логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Patot.na.podviznikot74

Божјиот човек знае да чека
о. Харалампос Пападопулос

               Големита дарови секогаш се придружени со големи искушенија — и пред нивното доаѓање, и по него. Така е, затоа што добриот Бог го знае нашиот болен нарцизам, тајната желба сè да присвојуваме за наша корист. Затоа, заедно со дарот и харизмата, Тој допушта и искушение.


Така нè држи во смирение, за да не се вознесе умот наш, и нè потсетува дека харизмата е дар, а не лична заслуга.
Затоа и светиот апостол Павле, кој имал големо искушение и Го молел Бога да го одземе, го слушнал небесниот одговор: „Доволна ти е Мојата благодат.“


Што значи тоа?
Значи: ја имаш благодатта — не барај од животот да исчезнат сите твои маки, зашто тоа не е во твоја полза. Полезно е да постои сенка во животот, зашто само така човек со усрдност ја бара светлината. Тајната не е во исчезнувањето на проблемите, туку во нивното преобразување…


***
            Замислете, ако немавме ништо што би криеле — колку посреќни би биле?
Стравуваме да не ги повредиме другите или себе, не го кажуваме она што го чувствуваме, ги избегнуваме болните чувства — а така тивко заболуваме, бидејќи се принудуваме да голтаме неизџвакано сè што нè вознемирува.
Но нашиот најголем страв е нешто друго: стравот дека другите ќе откријат кои навистина сме, а не кои се правиме дека сме. Страв од откривање на сопствената вистина.


Христос, на Тавор, во денот на Своето Преображение, го покажа Своето вистинско лице — и никој не сакаше да се оддели од Него.
И навистина, ако ние го откриеме своето вистинско лице, она зад улогите и маските кои ги носиме секојдневно — колку луѓе ќе посакаат да останат со нас? Дали е сигурно дека оние што сега се покрај нас, ќе останат?
И знаете, она што навистина ужаснува не е гревот, туку лицемерието.


Грешникот, немоќниот, скршениот човек — тој често е симпатичен, топол, дури и светол во своите рани.
Грд е лажливецот и лицемерот — оној што го нарекува својот порок за добродетел и бара, или дури налага, сите да се поклонат пред неговата лага.

Patot.na.podviznikot72


***
           Една важна пројава на љубовта е да имаш трпение за времето и ритамот на другиот човек.
Не созреваме сите на ист начин, ниту во исто време. Понекогаш во нашата врска едниот оди пред другиот — душевно или духовно.
Божјиот човек знае да чека.


Не го укорува забавувањето на ближниот, не покажува со прст, не се прави учител, умен и моќен — зашто тоа не е. Само неговото созревање се случило побрзо по заедничката патека.Научи да љубиш, да очекуваш, да претрпуваш, да разбираш — и најважното: да не го угнетуваш твојот сопатник, твоите деца, твоите пријатели — дури ни во името Божјо.Христос за секој има Своја мера и Свое време.


Чув едно убаво слово од актерот Арис Серветалис:
„Бог не е за сите исто — туку за секого поединечно.“Тоа значи дека Бог не нè гледа како безлична маса, туку како уникатни и неповторливи личности.


За секој од нас создава посебна патека, по која можеме да чекориме — дури и ако илјада пати се извалкаме или се сопнеме.И да не заборавиме: за да научиме некогаш да одиме, мораме многу пати да паднеме…

 

Подготвил С. Стефковски

 

04.12.2025

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2135
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2154
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 595
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная