логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Древното македонско светилиште Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ годинава ќе ги одбележи двата големи јубилеја: 1000 години од основањето и 25 години од возобнувањето на монашкото братство, што беше укинато со декрет на државата во 1948 година.

    Вечерта на Бадник со промоција на првата книга со беседи „Бог се јави во тело, воскресна во слава” на архимандрит Партениј, игумен на Манастирот, започна одбележувањето на двата јубилеја, кое ќе продолжи низ целата година, а главната прослава ќе се одржи на 18 октомври. Тоа беше повод за интервју со отец Партениј специјално за Битолски весник.

Специјално за „Битолски весник“, Киро Кипроски

    Б.В.: Отец Партениј, запознајте ги читателите на Битолски весник со програмата за одбележување на јубилеите?

Отец Партениј: Практично, целата 2020 година ќе биде посветена на големиот и навистина редок и уникатен по значење јубилеј 1000 години од основањето на Светата Бигорска Обител. Во тој поглед, ние веќе формиравме едно координативно тело, коешто ќе ги организира настаните поврзани со илјадагодишнината. Од планираните проекти би набројале дека веќе се подготвува документарен филм посветен на јубилејот, песна со видеоспот, неколку книжевни изданија, изложба на икони и предмети со духовна и културна вредност од Бигорски во соработка со МАНУ, а се разбира, и една централна прослава во Манастирот, на 18 октомври, со гости од целата Македонија, но и однадвор. Се планира, исто така, и медиумска кампања за подигнување на свеста кај нашата јавност за значењето на јубилејот. Остварувањето на сето ова зависи и од финансиската помош што ја очекуваме како од државата, така и од фирми и поединци што имаат разбирање и добра волја да помогнат.

    Б.В.: За Вас што претставува јубилејот?

Отец Партениј: Самата бројка 1000 години означува многу. Кога и еден најобичен предмет, творба на човечки раце, со древност од 1000 години има огромна музејска вредност, тогаш што би можеле да кажеме за една таква институција како што е Бигорски, за еден илјадагодишен континуитет на светост, богоподобие, просветителство и уметност?! Низ сето време на своето постоење Бигорската Обител, закрилувана од патронот, свети Јован Претеча и Крстител, дејствувала мошне благотворно, ги облагородувала нашите простори со духовна светлина и стремеж кон слободата, кон убавото и вечното. Таа произвела многу духовни и народни водачи, непознати Светии, учители, просветители, преродбеници. Затоа, сета историја на Манастирот, неговиот живот, монасите, иконите и животописите, сè што во него било со љубов и жртва творено, сето негово минато и сегашност, говори за еден непроценлив Божји благослов, излеан врз нашиот народ преку оваа сенародна Светиња. Уште од древни времиња, Манастирот верно го чувал духот на православната славјанска традиција, втемелена на овие простори од рамноапостолните наши татковци, светите Климент и Наум. Впрочем, и првиот ктитор и градител на Бигорскиот манастир, првиот Охридски архиепископ Јован, бил родум славјанин од Дебарско. И до денес ова сепочитувано светилиште верно чекори по стапките на основачите на нашата словенска традиција и цивилизацијата на Бигорски има есенцијално значење не само за самата Обител, туку и за целата наша држава и ошптество.  

    Б.В.: Четврт век сте игумен на монашкото братство на Бигорскиот манастир. Направете ретроспектива на постигањата на монаштвото во сите сфери на функционирањето на манастирот од неговото возобновување?

Отец Партениј: Големиот учител на народите, светиот Апостол Павле, на едно место во своите посланија вели: Мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку кого за мене светот е распнат, а и јас за светот (Гал. 6,14). Искрено сакам и го молам Бога, Крстот Негов да биде и моја лична пофалба. А за достигнувањата на нашето братство, ќе ги оставам да зборуваат делата и да прераскажуваат другите. Знам само дека сè што сме постигнале, сме го направиле со Божја помош и за Негова слава.

    Б.В.: Кога Ви беше најтешко, а кога бевте најсреќни?

3.angeli.so.truba
Отец Партениј: Светоотечката теологија на православната црква не учи дека животот на христијаните на земјата е крстовоскресен. Што, всушност, означува тоа? Сите што избрале да го следат Господа Христа, кој е патот, вистината и животот (Јован 14,6), се соочуваат со распетија во животот, но и со предвкус на Воскресението и животот во невечерниот ден. Ние христијаните, кои се уште живееме во нашето земно тело, сме членови на Црквата кој постојано војува со злото од овој свет, за разлика од небесната црква, која е веќе победничка. Следствено, секојдневно се соочуваме со борби, искушенија и крст, но, преку Крстот Христов дојде Воскресението и радоста за целиот свет. Така што, со радоста која тивко, но победоносно зрачи од богопосетената пештера во Витлеем и од празниот Гроб на Голгота, ги победуваме искушенијата и ги надминуваме тешкотиите и токму таа радост треба да биде нашиот главен патоказ по тесниот, но благодатен пат кон Царството на Бога. По Рождественската радост, би рекол само дека искушенијата, колку и да се тешки, брзо се забораваат, така што во моето сеќавање останале само благодатните мигови на Христовото серадосно присуство.

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/mediumi/iljadagodishen-kontinuitet-na-svetost-bogopodobie-prosvetitelstvo-i-umetnost/?fbclid=IwAR2PiakQ_oDzmh-F7fkhnAqwxaIPCCuVu6Z0hvDiOMO4s6Y37ZNposTJd4A

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2072
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2090
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 535
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная