логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER210

КРСТОТ Е ДА ДОЗВОЛАМ ДРУГИОТ ДА БИДЕ НЕСОВРШЕН

отец Николај Лудовикос

Нема веќе ниту јудеец, ниту елин; нема ниту роб, ниту слободен; нема ни машки пол ни женски; оти сите вие сте едно во Христа Исуса.
Сите вие сте едно. Другиот е различен и она што е важно е, дека е едно со мене, дека го восприемам како дар. Другиот е дар за мене – тоа е тајната тука.

TviTER211
              Сите тие нешта се вистинити само поради една причина и на еден начин – ние луѓето сме дар и откровение еден за друг и така другиот навистина може да стане твој дел и ти негов дел. Тоа е таа голема тајна, да бидат сите едно – се зборови на Христос – како што ние сме едно. Да си едно со другиот е стравично – после тоа не смееш да го повредиш, туку можeш само да му чиниш добро. Кој би зел пила за самиот да си ја исече раката?
Да бидеш едно со другиот значи, дека веќе не можеш да му сториш зло, а сакаш да му чиниш добро и дури и да се правиш глупав заради него, дури да се правиш идиот. “Идиот”, колку убав роман од Достоевски, а идиоти можат да бидат само оние, кои ги разбираат нештата, за кои сега говориме во врска со светската истребувачка логика. Тоа е човекојадна логика, едниот секогаш се подготвува да го исконсумира другиот. Ако си едно со другиот, не можеш да го направиш тоа, само тогаш не можеш да му сториш зло.
Како некои стари филмови, во кои луѓето беа толку благородни помеѓу себеси, што си велиш: овие сигрно се идиоти, едниот не го пипка другиот, нејќе дури ни една тупаница да му удри. Во американските филмови има само борба, борба, убиства и ништо друго! Тоа е општество со параноичен антагонизам и ние исто така го имаме но, тука е послаб, го оставаш другиот на неговото безумие. Во англосаксонските држави конкуренцијата е толку голема, така што другиот чувствува потреба да биде себељубив.
Затоа ги имаме долгите CV-а, во кои што има сешто. Односно, постои огромна можност да можам да го злоупотребам другиот за да преживеам, оти ако не го злоупотребам, нема да преживеам. Такви нешта предаваат на малите деца, имено ако евентуално ги убиеш сите, најнакрај ти ќе се сочуваш. И ете, после 500- 600 жртви во секој филм се спасува окрвавениот херој, кој ја бара причината, зошто се случило тоа, што се случило. Со други зборови го имаме тука тој хаос, за кој говоревеме.

TviTER212


Ако пак вие сте Христови, тогаш сте Авраамово семе и по ветување сте наследници
Постои едно ветување, “нотарски акт”, во кој се вели, дека си наследник на многу големо наследство. Ти кажува: внимавај, тоа е огромно наследство. Какво е тоа наследство? Сме го виделе во животот на светителите, на современите светители, кои уште од овде го живеат тоа наследство – големи харизми, виши состојби, чудеса, нешта кои ако ги игнорираш, нема да знаеш за што говориш, едноставно не ќе знаеш поради која причина настанало Воплотувањето, поради која причина постои Црквата, а тоа е и царството – наследството, за кое што говоревме.
На пример седиш и гледаш како се случила Маратонската битка, како што кажуваше светиот Порфириј. Тој го гледал тоа во Светиот Дух. Гледате ли какво нешто е Царството Божје и како ќе бидеме еднаш, ако го сакаме тоа. Царството Божје ќе биде состојба, во која ќе гледаме еден на друг и нема да ми биде досадно но, тоа е друго раскажување; како на некој кој е вљубен, не му е досадно. Ако си вљубен, дали ти е неинтересно? Не. Доколку љубовта исчезне, се’ ти станува глупо. Така е, царството Божје е виша љубов. Бог ја открива сета бескрајна убавина и личоба, која што е вечна, Неговата и твојата и на другиот, која што нашата нискост ни ја крие од нас.
Гледаш некоја мајка, која си го љуби своето дете, како ти вели колку убаво дете! Еден татко ми кажуваше за своето 1-2 годишно дете и ми набројуваше колку болести има. И си велиш: “гледај што прави љубовта”! Љубовта ти дава сила да понесеш растргнувачки нешта (страданија), кои навистина постојат и ги гледаш пред себе. А ние не го гледаме тоа, затворени сме во себеси, во нашиот хаос и гледаме да го злоупотребиме другиот. Дали чувте вие, кои што сте помлади? Вие кои имате мечти итн.?
Едниот гледа да го злоупотреби другиот. И не треба да го обвинуваш, оти и ти сакаш да го направиш истото со него. Друго е зрелоста, а друго е љубовта. Тоа не станува со штракање на прсти, бидејќи изненадно сме размениле погледи и станало нешто. Станало нешто значи дека ништо не станало.
Велам уште: наследникот, додека е малолетен, со ништо не се разликува од роб, макар и да е господар на се’
Со ништо не се разликуваш од еден роб. Наследникот на царот е како роб, затоа што е младенец. Земете го детенцето на еден император и кажете му: ти си цар! Тој ќе ти каже: “Подај ми ја играчката! Не разбирам што ми говориш!” Нема баш така да ти каже но, просто не разбира.
но, е под настојници и управувачи на домот до определениот рок од својот татко
Кои го раководат, за да може некогаш да стане зрел, за да може да го запознае татко си, откако станал зрел.Сега е уште несозреан, затоа е младенец, затоа не разбира ништо и речиси како да не постои како наследник. Такво нешто се случува со многумина од нас. Во Црквата сме како робови и младенци. Нас сето ова ни одговара, оти велиме – добро, Бог постои, ги гледаме чудесата, станува нешто. Сепак, сето ова може да ме затвори, јас треба да имам лични критериуми – тоа е големата тајна на епохата, за кое што формирање биле потребни векови.
Таа вера во личната автентичност започнува од 18-от век, вера во тоа, дека јас ја имам вистината во себеси, ја имам природата, која што говори и сака да биде задоволена. Тоа се некои нешта од времето на Просветувањето, после Просветувањето се востановуваат личните критериуми, имам право да ги имам и тие имаат вредност. Можам да го имам Бог и да бидам секуларизиран, како што е во американското општество. Бог е исклучително полезен и исклучително полезно е да не Го внесувам со мојот живот, тогаш кога не сакам.
Да Го имам по порачка, тогаш кога јас сакам. Таа вера по нарачка денес е најраспространетото нешто. Т. е. вера, која се искорисутва но, без духовност и посветување. Во секој момент можам да Го оставам и да правам што сакам.Таквата состојба се нарекува младенчество. Исто како да имаш еден многу лусузен и моќен автомобил, кој може и да лета и да броди во морето но, ти не знаеш како да го искористиш.
Затоа велиш: “Не ли е подобро да имам велосипед? Ќе го пазам автомобилот, ќе го светкам но, ако влезам внатре и се случи некаков проблем? Бидејќи не знам што е тоа и не можам да го искористам како што треба, останувам на велосипедот.” Понекогаш на магарето, дури не на велосипедот. Тоа исто така е едно себељубиво движење, кое ме држи во младешка фаза. Тука постои една разлика:
Така и ние кога бевме мали, бевме поробени од стихиите на светот
Односно заробени од сето тоа, што светот го смета за скапоцено, лајафстајлот (lifestyle), кој го нарековме дедстајл (deathstyle). Сме кажувале, дека желбата ми е секогаш желбата за другиот, другиот да ме признае. Следствено јас го сакам она што другиот го сака, бидејќи нема друг начин да бидам признаен од него. Не можам да го засакам, сакам да бидам признаен од него т.е. го сакам она што тој го сака. На тој начин во списанијата за автомобили еден од критериумите да си купиш автомобил е, тој да привлекува погледи по патот.
Го сакаме она што другиот го сака, заробени сме во желбите на другиот, затоа, мразејќи се едни со други, дргиот е мојот ад, што значи постојано го правам она што тој го сака. Видете ги младите од факултетот, од универзитетот, сите се облечени на еден ист начин, некој треба да им каже, дека не им одговара но, никој не го кажува тоа и сите се чувстуваат слободни, додека сите го прават едното и истото и никој не смее да направи нешто различно! И тоа го нарекуваат слобода. Да ја следиш желбата на другиот, при секој твој избор.
Ќе најдеш пријателка, затоа што другите имаат! Ќе најдеш пријател, зашто другите имаат, ќе правиш едно, друго, трето затоа што друите се такви, ќе го носиш тоа, ќе го јадеш тоа, ќе зборуваш вака! А ако сретнат поп и тој им каже нешто различно, велат: “Јас сакам да сум слободен!” Од што да си слободен? Ти си роб, од глава до пети.
Затоа во општества со силно изразен индивидуализам луѓето чувстуваат повеќе самотија и депресија. Во англиското општество жените не си личат едни со други, како жените во Грција, кај што сите се многу слични! Ако си видел една – си ги видел сите! Таму пак, постои силен индивидуализам и затворање на себеси, и тие не си личат толку помеѓу себе.
Евангелието не тера да говориме за најневеројатни нешта. Или си младенец или си зрел. Кога си младенец се’ ти се наметнува – не стигаш ниту да посакаш и не знаеш што сакаш. Затоа го обожувам монаштовото. Монаштвото оди добро, затоа што го има она “јас не сакам“ и затоа сите велиме – “ Леле! Да не стануваме монаси!”. Затоа што не разбираме што означува слободата – колку е страшна слободата да ги отфрлиш сите светски желби, кои не се желби, туку ропство и да кажеш “ќе ги погледнам нештата до почеток, со чист поглед, како што Бoг ги направил!” Тоа е монаштвото.
но, кога се исполни времето, Бог го испрати Својот Син (Единороден), Кој што се роди од жена и се потчини на законот
Христос се потчинил на законот, затоа и самиот Тој бил суден спорд критериумите на законот. Со критериумите на законот Христос е распнат – и за тоа не требаше да каже: “Јас сум Синот Божји”, и како второ, “кој ќе Mе осуди за грев”, но после тоа не би можeл да ги прави чудата, не би можeл да го проповеда Царството Божјо. Зошто тој го направил тоа? – За да ни покаже како излегуваме од законот, за да ни покаже, дека Бог е надвор од законот и се’ што прави е надвор од законот.
за да ги искупи оние кои беа под законот, па да го примиме восиновувањето
Со други зборови да станеме деца на еден таков стравотен Татко, Кој ќе ни даде такви стравотни нештa и од несреќни животинчиња ќе не’ направи богови по благодат, што е нешто потполно ново.
Дали сте помислиле што претствува животот на еден маченик? Исто така, зошто Црквата има правило да го чита тоа апостолско четиво во сеќавање на великомачениците? Кога вообичаено слушаме беседи во сеќавање на мачениците, слушаме нешта, кои во најмала рака мене ме јадосуваа, кога бев помлад и не можев да ги слушам – “Каков херој! Каков отпор! Каков бунт! Каков отпор...” на светителот. Т. e. Светителот бил еден бунтовник!
Но, во моментот не постои бунт, кога дел по дел те пржат. Бунт не постои, дури ниту логиката не работи во тој момент, во кој си ставен на тешки мачења, кои се опшани во Синаксарот.
Маченикот е зрел, ние сме младенци. Маченикот е во доволна мера зрел и затоа е и свет. Не ја прави светоста мачеништвото – туку мачеништвото ја појавува светоста. Светоста го пораѓа мачеништвото. Дури и да нема гонење, секој светител е маченик, оти се бави со хаосот и духовниот инфантилизам на сите луѓе и нема право да ги уништи. Зошто не го прави тоа? Затоа што духовниот човек нема права, како што кажа светиот Паисиј. Оној кој страда, нема право во овој живот. Од моментот, во кој излегуваш од хаосот и духовниот инфантилизам, се занимаваш постојано со хаосот и духовниот инфантилизам на другиот.
Тоа е мачеништвото на совеста, затоа што не можеш да го погребеш другиот жив, онака како што би сакал стариот човек, немаш право на тоа. Зошто? Затоа што Бог не прави така. А зошто Бог не прави така? Затоа што насекаде постои тој духовен инфантилизам како основен проблем на човекот. Светителите се зрели и постојано го гледаат Божјото царство. Затоа, кога гонителот им вели:
- Ќе ти го одземам животот!
Маченикот се смее:
- Мојот живот? Каков живот? Што ми зборуваш сега? Го видов она што го видов, го живеам она што го живеам (т.е.Бог). Нека се заврши што побргу!
Верата е знаење, светителот го знае Бог, како што вие знаете дека другите постојат. Светителот не вели: “Велиш дека Бог постои? Некоја виша сила?” Така, не постои ниту виша, ниту нижа, ниту средна сила, туку постои реалноста на Бог. Ако за тебе постои, не си младенец во верата, ако не постои, младенец си. Ако започнеш да ја живееш и гледаш, тогаш созреваш, а кога човекот ќе созрее, оди кон мачеништвото, по природен пат – мачеништво на работа, во семејството, во општеството но, тоа мачеништво е блажена состојба. Дали сте виделе несреќен светител? Се’ уште дури и денес црпеме радост од светителите. Дали се сеќавате на приказната со света великомаченица Ефимија, која се јавила на старецот Паисиј. Што му вели таа? Ги имаме тие големи нешта, кои се страшно откриени. Тие мачења не се ништо – му вели. Дури била тажна, што немало повеќе.
Така што светителот е триблажен во моментот на мачењата, токму во оној момент кога никој од нас не би сакал да е на неговото место, во оној момент се јавува тоа блаженство, затоа што го има огромното Божјо откровение. Колку што се поголеми мачењата на човечката природа, толку е поголемо откровението, кое што го добива во тој момент. А постои и сета таа огромна мудрост, логичност и реалност на Бог и вечен живот, кој што сега започнува. Нема веќе ниту живот ниту смрт, не постои болка, ништо друго не постои. На почетокот ги има заплашувањата, сета човечка агонија но, најнакрај нема ништо од тоа.
Следствено, светителот не се измачува, додека ние со својата инфантилна мудрост постојано се измачуваме. Доаѓаат луѓе да ти говорат против верата и се измачуваат. На еден од нив реков:
- Покажи ми малку од твојата радост.
Ме гледаше зачудено. Каде е радоста? Само мака постои.
Кога велиме мака, немаме предвид крст. Маката е мака, сите имаме маки, но крст немаме. Крст станува во оној момент, кога решавам да го претрпам заради Христа и како Христос. Да дадам еден пример – една крива брачна врска, крив маж, крива жена, криви деца. Завчера ми се обрати една госпоѓа и ми кажа:
- Пoмолете се, затоа што дома кај нас дуваат премногу бофорти ( мерна единица за силата на ветрот)!
Јас сакав да и’ кажам но, ајде реков да не кажам: “Дали сакате да ги промените сите сите околу вас?”
Онака како што постапуваме, само маки си создваме. Што би направил Христос на моето место? Што би направил апостолот Павел? Кога ќе претрпам нешто заради Христос, тогаш тоа станува крст. Маката станува крст и тука може да дејствува благодатта и да направи неверојатни нешта, кои не можете да си ги претставите. Бог тогаш може да дејстувува. Само тогаш. Односно не може да отидам на сафари и да го “земам” Бoг со мене. Што правеле крстоносците, кои сакале да го исчистат сиот свет, да го спасат Ерусалим и најнакрај направиле големи престапи.
Сакам да кажам, дека крстоносниот поход, тоа да го ползуваш Бог, не означува, дека Бог присуствува, Бог започнува да присуствува од моментот, во кој ќе ја направаиш таа лична жртва заради Него. Зарем не вели така светиот Серафим Саровски? Да правиш добродетели не од шега, туку заради Христос. Надвор од твојата логика, која што ти кажува дека нештата се тешки, имаш економски проблеми, собирај пари, не мрдај од тука од кај што си! Но, Христос вели друго: слобода од се’, безгрижност од се’, да поседуваш како да немаш ништо итн.
Што вели логиката? Да го ограничам другиот, да го раководам, да го прави тоа, што јас го сакам. Децата да ме претставуваат, да ме величаат, да ме слават. Но, доаѓа реалноста на Бог и вели: “остави го другиот да се исполни како личност, да созрее, да тие благодарен за твоето присуство и така да го спечалиш и него”. Нo, тоа е крст. Крстот е да дозволам на другиот да биде несовршен.

Источник:
https://pravoslaven-sviat.org/2020/05/18/%d0%ba%d1%80%d1%8a%d1%81%d1%82%d1%8a%d1%82-%d0%b5-%d0%b4%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%bb%d1%8f-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b8%d1%8f-%d0%b4%d0%b0-%d0%b1%d1%8a%d0%b4%d0%b5-%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2580%25d1%258a%25d1%2581%25d1%2582%25d1%258a%25d1%2582-%25d0%25b5-%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25bb%25d1%258f-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d1%2580%25d1%2583%25d0%25b3%25d0%25b8%25d1%258f-%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d1%258a%25d0%25b4%25d0%25b5-%25d0%25bd

преведе од бугарски јазик: М. Б.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная