BOGORODICAHristosSvetitelifront

„Понекогаш нѐ мачи некоја страст, веќе сме ја препознале и Го молиме Бога:
– Господи, избави ме – но ништо не се случува.


Господ не го истерува овој демон веднаш, затоа што друг, помоќен, веднаш ќе го заземе неговото место.
Бог може во миг да го очисти човекот. Да речеме дека некој е гневлив, Господ може моментално да го направи целосно безгневен.


Но ако Божјата благодат не го исполни тоа место во душата каде што престојувал овој демон, тогаш тој демон, талкајќи по безводни места, ќе најде уште седум слични на себе, уште полоши, и тие ќе влезат, и „последното ќе биде полошо од првото“, како што учиме од Светото Писмо.


Токму затоа Господ често не спречува веднаш да се исцелиме: едноставно не сме подготвени за тоа и не можеме да ја задржиме таа состојба.“

— Протојереј Димитриј Смирнов