логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Отец Санџакоски: Празниците се второ име за радоста
 


Отец Стефан Санџакоски:

Често, особено на празници луѓето се прашуваат: „Каде сме, каде одиме, што сторивме? Знаеме ли да се радуваме, што е животот? Колку е моќен човекот?“ Одговорите ни ги даде Отец Стефан Санџакоски од Струга.
 

 

 

Пред секој Божик – Раѓањето Христово или друг верски празник, човек најчесто се прашува себеси: Има ли радост во душата. И што да стори човек за да се чувствува возвишен? Отец Санџакоски со длабока смиреност и широка насмевка ни вели: „Празникот за свое второ име ја има радоста. Всушност радоста е суштина на човечкото историско постоење. Нема човек кој што не би дал се’, своите внатрешни духовни простори да ги исполни со чувството на радост. Но, радоста не доаѓа туку така. Таа не се купува со пари и не може да се искамчи на друг начин. Ќе дојде кога човекот ќе се причести со самата смисла на животот свој. Празниците кои за своја основа ја имаат моќта човекот да го приближат и да го стават во органска врска со самата смисла на животот се носители на таа радост кон која што исконски копнее природата на човекот.“

Човекот е во вечна потрага по среќата

Животот на човекот се сведува на голо историско постоење, на еден пат на транзиција кој што за почеток ја има гинеколошката клиника, а за свој конечен крај градските гробишта. Со тој живот нема човек кој што би се согласил, вели отец Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:   Санџакоски: „Најчесто под среќа се подразбира некој неочекуван дар – добивка на лото или некој друг подарок. Игрите на среќа се расцветале и во државниот и во приватниот сектор. Но, чинам дека тоа се само миговни радости зад кои повторно зјае пропаста од бессмислата на животот. Да бидете среќни, значи да се сретнете со некој, кој што ќе ве исполни. Ќе ви ги исполни сите животни очекувања и ќе ви го исполни целокупниот живот со среќа, така што ќе ги пробие историските детерминанти на овој свет век. Ќе ги спои просторот, времето и географските простори на планетата на која што живееме и ќе не воведе во еден свет во кој што царува животот што не знае за смрт. Такви се празниците кои што ни доаѓаат во пресрет. Тие не соочуваат со вечните димензии од човековото постоење.“

На лошото да се врати со добро!

Обично човек кога се преиспитува, го бара одговорот на религиската порака „На лошото да се врати со добро“.

„Тоа е типично евангелски постулат. На каменот да се врати со леб, на лошто да се врати со добро. Во тоа барање на добрата и благата вест Божја упатена кон човекот. Активно, динамично да го живее својот живот, наспроти етичкиот концепт на Бернард Шо, Махатма Ганди, Толстој, кој што бараат еден пасивен однос кон злото“.

Домот на отец Санџакоски црква во мало – отворена за сите

Отец Стефан Санџакоски Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Отец Стефан Санџакоски Отец Стефан Санџакоски е професор на Теолошкиот факултет во Скопје, студирал во Белград, а докторирал во Париз. Поделен меѓу Скопје и Струга тој им е оддаден на луѓето и Бога: „Нашиот дом или црква во мало. Го цитирам Свети Апостол Павле и неговото кажување за христијанското семејство. Куќава е вечно отворена за сите луѓе без селекција, секој со своите маки, радости и проблеми може да дојде кај отец Стефан како кај свој пастир. Како кај пастир на светата црква божја, да побара утеха и совет. Целиот мој живот се трудам да биде една голема неиспрекинета литургија, служена после светата литургија на која што со радост и се посветувам во секој неделен ден и на секој голем празник. Подготвен да го прегрнам братот мој што ми приоѓа имајќи потреба од таа средба со мене“, вели Санџакоски.

Со желби за среќни празници и многу радост во душата отец Санџакоски вели: „Божик – раѓањето на нашиот животодавец и спасител Богочовекот Христос не е локална традиција, туку празник со универзално значење. Фокус во кој што се собираат животните линии на сите луѓе, на сите генерации и сите времиња. Божик е клуч за разбирање на тајната на човекот и тајната на Бога. Христос се роди! “

Автор: Милчо Јованоски 

Редактор: Александра Трајковска

Извор: http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15649323,00.html



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная