логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Митрополит Тимотеј

КРАТКА ИСТОРИЈА - ПРОЦЕС ЗА КАНОНИЗИРАЊЕ НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ ВО ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА

 Светии се прославуваат уште во Стариот завет од страна на избраниот народ. Oд Светото писмо на Стариот завет знаеме дека како свети се почитувале: Ковчегот на заветот, златната кадилница и таблиците со десетте Божји заповеди. Тие се чувале во најсветото место во Скинијата, во Свјатаја свјатих, каде што еднаш годишно влегувал првосвештеникот. Потоа, како Божји угодници се почитувале старозаветните патријарси, судиите израилеви како и царевите (Авраам, Мојсеј, Арон, Давид, Соломон) како и пророците. Но вистинската светост и вистинското почитување и респектирање на светоста ќе биде потранспарентно забележено и претставено во новозаветната Црква и во Новиот завет. Неспоредлив со било кој друг е ликот на Искупителот на светот, воплотениот Богочовек, Спасителот Господ Исус Христос. Веднаш по Него е Неговата пречиста и непорочна мајка, света Дева Марија - Богородица. Уште од првиот век на христијанството почнал да се развива култот кон светите маченици, пред сè, кон апостолите, но, исто така, и кон други христијани кои своите животи ги положиле за учењето и исповедањето на Господа Исуса Христа.
 Како што ни е познато од историјата на христијанската Црква, како и од римското право, првите христијани имале слобода да се собираат непречено само на гробишта, таканаречени катакомби, каде биле погребувани првите христијани како маченици. Такви катакомби и до денеска се сочувани околу Рим, како што се: најпознатата Свети Калист, потоа Свети Себастијан, Света Цицилија, света Текла и др. Околу нивните вечни почивалишта малата прогонувана христијанска заедница се собирала и го прославувала севишниот Бог, како и Господа Исуса Христа. Но истовремено се развивал и култот кон мачениците. Најголеми светилишта постанувале токму гробовите на светите апостоли кои маченички го завршиле својот живот, како што се светите апостоли Петар и Павле во Рим, а потоа и другите на други простори каде што го проповедале Евангелието на народите.
 Се прави голема разлика помеѓу старозаветното и новозаветното почитување на светоста. Апостол Павле во посланието до Римјаните и до Евреите ја прави таа силна дистинкција велејќи: Светоста на Христа е извор на светоста на Црквата. Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките (Рим. 11, 11-16). Светоста се разликува од старозаветната жртва. Новозаветната жртва, пак, е внатрешно очистување. Жртвата Христова ја осветува Црквата и сите што веруваат во Црквата (Евр. 9, 11-14). Полно осветување во Христа се добива со помазание од Светиот Дух (1 Јн. 2, 20), и со крштевање во Светиот Дух (Лк. 3, 16).
 Во Новиот завет преку крштевањето се умира и се воскреснува со Христа. Христијанинот прима наследство на нов човек кој расте, се развива и се повикува да живее според Христа, а не според принципите на овој свет. Од православната догматика и од Светото писмо знаеме дека не сите што се крстат и што ќе се миропомазаат ќе бидат спасени. Но само тие кои ќе ги спечалат даровите на Светиот Дух: љубов, радост, мир, долготрпение, милост, милосрдие, вера, кротост и воздржување (Гал. 5, 22).
 Со ваков лик новозаветната Црква го употребува терминот светост. Произлегува од тоа какви сме повикани да бидеме ние христијаните со примањето на благодатта при крштевањето, давањето ветување на Бога дека ќе бидеме вистински верници и дека ќе живееме нов живот во Христа. Затоа апостолот сите христијани во Христа ги именува свети, преку тоа откривајќи и потенцирајќи ја можноста дека секој еден е повикан, дека секој еден е должен и има можност да биде свет, како ново создание (Гал. 6, 15).
 Божјата светост во почетокот штедро се давала на сите христијани. Но личната праведност, како одговор на Божјата благодат, го осигурува спасението на верниците, а при определени услови и нивно признавање за светци. Спасението, како темел на христијанската религија, е суштината на светоста. Преку искупителното дело на Христос, спасението се исполни во времето и продолжува да се извршува во историјата, опфаќајќи ги сите праведници. Во таа смисла светоста е синоним на спасението, а светците дел од оние што го избегнале страшниот суд.
 Терминот канонизација доаѓа од латинскиот збор kanonisatio, а тој, пак, доаѓа од грчкиот глагол kanonisein што значи определува на основни правила и укажува. Бил воведен од страна на западните богослови и тоа доста подоцна. Во грчката црква аналоген термин нема. И затоа се употребува црковнословенскиот збор вбројување кон соборот на свети. Денеска во комуникација се употребуваат и двата термини.
 Според учењето на Црквата, Божјите угодници го сочинуваа хорот (соборот) на светиите кои се молат пред Бога за своите живи собраќа според верата кои им се обраќаат и ги чествуваат во молитвите. Практичниот акт на канонизација во историјата претрпува повеќе изменувања, и има свој историски развој. Во најстарата Црква немало посебен чин за почитување на светиите и не се водела книга, односно, список на светиите. Било доволно месниот епископ да даде благослов за почитување и за прославување на одреден угодник. Бидејќи и Картагинскиот собод од 401 година во своето 6 правило го задолжува епископот да води сметка за тоа кои луѓе можат да бидат сметани за свети. Подоцна, пак, со слободата на Црквата ќе започне да се воведува нова пракса: покрај месниот епископ и одделни синоди да даваат дефинитивен став и одредување на ден за прославување, во принцип, денот на упокојувањето. Старата грчка црква има три категории на почитување на светии. Во првата категорија влегуваат старозаветните патријарси и пророци, новозаветните апостоли, како и Божјата Мајка и св. Јован Претеча. Во втората категорија влегуваат мачениците, кои ги положиле своите животи и се овенчале со неовенлив венец. Третата категорија ја сочинуваат ерарси светители и преподобни подвижници. Оваа поделба е забележана на почетокот на II век кај св. Игнатиј Богоносец за постраданите за време на императорот Трајан, околу 107 и 115 или 116 година. Исто така, во тој временски период започнува да се развива култот и почитувањето на апостолот Јован Богослов како светител, а кој не го завршил својот живот маченички. Во втората половина на IV век Црквата ги поставува основните принципи и бара поголем ред при вбројувањето кон светиите, и почнува да прави разлика помеѓу вистинските и лажните. Така, почнува да бара сведоштво за нив дали додека биле живи биле сецело исповедници на вистинската вера или, пак, припаѓале на некоја ерес. Дали за време на нивниот живот биле обдарени со дар на прозорливост и со дар на чудотворство, како и после смртта. Дарот на чудотворство бил главен аргумент за некој од угодниците да биде вбројан во редот на светите. Самиот чин на кој се извршувало канонизирањето до денеска не е познат во пишаните документи. Од втората половина на V век тоа почнува да го прави цариградскиот архиепископ, односно патријарх. Потребно е да нагласиме дека од втората половина на XI век настанува нов период во историјата на канонизацијата на ерарсите и светителите. Може да се рече дека од втората половина на XI век Црквата ќе биде построга во процесот на прогласување на светители отколку во претходните периоди. Пред тоа, скоро сите светии што биле канонизирани од страна на цариградската црква биле општоважечки. А од овој период ќе се прави поголема селекција и голем дел од прославените отци и учители - светители ќе имаат локално почитување, а не општо.
 Од XI век ќе забележиме вбројување кон светиите и на мирски луѓе (како од машки, така и од женски пол) што пред тоа го немало (освен мачениците). Од XI век ќе се воведе и диптих на светии.
 Во Византија не го практикувале принципот на запазување на нераспадливи мошти, туку ги распарчувале и се обидувале повеќе цркви и манастири да поседуваат мошти од повеќе светии. Затоа Теодосиј Велики уште во IV век (околу 386 година) дал указ да не смее да се распарчуваат моштите или, пак,  да се тргува со нив. Моштите и на другите апостоли, исто така, биле изложувани во Цариград во црквата на светите апостоли. Од 356 година ќе се воведе традиција и пракса која до денеска е сочувана во сите цркви, а тоа е при осветувањето на нова црква во светиот престол да се полагаат дел од свети мошти, пред сè, на маченици но, исто така, и од други светители.       
 Со неколку зборови би сакале да се навратиме како се случувала канонизацијата во Руската православна црква, во Романската православна црка и Српската православна црква, бидејќи сите словенски православни цркви го примиле православието преку Византија, или од грчката црква. Сосема природно е и тоа што поредокот и праксата за канонизација на светии се развивала под влијание на грчката традиција.
Руската православна црква, како најголема и најбројна, во својата историја прави поделба на неколку периоди во прогласувањето на светиите. И тоа:
• Првиот период е од покрстувањето до макариевските собори (1547 - 1549);
• Вториот е периодот на макариевските собори (1549-1647);
• Третиот период е од макариевските собори до воспоставувањето на синодалниот период;
• Четврт е синодалниот период и
• Петти период е современиот.
 Во првиот период има многу малку канонизирани светии бидејќи со Руската православна црква ќе раководат поглавари Грци. Во тој период иницијатори за канонизација можеле да бидат различни носители, и тоа: кнез, епископ, народ, почитувано лице. Така, на пример, почитувањето на блажениот Прокопиј Устјужски започнало по иницијатива на едно приватно лице кој подигнал капела над неговиот гроб. И така, почнуваат да се почитуваат, со одобрение на црковната власт, и луѓе кои учествувале во борби, како што е случај со споменатиот кој загинал во 1471 година за време на напад на Казан. Во овој временски период Руската православна црква канонизира 68 светии.
 Во вториот период  биле канонизирани 52 светии. За овој временски период ќе се направи ревидирање на списокот на светите. Некои ќе бидат подигнати на повисоко ниво, а некои ќе бидат спуштени на пониско ниво.
 Во третиот период биле прогласени неколку поглавари, настојатели и основатели на манастири. Во овој период најмногу се внимавало на чудотворната сила и подвижничкиот аспект кај светиите кои биле прогласувани. Тогаш се канонизирани повеќе патријарси, како што се: Јов, Ермоген, Никон.
 Синодалниот период кој трае речиси два века има најмалку канонизирани светии, вкупно 10.
 И последниот период, современиот, од 1917 година кога ќе се воспостави патријаршија до наши денови, Руската православна црква ќе канонизира илјадници светии, пред сè, маченици и страдалници за верата и татковината за време на болшевичкиот период.
 Руската православна црква, и покрај тоа што го примила православието од Византија, развила и своја автохтона традиција и пракса во повеќе области, па и во процесот на канонизација на светии. Во овој момент постои Комисија при Светиот архиерејски синод на Руската православна црква која ја сочинуваат повеќе членови, а на чело е Митрополитот Крутитски и Коломенски, г. Јувеналиј, постојан член на Синодот, и уште неколку архиереи, повеќе професори од академиите и видни свештенослужители од Москва. Процесот од достапната литература е следен: епархискиот архиереј преку свои свештеници, монаси или верници даваат список на луѓе: подвижници, маченици, угодници Божји со нивни биографии и завршување на нивниот земен живот. Во тие документи што ги доставуваат мора да има потврда на тоа што го предлагаат за конкретната личност, и тоа: да е исповедник и припадник на Православната црква, да не бил во раскол со официјалната црква (обновленци, старообрјадци или, пак, соработник со КГБ) и својот живот да го завршил или маченички или подвижнички, и за време на неговиот живот на земјата да се одликувал со цврста и непоколеблива вера, со општо почитување кај своите современици, покажување на чуда или, пак, нетлени мошти. Но, има богословски теоретичари кои околу чудата искажуваат и големи резерви и не може да биде единствен аргумент за прифаќање за светител (доколку се случи некое чудо), затоа што истото можело да биде и демонска работа. Комисијата откако ќе ги добие предлозите ги проверува вистинитоста и посоченоста во предлозите и доколку оцени дека нема доволни докази се обраќа до предлагачот со укажувања да се поработи уште повеќе во расветлувањето на животот на одредената личност во оној сегмент во кој што не е доволно расветлен и да се достави на повторно разгледување од Комисијата. Така, многу архиереи ги дополнуваат своите предлози, а многумина и се откажуваат од понатамошно трагање и предлозите им остануваат во работна верзија. За оние, пак, Божји угодници кои ги задоволуваат посочените критериуми, Комисијата дава позитивно мислење и составува предлог до Светиот архиерејски синод на Руската православна црква одредената личност да биде и официјално канонизирана од страна на Синодот, преку посебен акт од страна на патријархот на Москва и на цела Русија. Доколку, а во принцип секогаш Синодот се согласува со предлогот на Комисијата, Синодот издава томос во кој посочува кој ден ќе биде одреден за прославувањето и во кој степен (дали ќе биде ерарх, маченик, преподобен). Синодот дава налог да се направи житие, да се состави богослужба и икона на прославениот. Самиот, пак, чин на прогласувањето се одржува на една од патријаршиските богослужби, во принцип во катедралата Христос Спасителот во Москва или, пак, во местото каде што се наоѓаат моштите на светијата од одделна епархија, но со присуство на патријархот. Чинот на прогласувањето е следен: пред Литургијата, патријархот со останатите архиереи и свештенослужители на сред црква прават парастос на Божјиот угодник со пеење трипати на Вечнаја памјат. За време на Литургијата, на малиот вход, еден од митрополитите, во принцип претседателот на Комисијата, ја чита одлуката за канонизирање на светијата, додека двајца други свештенослужители или архиереи од олтар ја изнесуваат иконата со ликот на канонизираниот и ја принесуваат пред патријархот кој се поклонува пред неа и ја целива. Останатите го пеат тропарот и кондакот на светијата, а патријархот со иконата благословува на сите четири страни. Иконата потоа се поставува на видно место каде можат сите да ја видат и да се поклонат пред неа.
 Во Романската православна црква, влијанието на западната схоластика се забележува и во овој чин со поставување на основни и формални услови за канонизација. Има големи сличности, од формална гледна точка, со Руската православна црква од каде се земени основните начела. Постојат три основни услови има три, и тоа:
1. Несомненоста во православната вера до крајот на неговиот живот;
2. Негово прославување од Бога најмалку преку еден од следниве дарови:
         а) Да пострада со маченичка смрт заради верата;
         б) Да ги победи сите искушенија заради исповедање на верата до смрт;
         в) Да се посвети на најсовршено морално и побожно живеење;
         г) Чудотворство за време на животот или по смртта;
         д) Да ја брани и предано да $ служи на Православната црква.
3. Ширење на благоухание после смртта и неговото потврдување преку спонтан култ од побожниот народ.
Додека формални услови или акти се: формирање на Комисија за проучување и истражување заради утврдува на основните услови; создавање на известување од Комисијата до Синодот; одобрување на Синодот на известувањето од Комисијата; одлука на Синодот за извршување на канонизирање; составување на житие и служба; изобразување на икона; прецизирање на типик преку кој ќе се изврши канонизирањето; составување на синодски акт во кој се прецизираат сите подробности за светијата.
 Самиот чин е следниов: донесување на моштите, доколку има, и нивно помазување со миро од поглаварот на црквата (во соборната црква или во друга). Потоа следи последен парастос (ова се прави само на оние кои сè уште немаат одомаќен култ во Црквата). Вечерна богослужба и бдение во која се служи и службата на светителот кој треба да биде прогласен. Следниот ден, на почетокот на Литургијата поглаварот го чита актот за прогласувањето и сите членови на САС го потпишуваат на самото место. Потоа се чита житието и канонот од неговата служба и вообичаено пофално слово. Следи поставување на моштите или на иконата на почесно место. Со посебен акт САС на Романската православна црква ги известува и останатите помесни православни цркви посочувајќи го името, денот на прославување и рангот на светителот.
 Во Српската православна црква немаме посебни студии од кои можеме да видиме како го правеле процесот за канонизација на светиите во нивната црква. Од последниот чин што го направија во 2010 година, со прогласувањето на преподобните Јустин Поповиќ и Симеон Поповиќ, настојател на манастирот Дајбаба во близина на Подгорица. Од написот на Јово Бајиќ во Православие бр. 1035 од 1. V 2010 година се посочува дека во Српската православна црква процесот на канонизација е уште поедноставен и многу сличен на првите векови. Епархискиот архиереј го проучува животот и делото на посочената личност или светија и прави писмен предлог до САС и Соборот на Српската православна црква. Тој предлог Соборот на архиереи на СПЦ го прифаќа и донесуваат акт за прогласување на светијата во кој одредуваат ден и достоинство, како и место и ден на канонизирањето. Последното го направија во спомен храмот Свети Сава на Врачар, во сослужение на патријархот со останатите архиереи на СПЦ.
 Во Бугарската православна црква нема некои посебни формални чинови за канонизација на светии. Според Панајот Караѓозов, прогласувањето на светител повеќе е административен акт отколку процес. Најголем дел светители се прогласувани од страна на другите православни синоди како што е случајот со кнезот Борид - Михаил кој е канонизиран од страна на цариградскиот патријарх Николај Мистик (907). Култот на светиите повеќе бил прифаќан од страна на обичниот народ а Црквата само се придружувала кон нивното чествување.
 Процесот на канонизација на светители во останатите помесни Православни цркви не беше дел од нашето истражување.
 


Користена литература:
 1. Свето писмо – Библија, Библиско здружение на Република Македонија, Скопје, 2006.
 2. Канонизация святых в ХХ веке, Комиссия Священного Синода Русской Православной Церкви по канонизации святых, Москва, 1999.
 3. Голубинский Е.Е. – История канонизации святых в Русской Церкви: (О канонизации святых в древней Греческой Церкви), Богословский вестник 1894. Т.2. № 6. С. 418-436.
 4. Голубинский Е.Е. – Къ исторіи канонизации святых в Русской Церкви: Дополнения, поправки и оговорки к списку святых и, прежде всего, - о невозможности составить список их полный и верный, Богословский вестник 1894. Т.3. № 9. С. 1-39. 
 5. Голубинский Е.Е. – История канонизации святых в Русской Церкви: (Общее обозрение канонизации святых в Русской Церкви ), Богословский вестник 1894. Т.4. № 10. С. 67-106.
 6. Мышцын В.Н., Библейское богословие с православной точки зрения (Речь перед защитой магистерской диссертации „Учение св. апостола Павла о законе дел и законе веры“, Сергиев Посад, 1894), Богословский вестник 1894. Т.3. № 7. С. 61-100.  
 7. Макарий (Булгаков) Митрополит Московский и Коломенский - История Русской Церкви, книга четвертая, часть вторая, Издательство Спасо-Преображенского Валаамского монастыря, Москва, 1996 година.
 8. Православље - новина српске патријаршие, бр. 1035 1 мај 2010.
 9. Извадок од Романска црква од нивен акт.
 10. Велики православни богословски енциклопедиски речник, том I, Нови Сад, 2000.
 10. Велики православни богословски енциклопедиски речник, том II, Нови Сад, 2000.
 11. Енциклопедија православља, книга 3, Сaвремена администрација, Београд, 2002.
 13. Блаже Конески, Канонизација на словенските светци во Охридската црква, Прилози МАНУ, Скопје, I , 1-2 1979 г.
 14. Панайот Карагьозов, Славянските свети мьченици, Универзитетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2006.
 15. Голубинский Е.Е., История канонизации святых в Русской Церкви, II издание, Москва 1903.
 16. Леонтије Павловић, Култови лица код Срба и Македонаца, Смедерево, 1965.

 

 Со почит,
 М. Тимотеј
       

Друго:

Беседа на осветување на храмот 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная