логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ЗА ОТЕЦОТ ЈОВАН КРЕСТЈАНКИН

Неодамна од Псково-Пештерскиот манастир ме повика мојот духовник, архимандрит Јован Крестјанкин и ми рече „Ете наскоро ќе умрам. Затоа потруди се, напиши го тоа што ти го паметиш и сакаш да го кажеш за мене. Затоа што после и така и така ќе пишувате сешто и сешто можете да измислите и тоа ќе биде како кај сиротиот отец Николај кој „воскреснувал и мачиња“ и што уште немаше. А вака јас се ќе прегледам и ќе бидам мирен“.


Исполнувајќи го послушанието на мојот духовник, почнав да пишувам надевајќи се дека отецот сам ќе ја одвои пченицата од плевелот, ќе каже што сум заборавил, како и секогаш, и ќе ги исправи грешките кои што се појавиле. Нема многу да пишувам затоа што мене ми значи отец Јован. Целиот мој монашки живот нераскинливо е поврзан со него. Тој беше и остана за мене идеал на православен Христијанин, монах, сакан и баран отец-свештеник. Да се раскаже се што се случувало во текот на повеќе од 20 години колку што бевме во контакт, секако е невозможно. Неговите духовни совети секој може да ги прочита во трите зборници со писма кои неодамна излегоа. Од моја гледна точка, тое е најдоброто напишано во областа на духовната литература во Русија во последните 50 години. Но би сакал да ви раскажам нешто друго-она што мене ми е познато, а не според она што сум го чул.


Главна духовна особина на отец Јован за мене секогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која што ги води Христијаните кон спасение. Во една од книгите на отец Јован како епиграф беа одбрани зборовите кои што тој често ги повторуваше: „Најважно во духовниот живот – е вербата во Божјата промисла и расудувањето со совет“. Еднаш како одговор на моите недоумици отецот напиша: „Еве сега со внимание ги читам длабоките зборови: „Човековотео срце го смислува овој пат, но Бог управува со неговото движење“- тоа на себе го проверил мудриот Соломон (гл.16, ст.9). и вие ќе се уверите во овој живот дека е тоа баш така и никако поинаку“. Никому не му го наметнувам своето мислење, но длабоко сум убеден дека отец Јован е еден од оние малкубројни луѓе кои што живеат во наше време, и на кои Бог им ја открива Својата Божествена Воља и за конкретни лица и за настани, кои што се случуваат во црквата и во светот. Сигурно тоа е одраз на најголема љубав према Бога и предаденост на Неговата света воља на која Бог како одговор на подвижникот христијанин им ги открива судбините на луѓето, и таквиот човек го прави свој пријател. Пак повторувам, никому не му го наметнувам моето мислење до кое дојдов на основа на многу животни настани поврзани со отец Јован. И не мислам само јас така. Моите најблиски духовни пријатели, сега покојниот отец Рафаел и игуменот Никита кои што ме запознаа со отец Јован во прв ред, тие благодареа на Бога затоа што тој човек е нивен духовник, човек кому му е откриена Божјата воља, и секој од нас тоа го осети на себе. Иако за жал како што тоа често се случува во животот, ние дури и кога ја знаеме вољата Божја не наоѓаме сила и одлучност да ја исполниме. Но за тоа подоцна. Со отец Јован се запознав во есента 1982 година, кога веднаш после крштевањето допатував во Пешково-Печерскиот манастир.

Мислам дека тој тогаш на мене не остави некој посебен впечаток: Многу добар старец, многу силен (тој тогаш имаше само 72 години), постојано некаде брза и вечно е опкружен со мноштво следбеници. Другите жители на манастирот изгледаа аскетски построго и повеќе монашки. Но помина многу малку време кога јас почнав да сфаќам дека тоа старче е оној кој во Русија од дамнина го нарекуваат старец-многу ретка и драгоцена појава во Црквата. Доверба и послушание-тоа е главно правило во односот помеѓу христијанинот и неговиот духовен отец. Секако дека не можеме во односот спрема секој духовник да покажуваме потполно послушание. Такви духовници се реткост. Тоа всушност е многу осетливо прашање. Често се случуваат тешки духовни и животни трагедии, кога неразумните свештеници си вообразуваат дека старците, и нивните несреќни духовни чеда, земаат на себе не по своите сили и не својствено на нашето време, потполно и апсолутно послушание спрема нив.


Секако, отец Јован никогаш не диктирал и не ги принудувал луѓето да ги слушаат неговите духовни совети. Кон слободното и без преправање послушание кон него човекот го приведуваат искуството и времето. Тој никогаш себеси не се нарекувал старец. А кога му зборувале за тоа, тој ќе се насмеел и ќе речел дека денес нема старци, туку дека има само искусни старчиња. Тој и до денес е со такво убедување, всушност исто како што и јас сум убеден во тоа, дека Бог во неговиот лик ми испрати вистински старец, кој ја познава Божјата воља за мене и мојата животна ситуација, во врска со моето спасение. Се сеќавам, додека бев млад послушник, во манастирот ми пријде едед од следбениците-Московјанин, и ми раскажа приказна на која тој бил сведок. Отец Јован опкружен со поклоници брзал низ манастрискиот двор кон Црквата.


Одненадеж му притрчала заплакана жена со тригодишно дете на раце: „Оче, благословете ја операцијата, лекарите во Москва бараат итно да се оперира.“ И тогаш се случило тоа од што беше потресен и поклоникот кој што ми раскажуваше за тоа и јас самиот. Отец Јован застана и одлучно и рече: „Во никој случај. Тој ќе умре на операционата маса. Моли се, лечи го но не треба да се прави операција во никој случај. Тој ќе оздрави.“ и го прекрстил детенцето. Седевме со поклоникот и се ужаснувавме од сопствените помисли, претпоставувајќи: што ако отец Јован погрешил? Што ако умре детето? Што ќе направи мајката со отец Јован, ако се случи тоа? Да се посомневаме во отец Јован за грубо противење на медицината, кое што иако ретко сепак се среќава во духовната средина, ние секако не можевме: знаевме многу случаи кога отец Јован и благословувал и убедувал за одење на операција. Меѓу неговите духовни деца имаше и многу лекари. Ние со ужас очекувавме што ќе се случи понатаму. Дали во манастирот ќе се појави мајката совладана од тага и ќе направи скандал или такво нешто нема да се случи, како што предвиде отец Јован?


Судејќи според се така и било, затоа што отец Јован како и порано си го поминуваше својот секојдневен пат помеѓу црквата и келијата, опкружен со поклоници исполнети со надеж и со благодарност. Нам единствено ни остана да претпоставиме дека отец Јован ја прозрел Божјата промисла во врска со детето, превзеде на себе голема одговорност за неговиот живот и Бог не ја посрами верата и надежта на својот верен слуга. На овој случај се сетив десет години подоцна, во 1993 година, кога се случи многу сличен настан. Од една страна, по човечко гледање –трагичен, а од друга страна, по молитивте на отец Јован, послужил за вечно спасение на една христијанска душа и исто така претставува длабока поука за сведоците на овој случај. Обично кога станува збор за цврста убеденост во исправноста и неопходноста од своите совети отецот би се трудел да наговори со совет, да убеди дури и да ги замоли луѓето да го исполнат она што тој го знаел, а што му е потребно на човекот кој што му се обратил. Ако тој пак упорно настојува на своето, тогаш отецот обично би воздивнал и би рекол: „Па што да се прави, пробајте. Правете како што знаете.“ И секогаш, колку што мене ми се познати сличните случаеви, оние кои што немаше да ги исполнат мудрите духовни совети на отец Јован, на крајот на краиштата за тоа горко ќе се покаеле, и по правило, доаѓале кај него следниот пат со цврста намера да го исполнат она што тој го кажува онака како што го кажува. Отец Јован со постојана љубов и сочувство ги примал овие луѓе не жалејќи си го времето за нив, и со сите сили се трудел да ги исправи нивните грешки. Во Москва живееше необична, интересна и исклучителна жена, Валентина Павловна Коновалова.... Таа беше вистински московски трговец, и може да се каже дека изгледаше како да слегла од слика на Кустодиев. Во почетокот на 90тите имаше околу 60 години. Беше директор на голем трговски центар. Полничка, со низок раст, седеше позади масата на работа и зад нејзиниот грб стоеше голема пластична вреќа со парите со кои што таа располагаше по свое мислење. Своите вработени ги праќаше да купат товар на свеж зеленчук, му даваше на сиромашните и странците кои што во голем број доаѓаа кај неа во најзината продавница. Потчинетите се плашеа од неа, но ја сакаа. Таа во Големиот Пост правеше општ собир токму во нејзината канцеларија на кој што се стравопочит присуствуваа и работниците од центарот, татари. Често во тие години на немаштија кај неа навраќаа московските намесници, па и архиереите. Некои од нив таа воздржано ги почитуваше, а спрема други, чие што мислење во врска со „екуменизмот“ не го одобруваше-беше лоша дури и груба. Многу пати по послушание сум патувал од Печора во Москва по храна за манастирот за Велигден и за Божиќ. Валентина Павлован не примаше многу топло, мајчински, нас послушниците и ние се спријателивме. Уште повеќе затоа што кај нас омилена тема на разговор беше нашиот зеднички духовен отец Јован.

Отецот, внимавајте, беше единствениот човек на целиот свет од кого што Валентина се плашеше, бескрајно го почитуваше и го сакаше. Два пати годишно Валентина Павловна патувала во Печора (Пештерата) со нејзините најблиски службеници, каде што постела и се исповедала. И во тие денови не би можеле да ја препознаете-кротка, тивка сртамежлива. Таа со ништо не потсетувала на „московската владетелка“. Кон крајот на 1993 дојде до некои промени во мојот живот, бев поставен за намесник на подворјето на Псково-Пештерскиот манастир во Москва-сегашен Сретенски манастир, и доста време поминував по Печората. Валентина Павловна ја болеа очите, ништо посебно, старосна катаракта. Еднаш ме замоли да побарам благослов од отец Јован за отстранување на катарактата во Фјодоровскиот Институт. Одговорот на отец Јован малку ме зачуди: „Не, во никој случај. Само не сега, нека помине некое време.“ Следниот ден буквално и ги пренесов овие зборови на Валентина Павловна. Таа многу се нервираше: во Фјодоровскиот институт веќе се било договорено. Таа му напишала на отец Јован опширно писмо, повторно барајќи благослов за операција, и му ја објаснила ситуацијата, дека сето тоа е ситница на која не треба да се обрнува многу внимание. Отец Јован, секако, како и таа знаел што е тоа операција на катарактата, и дека таа не претставува голема опасност. Но откако го прочитал писмото на Валентина Павловна многу се вознемирил. Ние долго седевме заедно и тој ме убедуваше дека е неопходно да се убеди Валентина Павловна да не оди сега на операција. Тој повторно и напиша, ја молеше, по својот чин како духовник дури и и нареди да ја одложи операцијата. Кај мене работите се одвиваа на тој начин што имав две слободни недели. Повеќе од десет години не бев бил на одмор, и затоа отец Јован ме благослови да одам на две недели во Крим, во санаториум, и обавезно со себе да ја земам и Валентина Павловна. За тоа тој и напиша и во писмо, додавајќи дека треба да ја напарави операцијата после тоа, месец  дена после одморот. „Ако сега ја направи операцијата ќе умре“, тажно ми рече кога се поздравувавме. Но во Москва сфатив дека „таа удрила со главата во ѕид“. Валентина Павловна, изненадно, веројатно за прв пат во нејзиниот живот, се побунила против вољата на нејзиниот духовник. Патувањето во Крим одлучно го одби, но како што изгледаше после се смири. А што се однесува на операцијата беше крајно збунета, отец Јован поради некои ситници „да воведува забрана“. Јас почнав да и раскажувам за патувањето, и за тоа дека набрзо треба да патуваме во Крим. Поминаа неколку денови, од Неговата Светост добив благослов за одмор, резервирав две карти, кои што не беше тешко да се добијат во ова врме од годината и го повикав центарот на Валентина Павловна за да ја известам за нашиот пат. „Таа е во болница, на операција“- ми рече нејзниниот помошник. „Како?!-повикав-Отец Јован тоа категорички и го забрани“. Со воспостави дека пред неколку дена кај неа дошла некоја монахиња, и кога дознала за најзиниот случај со катарактата, затоа што била лекар, не се сложувала со отец Јован и решила да земе благослов од еден од духовниците од Троица од Сергиевата Лавра. Добиле благослов и Валентина Павловна тргнала во Фјодоровскиот институт, решавајќи после брзата и воопшто не сложена операција, да тргне со мене на Крим. Ја подготвиле, но за време на операцијата, на ооперационата маса, дошло до тежок инфаркт и потполна парализа. Штом дознав за тоа, веднаш го повикав манастирскиот домаќин во Пештера, отец Филарет, стариот очев келијник. Отец Јован во многу исклучителни случаеви се спушташе од својата келија кај отец Филарет и го користеше неговиот телефон. – Како така можете, зошто не ме слушате?- само што не заплака отец Јован-Затоа што ако нешто тврдам, јас значи знам што правам! Што можев да му речам? Го прашав отец Јован што треба сега да правиме. Валентина Павловна се до сега била без свест. Отец Јован рече да се земат од Црквата резервни Свети Дарови, и штом Валентина Павловна ќе со дојде при свест, веднаш треба да се појде кај неа да се исповеда и да се причести. Со молитвите на отец Јован Валентина Павловна следниот ден се дошла при свест. Роднините веднаш ме известија за тоа и за половина час бев во болницата. Ја донесоа Валентина Пваловна кај мене во едно од одделенијата за реанимација, на огромен подвижен метален кревет. Таа лежеше, сосема малечка, под белото платно. Не можеше да зборува и кога ме виде само заплака. Но и без зборови мене ми беше разбирлива нејзината исповед и тоа дека подлегна на непријателско искушение во непослушание и недоверба према својот духовник. Прочитав над неа молитва за разрешување и ја причестив. Се збогувавме. Следниот ден уште еднаш ја причести отец Владимир Чувикин. Набрзо после причесната таа умре.

Според старото црквено предание, душата на човекот која што се удостоила за причест на денот на смртта, доаѓа до Божјиот престол без да ги помине митарствата. Тоа им се случува или на големите подвижници, или на луѓето со исклучително чисто срце, но оние кои што имаат многу јаки молители.


Историјата на препородот на Сретенскиот манастир неразделно е поврзана со отецот архимандрит Јован. Таа 1993 година дојдов кај отец Јован со многу голем број на проблеми. После долгиот разговор со отец Јован во неговата келија, отец Јован не ми рече ништо одредено, и ние побрзавме на сеноќна служба пред празникот на светиот архистратег Божји Михаил. Јас се молев на клиросот, отец Јован во олтарот. Веќе бев спремен да се облечам и да одам на акатист, кога Јован во буквална смисла на зборот истрча од олтарот и земајќи ме за рака радосно рече: Ти ќе го основаш подворјето Псково-Пештерскиот манастир во Москва.


 -Оче, но Неговата Светост Патријархот не го благослови отворањето на подворјето во Москва, освен стравопигијалните манастири. Неодамна еден манастир му се обрати на Патријархот со таква молба и Неговата Светост одговори дека доколку почнеме да го даваме манастирите во подворје на сите манастири кои што сега се отвораат, тогаш нема да останат парохојски цркви во Москва. Но отец Јован не ме слушаше. – Не плаши се од ништо! Оди право кај Неговата Светост и замоли го за отворање на подворје на Псково-Пештерскиот манастир. Тој срдечно, како што правеше секогаш, ме благослови и ништо друго не ми преостана, туку да ја бакнам неговата десница и да се предадам за се на Божјата воља и на неговите молитви. Се се случи така како што рече отец Јован. Не без страв, му ја кажав мојата молба на Неговата Светост, Патријархот за отворање на подворје од епархискиот Псково-Пештерскиот манастир. Но Неговата Светост одненадеш многу милозливо се понесе спрема оваа молба, ја благослови оваа одлука и веднаш го даде на разгледување спроведувањето на ова дело на владиката Арсениј и на отецот Владимир Диваков. На тој начин во Москва се појави првото и единствено подворје кое што не беше ставропигијален манастир, а кое потоа, како што рече отец Јован, стана самостален манастир, и по Божјата милост никогаш не ја изгуби духовната врска со Печори, ниту пак со отец Јован. Не треба да се споменува колку ни беа драгоцени и важни благословите и советите на отец Јован за основање на монашки живот во семејството. Иако, морам да признаам, добивав не само нежни, туку и многу жестоки писма од кои по неколку дена не можев да се дојдам самиот на себе. Обично кога некој пишува сеќавања за отец Јован, тој споменува како е отецот благ, нежен, добар, преполн со љубав.

 

Да, без сомнеж вистина е дека таков човек кој што толку умее да покаже татковска љубов јас никогаш не сум сретнал во својот живот, но треба да се каже и тоа дека отец Јован, кога тоа беше потребно, беше навистина строг и беше во состојба така да изобличи, после што на неговиот соговорник никако не би можело да му се позавиди. Се сеќавам кога бев послушаник во Пештера, случајно слушнав како отец Јован им рече на двајца јеромонаси: „Какви сте вие тоа монаси, вие сте просто добри деца.“ отец Јован никогаш не се снебиваше и не се плашеше да ја каже вистината, не гледајќи кому и во прв ред тоа го правеше заради поправање и спасување на душата на својот соговорник, било тој да е архиереј или прост послушаник. Оваа одлучност и духовна принципиелност, секако дека беа негувани во душата на отец Јован уште од раното детство кога контактирал со големите подвижници и новомаченици. И сето тоа било израз на вистинска христијанска љубов према Бог и према луѓето. И секако израз на виситнско црквено знаење. Еве еден негов одговор на едно од моите прашања во писмото од 1997 година: „Еве уште еден пример на слична ситуација од мноштвото насобрани во моето сеќавање. Тогаш имав 12 години, но впечатокот беше потресно јак така што се до денес јасно гледам се што се случувало и се сеќавам точно по име на сите луѓе поврзани со тој случај. Кога во Орло не служеше исклучителниот владика-архиепископ Серафим Остроумов, паметен, добар, полн со љубов, и не можат да се набројат сите пофални особини со кои што се одликуваше. Во својот живот тој се подготвуваше за венец на свештеномаченик, до што навистина и дошло. Така во неделата на простувањето овој Божји архиереј од манастирот истерал двајца жители, игуменот Калист и јероѓаконот Тихон-поради некаков прекршок. Само што ги истерал пред сите, оградувајќи ги од соблазна останатите, истиот час ги изговорил зборовите за Неделно простување и молел за простување од сите и за сите. Моето детско чувство беше потресено од тоа што се случи баш затоа што сето тоа се случи едно по друго и прогонот т.е. отсуството на простување и смирено молење за простување на сите. Тогаш сфатив само едно, дека казната може да послужи како почеток на простувањето и дека без неа не може да има простување. Затоа се поклонувам пред храброста и мудроста на владиката, затоа што поуката која што тогаш ни ја даде остана жив пример за сите присутни и како што можете да видите за цел живот.“ Што уште во принцип е важно да напишам за да прочита отец Јован сам и да ја потврди вистинитоста на овие сведоштва? За сите овие години забележав дека отец Јован има одредени принципи во однос на духовните совети, но тој не ги применува автоматски. Мене ми беше интересен примерот на неговите совети во однос на прашањата во врска со бракот. Тој даваше благослов за стапување во брак само доколку  зетот и невестата се познавале барем три години. При денешната нестрпливост на младите луѓе тоа изгледа премногу долго. Но многу случаеви покажале колку искуството на отец Јован и неговата упорност за безусловна неопходност на меѓусебна проверка од страна на идните сопружници било спасоносно за семејството и за душата. Познати ми се многу случаеви кога свештениците, жалејќи ги младенците, го скратувале времето до стапување во брак кое што го одредил отец Јован и тоа се завршувало многу тажно за нив. Што се однесува до монашкиот потстриг отец Јован исто така како правило барал значајна проверка со време. И исто така придавал големо значење на благословот од родителите. На пример јас ја чекав одлуката за потстриг од отец Јован скоро 10 години, се додека мајка ми не ме благослови за монаштво. Сите тие години, како одговор на мојата нестрплива молба за благослов за потстриг, отец Јован ме убедуваше да го почекам мајчиниот благослов и ме убедуваше дека Бог нема да го заборави ова трпение и послушност. На овие зборови се сетив кога ме потстригуваа за монаштво во Донскиот манасатир. Така се се поклопи што тоа се случи на истиот ден кога е мојот роденден, тогаш наполнив 33 години и ми дадоа име во чест на мојот омилен светител Тихон, московскиот патријарх. Отец Јован со голема стравопочит, љубов и послушание се однесуваше према архиереите во црковното свештенство. Тој навистина е човек на црквата. Многу пати давал благослов  да се направи токму онака како што ќе реши Неговата Светост, како што ќе благослови епископот, намесникот. Сознанието за тоа дека вистината на земјата пребива единствено во Црквата ја чувствуваше длабоко и го пренесуваше тоа и на духовните чеда. Отец Јован не трпеше никакви расколи, никаков бунт и секогаш храбро и силно истапуваше против нив, иако знаеше колку клевети а делумно и омраза ќе мора да проголта поради тоа. Но, тој се трпеше само за тој самиот и неговото духовно стадо да одат по црковен, царски пат. Што се однесува на испитите пред кои се најде нашата Црква во последниве 10 години: тенденциите за обновување, а од друга страна-болните есхатолошки расположенија. И во едниот и во другиот случај отец Јован правеше разлика помеѓу љубовта према залутаните луѓе во духовниот живот насред неразумноста и непријателските замки и онаа штета која тие активно дури и луто биле подготвени да и ја нанесат на црквата. Огромното, скоро стогодишното искуство на црковен живот на отец Јован му дава огромна предност во разликувањето на духовите во определувањето на тоа каде се може да однесе оваа или онаа занимација и новости или ревност не според разумот. Навистина нема ништо ново под сонцето. „Во кампањата во која што вие учествувате јас нема да учествувам“ му пишува отец Јован на младиот и многу искрен јеромонах кој му предлага да учествува во движењето „За живот без ИНН (Идентификациски порески број, личен број на секој човек). Самиот дух на сличните активности каде што има многу себичност, бучност и не поверување на своите грижи на Бог, туку на човекот и покрај тоа уште и критика на свештенството на Црквата претставува пречка за мене. Веќе видов слични работи во делата и во духот на обновувачите кои што станаа против тивкиот патријарх Тихон а со тоа практично и против самиот Бог и неговата Црква. За својот трезвен и длабоко промислен став према проблемите на глобалниот компјутерски систем и појавите од сличен вид во современиот свет отец Јован даваше изјава повеќе пати и во писма и во јавни изјави. Сето тоа е многу пати објавувано и на едни тоа им послужи како повод за духовен мир и умирување од бунтовните расположенија, за доверба во Руската Православна Црква, а на други за жал тоа им било повод за напади на отец Јован а понекогаш и за директна клевета. Мислам дека овие испити и омраза во најстарите години на неговиот живот беа промислено пратени од страна на Бог. Мислам дека преподобниот Варсонуфије Оптински негде напишал дека Бог им праќа на своите верни слуги такви искушенија токму во последниот период од нивниот живот, и тие потсетуваат на Голготата на Спасителот. Неколку години пред овие настани отец Јован не колебајќи се предизвикал негодување заради тоа да го сочува црковниот народ од соблазната на новото обновување. Многу пати се среќавал и разговарал со популарните струи, струите кои што ја поддржуваат модернизацијата и обновувањето во црквата. И дури кога ги исцрпи сите средства за убедување во крајната оопасност од одењето по овој пат тој јасно и одредено се изјаснил, не цел глас и со полна одговорност за своите зборови: „Ако ние не го разориме ова движење тоа ќе ја разори Црквата“. Бев сведок како отец Јован ги поднесуваше омразата и гневот кои што се изливаа на него поради цврстото стоење на ставот за Христовата правда. Ја гледав неговата болка но и благодушноста кога го трпеше неразбирањето и предавството. Но отецот никогаш не ја губеше бесконечната љубов према оние кои што го навредуваа и имаше христијанско простување. За цел живот ми останаа во сеќавање неговите зборови од проповедта која што ја кажуваше на Михајловскиот собор во Псково-Пештерскиот манастир во 1985 година: „Од Бог ни е дадена заповедта за љубов према луѓето, према нашите ближни а дали тие не сакаат, нас тоа не треба да не загрижува. Треба само да работиме на тоа да ги засакаме.“ Еден Московски свештеник, бивш духовен син на отец Јован ми се обрати со страсна молба: да го врати епитрахилот со кој го благослови отец Јован за свештенство. Овој свештеник, како што самиот рече, се разочарал во отец Јован затоа што овој не ги поддржал неговите диситентни погледи. Тоа беше кон крајот на 80тите. Какви се не зборови изговори овој свештеник, но самиот тој ништо не слушаше: Ни тоа дека самиот отец Јован поминал многу години по логори, ни тоа дека бил мачен но не бил скршен, ни тоа дека баш никој отец Јован не може да го обвини за конформизам. Со тешко срце му го предадов на отец Јован епитрахилот. Неговата реакција ме порази. Тој се прекрсти со стравопочит, целиваше дел од одеждата и рече: „Со љубов ја дадов со љубов ја примам.“ Потоа овој свештеник премина во друга јурисдикција, но и таму исто така не му се допадна, потоа повторно во друга.... Не можам да го скријам ниту следниот факт кој можеби ќе предизвика нееднаква реакција, но заради животна правда не можам да го премолчам. Точно е тоа дека отец Јован безусловно ја почитува и и се потчинува на црковната хиерархија, но тоа не значи автоматско потчинување без размислување. Бев сведок на случај кога еден од намесниците на манастирот и архиереј кој што управуваше го убедуваа отец Јован да даде благослов за одредено решение со кое што отец Јован не се согласуваше. Тоа беше непоходно заради додавање на авторитетот од старецот кон нивното решение. Му пристапија сериозно на отецот, како што се вели „со нож на грло“. Монасите и свештениците можат да претпостават што значи тоа да се стои против притисокот на раководниот архиереј и намесник. Но отец Јован совршено мирно го издржа овој многудневен притисок. Тој со почитување, стрпливо и кротко објасни дека не може да рече „Го благословувам она за што нема согласност во мојата душа, доколку оние кои што управуваат мислат дека е сосема неопходно да се постапи баш така, тогаш тој без роптање ќе ги прифати нивното решение. Тие одговараат за него пред Бога и пред браќата, но тој смета дека во одреден случај одредено решение се донесува сопред страсти тој тоа да го благослови- да го даде својот „благ збор“ (благо-слово-заб. на прев.) тоа не може. Уште многу работи можат да се напишат, во прв ред затоа како се преобразувале и воскреснувале душите на луѓето при општењето со отец Јован, како луѓето наоѓале вера и спасение. Но сето тоа е поврзано со веќе здрави лица и затоа без нивна согласност не е можно раскажување на овие случаеви. На крај би сакал да кажам уште нешто: Му благодарам на Бога за тоа што Тој по својата милост ми даде мене грешниот, на својот животен пат да сретнам таков христијанин и да контактирам со него.


Мислам дека ништо повеќе од тоа немам сретнато во моите изминати годнини а веројтано нема да сретнам ни во останатото време од мојот живот.

Архимандрит Тихон (Шевкунов)


Подогтви: Светлана Димовска

 

 Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7714
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная