логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

лого

Приснодева Богородица

Bogorodica.refleksi.jpgСето догматско учење за Владичица наша е искажано во две Нејзини имиња: Богородица (Theotokos) и Приснодева (aiparthenos). Двете имиња се католично признати, и двете се прифатени од Вселенската Црква. За девственото Рождество на Спасителот директно говори Новиот Завет; тој догмат е неодвоив дел од црковното Предание. „...Кој се воплоти од Дух Свети и Дева Марија“ – се вели во Символот на верата. И тоа не е проста констатација на историски факт. Тоа е вероучително тврдење, исповедање на верата. Името „Приснодева“ формално е прифатено на Петтиот Вселенски Собор (553 г.). „Богородица“ е нешто повеќе од име или пофално величање. Тоа е догматска определба во еден збор.


Богомајчинство и Богочовештво

Името „Богородица“ истакнува дека Родениот од Марија не е „обичен човек“, не е човечка личност, туку е Единороден Син Божји, Еден од Света Троица. Тоа е аголен камен на христијанската вера. Да се потсетиме на халкидонската формула: „... верувам во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови..., Кој заради нас луѓето, и заради нашето спасение слезе од небесата, и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и стана човек“. И така, нагласката се става на целосната идентичност на личностите


Учењето за ипостасното единство меѓу Синот Божји, роден од Отецот пред сите векови, и Родениот од Дева Марија ја вклучува во себе и концепцијата за Богомајчинството. За голема жал. Во наше време тајната на Воплотувањето премногу често се толкува апстрактно, како некаков апстрактен метафизички проблем или дијалектичка загатка. Богослов којшто зборува за Воплотувањето, со необична леснотија влегува во лавиринтите на расудувањето за конечното и за бесконечното, за вечното и за временското, означувајќи ги со тие зборови само логичките и метафизичките односи и, занесен со дијалектиката, заборава на главното. Тој заборава дека Воплотувањето, пред сè, е дејствување на Живиот Бог, негово личносно проникнување во тварното битие, „нисходење“ на Божествената Личност, на личносниот Бог. Во голем број денешни обиди да се изложи верата на Преданието на современ јазик, се чувствува суптилен, но забележлив мирис на докетизам. Современиот богослов толку енергично ја нагласува Божественоста на Воплотениот, што Неговиот земен живот останува во некоја сенка, претворајќи се во „Инкогнито на Синот Божји“. Очигледно е дека за тие автори не постои апсолутен идентитет меѓу Синот Божји и историскиот Христос. Сето воплотување се сведува на символи: Воплотениот Господ се разгледува како инкарнација на некаков Божествен принцип или идеја (Гнев Божји или Љубов, Одмазда или Милост, Суд или Проштевање), но не како Жива Личност. Личносниот аспект се измолкнува или намерно се игнорира, зашто идејата – дури и идејата за Љубов или Милосрдие – не може да му обезбеди на човекот синовство Божјо: тоа може да го направи само Воплотениот Господ. Нешто реално и мошне важно се случило со човекот и заради човекот, кога Словото Божјо „станало тело и пребивало со нас“, или, поточно, „се вселило во нас“, eskinosen en imin, - според живописниот израз на апостолот Јован (Јован 1:14).


Единствена врска

„Но кога се исполни времето, Бог го испрати Својот Син, Кој се роди од жена“ (Галатјаните 4:4). Така Писмото ја потврдува онаа вистина за која се бореле отците на Црквата во Халкидон. Но, кое е точното значење и смислата на тие зборови: „се роди од жена?“ Мајчинството – дури и чисто човечко – не се исцрпува само со фактот на физичкото раѓање. Само оној што пребива во целосна заслепеност не може да го забележи духовното значење на раѓањето. Самото раѓање воспоставува особена духовна врска меѓу мајката и детето. Таа врска е единствена и неповторлива. Нејзина основа е – приврзаноста и љубовта. Можеме ли, говорејќи дека нашиот Господ е „роден од Дева Марија“, да заборавиме на таа љубов? Во ова прашање, како и во христологијата воопшто, не се дозволени никакви докетски отстапувања. Се разбира, Исус бил (и останува) Вечен Бог, но Тој се воплотил, и Марија е – Негова Мајка во целосна смисла на тој збор. Во спротивно, воплотувањето би било лажно. Но, тоа значи дека едно човечко битие е поврзано со Господа со особени и мошне тесни врски: говорејќи директно, за тоа човечко битие Исус е не само Господ и Спасите, туку и Син.
Од друга страна, Марија била вистинска Мајка на своето Дете, и тоа што е Таа Мајка и на човек, не е помалку важно од тоа што е Таа Мајка на Бог. Детето на Марија било Бог. Но, исклучителноста на ситуацијата не ја намалило духовната страна на Нејзиното мајчинство, исто како што и Божеството на Исус не Му пречело да биде вистински човек и да ги доживува синовските чувства како одговор на Нејзината мајчинска љубов. И тоа не се бесмислени расудувања. Недозволено е да се проникнува во светата тајна на единствените, неискажани релации на Марија со Нејзиниот Божествен Син. Но, уште помалку е дозволено да се прескокнува таа тајна со апсолутно молчење. Како и да е, би било крајно осакатено во Мајката на Господа да се гледа само физички инструмент за Негово облекување во плот. Таквиот поглед не само што е ограничен и богохулен, тој уште од најраните времиња е формално отфрлен од страна на Црквата. Богомајката не е „канал“ преку кој Господ се појавил во светот, туку вистинска Мајка од Која Тој ја добива Својата човечка природа.


Предвечен избор

Марија „нашла милост пред Бога“ (Лука 1:30). Таа била избрана да послужи за тајната на Воплотувањето. Со тој предвечен избор и предназначеност, Таа во извесна мера била одвоена од човештвото, издвоена од созданието. Може да се каже дека Таа е поставена над сета твар. Таа е претставничка на човечкиот род, но во исто време и го превасходи. Во тој Божествен избор се содржи противречност. Марија е издвоена од човештвото. Уште пред Воплотувањето, како идна Мајка на Воплотениот Господ, Таа се наоѓа во особени и неповторливи релации со Бога, со Света Троица, зашто тоа што се случувало со Неа не е само обичен историски настан, туку исполнување на предвечната Божја одлука. Во Божествената икономија на Спасението Таа има Свое особено место. Преку Воплотувањето човекот повторно го стекнува единството со Бога, разурнато и уништео со падот во грев. Осветеното човештво на Исус станало мост преку гревовната шир. А човештвото Му ја дало Дева Марија. Самото Воплотување му открило нов пат на човештвото, означило почеток на ново човештво.  


Во Воплотувањето е роден „Последниот Адам“ – навистина, Човек, но сепак повеќе од само човек: „Втор човек – Господ од небото“ (1 Коринтјаните 15:47). И Марија, како Мајка на тој „Втор Човек“, непосредно учествува во таинството на искупителното пресоздавање на светот. Се разбира, Таа влегува во групата искупени, Таа пред сите други го добива Спасението. Нејзиниот Син е Нејзин Искупител и Спасител, како и Искупител на целиот свет. Но, само за Дева Марија Искупителот на светот е – Нејзин Син, Дете коешто таа Го носела и Го родила. Исус е роден „не од крв, ни од похот машка, а од Бога“ (Јован 1:13) – (овој стих се однесува и на Воплотувањето, и на преродбата  на човекот во крштевањето) – но со тоа Тој, во најдиректна смисла на зборот, не е ништо помалку „плод на утробата“ на Марија. Неговото натприродно раѓање е образ и извор на ново постоење, ново, духовно раѓање на сите верници, коешто, всушност, е посинување од Бога – учествување (во Неговиот живот) на осветеното човештво, на „Вториот Човек“, на „Последниот Адам“.


Мајката на „Вториот Човек“, несомнено, влегува во новиот живот на Свој, особен начин. И нема да биде премногу смело ако кажеме дака за Неа Искупувањето било на некаков начин предвестено во самото Воплотување. „Светиот Дух ќе слегне на Тебе, и силата на Севишниот ќе те осени“ (Лука 1:35). Ова е вистинско „богојавление“ во полнотата на Духот и на благодатта. „Осенувањето“ е теофаниски израз и теофаниски символ. И Марија навистина е благодатна, исполнета со благодат. Благовештение за Неа е предвестување на Педесетницата. Непојмливата логика на Божествениот избор нè поттикнува на ова смела споредба. Ние не можеме да го разгледуваме Воплотувањето како некаков метафизички трик кој немал никакво влијание врз судбината на луѓето коишто на еден или друг начин учествувале во него. Бог никогаш не го користи човекот како што тоа го прави некој мајстор со своето орудие. Секој човек е жива личност. Света Дева не се претворила во „инструмент“ кога била осенета со силата на Севишниот. Се разбира, особената положба на Светата Дева не е Нејзино лично „достигнување“, не е награда за „заслуги“ и не е „аванс“ во предвидувањето на Нејзините идни заслуги и добродетели. Тоа е слободен дар Божји, во директна смисла. Тој избор е превечен и апсолутен, макар што не е и безусловен – тој е обусловен со тајната на Воплотувањето. Марија зазема особено место во светот не просто како Дева, туку како Дева-мајка - parthenomitir, Мајка на Господа. Нејзината улога во Воплотувањето е двојна. Од една страна, Таа ја обезбедува непрекинатоста на човечкиот род. Нејзниот Син по Своето „второ раѓање“ е – Син Давидов, Син Авраамов и на сите „праотци“ (тоа е нагласено во сите варијанти на родословот).


Воплотувањето е слободно Божјо дејствување, но тоа ја открива не само Божјата семоќност, туку, пред сè, и Неговата  татковска љубов. Бог уште еднаш се повикува на човечката слобода – како што се повикал на неа во почетокот на времето, создавајќи разумни битија. Иницијативата, се разбира, Му припаѓа на Бога. Меѓутоа, бидејќи начинот на спасението, избран од Бога, се состои во соединувањето на Божествената личност со човековата природа, човекот не може да остане пасивен набљудувач во тоа таинство. Преку устата на Марија, преставничката на сето човештво, сиот човечки род се одзвал на искупителната одлука на Божествената љубов. Зашто, во Себе, во Својата личност, Марија го претставува сето човештво. Покорното и радосно прифаќање на Искупувањето било слободно. Се разбира, таа слобода не претпоставува иницијатива – но сепак е тоа вистинска слобода, слобода на љубов и на поклонување, на смирение и на доверба, слобода на соработување – тоа, всушност, и е човекова слобода. Благодатта Божја не може да му биде, така да се каже, механички наложена на човекот. Таа треба да биде слободно примена во смирение и послушание.


И Дева Марија е ќерка на Ева

Марија е избрана за да стане Мајка на Воплотениот Господ. Ние треба да претпоставиме дека Таа била подготвена за тоа необично служење – подготвена од Самиот Бог. Можеме ли да утврдиме во што е суштината и карактерот на таа поготовка? Тука се судруваме со една антиномија, за која веќе спомнавме. Пресвета Дева е претставничка на сиот човечки род, односно на паднатото човештво, на „Стариот Адам“. Но, таа, исто така, е и „Втора Ева“. Со неа започнува ново поколение. На предвечниот Божји совет таа е издвоена од човештвото, но тоа „издвојување“ не ја раскинува Нејзината суштинска врска со човечкиот род. Може ли да се вклопи овааа таинствена противречност во логична шема? Римокатоличката догма за непорочното зачнување на Дева Мерија (т.е., за Нејзино непорочно зачнување од Нејзините родители; забел. на прев.) претсваува смел и благороден обид да се најде решение. Но таквото решение има смисла само во контекстот на особено и, во корен, невистинито поимање за првородниот грев кај католиците. Строго говорејќи, оваа „догма“ претставува само непотребно усложнување, а нејзината неуспешна терминологија ја затемнува неспорната вистина на католичката вера. „Привилегијата“ на Богомајчинството не се гради на „ослободеноста од првородниот грев“. 


Навистина, на Пресвета Дева ì е дадена полнотата на благодатта, и Нејзината лична чистота се задржала под раководство на Светиот Дух. Но самото тоа не избавува од грев. Гревот е уништен дури на Крсното Дрво, а до Крстот тој бил обична и сеопшта состојба на човештвото, и не можело да стане збор на никаква „ослободеност“ од него. Гревот не бил уништен дури ни со Воплотувањето, макар што тоа само по себе претставува манифестација на ново Создавање. Воплотувањето бикло само основа, „појдовна точка“ за искупителното дело на Господ. И самиот „Втор Човек“ влегува во полнотата на Својата слава низ вратата на смртта. Искупувањето е сложен чин, во кој мора да разликуваме одделни елементи, макар што на предвечниот Божји совет тоа било замислено и решено во сета полнота. Проектирано на временската оска, искупителното дело се раздвојува на одделни стадиуми, коишто се отсликуваат еден во друг, а конечното извршување се навестува и се предобразува во секој од нив. Во Искупувањето постои една историја, и таа се движи кон напред. Марија како Мајка на Воплотениот ја стекнала благодатта на Воплотувањето, но тоа не е апсолутна полнота на благодатта, зашто усште не се исполнило Искупувањето. Но, личната праведност е можна и во неискупен свет, а уште повеќе во свет во кој се извршува Искупувањето. Вистинскиот богословски проблем е проблемот на Богоизбраноста. Во Воплотувањето Мајка и Дева нераскинливо се поврзани. Воплотувањето е – пресвртница на историјата, а секоја пресвртница неизбежно е противречна: во неа се соединети старото и новото. Понатаму е – молчење. Да го оставиме расудувањето и да го созерцуваме со трепет пројавувањето на Тајната. 


Моралното совршенство на Дева Марија


Внатрешното искуство на Марија е сокриено од нас. Според самата природа на тоа искуство, тоа не му е достапно на никој друг. Тоа е – тајна на личноста на Пресвета Дева. И Црквата, говорејќи за Марија, избегнува догматски дефиниции. Таа прибегнува кон јазикот на молитвената пеозија, јазикот на антиномиски образи и метафори. Нема ниту причина, ниту потреба да се претпоставува дека Пресвета Дева наеднаш ја реализирала сета полнота, сето богатсво на благодатта, што ì беше дадена од Господа. Нема ни потреба, ни причина да се смета дека „полнотата“ на благодатта во дадениот случај се прима аритметички и означува собирање на сите можни совршенства и на сето многуобразие на духовните дарови. Зборот „полнота“ се однесува на Марија: тоа била полнота за Неа; Таа била полна со благодат. И тоа била лична, особена благодат, благодат на Божјата Мајка, на Девомајка, на „Невеста Неневеснаја“. Се разбира, Таа има и Свој духовен пат, личен раст во благодатта. Нејзе сето значење на тајната на Спасението ì се открива постепено. И Таа учествува во Крсната Жртва: „А и на Тебе Самата меч ќе  ти ја прободе душата“ (Лука 2:35).   


Силната светлина блеснала дури во Воскресенеието. До тогаш и Христос не бил уште прославен. По Вознесението ја гледаме Пресвета Дева среде Апостолите, во центарот на растечката Црква. Несомнено е едно: впечатокот (ако можеме така да се изразиме) од ангелската посета, Благовестието  за чудесната тајна и нејзиното исполнување, Пресветата Дева сиот свој живот го чувала во Своето срце. А, и можело ли да биде поинаку? Да повториме уште еднаш: суштината на Нејзиното искуство е сокриена од нас. Но ако ние сосема се откажеме од барањето на благочестивите претпоставки, нема ли тоа да биде предавство на самата тајна? „ А Марија ги пазеше сите тие зборови во Своето срце“ (Лука 2:19). Сиот нејзин внатрешен живот бил сосредоточен околу тој настан. Зашто, тајната на Воплотувањето, несомнено, е тајна на Нејзината личност. Нејзината положба во овој свет е уникална и исклучителна, и со Своите лични квалитети Таа морала да му соодветствува. Во тоа е суштината на Нејзиното лично совршенство, наречено „Приснодевственост“. Марија е – Дева. Девството тука не  е просто физичка состојба. Тоа, во прв ред, е особено внатрешно чувство на светот, без кој телесната девственост не носи никаква полза. И името Приснодева, секако, се однесува не само и не толку на областа на физиологијата. Тоа се однесува не само на девственото раѓање и не го означува само тоа дека Таа и по тој настан продолжила безбрачен живот. Тоа пред сè го отфрла секој „еротски“ елемент на душевниот живот, секакви сетилни и себељубиви желби и страсти, секое расејување на срцето и на умот. Телесната девственост е само надворешнен знак на духовната целовитост и на чистотата – зашто само чистите по срце, кажано е, „ќе го видат Бога“. 


Девственоста е слобода од страстите, вистинска apathia, којашто ја сочинува суштината на духовниот живот. Слободата од страстите и од „нагоните“ (epithimia) – е слобода од власта на „помислите“, несклоност кон зло. Душата на Марија е потчинета само на Бога, се стреми само кон Него. Сите Нејзини помисли и желби се насочени кон предмети достојни на посакување и на приврзаност. Таа не ги познава страстите (thimos). Таа ја запазува девственоста на умот, душата и телото. Тоа е целосно свртување кон Господа, целосно посветување на Себеси, на сиот Свој Живот на Бога. Да се биде вистинска „Слугинка Господова“ всушност и значи да се биде Приснодева, којашто нема плотски стремежи. Духовната девственост е безгрешност – но сепак не е „совршенство“ и не е солобода од соблазни. Дури и Господ наш бил во извесна смисла незаштитен од искушенијата – не случајно сатаната Го искушувал во пустината.


И нашата Владичица, веројатно, имала Свои искушенија, но Таа ги победувала со цврста вера и со верност спрема Бога. И обична, земна мајчинска љубов во својата највисока точка се претвора во духовно поистоветување со своето дете – чувство коешто во себе вклучува и самоодрекување, и жртва. А Марија, секако, го сакала Својот Син исто толку колку што и секоја обична мајка го сака обичното дете. Нејзиниот Син ќе биде голем, и ќе биде наречен Син на Севишниот (Лука 1:32). Очигледно, Тој е „Оној што треба да дојде“, Месијата (Лука 7:19). Марија не можела а да не ја разбере смислата на сето она што се случува со Неа – но, најверојатно, го разбирала тоа постепено, со тек на времето, собирајќи ги таинствените ветувања во Своето срце. За Неа спостоел само еден пат. Таа била исполнета со една мисла – за послушание спрема Бога, Кој „ја погледа смиреноста на слугинката Своја“ (Лука 1:48) и ја возвелича. Апостол Павле така и ја опишува состојбата и красотата на девственоста: „неомажената се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа“ (1 Коринтјаните 7:34). Врв на тоа девствено служење е – светоста на Приснодева, Пречиста и Пренепорочна. 

Д.М.

Извор:

TVITer270

П.П. 2007-08-23 10:54:41

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная