логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Zlatko.Brnjarcevski.jpg

III.Астрологијата и современоста

          Врз основа на досега кажаното, можеме да заклучиме дека астрологијата  има демонско потекло и погубно влијание врз цивилизациите кои ја ги прифаќаат, како и негативниот став на Православната Црква спрема сите видови окултизам. Ако ја погледнеме современата слика на развојот на астрологијата во светот, ќе забележиме дека скоро секој поединец го знае својот хороскопски знак. Во САД, Канада и поголемиот дел од европските земји, девет од десет луѓе  го знаат својот астролошки  знак иако повеќе од половината не ја знаат својата крвна група. Кога се работи за љубов, деловна работа или каква и да е друга потреба, денес огромен број на луѓе редовно ги проверуваат и консултираат своите астролошки предвидувања. На северно-американскиот континент преку 1000 весници редовно  на своите страници објавуваат разни хороскопи. Секојдневно се печатат безброј разни астролошки прирачници и книги. Во други земји како во Индија, астрологијата е дел од животната традиција на секој индиец. Таму астролозите се консултираат пред донесување на секоја значајна одлука или пак пред  да се направи одреден чекор во животот.
             Во Русија, 1991 година излезе и првиот постреволуционерен астролошки зборник под наслов “Тамара” со тираж од половина милион примероци. Тамара  е името на сопругата на Павле Глоб, која е и автор на зборникот. Да го разгледаме оттаму преземениот напис со наслов “Авестиската школа на астрологијата”. Во овој текст Тамара нагласува дека нејзината астролошка школа се заснова на авестиската астролошка традиција, чиј чувар бил зороастризмот. Во истиот напис Тамара неколку пати го цитира Евангелието и укажува на исказите на црковниот деец од XVII век, Симеон Полоцки. На тој начин кај неискусниот читател тоа може да разбуди илузии за согласност на нејзиното учење со учењето Христово. Но, тоа е само идеолошки мамец кој со авторитетот на христијанството сака да го отстрани сомнежот на читателите во однос на учењето на астрологијата. Во сета оваа работа, од почетокот до крајот, содржината на написот на Тамара Глоб не само што не одговара на евангелското учење, туку  таа и директно му се спротиставува.
Тамара, според нејзините зборови, тргнува од основниот закон на авестиското учење “… законот на кармата…, кругот на овоплотувањето, односно повеќекратното раѓање на човечките битија… и стои на позицијата на реинкарнацијата -преовоплотување и еволуција - од минерали, растенија, животни, човек се до повозвишени битија”. Сeто ова наведено претставува очигледна ерес, осудена на христијанските Вселенски Собори. Христијанството учи дека животот на човекот е даден само еднаш и дека од начинот на кој тој го живее живот, ќе зависи неговиот удел во вечноста. До Страшниот Суд, состојбата на душите преку молитвите на Црквата и ближните може да се промени, а потоа е неизменлива: или Рај, или пекол, средна состојба нема. Исто така, во својот текст Т. Глоб констатира дека авестиското учење е наше традиционално учење. Во Русија долго го пренесувале тоа паганските жреци, од татко на син, и грижливо го чувале со векови”. Тука интересен е повикот за враќање во паганството, “религијата на нашите предци”. А, тоа во суштина значи – “доле Христијанството, да го отфрлиме Христа, назад кон идолите, врачевите, маѓесниците, волшебството односно општењето со демоните”!
Својата задача Тамара Глоб ја гледа во тоа да им помогне на луѓето “да ја подготват свеста за промените што ќе настапат, за да може што повеќе луѓе да успеат да го достигнат нивото…заради примањето на новиот месија кој ќе се јави во Русија”. Овој нејзин исказ го потврдува Тимур Свиридов, еден од извонредните претставници на школата на Глобови. Во написот “Што ни подготвува Водолијата”, тој објавува: “Денес на нашата планета се формира нов тип на луѓе, нова раса, која ќе ги владее за нас непознатите способности на окултната природа… За нас е неопходно кај луѓето да развиеме силно астролошко мислење”.
И понатаму: “Павле Глоб претскажува дека 1999 година ќе дојде “месија”, што значи Христос, Помазаник, кој наводно ќе се роди во Русија, и ќе даде на новата епоха на Водолијата свој поглед на светот, нов тип на религија”.
Од сето ова што погоре го изнесовме гледаме дека пропагандата на астрологијата и магијата во Русија игра строго одредена улога и ја следи својата цел. Астрологијата и магијата треба да бидат уште едно средство за формирање на луѓето во нехристијански и демонски дух. Настапува инвазија на окултизмот врз современиот свет, жестока борба за окупација на умовите и човечките срца, која се одвива од порано на подготвената подлога на безбожништвото. Верата ја исмејувале, храмовите ги рушеле, христијанските книги ги палеле, создадениот вакуум во душата настојувале да го пополнат со атеистичките идеи и материјалистичките будалаштини. Современиот човек посегнал по духовниот живот и истите тие непријатели веќе  на големо му предлагаат нова духовна храна – окултизмот.

IV. Присутноста на зодијакот во фрескитe

Енигамтичното небо отсекогаш ги фасцинирало  и инспирирало  луѓето од сите краишта на светот. Тоа резултирало континуирано набљудување на небото и индетификација на најсјајните ѕвезди и соѕвездија низ вековите. Месопотамските цивилизации веке во 5 век пред Христа ја оформиле целосната слика на дванаесетте соѕвездија кои денес се познати под името зодијак. Зодијакот, како астролошки систем, бил непознат за европските цивилизации сè до времето на Македонскиот цар Александар Велики. Експанзијата на неговите освојувања, обединувањето на културните и религиските системи, довеле до темелно изменување на историскиот профил на светот.
Популарноста на астрологијата ја достигнала својата кулминација во римскиот период, кога претставите на зодијачките знаци се прикажувале во храмовите, на саркофази, скулптури, медалјони, монети и сл.
Единствената сочувана претстава на зодијакот во Византиското монументално сликарство се наоѓа во нартексот на црквата Св.Архангел Михаил во Лесново. Во јужниот дел од нартексот илустрирани се последните три псалми ,при што 148 псалм е претставен на јужниот свод. Во темето на сводот е прикажан Христос во двослоен медалјон, како седи на херувим и благословува со десната рака додека во левата држи затворен свиток. Од двете страни на медалјонот се насликани симболични претстави на сонцето и месечината, небесните небеса, облаците на градот и снегот како и знаците на зодијакот и планетите. Централниот дел од оваа композиција илустрира дел од првите четири стихови од 148 псалм:
-Славете го Господа од небесата, Славете го во височините!
-  Славете го, сите ангели Негови, славете го сите воинства Негови!                                                                   
- Славете го сонце и месечино, Славете го сите ѕвезди блескави!                                                              
-Славете го, небеса над небесата , и вие, вишни води над облаците!
Помеѓу симболите на Сонцето и Небото, насликани се зодијачките знаци на овен  и бик, претставени допојасно како ги држат своите астролошки знаци и ракот кој со двата краци го држи својот знак. Под нив е персонифицираниот приказ на планетата Јупитер, замислен како допојасна женска фигура сместена во неправилна рамка, со соодветниот знак во рацете. Следат Близнаците, насликани како две голи машки фигури со споени раце и нозе, па лавот кој е прикажан допојасно со својот астролошки знак во шепите. Десно од лавот е насликана гола-крилата машка фигура која јава на двоглав ѕвер. Оваа фигура од претходните истражувачи беше индетификувана како Стрелец.
                Во најдолниот појас се наоѓаат трите планети - Марс, Меркур и Венера, сите претставени како допојасни крилати фигури. Марс и Венера се преставени како девојки гледани од грб, додека Меркур е насликан како проќелав маж. Овие планети вклучувајќи ја и претставата на Јупитер, се прикажани во рамки со неправилен облик, кои во средновековното сликарство го симболизираат движењето на пловилата по небото, за кое се верувало дека се состои од вода.
  Во оваа низа се насликани и зодијачките знаци Риба, како четири кружно испреплетени риби и знакот Вага, во вид на две глави на момчиња, споени со заеднички врат, над кој е поместен соодветниот астролошки знак. Сите зодијачки знаци, како и планетите, се проследени со соодветни натписи насликани се како ги држат своите астролошки симболи во рацете. Помеѓу вообичаените иконографски решенија на зодијачките знаци во Лесново, среќаваме и две оргинални претстави. Зодијачкиот знак Вага(две глави споени со заеднички врат ) и зодијачкиот знак Риби (четири кружно испреплетени риби), за прв пат се прикажани на овој начин во Лесново. Зодијачките знаци, како дел од 148-от псалм, повторно се илустрирани дури во 1591 година на иконата Хвалите Господа, која потекнува од Кучевишкиот манастир Св.Архангели.
Последната претстава на зодијачките знаци во македонско пост-византиското  сликарство, се наоѓа во нартексот на црквата Св.Ѓорѓи во Полошкиот манастир. Сводот на нартексот е целосно прикриен со илустрации на последните три псалми при што се илустрирани десет стиха од 148-от псалм, три од 149-от и сите стихови од 150-от псалм. Во оваа композиција е преставен Господ Исус Христос како Седржител, насликан е со црвен хитон како благословува со десната рака, додека во левата држи затворено евангелие. Околу него се насликани  вкупно 33 ангели, 4 херувими и 2 престола. Следат претставите на Бик, Близнаци, Скорпија, Водолија, Риби, Стрелец, Јарец, Рак, Девица, Лав и Вага.
На оваа композиција зодијачките знаци немаат точен редослед, а покрај тоа се направени неколку грешки при сликањето и испишувањето на соодветните имиња на месеците и знаците.
Четирите кружно испреплетени риби, како симбол за овој знак, се среќаваат само во Лесново, Кучевиште, Полошко и во Драгалевци, додека кај сите останати илустрации на зодијакот од сите периоди најчесто се сликаат две риби, а многу ретко една или три. Според Г.П.Шименс, безредието на зодијачките знаци извонредно потсетува на потеклото на зодијакот од Страшниот суд и ја засилува иконолошката поврзаност меѓу псалмот 148 и Апокалипсата. Меѓутоа, во сцената Тркалото на животот, на која е прикажана средновековната идеја за минливоста на овоземниот свет, зодијачките знаци секогаш се претставени со точен редослед, според упатствата на Дионисиј од Фурна. Во оваа сцена, за разлика од Апокалипсата и Псалмите, зодијакот има за цел да го означи времето, односно патот на сонцето низ фиксните ѕвезди .  
Во сосема поинаков контекст, зодијакот се јавува и на критската икона „О тебе радует сја”, од втората половина на ХVI, како и на повеќе икони од Македонија од ХVIII и ХIХ век, каде што зодијачките знаци се насликани во појас околу сферата којашто ја држи Христос.
Тоа значи дека симболиката на зодијакот варира во зависност од сцената во која е претставен и дека не може да генерализираме врз основа поедини иконографски сличности од различни сцени. Функцијата на зодијакот во последните псалми може да ја одгатнеме само преку неговите иконографски особености, поради фактот што нема текстуална предлошка во Библијата, а не е споменат ниту во сликарскиот прирачник на Дионисиј од Фурна.        
 Свети Јован Дамаскин не го негира постоењето на зодијачките знаци и планетите, меѓутоа нагласува дека небото опстојува и се одржува само со Божјата помош, а за ѕвездите вели дека ги поставил Бог за да бидат знаци на  времето, деновите и годините. Покрај тоа, Дамаскин  нагласува дека ѕвездите не се предзнаци на нашите дела и не може да влијаат на човечките животи, туку може само да бидат предзнаци на дождовите и на временските промени. Според тоа можеме да констатираме дека претставите на зодијакот во состав на последните три псалми имаат за цел да ги поучат верниците дека ѕвездите, соѕвездијата и сите небесни тела се подредени на Бог Седржител.
Зодијакот прикажан на овој начин, претставувал најдобра одбрана на свештенството од разните пагански и еретички верувања дека зодијачките знаци и останатите ѕвезди можат, на било кои начин, да влијаат врз судбината на луѓето.

 

ЗАКЛУЧОК
     
Создавајќи го човекот како слободно битие, Бог, уште во рајската градина благословил животот на човекот, да се одвива и развива во заедница, пред сè со Троичниот Бог, без кого не постои вистински живот и вистинско заедничарење, а потоа и со сите луѓе и со сè што е создадено на земјата. Секоја вистинска љубов може да биде плодна, доколку го има за својот извор и утока во Бога. Христијанството учи дека животот е Божји дар и треба да се почитува и да се живее според Божјата волја. Христијанинот треба да се стреми својот живот да го изгради според Божјата волја, бидејќи за своите постапки нема да одговараме пред зодијачките: бикови, јарци, риби, туку пред Бога, Распнатиот и Воскреснатиот Христос Кој за сите нас ја пролеа Својата Пречиста крв.
Поголеми сме не само од ѕвездите туку и од сè друго што е створено, бидејќи сме создадени по слика и подобие на Светата Троица. Затоа, за да имаме вистински христијански живот, астролошките претскажувања се непотребни и според сведоштвото на Црквата, тие се грев. Врз основа на Светото писмо, од искуството на светите луѓе, може да се потврди дека астрологијата не само што не помага, туку директно го попречува достигнувањето на главната цел, а тоа е наследувањето на Царството Небесно.
Ѓаволот, на Адам и Ева им рекол дека, ако вкусат од забранетиот плод на дрвото за познавање на доброто и злото ќе станат како „богови ”. Тие го вкусија плодот и умреа, одвојувајќи се од Бога Кој е Живот. Ова искушение се повторува и денеска. Секој од нас во секој момент се до последниот здив може да бира живот или смрт.БИРАЈТЕ!!!
Во сето она што Бог не го благословил, во сето тоа се крие ѓаволот. Во сето она што не е живот, во истото демне смртта. Големиот писател Вилијам Шекспир во делото „Јулие Цезар”- вели: „Нашиот пад не е предизвикан од ѕвездите, туку од самите себе”. Од сето ова дознаваме дека Бог очигледно не ја благословил астрологијата.


БИБЛИОГРАФИЈА
I. Свето Писмо, Британско Инострано Библиско друштво – Лондон 1990.
КОРИСТЕНА И КОНСУЛТИРАНА ЛИТЕРАТУРА
1.  Амфилохие, митрополит, Сујеверје клањање ђаволу, Цетиње 2001.
2.  Bakalova Е., The wheel of life in 17th Century painting – Iconographical Sources, ЗЛУ 32 – 33,Нови Сад 2003.
3. Алевизопулус Антоние, Астрологија у светлости православља, (прев. Владимир Димитријевић), Цетиње 1999.
4.  Габелић С., Манастир Лесново,Београд 1998.
5. Гаврил  Светогорец, епископ, Сведоштвоза демонските влијанија врз човекот, Брегалничка Епархија, Штип 2006.
6. Грозданоски Ратомир, протоѓакон, Евангелие според Матеј, прилог кон проуцувањето и толкувањето на евангелскиот текст, Скопје 1993.
7.  Грк  Максим – II дел „Догматско полемички трудови ” Свето Троицко, Сергеева Лавра 1910.
1930.
 9.  Дамаскин Јован, свети, Тачно изложење православне вере, Београд 2006.
10. Димитријевић Владимир, Човек је виши од звезда, Цетиње 1998.
11. ΔΙΟΝΥΣΙΟΥ ΤΟΥ ΕΚ ΦΟΥΡΝΑ, ΕΡΜΗΝΕΙΑ, ΤΗΕΖΩΓΡΑΦΙΚΗΕ ΤΕΧΝΗΣ, St.Petersbourg 1909.
12.Иљашенко Александар, ,,Може ли да постои христијанска астрологија?”,                             Троичник,,бр.26,Штип 2009.
13. Калезић М. Димитрије, Упознајмо Религију из историје и философије религије, Београд 1982.
14. Карелин Рафаил, архимандрид „Астрологија и Православље”, Православље и магија,  Београд 2007.
15. Кремењ В.И „ О астрологији ”, Православље и Магија, Београд 2007.
16. Кураев Андрей, Почему православные такие?.., Москва, 2006.
17. Јустин Келиски, архимандрит, „Поклонувањето на мудреиците”, Троичник, бр23, Штип 2008.
18. Менó А. ,Ответò на вопросò, Магиö, Оккулóтизам, Христианство,Москва 1996.
19. Митревски Трајан, протоереј, Православна христијанска апологетика,Скопје 1983.
20. Мустеников Александар, Штетните учења на астрологијата реинкарнацијата и феноменот НЛО, Виндзор 1996.
21. Николиќ Новаковиќ Ј.,За циклусот на свети Ѓорѓи и зографот од припартата на Полошкиот  манастир, Културно Наследство 17-18(1990-1991), Скопје 1994.
22.  Нустрем Ерик, „Библиски речник”, Канада-Торонто 1989.
23. Петрогратски Родион, свештеник , Луѓе и Демони, Охрид 2004.
24. Петрогратски Родион, презвитер, „Астрологијата и Магијата во светлината на Православното учење”, Православен пат, списание на Скопската епархија, бр.23, Скопје 2009
25. Радојчић С. ,Икона „Хвалите Господа”, из црквеног музеја у Скопљу, ГСНД XXI,Скопје 1940.
26. Руски астролошки зборник„Тамара”бр.27,Москва 1991.
27. Тацијан, „ Беседа против Хелените”, Рани отци на Црквата, Брисел 1988.
28. Требник, Москва 1904.
29.Тутковски Мишко,Преставите на зодијакот во Византиското и пост-византиското сликарство од Р.Македонија, Patrimonium.mk, списание за културното наследство-споменици, реставрација, музеи, бр.7-8, Скопје 2010.
32. Феликс Минуциј Марко, „Октавијан”, Раните отци на Црквата, Брисел 1988.
33.Ђурић С.,Христ Космократор у Леснову,Зограф 13,Београд 1982.
34. Weitzman К.,The Icon ,London1982.


СОДРЖИНА

 Вовед .....................................................................................................................1

I.Поим, историја и потекло на астрологијата ....................................................3
               
II. Односот на Старозаветната и Новозаветната Црква кон астрологијата....8
             
          II.1. Светите отци Учители на Црквата за астрологијата......................13
        
          II.2. Магите – Мудреците и Христовото Рождество..............................18

III. Астрологијата и современоста......................................................................24

IV. Присутноста на Зодијакот во фреските.......................................................27

Заклучок ...............................................................................................................31

Користена и консултирана  литература.............................................................32
 

Друго:


Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„Св. Климент Охридски” - Скопје

ДИПЛОМСКИ ТРУД- ПРЕДМЕТ: АПОЛОГЕТИКА

ТЕМА
АСТРОЛОГИЈАТА НИЗ ПРИЗМАТА НА  ПРАВОСЛАВИЕТО


  Ментор:  Проф. м-р Петко Златески      

                   Zlatko.Brnjarcevski.jpg

                   

Zlatko.Brnjarcevski.jpg

   Изработил:
    Жарко Брњарчевски

                                                                                                
Скопје, март 2012

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная