логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Александар Шмеман
                      

jovan.jpgКога некој би бил кадарен да ја согледа Црквата Христова и тоа, како таа бива соединета со Христа и како учествува во Неговото Тело, не би ја видел поинаку, туку како Самото Тело Господово, рекол Никола Кавасила.
Во нашево време, во неправославниот свет насекаде, и кај римокатолиците и кај протестантите, заживува интересот за богослужење  и тежнение за враќање на литургиската убавина и полнота на древната Црква. Ова тежнение го наоѓа својот полн израз во таканаречениот “литургиски двиг“ на Запад. Предводниците и следбениците на оваа “литургиска преродба“ особено внимателно го изучуваат богослужењето на Православната Црква, која, како што вели еден од нив,“ го сочувала литургискиот дух на раната Црква и продолжува да живее и да се напојува од неа, како најчиста, како извор...

На Православната Црква пак, не и е потребен “литургиски двиг“, бидејќи таа во своето благочестие, никогаш не се оддалечувала од сопственото богослужење. Овие зборови на римокатоличкиот писател ни ја предочуваат големината на литургиската “мисија“ на Православната Црква и квалитетот на откровението - кое нашето богослужење може да им го пружи на оние кои се “гладни и жедни“ за полн Црковен живот. Но, колку и да му годи на нашето православно срце ова восхитување од Запад, тоа пред се треба да ни послужи како поттик, за ние православните длабоко да се замислиме над нашиот сопствен однос кон нашето богослужење, во прв ред, се разбира кон Светата Литургија.

Дали е кај нас се така “розево“, како што тоа може да им се пристори на добронамерните луѓе надвор од нашата Црква? Неспорно е дека Православната Црква е првенствено Литургиска Црква, не само во смисла на непрекинатост на нејзиното богослужбено предание од Апостолско време, туку и според местото кое богослужението го зазема во животот на верните, кои имаат особена љубов кон богослужбите.

Сепак не смееме да премолчиме, дека и нашата литургиска свест боледува од некои “одродувања“, кои сепак се од поинаква природа, од оние на Запад. Ако за западните христијани може да се каже дека го загубиле богослужбеното богатство на древната Црква, за православните може да се рече, дека иако тие го сочувале тоа богатство во неговата целокупност, се одвикнале од тоа да го користат. Православните христијани  имајќи го во своите раце златниот клуч, ја изгубиле умешноста, со него да ги отвараат таинствените двери на својата ризница.

Овде пред се’, го имаме на ум неразбирањето на Светата Литургија -  својствено за верните, и покрај нивната голема љубов кон неа. Дошло до расчекор помеѓу љубовта и разбирањето. Денес, некои го сакаат богослужението не заради неговата смисла, туку заради нешто друго, што е многу тешко точно да се одреди: заради “доживување“ кое со својата молитвена атмосфера, со својата таинственост и убавина им го пружа богослужението... Има и такви, кои тврдат дека богослужбите и атмосферата на православниот храм, ни пружаат уште од детството толку драгоцено богатство на благочестиви расположенија, толку светли слики и впечатоци, што на некого- желбата за сфаќањето и разбирањето на се во храмот- може да му заличи на плиток рационализам.

Ние со векови сме се молеле во храмот без никакви посебни толкувања и тој храм ја вознесувал нашата душа кон Бога, зарем тоа не е доволно? Со векови тие зборови и обреди, иако неразбирливи, внесувале во нашиот живот радост, утеха и светлина, а зарем не е тоа целта на богослужењето? На овие зборови, кои можат често да се слушнат е многу тешко да се одговори. Тешко е затоа што во овој спор, оние кои во него учествуваат поаѓаат од две различни гледишта, така што нивните зборови и аргументи не можат да се пресретнат, туку поминуваат едни покрај други, бидејќи се спорат за различни работи. Во нашево време, во средиштето на верскиот живот како да не стои Вистината, туку верското чувство кое се признава за главна вредност и со кое се мери се’. Во црковниот живот и богослужењето се’ се вреднува со сопствено мерило: со тоа што “Јас“ сакам и посакувам да добијам од богослужењето, со она што “мене“ ми изгледа суштински значајно, со она што “Мене“ ми се допаѓа  во него.

Богослужењето како свештенодејствено исповедање на воплотенета Вистина, Христос Господ, Објективната Вистина на Црквата, објективната содржина на богослужењето, престанало да не интересира, и секој си го избира она што највеќе одговара на неговите субјективни “побарувања“.(Како доказ за ова може да послужи нашироко распространетата пракса на исповед за време на богослужба, дури и за време на Литургија, што јасно покажува дека за многумина верници нивната “приватна“ потреба им е поважна, од учеството во заедничка молитва, во Светата Литургија). И затоа во нашево време е многу тешко да им се зборува на луѓето, дека Христијанството во прв ред е вера во воплотената Вистина, во живата Вистина. И од тука , богослужението не е “просто молитва“, украсена   со убави зборови и обреди кои можат да се сакаат заради нивната умилност и нивното делување на душата, туку дека е вечно свештенодејствено исповедање на Воплотената Вистина – Христос, живот и растење во Него.

Рускиот писател Розанов своевремено рекол дека “Христијанството изникнало од човечките воздишки, од  потресното извивање на народот кон Бога. Ова е крајно штетно и невистинито тврдење. Христијанството изникнало од страшната и преславна тајна на Синот Божји, “Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение“ постана Син Човечки, Кој заради нас беше осуден на смрт, и умре на Крстот, и воскресна од мртвите во третиот ден. Он е “Патот и Вистината и Животот“(Јн. 14,6) и по тој Пат чекори, и таа Вистина ја објавува, и тој Живот го пружа -  Црквата Христова. Богослужението на Црквата не е ништо друго, туку проповедање на таа Вистина, живеење на тој Живот и чекорење по тој Пат.

Трагично е тоа, што во современото изродено доживување на богослужението, самото богослужење за нас престанало да претставува исповедање на нашата Вера, нејзино соборно и целосно воплотување. Ние сретнуваме многу луѓе кои така да се каже сраснале со богослужението, и го сакаат и го познаваат (но познавањето на богослужението не е исто што и негово разбирање), но не учествуваат во Верата на Црквата; богослужението за нив е  навика и омилена храна за нивното верско чувство. Меѓутоа, тие не се ни трудат, тоа свое верско чувство да го проверат со Верата на Црквата и да го усогласат со неа. Со таква свест, доживувањето на богослужењето се одделило од она “правило на Верата“, кое всушност и воплотува.

Целокупното наше богослужење, во потполност претставува богословие, вистинска теологија, жив и животворен извор и мерило на секое богословие, но тоа не сакаат да го разберат оние кои сметаат дека “разбирањето“ на богослужењето не е од суштинско значење. Оттука и настанува онаа рамнодушност на повеќето луѓе во Црквата, кон теологијата. Богословието е претворено во специјалност на христијанските “интелектуалци“  која обичниот верник не ја разбира, а не чувствува ни најмала потреба да ја разбере. Треба да се додаде дека ова одбивање да се разбере подлабоко богослужењето, често се одразува погубно и на самото богословие: без богослужењето, теологијата ја губи тврдата основа под себе и се претвара или во “чиста наука“, “наука заради наука“ или во искажување на “приватни“ богословски мислења кои немаат сила да бидат сведоштво на соборното Предание на Црквата.

Исто така и богослужението кое треба да претставува соборно, сенародно делање, од соборно сведочење се претвора во “специјалност“, “специјалност“ на олтари и певници, односно свештеници и певци. Во сето ова пак, обичниот верник смета дека е сосема природно да го избере она, што нему најмногу му се допаѓа, она што најмногу го “храни“ неговото верско чувство на пример: бдение или акатист, “концертно“ или манастирско пеење, свечено или обично служење. Доколку се смета дека главната вредност на богослужењето е неговото “делување“ на душата и на психологијата на верните, сето тоа избирање и произволност се потполно законити и прифатливи, зашто спорот се сведува на спор околу вкусовите, а не околу Вистината.  Но проблемот е токму во тоа што таа психологизација на богослужението, неговото сведување на чувства и преживувања, без вистинско разбирање, е всушност основната болка на современата литургиска свест кај нас.  Мораме сосема одредено да го поставиме прашањето:“Што се Христијанството и Црквата“? Дали се Радосна Вест за апсолутната Вистина на спасението, која ја познал секој од нас и со која живее и која треба да ја исповеда, или се работи за расплината “религија на срцето“ со прекрасни старински церемонии и умилно пеење?

Одговорот на ова прашање може да биде само еден: Од најраните денови во Црквата било востановено “огласение“ или “катихизација“, односно подготовка на новите членови за Крштевање, како мистагогија, што значи тајноводство т.е. воведување во Тајната, односно постепено објаснување на значењето на богослужбените символи, обреди и молитви. Тоа претставувало воведување на катихумените т.е. огласените во Вистината Која Црквата со себе ја воплотува и од Која  е сочинета  самата суштина на Христијанството. На овој начин, се што слушнал и познал и се во што поверувал, за  новиот член на Црквата после светата Тајна Крштение, постанало непресушен извор на новиот живот кој и е Црквата. И токму во богослужењето, во тоа непрестано обновување и воплотување на исповеданието на Црквата, Христијаните во она време црпеле таква моќ на верата која според зборовите на апостолот е “победа која го победила светот“(1.Јован. 5,4). Затоа отстапувањето и одрекувањето од разбирање, од желбата се повеќе и повеќе да се разбере и сфати што правиме кога во Светата Литургија “ова го правиме во Негов спомен“(Лк. 22,19), кога “двајца или тројца се состануваме во Името Негово“(Мт. 18,29), е всушност отстапување од Вистината. Повторувам дека вистинската и темелна смисла на богослужението, се состои во таа смисла, која со него е воплотена и изразена. Без поимање на тој смисол, нашата љубов кон богослужението неопходно ќе се претвори во површно, чисто емоционално или естетско доживување кое дури може и да го засили нашиот индивидуален молитвен живот, но кое не овозможува вистинско учество во таинството на сеопштата молитва на Црквата. Богослужењето не е ни магија, каде зборовите и гестовите “делуваат“ независно од разбирањето и осмислувањето, ниту привлечна верска церемонија чија вредност е во нејзиниот психолошки ефект врз набљудувачот. Богослужението претставува вистинско служење на Бога “во Дух и Вистина“(Јн. 4,24), каде се’ има смисла, каде се’ изразува она што е “единствено потребно“ (Лк. 10, 42).

А тоа “единствено потребно“ и е Вистината, која ни ја проповедаа Апостолите, во која ние  поверувавме, а таа Вистина е Христос со Кого ние се соединивме во Крштевањето, и Кој постана наша Храна, Живот наш во Црквата, и во таа Вистина Христос - ние треба да растеме и таа Вистина Христос - сме повикани да ја исповедаме. Вистината е суштината на Црквата и смисолот на црквеното богослужение. И за Христијанинот нема, ниту може да има поголема радост од непрестаното поимање и здлабочување во тој богочовечки Мистирион, во тоа Таинство, низ кое верата може да ја здобие Самата Божествена Вистина, Самиот Божествен Живот.

Подготви М.З.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная