логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Се говори дека во Црквата има седум свети тајни (Крштение, Миропомазание, Евхаристија, Свештенство, Брак, Покајание, Маслосвет). Овој определен број е под влијание на западната теологија; во Црквата сè светотаинствено, така што можеме да кажеме дека има повеќе таинства (монаштво, освет на вода, погреб итн.).

7754618_orig

Крштение. Преку трикратното потопување во вода, човекот се сопогребува и совоскреснува со Христос, се раѓа за нов живот и станува нова твар. Со Крштението човекот станува член на Црквата, добива дар на простување на гревовите и станува потенцијален наследник на Царството Божјо.

3063859_large

Миропомазание. Во раната Црква ова се извршувало со полагање рака. Денес е неодвоиво од Крштението и се врши со помазување на свето миро. Преку оваа тајна човекот го прима дарот на Светиот Дух, т.е. Самиот Дух.

Евхаристија. Ова е Тајна на тајните. Заедницата на верните се остварува како Тело Христово, Црква. Заедницата, возглавена од свештеникот, принесува леб и вино (символ на целото творение) кои по дејството на Светиот Дух се претвораат во Тело и Крв Христови. Причестувајќи се со нив, верните се соединуваат со Христос и еден со друг меѓу себе. Последниве три свети тајни (Крштение, Миропомазание, Евхаристија) во раната Црква се доживувале неодделно како една Тајна на стапување во Црквата. Евхаристијата е Тајна на Христовото присуство, предвкусување на Царството Божјо.

03428_last_supper_dionisios_fentas_1587x839_orig

Во Литургијата мистично се продолжува Тајната Вечера, која Господ им ја подготвил на Своите ученици, а тоа е истата Трпеза која Господ таинствено ја подготвил и во Царството Божјо. Во овој век Трпезата е отворена за сите поколенија на верници, кои го сочинуваат нераскинливото единство на Телото Христово, кое е Црквата. Затоа на православните икони на Тајната Вечера, апостолите го заземаат половината од просторот, а другиот е отворен за нас, за сите оние што ќе пристапуваат кон Причеста до крајот на светот.

imwgc1MonNQ

Свештенство. Преку ракополагање избрани членови на Црквата добиваат дар на учителско и пастирско служimwgc1MonNQење. Оваа тајна никогаш не била одвоена од Евхаристијата, за разлика од другите кои, од различни причини, биле одделени од неа.

02_greek_orthodox_wedding

Брак. Два члена на Црквата, маж и жена, стануваат една плот, ново единство, на кое му е дадено благодат за прераснување во совршено единство на љубовта.

94474.b

Покајание (Исповед). Преку оваа тајна, човекот кој со одредени гревови се изопштил од единството на Црквата, повторно се соединува со неа и учествува во нејзините тајни.Треба да се прави разлика помеѓу Исповедта како света тајна и духовниот разговор со духовниот отец.

168356.x

Елеосвештенство (Маслосвет). Преку помазување со свето масло се предава благодат за телесно и духовно исцеление. Оваа тајна има корен уште од апостолско време: Болен ли е некој меѓу вас? Нека ги повика црковните свештеници, нека се помолат над него и нека го помазаат со елеј во името на Господа. И молитвата со вера ќе го подигне болниот и ако направил гревови ќе му се простат (Јк 5,14-15). Оваа тајна не се вршела само над болните, туку и над сите верни. Традиционално кај нас за сите се врши на Велики Четврток.

Светите тајни во себе ја содржат идејата на преобразување. Не случајно на Венчавка се чита за свадбата во Кана Галилејска, каде Христос водата ја претворил во вино.


CANA wedding

 Имено, се укажува дека старото треба да се преобрази во ново, природниот брак во света тајна. При извршувањето на светите тајни се користат различни елементи од природата: вода, масло, леб, вино. Преку тајните уште сега се пројавува новото создание, Царството Божјо кое сега се предвкусува, но конечно ќе се исполни на крајот од времето, кога сè ќе биде преобразено: времето во Вечност, светот во Црква.

 Г.Г.

http://mistagogia.mk/svetite-tajni-vo-crkvata/

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2157
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2172
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 620
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/05/2026 - четврток

+Преп. Гаврил Велички; Преподобен Пахомиј Велики; Св. Ахил, епископ Лариски; Преподобен Силуан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Светиот Христов епископ Ахил Преспански, Лариски (28.05.2026)

Тропар на Светиот Христов епископ Ахил Преспански, Лариски (28.05.2026)

 Кога Христос би бил Божја творба,залудна би била нашата борба,

Тропар на светиот маченик Христов Исидор Хиоски  27 мај/14 мај  2026

Тропар на светиот маченик Христов Исидор Хиоски 27 мај/14 мај 2026

Радувај се Исидоре свети мачениче,кој Божјата волја во срцето,

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная