логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Скопје, 06. 12. 2008 г.


 Bog.patronat.jpg

Ваше Блаженство, Ваши Високопреосвештенства, Ваше Преосвештенство, отци, драги професори и ученици, почитувани гости, браќа и сестри.

Bog.patronat4.jpgГолема е личноста на св. Климент Охридскиот Чудотворец. Во меморијата на Македонецот, тој особено се пројавува како просветител и втемелувач на писменоста на македонскиот народ. Не само на македонскиот, туку и на сите словенски народи, почнувајќи од Македонија, преку Киев, дури до московска Русија. Поради него Македонија за сите Словени претставува симбол на словенската писменост и култура. Но, пред сe, св. Климент претставува еден голем богослов, кој е рамо до рамо со највеличествените богослови на христијанството – столбовите на Црквата, кои се залагале со благоприлични зборови да ја определат верата и да го преобразат светот со квасецот Христов и Неговото учење, чии принципи се положени во основата на целокупната современа европска култура и општество.
Прво би се задржал на историскиот контекст и богословските збиднувања во кои се наоѓа личноста и творештвото на св. Климент.

Во 9. век во животот на Византија веќе се засилил и добил самостојно значење новиот словенски подем. И со брзиот раст на христијанизацијата на Словенските народи се започнува едно ново и извонредно важно поглавје во историјата на Православната христијанска црква. Во 7. век Словените постепено ги населиле од нив опустошените древни римски провинции – Илирија, Мизија, Тракија, Македонија. Речиси до самата престолнина на империјата се создала моќна словенска држава, која речиси со непрестајна војна го исполнува целиот осми – “иконоборечки“ век. И неизвесно е како би се решил тој, за Византија, нов и ужасен „словенски проблем“, ако во втората половина од 9. век не се случил настанот, кој претставува автентичен почеток на словенската глава во историјата на Православието: „преводот“ на христијанството на словенски јазик од светите браќа Кирил и Методиј.

Светите Кирил и Методиј припаѓале кон онаа интелектуална елита на Византија, која во тоа време се групирала во Константинопол околу патријархот Фотиј. После нивната мисија во Моравија и по прогонството на нивните ученици во Преслав, царот Борис го упатил светиот Климент, главата на седмочислениците, во западниот дел од своето царство – во Охридската област, каде делото на светите Кирил и Методиј и ја нашло својата прва, плодородна почва. Св. Климент Охридски со својот светол образ го осветлува почетокот на словенското христијанство; не ограничувајќи се само со религиозно просвештение, тој се трудел да ги подобри и економските животни услови на својата паства. Овде биле создадени многубројни кадри на словенското духовенство, овде била напластена христијанската православна словенска писменост: овде е почетокот на православната словенска култура.

Во тоа време, околу времето на св. Климент, со крајот на иконоборечките полемики се завршува епохата на вселенските собори, времето на творечката напрегнатост на црковната мисла. Се почувствувала потреба да се дефинира и утврди догматското учење на Православието во некоја точна и завршна форма и да се систематизира целокупниот напластен жив опит и предание на Црквата и околу тоа се правеле различни обиди.Bog.patronat5.jpg
Почетокот на тоа официјално византиско богословие може да се припише на она културно возрождение коешто се случува во 9. и 10. век и за свој центар го има Мангаурскиот универзитет во Константинопол. Од тој кружок произлегол и т.н. „отец на византиското богословие“ – патријархот Фотиј, чие богословие е соединето со оној „академизам“, кој е типичен за неговите следбеници; богословие целосно основано на сведоштва и цитати. Неговата ерудиција била универзална и легендарна. Тој создал цела плејада на научници и богослови. Од неговото опкружување произлегол св. Константин Философ, братот на Методиј – просветителот на словенството.

Во историјата на Црквата, тој доцен византиски период се нарекува уште и „епоха на разделувањето на Црквите“ и тоа именување, секако, е соодветно на сето значење на таа најголема трагедија во историскиот пат на христијанството. Догматски не е толку важно како се разделиле Црквите, туку она што нив по суштина ги разделува, т.е. утврдувањата на Римската црква: како прво за самата себе (догматот за папската непогрешливост), а потоа и за верата на Црквата (учењето за Св. Дух, учењето за непорочното зачнување на Богородица) кои за православниот се косат со основната вистина на христијанството. Важно е да се спомене дека во моментот на конечната поделба на Црквите, предмет на спор и полемика биле не прашањата што вистински ги разделувале Црквите – за папството и Св. Дух, туку разликите во обредот на западната Црква од Источната: употребата на пресни лебови, постот во сабота, пеењето на алилуиа на Пасха и сл. Овде се покажало стеснување на вселенскиот поглед на Црквата: второстепеното, надворешното, обредното ја засенувало Вистината. Колку и да звучи парадоксално, но Црквите во 11. век се разделиле не поради тоа што вистински ги разделувало и тогаш, а и денес ги разделува.

Патријархот Фотиј е првиот кој јасно и прецизно укажал на новововедувањата во доктрината на западната Црква, коишто ја сочинуваат вистинската суштност на разделувањето: папизмот и учењето за происходењето на Св. Дух. Иако ги поставил и двете прашања, тој на крајот пројавил вистинско разбирање за состојбата и се заложил богословски да го разоткрие неправославието на догматот за Filioque.

Оваа личност, преку светите браќа Кирил и Методиј, има големо влијание врз дејствувањето и богословствувањето на св. Климент. Самиот св. Климент активно учествува во полемиката околу учењето за Св. Дух. За ова имаме сведоштво во неговото пространо житие од блажениот Теофилакт Охридски. По смртта на св. Методиј, учениците биле напаѓани од приврзаниците на западното учењето. „Зошто уште верувате во Методиевите зборови..., а не се присоедините кон живиот епископ и не исповедете дека Синот е роден од Отецот, а Духот исходи од Синот“ му било речено на св. Климент и на другите соученици. Тие одговориле; „Ние веруваме во Духот на Синот како во Дух на животот и вистината... Но, дека тој происходи од Синот, ниту сме примиле, ниту ќе примиме, ниту, пак, ќе се откажеме од верава... Ние веруваме дека Духот происходи од Отецот и дека Неговиот Причинител и Изводител е Отецот на Синот... Но, едно е „да исходи“, а друго е „да се раздава“.

Значи, во овие историски збиднувања се појавува личноста на св. Климент.
Св. Климент во своето време претставува, како што ќе рече блаж. Теофилакт, најучен маж. Тој е првиот најзначаен автор кој творел и проповедал на словенски јазик. Тој пишува житија според византискиот образец, похвални слова и беседи, црковни химни, преведува црковни текстови. Тој, заедно со своите учители, учествувал во преводот на Светото Писмо, дело кое го продолжува и по нивната смрт. Токму учеството на светителот во преводот на Библијата на црковно-словенски јазик, заедно со светите браќа, претставува печат со кој се осведочува фактот на боговдахновеноста на преводот. Тоа е многу важно, зашто според преданието на Црквата, не само оригиналниот текст на Светите списи, туку и нивниот превод претставува акт на Божествена инспирација и обично тоа се запечатува со учество на свет маж во процесот на преведување. Она што претставувале седумдесетмината благочестиви мажи во преводот на Септуагинтата, она што бил блаж. Иероним за латинската Вулгата, св. Филарет Московски за рускиот синодален превод, тоа е св. Климент, заедно со своите учители, за словенската Библија.
Во науката се посочуваат од 15 до 50 светиклиментови сочиненија. Токму преку овие текстови ние се запознаваме со неговото богословие и неговата философија на живот.

Сега накратко би се осврнал на богословските погледи на св. Климент од содржините на неговите творенија, зашто неговите зборови, заедно со зборовите на св. ап. Павле, се она што е положено во основата на современиот македонски христијански менталитет.
Св. Климент се покажува како извонреден познавач на Светото Писмо и неговото толкување во преданието на Православната црква. Неговите беседи се испреплетени со цитати и алудирања на места од Стариот и Новиот Завет. Особено се среќаваат Псалмите, а, исто така, во голема мера се застапени и пророците.

Самите беседи на св. Климент имаат голема стилско-фразеолошка и јазична сличност со словата на великиот беседник, св. Јован Златоуст. Врз неговата богословска мисла, пак, големо влијание имале генијалните свети мислители, философи и отци на Црквата, кои со сиот богат опит на посленикејските собори го завршиле создавањето на богословскиот јазик и ги утврдиле поимите и, конечно, ја изразиле сета длабочина, сето бесконечно значење на православното учење за Св. Троица.

Оттука, по тинитарното прашање, т.е. учењето за Св. Троица особено значење во светиклиментовото богословие добил св. Григориј Богослов (особено неговите „5 слова за богословието“), во антропологијата – св. Григориј Ниски од неговото дело „За устројството на човекот“, во сотириологијата – св. Атанасиј Велики со неговото „Слово за воплотувањето на Бога Словото“. Св. Василиј Велики и Златоуст, како и св. Ефрем Сирин, првенствено имале значење во аскетиката и егзегетиката.

Наоѓајќи се во диспут со западното учење за Св. Дух, тој го бранел православното учење со тоа што ја поучувал својата паства на тајната за Светата Троица. Затоа тој во многу моменти од своите беседи се зафаќа со тоа. Тој богословствувал за Св. Троица не само поради тоа што било потребно да се одбрани и зачува православното учење, туку и поради тоа што за него созерцанието на Пресветата Троица била предел и средоточие на целиот духовен живот.

Освен тоа што народот го поучувал на тајните и вистините на верата, тој го поучувал и како да ја воплоти таа вера во живот.
Bog.patronat3.jpgСв. Климент настојува да го натера верниот народ да излезе од онаа површност во христијанскиот живот и активно да се вклучи во она што се нарекува светотаински живот во Црквата. Центарот на тој живот е Светата Евхаристија и активното учество во неа преку причестувањето, зашто, според неговите зборови, „таму примаме оздравување на душите и на телата, таму е страшната тајна... таму Синот Божји е положен пред нас на страшна трпеза, како Јагне безгрешно пролевајќи крв заради нас и нашето избавување од гревовите, сакајќи да не направи наследници на Своето Царство“. Но, тој повикува тоа да се прави со должната подготовка. Пред се со постот, вистинскиот пост, кој за него претставува „не само воздржување од храна или од пиење, туку и бегање од секој грев, како од непријател, кој ја погубува душата“. Исто така, тука се покајанието и исповедта. „Да го разбудиме срцето кон смирение и душата кон покајание – вели тој. Да пролееме солзи... Оти Бог не се радува на гревовниот пад, туку се весели поради нашето покајание. Затоа да не ги сокриваме нашите грешки, туку исповедајќи да примиме исцеление од Бога. Оти Он Самиот рече: На здравите не им треба лекар, туку на болните, зашто не дојдов да ги повикам праведните, туку грешните на покајание“. И така, преку духовниот подвиг, добродетелноста и будноста „со чиста совест да пристапиме кон светите тајни на пречистото тело и крв Христови“.

Св. Климент високо го вреднува делото на милостиња. Тој советува „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, на презвитери чест да им направиш... манастири да посетуваш и на монасите да им донесуваш што е потребно, в црква да се трудиш ден и ноќ. затоа што во неа се очистува од гревови и од секое зло се оддалечува“. Тој напишал и многу слова посветени на празничните денови, во кои ја објаснува смислата на празникот и, воопшто, начинот на нивното празнување.
Кога се читаат светиклиментовите зборови се добива чувство за тоа колку се тие потребни и денес, колку се живи, како да се упатени кон современиот Македонец, зашто нивната актуелност не го губи значењето и во овие времиња.

„Откако ќе го разбереме ова, браќа – вели тој, ќе се обновиме со чистота и со добрина и својот живот достоен ќе го сториме, а не само со збор да се нарекуваме христијани, туку во духовен подвиг да се поставиме и да се надминуваме еден со друг со добрина, па и нам да ни рече Господ; Дојдете, благословени, од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот. Па затоа Него да Го прославуваме отсега со добри дела, иако сме навикнале да живееме во слабост и мрзеливост до ден денешен, но уште од денеска да се помачиме за добри дела. Затоа што царството небесно насила се зема и силните го грабаат заради Исуса Христа, нашиот Господ, Нему да Му е слава, сега и секогаш и во сите векови“. 

На крајот би завршил позајмувајќи ги зборовите на отец Дејвид Мозер, кој ги искажал за св. Јован Шангајски во денот на неговото прославување, но кои со истата таа величественост и вистина можат да се искажат за св. Климент Охридскиот Чудотворец. Овде се поставува прашањето, зошто светата Црква ги прославува светителите, зошто го прославува и св. Климента? Заради неговите чуда ли? Не! Заради неговите подвизи и исцеленија? Не! Заради неговото испосништво и бдеење? Не! Ние го прославуваме затоа што тој навистина Го љубел Бога. А сите негови подвизи и дела биле плод на таа љубов, зашто без неа се друго не би имало значење. Ние што сме присутни на ова прославување не можеме да правиме чуда какви што правел светителов, ниту да ги извршуваме неговите подвизи и да исцелуваме болни или, пак, да го повториме целото негово дело, но можеме да Го љубиме Бога над се друго и во тоа да го подражаваме светителот Климент. Сите други дела зависат од таа љубов.

 Г-дин  проф.Георгиј Глигоров,

Македонска Православна Богословија 

Bog.patronat2.jpg

 

Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная