логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Man.Zurce3.jpg

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа: ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Патот на христијанинот
Арх. Рафаил Карелин

За Страшниот Суд
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Браќа и сестри! Бог Кој некогаш го создал животот, на крајот на времето ќе воскресне, ќе го стане од правот и распадливоста сето човештво од деновите на Адам до последните денови. И тогаш ќе настане Страшниот Господов Суд, Судот на кој ќе се реши завршно уделот на секој човек - соодветно на она што го правел додека живеел во своето тело.

Денес, кога с# уште се наоѓаме во овој земен свет, секоја мисла, збор или дело - тоа се семиња кои ги фрламе, како во изорана земја, во длабочината на нашите срца. А во вечноста од тие семиња ќе израснат прекрасни мирисливи цвеќиња или бодликави, отровни растенија. Судот се нарекува Страшен затоа што на него ќе се судат не само луѓето туку и духовите. Демоните ќе се видат како некогаш прекрасни ангели кои ја пееле неизречената, неискажлива со јазик човечки херувимска песна на Бога. Таа песна, таа химна е - пламената љубов и стремежот на светите души кон Бога. Бесовите ќе го видат својот страшен пад. Сатаната, кој некогаш бил серафим, ќе увиди, како станувајќи против Бога, се превратил во страшно адско чудовиште, во огромен пајак, кој со пајажината на гревот ја обвил сета земја, во страшна адска змија, која своите отровни заби ги забодила во безбројни жрви. Во секој грев, што се извршува на земјата, било неговото невидливо присуство. Во секое злодело неговиот смртоносен здив, во секој престап неговото змиско лукавство. Сатаната ќе го увиди големиот гроб - адот, кој тој самиот за себе го ископал. Ќе го види црниот адски пламен, што го запалил за своите жртви и во кој сам ќе се мачи вечно.

Судот се нарекува Страшен затоа што ќе биде сеопшт. Никој нема да го избегне, како што никој не може да ја избегне смртта. Од правот ќе воскреснат и праведните и грешните. Тогаш телата ќе бидат како души. Нема да бидат коскени, дебели, составени од влага и земја, туку - духовни, нераспадливи. Кај праведниците - според телото на воскреснатиот од мртвите Христос Спасителот, кај грешниците - смрдливи и наказни (безобразни), како и нивните гревови. Свети Ефрем Сирин пишува: “Сите ќе воскреснеме на триесет и три години”.

Што значи тоа? Човекот поминува во својот земен живот определен циклус на развиток. Триесет и три години - тоа е време на највисок развиток, човечко совршенство во земното значење на тој збор. И старците и младенците ќе воскреснат не во својата земна возраст, во која го напуштиле својот живот, туку во триесетитригодишна возраст - т. е. совршена. 

Во тоа време блиските и роднините, се разбира, можат да се запознаат еден со друг. Судот се нарекува страшен затоа што во него се откриваат сите наши дела, сите наши помисли, зборови и најдлабоки желби на срцата. Сè што сме правеле тајно, ќе стане јавно, она што сме го правеле насамо, ќе се открие пред цел свет, она што се раѓало во тајните места на нашето срце, ќе стане откриено и разголено. И кога ќе ги увидиме сопствените гревови во сета голотија, безобразие и гнасотија, тогаш ќе бидеме подготвени да викнеме: “Гори, паднете на нас и сокријте нè од овој срам!” 

Браќа и сестри, Светите Отци зборуваа за тоа дека постои некоја “памет на срцето”, која се врежува во с#, во сиот наш живот - и внатрешниот и надворешниот. И така, на Страшниот Суд ќе се отвори таа книга, напишана во длабочините на нашата душа, и само тогаш ќе видиме какви сме навистина, а не какви не цртала нашата воспалена гордост. Тогаш ќе видиме колку пати благодатта Божја н# повикувала кон спасение, н# казнувала, н# милувала, и како упорно сме &  се спротивставувале на благодатта и сме се стремеле само кон грев и страсти. Дури и нашите добри дела ќе ги видиме изгризани како од црвје, од лицемерие, гордост и таен интерес. Судот се нарекува Страшен затоа што ќе биде завршен. Овде, на земјата, додека живееме, за нас е секогаш откриено покајанието, како врата од мрачната темница на гревот на слобода. Пред Страшниот Суд можат да ни помогнат молитвите на Црквата и на блиските. Но Страшниот Суд е последен - после него друг суд нема да има. На Страшниот Суд ќе дојде до конечно разделување на доброто и злото, на светлината и темнината. За праведните ќе настапи вечен живот - вечно уподобување на Христос Спасителот, вечно светење и озарение со Божествена светлина. Во оној живот секој миг ќе носи сè нова и нова, сè поголема среќа, сè поголема радост, сè поголема светлина, сè поголемо блаженство.

А вечната смрт на грешникот е - уподобување на сатаната, сè поголемо потонување во океанот на темнината. Адот е - место на заборавеност, тоа е место каде што не проникнуваат зраците на милосрдието Божјо. Адот е избришан од милосрдието Божјо. Браќа и сестри, некои поставуваат прашање: “А можат ли спасените да бидат среќни ако нивните роднини се најдат во адот, оние со кои тие биле соединети со љубов во земниот живот?” Тоа е тешко прашање. Кога го љубиме човека, ние сакаме нешто добро во него (макар тоа да не е добро, туку да ни се чини добро), а кога ќе станат грешниците, тие ќе бидат само олицетворение на грев и зло, ќе бидат демоноподобни. Затоа нема да можеме да ги љубиме, како што е невозможно, да кажеме, да ги љубиме чумата или бакцилот на беснилото. Претставете си дека вашиот најближен се појавил пред вас во вид на змија или шкорпија; не би можеле да го љубите, туку во ужас би се оддалечиле. Така е со осудените на адска мака. Тие ќе бидат полни не само со очајание и тага туку и со сатанска гордост. Душите на грешниците ќе клокотат од пламен на омраза кон Бога и на сè свето, омраза, која е готова да ги изгори небото и рајот.  

Блаженството на рајот е - блаженство на светите во љубовта кон Бога и на еден кон друг. Преподобниот Серафим Саровски пишува дека кога човек би знаел колку е ужасен адот и колку е сладок рајот, готов би бил да ги истрпи сите страшни маки овде, на земјата. Еднаш преподобниот Симеон, наречен Нов Богослов, бил во такво осветлување од Духот Свет, што викнал: “О Господи! Сигурно нема повисоко блаженство од ова на светот!” И добил одговор: “Она што го искусуваат дури и светите овде на земјата, во тело, во споредба со идното рајско балженство, слично е на сонце, нацртано со јаглен на хартија, во споредба со сонцето, што свети на небото!” Свети Ефрем Сирин пишува дека тогаш ќе биде поинакво општењето на душите меѓу себе. Има зборови на Спасителот што не се чуваат во Евангелието, туку кај древните Отци: “На оној свет внатрешното ќе биде како надворешно, а надворешното ќе биде како внатрешно”. Сега надворешното - тоа е телото, внатрешното - душата. А внатрешното - душата - ќе стане како надворешно, односно таа ќе биде откриена. Ефрем Сирин вели: “Ако посакаш да бидеш крај светите маченици - ќе бидеш близу нив; ако посакаш да се насладиш од слатка беседа со праведници - не со јазик, не со устата своја, туку со срцето и со душата ќе разговараш со нив, односно со својата душа ќе ги гледаш нивните души; ќе се насладуваш со созерцание на нивната убавина и љубов, кои се излеваат од секој светија кон сите”. 
Браќа и сестри, само во рајот, во вечниот живот, човекот ќе ја дознае тајната на страданието, ќе разбере дека тука на земјата, тагата, маката, болестите и жалоста - се голем Божји благослов: човекот ја пие онаа чаша од која пиел Самиот Господ Исус Христос. Затоа во вечниот живот ќе им благодариме на нашите непријатели, ќе им благодариме на клеветниците, на оние кои се однесуваа кон нас несправедливо, затоа што тие самите тоа не знаејќи, го потпомогнаа нашето спасение. Овде, на земјата, многу нешта ни се наразбирливи, но овде ја гледаме само првата страница на онаа Книга која ќе се отвори во вечноста, а таму ќе ја разбереме сета длабочина на премудроста Божја, сета сила на Неговата љубов. Еднаш Александрискиот патријарх Теофил дошол во Нитриската гора и го прашал најстариот монах: “Што најде најдобро во духовниот живот?” А тој одговорил: “За с# да се обвинувам самиот себеси!” И патријархот рекол: “Тоа не е само најдобро туку е единствениот пат кон спасение!”

Значи, браќа и сестри, да се сеќаваме на Страшниот Суд, да ја пробудиме од сон својата совест, за таа строго да н# суди уште тука, и тогаш Страшниот Суд ќе стане за нас предворје на вечниот живот! Амин. 

Korica.hritijaninot.jpg

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


 Друго:

Korica.S.Rouz.jpg

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная