логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ
ГЛАВА СЕДМА

TviTER987
За пренесување на љубовта од себе кон Христос


Владиката Теофан прашува: Кога ќе излеземе надвор од себе, кого ќе сретнеме?
И самиот веднаш одговара: Ќе Го сретнеме Бога и својот ближен.
           Токму затоа самоодрекувањето е основен предуслов за човекот што го бара спасението во Христос: само на тој начин средиштето на човечкото битие може да се пренесе од себеси кон Христос, Кој е во исто време и Бог и нашиот ближен.
Тоа значи дека сета наша внимателност, грижа и љубов, со кои сега самите себе се опсипуваме, природно и неприметно се пренесуваат кон Бога — а со тоа и кон нашите ближни.
Само така е можно левата рака да не знае што прави десната, и само тогаш милостињата се дава во тајност (Мат. 6:3–4).
Сè додека тоа не се случи, не можеме да бидеме исполнети со вистинско знаење, за да можеме еден со друг да се поучуваме (Рим. 15:14) на духовен, нематеријален начин. Секој наш обид во таа насока, ако доаѓа од нас самите, сигурно е лажен и неискрен, бидејќи произлегува од нашата желба да си угодиме себеси.
         Особено е важно да го разбереме тоа, зашто во спротивно лесно можеме да го изгубиме патот, заблудени во лажна предусретливост и суетна добронамерност што нè воведува во калта на самозадоволството.
             Затоа воздржи се од посетување на разни хуманитарни базари, од членства во добротворни друштва и политички партии.
Зашто занимавањето со многу нешта — многугрижливоста — е, во секоја своја форма, всушност — отров.
           Погледни внатре во себе, испитај се темелно, и ќе забележиш дека многу од тие таканаречени „жртви“ произлегуваат од потребата да ја смириш својата совест — односно, од твојата неукротена потреба себеси да си угодиш.
Не, Богот на љубовта, мирот и саможртвата не пребива среде врева и метеж што се преземаат за да се задоволат сопствените потреби, дури и кога тоа е под маската на добротворна работа.
Постои начин тоа да се провери: ако твојот душевен мир се наруши, ако се натажиш или, можеби, дури и се налутиш кога поради некоја причина не си можел да го направиш доброто дело што си го намислил — тогаш знај дека изворот ти бил заматен.
Можеби се прашуваш: Зошто е така?
Искусните одговараат: на надворешни пречки и препреки наидува само оној кој не ја потчинил својата волја на Божјата, зашто за Бога никаква пречка не постои.


      Вистински несебичното дело не е мое, туку Божјо. За такво дело не постојат пречки. Само моите лични планови и мои желби — да учам, да работам, да се одморам, да јадам, да направам добро на ближниот — можат да наидат на „надворешни околности“ што ме попречуваат, и тогаш се растажувам.
Но за човекот што го нашол тесниот пат што води во животот, односно кон Бога, постои само една вистинска пречка — сопствената грешна волја.
Ако тој сака нешто да направи, но не му се дава да го оствари — како тогаш може да се натажи? Зашто тој нема свои намери (Јак. 4:13–16).
Не се залажувај. Христијанинот е должен да живее како што живеел Христос (1 Јн. 2:6), како Оној што рекол: „Не ја барам волјата своја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати“ (Јн. 5:30) —
како Оној што се роди во слама, постеше четириесет дена, бдееше во молитви во долги ноќи, ги исцелуваше болните и бесомачните, што немаше каде глава да ја потпре, и на крај дозволи да Го плукаат, тепаат и распнат на Крстот.
Размисли колку си далеку од сето тоа.
Поставувај си постојано прашања:
— Дали сум бдеел во молитва барем една ноќ?
— Дали сум постел правилно барем еден ден?
— Дали сум истерал еден злобен дух од својот живот?
— Дали без отпор сум дозволил да ме навредуваат и удираат?
— Дали навистина го распнувам своето тело? (Гал. 5:24).
Дали сум одел по својата волја?
Сето ова постојано нека ти е во мислите.
Зашто, што е самоодрекувањето?
Оној што навистина се одрекол од себе, не прашува: Среќен ли сум? или Ќе бидам ли задоволен?
Сите такви прашања отпаднуваат од тебе ако навистина се одречеш од себе, бидејќи со самоодрекувањето во исто време се одрекуваш и од својата желба за земна среќа.
Таа тврдоглава желба за лична среќа е причината за немирот и раздвоеноста што владее во твојата душа.
Откажи се од неа и делувај спротивно на нејзините поттици — а сè друго ќе ти се даде без труд.

За Преминпортал подготвил Симеон Стефковски

 2025

 

 

Patot.na.podviznikot2

 

 

 Bogorodica.CVET

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2144
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2160
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 608
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/05/2026 -понеделник

Свети Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная