логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba


ЗА ГРДОТО ПАЈЧЕ
(Продолжение на интервјуто со отец Спиридон Василакос)

- Многу е убаво тоа, кое што го кажува свети Григориј Палама, откога Бог го просветилил неговиот мрак - дека многу е поважно човекот да го види мракот, кој постои во него, отколку да има виденија на светители и ангели.


- Токму така. Второто е многу опасно. Многупати тоа го става човекот во една многу задушлива атмосфера, во атмосферата на егоизмот. Првото нé избавува и ослободува.

- Како што вели старецот Паисиј, Бог би можел да се јави пред нас, па да поверуваат сите но, така ќе не лиши од нашата слобода.


- Точно. Пајчето влегува во пештерата, не е избркано, туку за да се причува  подобро. Ние не си ја познаваме душата и тоа е мојот голем неуспех, затоа што, оти ако си ја познавав душата, во своите дела би внесувал душа но, не си ја познавам душата. Гледаме безумниот богаташ од истоимената приказна, како си ја тера душата да јаде, си го тера духот да јаде нешто материјално. Од оној момент, од кој, јас не си ја познавам душата, моите дела се бездушни. Гледаме односи помеѓу сопрузи, односи меѓу родители и деца, меѓу браќа, меѓу роднини, немаат душа и затоа тие односи умираат или веќе умреле и заради некоја причина ги влечкаме. Тоа е така, затоа што не сме влегле во нас, немаме ниту смирение, ниту љубов да влеземе во нас. Затоа  немаме опит од Бог, затоа што Сам Бог ни кажува: "Царството Божје е внатре во вас". Не го барај некаде надвор, тоа во тебе. Јас сум во тебе кажува Бог. А јас барам надвор.
Откривајќи се постојано себеси, онака како што Бог го создал, кога човекот ќе  ја измине сета таа состојба со смирение и покајание, сигурно е, дека веќе живее во царството Божјо, дека смртта веќе не го допира. Светиот старец Порфириј се смеел на смртта, веќе бил преминат во царството Божјо, култивирајќи се себеси, протуркувајќи патишта кон душата.


- Најважно е, што сите нас нé уверуваше, дека смртта не постои.

- Имено. Не постои смрт.


-Како да отвараш една врата и да минуваш низ неа. Го кажуваше тоа толку едноставно.


- Многу едноставно. Кога тој говореше за смртта, се чувствуваше, дека ти говори за најубавото занимавање, за најубавата забава - толку просто, толку убаво, толку слатко. Оставаше во тебе едно исклучително убаво чувство начинот, на кој ја претставуваше смртта.
Тоа пајче, за да се вратиме кон приказната, кон нашата утеха, во еден момент гледа едно езеро надвор од пештерата и во него успеало да се види себеси. Тоа е езерото на совеста, каде што човек се култивира себси, се очистува, ја очистува совеста и тогаш човекот не ја гледа грдоста, која смета дека ја има, туку убавината, со која Бог го создал. Тогаш кога човекот ќе ја констатира убавината, која Бог му ја дал, лета. Во приказната гледаме едно преобразување, едно преминување - од грдотија кон убавина. Ја гледаме таа убавина, кога човек ќе осознае што е, што му дал Бог, тогаш е спремен да полета. Човекот е создаден да лета. Да се изразиме така просто.
Природниот свет на човекот е небото, земјата е слетиштето, од каде што ги прави своите излетувања. Тоа пајче ја гледа својата убавина, ја констатира, ги гледа крилата. Бог дал крила на човекот, свети Јован Лествичник вели: Имам две силни крила -  љубовта и смирението, кои за жал кај многумина се крути, неупотребени и колку повеќе остануваат неупотребени и тврди, толку повеќе некрозираат. Кога нешто не користиш, тоа се парализира и некрозира. Затоа многу луѓе не летаат. Затоа се плашат од смртта, затоа што човекот кој лета духовно, го надминува собитието на смртта.


- Најверојатно грдото пајче не ќе осознаело, дека е нешто друго, дека е лебед и кога другите лебеди дошле, тогаш видело, дека е како нив. Така и еден светител не може да осознае, дека е нешто многу повредно, подлабоко и побогато од она што можеме да го кажеме и почувствуваме со нашите чувства. Затоа светителите се труделе да нé поттикнат да озознаеме, дека сме нешто друго, да ги гледаме не нив, туку Оној, Кој им дал такви дарови, за да можеме и и ние да ги следиме и да се осветиме.

- Многу е важно, тоа што го кажувате и мислам, дека нé потсетува на зборовите на Господ: "Но, тешко на еден, кој кога ќе падне, нема друг, да го подигне" (Екл.4:10). Тешко на оној, кој е сам , затоа што преку општењето со другиот ќе се смирам, ќе простам, ќе претрпам, ќе засакам, ќе ја оставам мојата болест, мојата грдотија и ќе продолжам кон здравјето и убавината, кон она што сум реално. Ако не го гледам другиот, како ќе можам да го почувствувам тоа, ако не ја видам таа убавина, ако не ја видам светлината врз лицата на светителите? Како ќе разберам, дека ја имам таа преспектива, дека ги имам тие претпоставки? Мојот егоизам не ми го дозволува тоа, затоа што мојот егоизам означува изолација, самотија.  Ми стори впечаток, кога ја читав приканзната за безумниот богаташ.
Во други приказни гледаме многу лица, на пример, во приказната за блудниот син - самиот блуден син, татко му, поголемиот негов брат, слугите. Во приказната за десетте девојки, самите десет девојки. А во приказната за безумниот богаташ, тој е сам. Тогаш се замислуваш и велиш: "Добро бре, тој човек нели имал некој, со кој да поразговара?!" Добро, му се умножиле плодовите, имал добра реколта и си седи и разговара самиот со себе. Деца, нема ли? Сопруга, роднини? Колеги, пријатели? Па можел да каже:" Бре луѓе, што се случува?!", а тој сам живее, сам чувствува, сам се радува, сам говори, говори на ветрот.
На тој начин, мојот егоизам, кој се храни од моите страсти, ме изолира, автономизира, ме отсекува. Тоа не ми дава да го видам лицето на другиот човек. Како што кажале пустинските отци, ако си го видел братот, си го видел Бог. Значи дека од моментот, од кој не го гледам лицето на другиот, не можам да го видам Бог. Како ќе го видам Божјото лице, кога не го гледам лицето на мојот брат?


- Ја имаме и приказната со богаташот и Лазар, каде што богаташот разговара со праотецот и Аврам, не со Бог. Неговиот егоизам бил толку голем, што сакал не само Лазар да му  ја разлади душата, но му барал на Аврам нешто да направи со неговите браќа. Но,таму имало бездна, макар и што разговарале. Таа бездна меѓу богатитот и Лазар, кој кога бил до него и дури ниту го гледал, продолжува да постои и после тоа. На тој начин човекот си го избира местото на адот, далеку од Бог, и таму не може да се промени, затоа што не сака, како  што прават демоните. Ако се покаеа, Бог ќе им простеше и на нив, како што вели свети Исак Сириец. Затоа и човекот, кој се однесува на истиот начин, дури и таму не сака да се промени и гледаме дека повторно е пратен од самотија.


- Отците велат, дека Бог се крие зад гласот и личноста на Аврам и всушност Он Го поставил Аврам, кои бил богат но, имал љубов. Човекот може да има богатство - или бедност но, кога има љубов, Бог не го носи во Рајот, туку го преобрнува во Рај, Он не го одвел Аврам во Рајот, туку го преобразил во Рај. Но, го гледаме и следното: богаташот се наоѓал во адот, кој сам го создал и изградил, во потполна изолација и го слушаме Божјиот глас во устата на Аврам, како вели: "Чедо", т.е. "дете Мое". Tреба да го помниме тоа, затоа што каде и да се наоѓа другиот, и највеќе нашето дете, да не забораваме, дека е наше дете, како што Бог не не заборава нас, какви и да сме, каде и да се наоѓаме и да се изразуваме на тој нежен начин. Старецот Јероним Егински вели - а беше малоазиец и говореше со акцент - каде и да си,  што и да си, и во адот да си, веднаш штом Бог те види, како ќе те нарече? Љубов моја! Рожба моја! Што и да сум, тоа нема да ја намали Божјата љубов.


- Божјата љубов е поразителна и како што повторно многу убаво кажува свети Исак Сириец, Бог е само љубов, и Рајот не е во времето и просторот, туку Он  Самиот е Рај. Оттука Неговото присуство и љубов стануваат мачење за оние, кои не Го сакаат и не го љубат. Христос го дава примерот со двајцата бесни, каде што Господ немал уреди за мачење, за да ги мачи демоните, кои кажувале "дојде да не мачиш?" (Мат.8:29), но, таа љубов кон нив ги измачувала: го чувствувале Неговото присуство како мачење. Така таа љубов на Бог може да стане ад или Рај во зависност што сме избрале.
 Така говориме за привидната и краткотрајна грдотија и гледаме, дека за зад неа се крие многу убавина. Ќе споменам еден карактеристичен случај: едно момче засакало многу една девојка, која била многу грда. Пријателите му влеле:
- Како зема толку грда?
А тој одговорил:
- Да можев бре луѓе, да ви ги дадам очите за да видите како јас ја гледам и љубам!
Следствено приказната за грдото пајче ни помага да разберме, дека зад неговата краткотрајна грдост се крие нешто убаво и добро во него. Можат ли блиските на едно дете - мајката, таткото, браќата, - да му помогнат, за да се појави таа убавина "за да ја распознае и да се зарадува"?


- Можат, но она, што ни недостасува многупати, е  љубовта, настојувањето и трпението во пројавувањето на убавината на човекот. Тоа ни фали.


- Со трпение спасувајте си ги своите души. Следствено и родителот - како се  испилуваме и приказната - треба да има многу трпение.


- Понекогаш пред да излеземе од дома, човечки е, да се погледнеме во огледалото. Погледот пак, нема да ни падне на она што ни се допаѓа. Гледајќи се себеси во огледалото, погледот и вниманието ќе ни сопрат врз нешто, што не ни се допаѓа. За жал, тоа го правам и во однос на животот и присуството на другиот до мене. Пoгледот секогаш се сопира врз она, што не ми се допаѓа во неговиот  живот. За жал, таму го губам сето останато, сета останата убавина. Оти еден човек е една слика и врз една слика нема само едена боја.
- Може некоја боја да не ми се допаѓа, но сликата е композиција од многу бои. Јас останувам во она што не ми се допаѓа, го осудувам, го отфрлам, тоа станува причина за битка, за напрегнување но, го губам сето останато. Сигурно е, дека ќе го изгубам сето останато. Многу од нештата, кои не ми се допаѓаат, се наоѓаат на таа особена етапа на развиток и мојот егоизам не ми дозволува да видам во кој правец тоа ќе појде, како ќе се развие и до каде може да стигне. Така што многу пати се борам со тоа, го напаѓам, и го терам другиот да го исфрли она, кое што јас го сметам за непотребно.
Бог да нé сочува и да нé  помилува и да нé побара среде отпадоците на нашиот живот, затоа што, се плашам, дека нашите одпадоци може да нé осудат, оти може да се случи да сме исфрлиле души, возможности, таланти, дарови, луѓе, односи, време.
На тој начин, го терам другиот да го исфрли она, кое што јас го сметам дека е грдо но, не ја гледам целата перспектива на развитокот и преобразувањето. Многу пати пак, некој може да  смета нешто за убаво, кое во крајна линија, ќе се покаже како најголемата грдотија во неговиот живот. Затоа е многу важно да сме многу внимателни.


- Не само во грдото пајче се криел еден убав лебед но, и во нашите отпадоци, за кои рековте, може да се крие  нашето постоење, кое е дар Бог, дишењето низ Бог. Преку оваа убава приказна можеме да видиме, дека тој лебед, прекрасното, убавото, силното може да се крие и во нас и во другите луѓе. Да се трудиме да го осознаеме, да го видиме, да го чекаме со трпение и да дојде тој резултат.


- Токму така. Ако ја осознаам убавината на животот, ќе станам негов свештенослужител, а не негов хулител. Ако ја осознаам убавината и сакралноста на животот на другиот, никогаш нема да го уништам. Ако ја осознаам дури само убавината, која Божјата љубов ја дала, ја распрснала и ја посеала врз почвата на човечкото суштествување. Не постои ништо грдо. Го сметам за грдо, затоа што го гледам од местото на егоизмот. Кога го гледам низ призмата на егоизмот, а тој сé обезличува, бидејќи, што тој ми кажува? Јас сум убав, сите други се грди. Кога човекот ќе застане на височината на љубовта (бидејќи станува прашање за височината) сигурно е, дека нема да види ништо грдо, а оттаму се ќе гледа рајски убаво!

крај на интервјуто



извор: https://sveticarboris.net/2019/06/04/%d0%bf%d0%b5%d1%89%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d1%80%d1%8f%d0%bb%d0%be%d1%81%d1%82%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b0-%d1%87%d0%b0%d1%81%d1%82/


Превод: м.б.

 

 

Друго:

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

  •  24ти февруари 2021 лето Господово

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная