логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

лого

Пред еден месец по повод презентацијата на книгата „Свети Силуан Атонски“, која наскоро треба да излезе на бугарски јазик, Бугарија ја посети архимандритот Захариј од манастирот на свети Јован Крстител во Есекс, Англија. Бугарскиот медиум „Монитор“ објави неколку одговори на прашања упатени до архимандритот Захариј после неговата беседа во црквата на свети пророк Илија.

- Отец Захариј, како да ги отвориме срцата за Божјата благодат, за да се укрепиме во искушенијата?

Денес луѓето се оптеретени со мислата како да создадат коректни и успешни односи меѓу себе. Но, тајната се крие во молитвениот подвиг на Јаков, кој го испроси Божјиот благослов. И тогаш неговиот брат Исав, кој тргна со војска за да го погуби, се покаја и го прегрна. Прво, треба да Го убедиме Бог дека сме Негови, а потоа треба да ги убедиме и срцата на луѓето околу нас. Ако го читаме словото Божјо и му овозможиме влез во умот и срцето, ако се обидеме да го примениме во својот живот, тогаш Неговата енергија ќе се всели во срцето. Ако постојано го имаме името Христово на устите, а исто и во умот, но најмногу во срцето – тогаш Божјата благодат ќе се всели во нас. Ако постојано се молиме со Исусовата молитва (Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот) и го читаме словото Божјо, тогаш нечистотијата, насобрана во срцето поради гревот, се очистува и постепено се вселува благодатта и тогаш стануваме посилни од искушението од овој свет. Што се однесува до Литургијата, треба да знаеме како правилно да го замениме нашиот мал, пропадлив, ограничен живот со непропадливиот, вечен и бескраен живот во Бог.“

- Во Бугарија постои традиција да се зема Причест само 4 пати во годината. Како се гледа на ова прашање во другите православни земји?

Тоа навистина е сериозно прашање. Со него се занимаваат срцата и умовите на многу православни христијани во различни земји, а најмногу во изминатиот 20-ти век. Моето мислење е дека ниту честото причестување, ниту реткото причестување е тоа што ќе нѐ доведе поблиску до Бог. Не е важна зачестеноста, туку начинот, на кој се причестуваме со Светите тајни Христови. Свети Симеон Нов Богослов вели дека оној кој секој ден плаче и со солзи се моли пред Бог, тој може и секој ден да се причестува. А човек, кој не се моли, нема покајание и солзи – дури да се причестува еднаш во годината, на Велигден, пак ништо не сторил. Јас верувам дека е добро човек да се причестува почесто, но постојат услови за тоа. Треба да се научиме на покајание и да се причестуваме со полно смирение. И во нашето покајание на прво место е исповедта, бидејќи срамот, кој го чувствуваме за време на исповедта е нешто што ја привлекува Божјата благодат. Срамот и неговото надминување. Како што Христос ги искуси и ги понесе срамот на крстот и распетието заради нашето спасение, исто така и ние да го понесеме срамот заради тоа што сакаме да се смириме со Него. Тој го прима тоа како жртва од наша страна. И не само тоа, тој исто така ни дава таква чест – ни го отвора нашето срце за да ја примиме Неговата благодат. Односно, не бараме да го востановиме само честото причестување во нашата Црква, туку и искреното покајание и искрената исповед. Името на нашиот Бог е Утешител. Но, Светата Причест не е нешто магиско. Силата на благодатта која ја добиваме при Светата Причест е таква каква што е и нашата подготовка кога пристапуваме кон неа.

- Има периоди во животот на христијанинот, во кои не чувствуваме потреба од Бог, не чувствуваме потреба да одиме во црква. Како треба да се гледа на тоа?

Мислам дека тоа му се случува на секој од нас. Затоа треба да се привлече благодатта, која христијанинот ја добива во почетокот, при Крштението. И тој дар, кој сме го добиле во почетокот, ние го разгоруваме со помош на сето она коешто Црквата ни го дава. На пример, кога луѓето доаѓаат при мене за исповед и бараат да им решам конкретни прашања, за да им помогнам јас ги прашувам: „Одите ли секоја недела на Литургија на време и внимавате ли таму во храмот?“ Мојот принцип е прост: ако човекот не оди на Литургија во недела, јас не можам да зборувам за подлабоки нешта со него; а ако пак сме во недела во црква за Литургија на време и редовно, Господ ќе го пронајде моментот кога ќе ни помогне, затоа што кога ние сме во храмот и учествуваме во Литургијата ние добиваме помош преку молитвите на сите кои се на Литургијата, а исто така (што е поважно) – заради молитвите на сите Светии. И затоа прво и најважно нешто е да ја сакаме Литургијата. Оттука па натаму за да го разгориме оној дар кој сме го добиле, Црквата овозможува и многу други патишта. И сите други Тајни се создадени за да ни помогнат, особено тајната на исповедта. Ако не сме спремни да го понесеме срамот при исповедта, нема да можеме да го избегнеме срамот во идниот живот, кога ќе дојде Божјиот суд. И во тајната на исповедта ние се учиме како да одиме од срам во слава, од срам заради нашите гревови – кон славата која ја добиваме кога Господ ни дарува простување. Исповедта не е нешто тешко. Тоа е чест, со која Господ нѐ удостојува за да може потоа да ни го дарува Својот Божествен живот.

- Во Англија има многу претставници на Бугарија, Грција, Кипар, Романија, Русија, Украина. Се чувствуваат ли тие како едно Тело Христово како православни?

За жал, гледам дека сите ние, православните, страдаме од онаа ужасна болест „национализам“. За мене нема поголем срам од национализмот. Апостолот Павле рече: „Сите кои се причестуваме од едната Чаша, сите стануваме членови на едното Тело“. За христијаните има едно Тело, тоа е Црквата и главата на Црквата е Христос. Нема грчки Христос, или бугарски Христос, или арапски Христос, или еврејски Христос.

- Божјиот дар на благодатта е само за луѓето во Црквата или е за сите?

Јас верувам дека Господ пронаоѓа начини за да го посети секој човек, независно каков е тој и каде се наоѓа. Најсветол пример е светиот апостол Павле, кој не ни бил христијанин и кој ги гонел христијаните и Господ на таков чудесен начин го посетува на патот за Дамаск. Друг пример од времето на апостолите е Корнилиј – тој бил незнабожец и Господ го посетува. Господ го посетува секој човек, предвидувајќи каква ќе биде неговата реакција и како тој ќе одговори на тој дар. Тој ќе го посети човекот, но ако види дека нема да има одговор на тој прв дар, Тој нема да го посетува по вторпат. Заради Својата голема милост Бог не сака да го стави човекот во ситуација во која може да биде двојно осуден. 

Извор: Православие.бг

Извор: МПЦ-ОА

 

Извор

TVITer270

П.П. 2008-07-28 03:34:16

Друго:

Архимандрит Захариј од Есекс: Духовното раководство како служба на помирување меѓу човекот и Бог – I дел

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная