Некои од нечистите духови секогаш седат покрај оние што читаат и на сите можни начини се трудат да им го отстранат нивниот ум на друга страна. Честопати, откако за тоа земаат некој повод и од самото Свето и божествено писмо, ги наведуваат на лоши помисли. Ги тераат да се прозеваат, ги исполнуваат со поспаност која е многу поинаква од обичната.
Ова сум го испитал јас самиот на себе си, но не сум ги разбирал добро причините за тоа и сум бил победуван. Од свети Макариј сум слушал дека и ненавременото прозевање и таквиот сон се од демоните. Како доказ за тоа тој го наведува обичајот, спрема древното предание, при ваквото прозевање да ја ознаменуваме нашата уста со крсен знак.
Затоа, кога при читањето немаме трезвено внимание и кога не го запаметуваме она што го читаме - кога ги читаме зборовите на живиот Бог, треба да знаеме дека сето тоа од нив го трпиме.
Авва Евагриј
fbПравославен Источник
27.01.2022