логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

   

Проф. д-р Дмитриј Д. Aвдеев е православвн лекар-психијатар, психотврапввт, медицински психолог, доктор по медицински науки. Завршил послвдипломски студии на Богословскиот факултет на Универзитвтот „Лукијан Благо" (Романија). Од 1991 година активно работи во правец на формирање христијански однос кон психичките заболувања, т.е. на моделот на православната психотерапија. Ја разработува православно ориентираната програма за рехабилитација на лица што страдаат од наркоманија и алкохолизам. Член е на руски и на меѓународни професионални здруженија и асоцијации. Автор е на повеќе од 300 духовно-просветни, научни публикации и мултимедијални проекти, во кои спаѓаат над 60 книги, издадени освен на руски и на повеќе светски јазици. Основач е и директор на Институтот за проблемите на формирањето христијански однос кон психичките заболувања, каде што е и редовен професор. Во текот на своите дваесет години работа им укажал помош на илјадници луѓе.

„Стресните ситуации" се неодвоив дел од современото живеење; невозможно е да се избегнат или да се заобиколат. Затоа, пак, можеме да го измениме својот однос кон нив и да ги преживееме со минимални загуби по здравјето. Токму за тоа разговараме со психотерапевтот, медицинскиот психолог, професор Дмитриј Авдеев.

Докторе, која психичка и физичка состојба кај човвкот се нарвкува стрес?

Самиот термин „стрес" потекнува од канадскиот физиолог Ханс Сеље. Во 1936 година тој го дефинирал стресот како „реакција на организмот на специфичните, неповолни животни фактори", кои можат да бидат: физички, физиолошки и психолошки. Неговата теорија не е нова. Многу пред него, извонредниот руски терапевт, Сергеј Петрович Боткин, ги опишал реакциите на организмот на одредени неповолни животни фактори. Но, за нас, праизвор по ова прашање е наследството на Светите Отци на Православната Црква - употребувајќи некои зборови-формулации, како што се „душевна болка", „страдание", „искушенија"; тие не учат како е правилно да реагираме на тие појави, ставајќи акцент не на физиолошките, туку на духовните аспекти на проблемите.

Излегува дека човекот што верува е позаштитен во стресните ситуации од оној што не верува?

Секој од нас има скала на вредности: она што е за еден човек значајно, за друг нема никакво значење. За православните луѓе, животот е незамислив без вера, без духовна компонента на битието. Човекот што верува сфаќа дека живее во непрестајниот тек на светата Промисла Божја и дека во неговиот живот ништо не е случајно, па така ни влакно од главата нема да му падне случајно. Затоа, верата во Промислата Божја, молитвата и учеството во Светите Тајни на Црквата и се заштита од тие неповолни фактори, кои не опкружуваат во животот.

А што ако стресната ситуација трае долго?

Може да се случи, надворешните околности на некој човек долго време да не се менуваат. Тука се поставува прашањето: заради што еден човек треба тоа да го трпи? Кога си спомнуваме за руските новомаченици и ги читаме сведоштвата на затворениците, кои биле заедно со нив во затворите, се чудиме каква неверојатна цврстина на духот покажувале тие луѓе, како трпеле разни лишувања, обидувајќи се да им помогнат на другите затвореници. Која била смислата на нивните страдања и длабоката душевна болка што ја чувствувале? Ако животот се сфаќа како стремеж кон задоволства, тогаш промените на животните околности, како што се разни болести, природни катаклизми и слично, се примаат негативно. Верниците, се разбира, ја сфаќаат спасителната сила на душевната болка и болестите, дека сето тоа што се случува со нас ни е дадено за спасение.

Често, длабоката душевна болка станува почеток на духовна преродба на некој човек, етапа на преосмислување на животот, формирање на правилен светоглед и промена на односот кон луѓето и настаните во светот. Почеток на покајанието. А без покајание, без молитва, без учество во Светите Тајни на Црквата човек не може да биде духовно здрав.

Во својата практика често се среќавам со случаи кога на некој човек долго време му се случуваат непријатни настани или го напаѓа тешка болест, па не можејќи да се носи со сите тие околности, тој се обраќа за помош кај психијатар. Потоа настапува етапа на преосмислување, покајание, и по некое време човекот вели: „Боже мој, како живеев порано? Седев на вреќа со злато и подавав рака за милостина!?"

Што им советувате на луѓето што не можат да се носат со стресна ситуација?

Да си спомнат дека Господ не ни праќа искушенија над нашите сили - за тоа читаме во Посланието на светиот апостол Павле до Коринтјаните - на секој човек му се дава крст според силите. Сепак, нема да му се пратат ни помалку искушенија, затоа треба да сме подготвени да трпиме. Свети Теофан Затворник ја споредува мерата на страданијата во животот со тоа како домаќинката пече пита: ако само за пет минути не ја допече питата -таа не може да се јаде, но ако само за пет минути ја препече, исто така, питата не е добра за јадење, односно Господ душата на човекот „ја пече до моментот кога е готова".

Дали постојат начини за борба со стресот?

Пред се, треба да се трудиме подобро да се однесуваме еден кон друг. Треба да запомниме дека православниот христијанин е добар човек, покрај кого е лесно, добро и спокојно да се живее, тој е строг кон себе и снисходпив кон другите луѓе. Денес во нас има многу непотребна напрегнатост. Ако погледнете отстрана како мајките разговараат со своите деца, како сопружниците се караат за ситници - станува јасно дека сме се одучиле да трпиме дури и сосема малку.

Што да се каже, не водиме здрав живот: во тоа спаѓаат здрав сон, движечка активност, зајакнување на организмот (свеж воздух, бањи, сауна и друго), правилна исхрана, откажување од штетни навики, позитивни емоции. Спомнете си за Првото послание на светиот апостол Павле до Солунјаните: Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за се, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас (1 Сол. 5,16-18).

Забораваме да Му заблагодариме на Бога за се што ни е дадено. А ако не Му благодариме на Бога, тогаш се ќе ни биде малку: имаме една кола, ќе посакаме втора, и така - до бесконечност.

Главниот рецепт е христијански начин на живеење. Тоа е верата во Господа, борбата со страстите, тоа е воцрковеноста. Но, барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде (Матеј 6, 33).

Ако болестите, како што се психозата, епилепсијата, детската церебрална парализа и други бараат специфично лекување со фармацевтски препарати, тогаш во стресните ситуации е многу важно да се процени што се случува со човекот.

Понекогаш е нужно не само да се смени односот кон ситуацијата, туку и самата ситуација. На пример, ако условите за работа не одговараат на здравствената состојба на човекот, тогаш треба да се смени работното место, и тоа, исто така, ќе биде чекор на смирување, разумност.

Ако во центарот на нашиот живот е Христос, светото Православие, спасението на душата, тогаш нашиот живот ќе се изгради правилно, човекот ќе има правилен однос кон јадењето, кон празниците и кон работата, кон дружењето и љубовта, кон семејството и децата, како и кон целиот живот.

Дали стресот може да биде позитивен?

Ќе се осмелам да кажам дека, во својата длабочина, стресот секогаш има знак „плус", затоа што во животот никогаш нема случајности. Се разбира, и клеветата, и болеста, и тагата, и некои природни катаклизми - не не радуваат, но тоа секогаш се случува по допуштение Божјо, затоа што Господ се стреми да не исцели од гревовните страсти. Значи, стресот има позитивно значење. Ако човек тоа не го сфаќа, тогаш лекциите се повторуваат.

Ако зборуваме за физичката компонента, има случаи кога, како последица на стрес, некој човек може да се излекува од тумор, чир, но, рака на срце, тоа се ретки случаи.

Зошто некои луѓе се поотпорни на стрес?

Во медицината има еден термин - „отпорен на стрес". Ако стресните ситуации им се случуваат на сите луѓе, тогаш отпорноста на стрес е индивидуален поим. Ако човек се обидува да води здрав начин на живот, разумно да ги процени своите можности, и најважно - правилно да го оцени она што се случува со него, тогаш тој е поотпорен на стрес.

Не треба да се отфрлаат и физиолошките фактори. Но, ако некој има добро телесно здравје и не разбира од каде доаѓаат душевните болки и зошто се тие дадени, односно каква исцелителна сила носат, човекот цел живот ќе биде осуден на страданија, зашто стресот (тагата, искушенијата) не следат цел живот.

Често стресните ситуации се појавуваат на работа? Зошто?

Животот на човекот, во принцип, многу зависи од неговата работа. Особено, ако некој човек го издржува своето семејство и се плаши дека ќе остане без приходи. И ако се случи некој да остане без работа, излез од таа ситуација секогаш има, и тој е едноставен: треба човек да се обиде да разбере што се случило, да ја анализира ситуацијата, можеби да се обрати кај психолог, можеби само да се смири и да се помоли. Во никој случај не треба да се паничи, да се бара излез во алкохолот, или да се падне во болест и страдание, туку треба да се погледне на ситуацијата „отстрана". Решението сигурно ќе дојде.

Можат ли честите стресови да станат причина за некакви заболувања?

Да, честите стресови можат да станат причина за такви функционални нарушувања, како што се главоболки, несоница, чувство на притисок во градите, болки во стомакот. Ако стресот трае подолго време, физичката состојба преминува во стадиум на органски нарушувања и се формира заболување (на пример, хипертонија, чир, инфаркт). Особено се зголемува ризикот од заболувања кон кои организмот има генетска предиспозиција.

Какви психички проблеми повлекува со себе долготрајниот стрес?

Стресовите создаваат разни психички проблеми, а еден од најраспространетите е - „осаменост среде луѓето", кога човек практично со никого не општи, не се поздравува дури ни со соседите. Како резултат на таквата осаменост се јавуваат алкохолизам, страст кон коцкањето, зависност од телевизијата и други психички заболувања и зависности.

Неодамна на преглед кај мене беше еден човек, кој ми раскажа за својот проблем: „Докторе, веројатно, тоа не е нормално, јас веќе неколку години одам во црква, но со никого не се поздравувам, а и со мене никој не се поздравува". Секако, тоа не е нормална ситуација. Да си спомнеме за првите христијани и нивниот заеднички живот во заедницата! Всушност, осаменоста е лесно решлив прооблем. Колку незгрижени, бедни луѓе има наоколу, на кои им е потребна вашата топлина и сочувство. Дарувајте им ги својата топлина и љубов, и тоа стократно ќе ви се врати. А, во срцето ќе чувствувате радост, која не можете да ја стекнете со ништо друго.

Што можете да предложите во смисла на „брза помош" при стрес?

Ако човек се најде под струја ледена вода, прво што треба да направи е да се тргне еден чекор настрана. Односно, да се оддалечи од изворот на стресната ситуација: да

прекине остар разговор, да излезе на улица, да направи неколку длабоки вдишувања, да се помоли или само да помолчи.

Може, на пример, да направи прекин во работата: да земе пауза или одмор, ако има викенд - да организира излез во природа, или, на крајот од краиштата, да се наспие. Но, ако тоа не е доволно, треба да се обрати кај психолог или лекар-психотерапевт. Ако има духовник, да поразговара со духовникот, да се исповеда, да го замоли да се помоли за него. И, да не паѓа во униние! Да се сети на тоа дека Господ не дава искушенија над силите, дека нема безизлезни ситуации.

Докторе, каков совет можете да им дадете на луѓето што страдаат од чести стресови ?

Не се самоповредувајте, не се повлекувајте пред проблемите. Сетете се дека од секоја ситуација има излез, дека Господ не не остава ни минута, а особено не во сложени животни ситуации.

превод од руски: Оливера Павловиќ

 

Извор: ПРЕМИН бр 125/126

 

 Православна психотерапија

 

Друго:

 

6- ти март 2018 лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная