направија, но наеднаш таа почна да се чувствува подобро, да пие вода, да јаде малку храна и изјави дека сака да разговара со мене.

-Преосвештен владико, сакам да Ви кажам дека се случи поинаков вид на чудо. Ние се надевавме на она првото, мало чудо – јас да оздравам – но, наместо тоа, се случи едно друго, поголемо чудо! Спремна сум да си заминам! Христос ми покажа каков ќе биде животот без мене, светот без мене и моите деца без мене… не знам што е ова.

– А што ти кажа Он? – ја прашав јас.

– Те чекам горе, треба да си заминеш – одговори таа.

– Зарем не си вознемирена?

– Не, среќна сум. Ова е многу поголемо чудо!

Нејзината мајка размислуваше на сличен начин. После овој разговор и таа ми пристапи и ми рече:

-Да Ви кажам што се случи деновиве. Бев сигурна, како што Ви кажав, дека таа ќе преживее. Сепак, тоа нема да се случи. Таа ќе не напушти и заради тоа Му бев лута на Бога, роптав против Него. Сега сакам да го исповедам ова, да го извадам од себе, иако сеуште ме боли. Како и да е, ќерка ми ми кажа и јас и верувам дека ова е многу поголемо чудо, и до некаде сум среќна. Дали е грев да сум среќна?

– Ме прашуваш дали е грев, бидејќи се радуваш што ќерка ти ќе си замине?

– Не, тажна сум заради тоа… но среќна сум поради чудото што се случи!

Се вратив назад во собата, започнавме разговор и наеднаш влегоа децата. Најмалото вели: -Мамо, кога ќе си дојдеш дома?

– Мама нема да си дојде, мило мое, ќе остане овде…

– Зарем нема повеќе да те видиме?

– Не, ќе си заминам!

– Каде ќе одиш?

– Ќе одам на небото и повеќе нема да можам да те видам ни да зборувам со тебе. Слушај, мило мое, јас го завршив патот, Христос ми го покажа животот без мене и видов дека вашите животи без мене ќе бидат многу подобри. А ние еден ден пак ќе си се сретнеме. Таму каде што ќе одам ќе можам да ве гледам, а вие нема да можете да ме видите, ќе ве слушам, а вие нема да можете да ме слушнете, но што и да посакате само кажете ми и јас тоа ќе Му Го пренесам на Христа. Ќе видите колку подобро ќе биде.

– Но ние сакаме да ни останеш овде уште малку!

– Не знаете што сакате – им рече таа.

Помина време, и во една прилика бев во фондацијата заедно со Синајскиот Архиепископ. Му предложив на Архиепископот, додека чекаме еден монах, да ја посетиме жената на кратко. Така, појдовме во нејзината соба и ѝ реков дека овде е Синајскиот Архиепископ, а таа одговори:

-Во август, кога ми беше подобро, еден мој пријател требаше да оди на Синај и јас тогаш толку силно посакав да го видам тоа место… сега веројатно ќе го видам од горе…

Ѝ велам:

-Нели дојде овде со желба не да одиш горе, туку ние да можеме да те задржиме овде долу.

-Ве напуштам – рече таа- Одам горе.

 Архиепископот рече:

-Да знаеш, горе е многу убаво… – што друго можевме да и кажеме? А таа вели:

-Исто така сакав да појдам и во Лондон, веројатно ќе го видам и Лондон од горе – се шегуваше со нас. Во меѓувреме ја прашав:

– Спремна си да заминеш?

– Спремна сум! Го чекам времето.

– Кога ќе дојде тоа време?

– Можеби сега, можеби оваа ноќ, можеби утре. Можеби Господ ќе ми даде уште неколку дена за да можам да одам на балконот и да го гледам сонцето…



По три недели сеуште беше овде. Му покажав видео од неа на Неговата Светост,  мајка и ме замоли… Таа веќе го беше кренала кормилото и беше спремна за поаѓање.

-Како си?

-Толку многу сум среќна!

Ова едноставно се косеше со било каква логика, било какво толкување, па дури и психолошко. Немаше психолог што можеше да дојде и да рече дека со оглед на нејзината состојба… немаше никакво разумно објаснување…

-Како дојде до тоа да се чувствуваш вака?

-Не знам – вели таа – Едноставно бев изгубена и кога се повратив – ми дојде.

Би сакал да ја откријам, да ја истражам, да ја разработам оваа логика на верата. Да бев јас во прашање, мислам дека ќе постапев според логиката на мајката. Ќе побарав нешто од Бога, ќе верував дека Господ ќе го направи чудото но, на крајот, чудото не се случува. Тогаш, мајката – со помош на ќерката – призна дека побарала од Бога мало чудо, а Господ и дал поголемо. Ова нешто е надвор од толкувањето на било каква научна логика, но нејзе ѝ дава голема сила. ,,Сила Божја и мудрост Божја‘‘. На крај, крстот на верата е сила и мудрост и овој крст добива сила од Божјиот Крст.

Ви кажав претходно, верата во Оној Кој беше распнат за некои луѓе е соблазна а за други безумство, но за нас во Црквата, таа е “сила Божја и мудрост Божја”.

(Продолжува…)

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/kako-da-vlezeme-vo-bozhjata-logika-iv-del/

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная