логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ЗА ИСУСОВАТА МОЛИТВА


Темели на духовниот живот-Св.Игнатиј Брјанчанинов


Ученикот: Можат ли сите браќа во манастирот да се занимаваат со Исусовата молитва?

Старецот: Не само што можат туку и мораат. При монашкиот постриг, кога на новопострижениот му се врачуваат бројаници. што за таа пригода се нарекуваат духовен меч, му се предава во завет непрестајно, деноноќно молење со Исусовата молитва.45 Значи, вежбањето во Исусовата молитва е монашки завет. Исполнувањето на заветот е обврска од која нема одрекување.

Старите монаси ми кажуваа дека уште на почетокот на ова столетие во Саровска Пустина, а веројатно и во другите благоустроени руски манастири, секој нов што ќе стапел во манастирот, веднаш го учеле на Исусовата молитва. Блажениот старец Серафим, кој се подвизувал во таа лустина и кој достигнал совршеност во молитвата, постојано ги советувал монасите да водат внимателен живот и да се занимаваат со Исусовата молитва.46 Него еднаш го посетил еден младич, к.ој имал завршено духовна семинарија, и му ја открил на старецот намерата да стапи во монаштво. Старецот му дал спасителни за душата поуки. Меѓу нив, му предал и завет да се учи на Исусова молитва. Кажувајќи му за неа, старецот рекол: "Само надворешна молитва не е доволно. Бог го следи умот човеков, па затоа оние монаси кои не ја соединуваат надворешната молитва со внатрешната, не се монаси."47 Многу точна определба! Монах значи осаменик. Кој не се осамил во самиот себе, тој уште не е осаменик, тој уште не е монах, макар и да живее во најосамен манастир. Умот на подвижникот што не се осамил и не се заклучил во себе, нужно ќе се најде среде врева и метеж, предизвикани од безбројни помисли, кои имаат секогаш слободен пристап во него, и тој болно, без било каква потреба и полза, а напротив, на своја штета, заскитува по светот. Осамувањето на човекот во самиот себе не може да се изврши поинаку освен преку будна молитва, а пред се со внимателна Исусова молитва.

Ученикот: Ми се чини дека мислењето на старец Серафим е премногу строго.

Старецот: Тоа изгледа така само при површно гледање на него. Тоа така се покажува при недоволно поимање на великите духовни богатства што христијанството ги крие во себе. Блажениот Серафим го изнел не само сопственото мислење, тој го изнел мислењето кое им припаѓа на сите свети Отци и на Православната Црква. Свети Исихиј Ерусалимски вели: "Оној што се одрекол од се житејско, од жена, од имот и слични нешта, го замонашил само надворешниот свој човек, а не и внатрешниот, односно умот. Вистински монах е оној кој се одрекол од страсните помисли. Тој непречено може, кога сака, да го стори монах и надворешниот човек. Но, голем подвиг е да се стори монах внатрешниот човек. Којзнае дали во современите поколенија монаси има таков кој совршено се избавил од притрасни помисли и се удостоил со чиста, невештествена, непрестајна молитва - што е знак за внатрешен монах?"48 Кога преподобен Агатон, свештеноинок на Египетскиот Скит, го прашале што е поважно, телесниот подвиг или внатрешниот подвиг, тој одговорил: "Човекот е сличен на дрво; телесниот подвиг одговара на она што е листот за дрвото, а внатрешниот на плодот. Но, како што е речено во Писмото, секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган.49 Од тоа следи дека сета наша грижа треба да е за плодот, то ест за тоа како да се чува умот. Потребно е, секако, дрвото да биде покриено и украсено со лисја, тоа е слика што го претставува телесниот подвиг."50 "О чудо! - восклика блажениот Никифор Атонскм, наведувајќи ги зборовите на преподобниот Агатон во своето дело за духовниот подвиг, каква изрека изрече овој светител против сите оние кои не го чуваат умот, а се надеваат само на телесниот подвиг! Секое дрво кое не раѓа род добар, т.е. чувањето на умот, и има само лисја, т.е. телесен подвиг, се сече и в оган се фрла!51 Страшна е, оче, твојата изрека!" Чувањето на умот, заштитата на умот, трезнењето, вниманието, умното делување, умната молитва, сите тие се различни наименувања на еден и ист подвиг на душата во неговите разни видови.
Во свое време, душевниот подвиг поминува во духовен. Духовниот подвиг е истиот оној душевен но само осенет од Божествената благодат. Тој душевен или духовен подвиг, Отците вака го определуваат: "Вниманието е срдечно, непрестајно безмолвие, молитвено тихување, што секогаш и постојано го повикува Исус Христос, Синот Божји и Бог, за преку Него да се дише, со Него храбро да се напаѓа непријателот, за Нему да му се исповеда, единствениот Кој има власт да ги простува гревовите."52 Едноставно речено, внатрешно делување, умно, душевно делување, умна молитва, трезвеност, чување и заштитување на умот, внимание, сето тоа е исто што и грижливо, исполнето со стравопочит вежбање на Исусовата молитва. Блажениот Никифор Атонски ги споредил овие називи со пресеченото парче леб кое сообразно на обликот, може да биде наречено и залак, и парче, и комат.53 Божественото писмо на Стариот Завет заповеда: Од се што е за пазење,најмногу чувај го срцето свое,зашто од него се изворите на животот. Пази се, да не влезе во срцето твое лукава мисла.54

Особено со Новиот Завет се заповеда бдеење над срцето и негово очистување. Кон тоа се упатени сите заповеди Господови: Очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, зада бидат чисти и однадвор.55 Овде Господ луѓето ги нарекол садови од кршливо стакло и од безвредна глина. Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејствија, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.56 Свети Варсануфиј Велики вели:"Ако внатрешното делување со Бога, т.е. осенето од Божествена благодат, не му помогне на човекот, тогаш тој залудно се подвизува со надворешен, телесен подвиг."57 Свети Исаак Сирин го вели истото:"Оној што нема душевно делување, лишен е од духовни дарови."58 Во една друга беседа, овој Алем наставник на христијанското подвижништво, ги споредува телесните подвизи, без подвигот на очистување на умот, со бесплодни бедра и пресушени дојки. "Тие, вели светителот, не можат да му се приблкжат на умот Божји."59 Свети Исихиј Ерусалимски пак вели: "Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува."60 "Неможно е да се очисти срцето и да се изгонат од него непријателските духови без често повикување на Исус Христос."61 "Како што не е можно да се живее земскиот живот без јадење и пиење, така за душата е невозможно, без чување на умот и чистотата на срцето, од што и се состои трезнењето и она што се нарекува отрезнување, да достигне до било што духовно, или да се ослободи од мислениот грев, па макар некој и од страв пред вечните маки да се принудува да не греши."62 "Ако пак сакаш да ги посрамиш помислите што те напаѓаат, да тихуваш молитвено во душевен мир, слободно да се отрезнуваш и да бдееш со срце, тогаш Исусовата молитва нека се соедини со твоето дишење и ќе видиш дека тоа ќе се изврши после малку денови."63 "Коработ не може да плови без вода и умот не може да се заштити без трезвеност, споена со смирение и со непрестајна Исусова молитва."64 Ако имаш желба за Господа, не само да изгледаш како монах, но да бидеш благ и кроток, постојано соединет со Бога, ако имаш желба да бидеш навистина таков монах, тогаш сесрдно посвети се на добродетелта на будното внимание, која се состои од чување и заштитување на умот, од исполнување на срдечна молитва и тихување, од блажена состојба на душата, на која и е туѓо мечтаењето, што може да се сретне само кај малкумина.65 Вистински и суштински земено, монах е оној кој извршува трезнење. Навистина извршува трезнење оној кој во срцето е монах.66

Како основа на ова учење на светите Отци служи учењето на Самиот Господ, онака како што и крајаголниот камен е темел на зградата. Но иде време и дошло веќе, вели Господ, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се поклонуваат. Бог е дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.67 Се сеќавам, некои благочестиви мирјани, ги имаше дури и дворјани, современици од мојата младост, водејќи многу едноставен живот, се занимаваа со Исусовата молитва. Тој скапоцен обичај, денес, при општа исцрпеност на христијанството и монаштвото, речиси се загубил. Молењето со името на Господ Исус Христос бара трезвен, строго етички живот, живот во туѓинување, бара напуштање на страстите. А ние денес не можеме без расеаност, широк круг на познаници, задоволување на нашите многубројни потреби, без добротвори и добротворки. Но, Исус се беше отстранил, оти на тоа место имаше многу народ.68


Ученикот: Од сето ова што е речено, не следува ли дека без вежба во Исусовата молитва нема спасение?


Старецот: Отците не велат така. Напротив, преподобен Нил Сорски, повикувајќи се на свештеномаченик Петар Дамаскин, потврдува дека многумина што не стигнале до бестрастие се удостоиле да добијат простување на гревовите и спасение.69 Свети Исихиј, кажувајќи дека без отрезнување нема можност да се избегне гревот на мислите, а ги нарекува блажени и оние коишто се воздржуваат од гревот на дело. Нив ги именува како оние кои на сила го добиваат Царството Небесно.70 Достигнувањето пак на бестрастие, осветување, или, што е исто, на христијанско совршенство, без стекнување на умна молитва, е невозможно: во тоа се согласуваат сите Отци. Целта на монашкото живеење не е само постигнување на спасение туку првенствено постигнување на христијанско совршенство. Таа цел е одредена од Господ: Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото, па дојдм и врви по Мене!71. Отците, споредувајќи го подвигот на Исусовата молитва со другите монашки подвизи, го велат следното: "Иако има и други патишта и начини на живеење или, ако сакаш така да ги наречеш, други добри дела кои водат кон спасение и им носат спасение на оние кои ги извршуваат и иако има подвизи и вежби што доведуваат до состојба на слуга и наемник Божји, како што кажа: Спасителот: Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење, (Јован 14,2) сепак патот на умната молитва е пат царски, избран.Тој етолку повозвишен и поизвонреден вооднос на другите подвизи колку што е душата во предимство пред телото, тој од земја и пепел го воздига човекот до посиновување од Бога."72

Ученикот: Дали насоченоста на современото монаштво, во кое додвигот на Исусовата молитва се сретнува многу ретко, може да ми послужи како извинение и оправдание ако и јас не се занимавам со неа?

 

Старецот: Долгот останува долг, и обврската обврска, макар се зголемил бројот на оние што не ја исполнуваат Исусовата молитва. Заветот сите го даваат, но ни многубројноста на нарушителите на заветот, ни обичајот да се нарушува, не го озаконуваат нарушувањето. Мало е стадото на кое Отецот Небесен благоволил да му го дарува Царството.73 Тесниот пат секогаш има малку патници, а широкиот многу.74 Во последните времиња, тесниот пат ќе го остават речиси сите, речиси сите ќе тргнат по широкиот. Од тоа не следи дека широкиот ќе го загуби својството на пат што води до погибел и дека тесниот ќе стане излишен, непотребен за спасение. Оној кој сака да се спаси, неизоставно мора да се држи до тесниот пат, што ни е јасно предадено во завет од Спасителот.


Ученикот:
Зошто вежбањето на Исусовата молитва го нарекуваш тесен пат?

 

Старецот: Па како не е тесен пат? Тесен пат во вистинска смисла на зборот! Оној кој сака успешно да се занимава со Исусова молитва. мора да се огради себеси, и однадвор и одвнатре, со најблагоразумно и највнимателно поведение: нашата падната природа е спремна секој час да не изневери и предаде. Паднатите духови со особен бес и лукавство напаѓаат при Исусовата молитва. Неретко, од веројатно ништожна невнимателност, од неосетна небрежност и самодоверба, возникнува важна последица, што има влијание врз животот, врз вечниот удел на подвижникот. Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во адот. Кога ќе речев: ногата ми се поколеба, - Твојата милост, Господи, ме помагаше.75

 

Основа за вршење на Исусовата молитва е благоразумното и предострожно поведение. Како прво, мора да се искоренат од себе разгаленоста и насладите плотски, во сите нивни видови. Треба да се задоволиме со постојано умерени храна и сон, сразмерно на силата и здравјето, за храната и сонот да му ја пружат на телото потребната поткрепа, за да не произведува непристојни движења, што се последица на одвишок, но не и да предизвикаат изнемоштеност, што се јавува од нивен недостаток. Облеката, живеалиштето и сиот вештествен прибор треба да бидат скромни, по примерот на Христос, по примерот на Апостолите, за да се следи духот нивен и да се заедничари со духот нивен. Светите Апостоли и вистинските нивни ученици не им принесуваат никакви жртви на горделивоста и суетата, како што е обичај во светот, не влегуваат во заедница со духот на светот. Правилното, благодатно дејство на Исусовата молитва може да заживее само од Духот Христов, тоа се јавува и израснува исклучително на таа почва. Видот, слухот и останатите чувства треба строго да се чуваат, за преку нив, како низ врата, да не се вовлечат непријателите во душата. Устата и јазикот треба да се зауздани, како оковани со молчание. Празнословието, многусловието, особено потсмевањето, осудувањето и злоречието се најголеми непријатели на молитвата. Нити треба да се примаат посети на браќата во својата ќелија нити треба да се оди во нивните ќелии. Треба трпеливо да се пребива во својата ќелија, како во гроб, со својот мртовец - својата душа, измачена, убивана од гревот, и да се моли Господ Исус за помилување. Од гробот-ќелија молитвата восходи на небо. Во оној гроб во кој се скрива телото по смртта и во гробот адски, во кој паѓа душата на грешникот, веќе нема место за молитва. Во манастирот треба да се биде како туѓинец и да не се влегува самоволно во манастирските дејности. Не треба со никој да се склопува блиско познанство, а при работата да се оградуваме себеси со манастирско молчание, неизоставно посетувајќи го храмот Божји, посетувајќи ја ќелијата нај духовниот отец во случај на потреба. Да обмислуваме за секое напуштање на својата ќелија, излегувајќи од неа само при суштинска потреба. Треба решително да се одречеме од љубопитство и суетна желба за знаење, преобратувајќи го сето наше љубопитство и сите наши интереси во истражување и изучување на молитвениот пат. А тој пат бара грижливо истражување и изучување, бидејќи тој не е - само тесниот пат туку и патот што води кон животот.76 Тој е наука над науките, уметност над уметностите, како што го нарекуваат светите Отци.77 Патот на вистинската молитва станува неспоредливо потесен кога подвижникот ќе стапи на него при делување на својот внатрешен човек. Токму тогаш, кога ќе стапи на тие теснини, ќе може да ја почувствува правилноста, спасителноста и неопходноста на таквата позиција. Кога ќе биде желен за напорот во својата внатрешна одаја, тогаш подвижникот ќе ја посака и мачната теснотија на надворешниот живот, која ќе му служи како обител и чуварница на внатрешната дејност. Оној што стапува со умот во подвиг на молитва, треба да се одрече и постојано да се одрекува како од сите помисли и чувства на паднатата природа, така и од сите помисли и чувства што ги принесуваат паднатите духови. Без оглед колку миловидни ни се прикажуваат тие и некои други помисли и чувства, тој е должен постојано да оди по патот на највнимателна молитва, не застранувајќи ни лево ни десно. Застранувањето налево го нарекувам оставање на умната молитва заради разговор со помисли суетни и гревовни, а застранувањето надесно е оставање на умната молитва заради разговор со наизглед добри помисли. Четири рода помисли и чувства делуваат на оној што се моли: едни никнуваат од благодатта Божја, всадена во секој православен христијанин со светото крштение, другите ги предлага Ангелот чувар, некои никнуваат од паднатата природа, и на крај се оние што ги носат паднатите духови.


45 Предговор на схимонах Василиј Пољаномерулски за поглавието за блажениот Теофилакт Синајски. Житие и списи на молдавскиот старец Паисиј Величковски, издание на Оптина Пустина, Москва, 1847 год.
46 Поука 32, издание 1844год. , Москва. Старец Серафим се родил 1759 год., во братството на Саровска Пустина стапил 1778 год., починал 2 јан.1833 год.
47 Ова сведоштво е добиено од лицето кое било советувано, идниот архимандрит Никон, настојник на Георгиевско - Балаклавскиот манастир, 1866год.
48 Слово за трезнењето, глава 80 и 81. Добротољубие, том 2.
49 Лука, 3,9.
50 Патерик Скитски
51 Слово за трезнењето од Никифор Монах. Добротољубие, том 2.
52 Свети Исихиј Ерусалимски, Слово за трезнењето, пава 5, Добротољубие, том 2.
53 Слово за трезнењето, Добротољубие,том 2.
54 5Мој. 15,9.
55 Матеј 23,26.
56 Марко 7,20 - 23
57 Одговор210.
58 Слово56.
59 Слово 58
60 Свети Исихиј, Слово за трезнењето, гл.21,28,109,182.168
61 Св. Исихиј, Слово за трезнењето.
62 Свети Исихиј, Слово за трезнењето
63 Св. Исихиј, Слово...
64 Слово..
65 Св. Исихиј, Слово за трезнењето, гл.115,159
66 Слово...
67 Јован 4,23 -24
68 Јован 5,13
69 Устав Скитски, Слово 1
70 Свети Исихиј, Слово за трезнењето, гл.110
71 Матеј 19,21. Марко, 10,21
72 Преподобни Калист и Игнатиј Ксантопули, гл. 98, Добротољубие, том 1
73 Лука 13,32
74 Матеј7ДЗ-14
75 Псалми93, 17-18
76 Матеј 7,14
77 Преподобен Касијан Римјанин, Дијалог 2, За расудувањето. Блажен Никифор Атонски, Добротољубие, том 2, и многу други Отци.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная