логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


КОЛКУ ШТО ОДИМЕ ПОБЛИСКУ ДО ХРИСТОС,
ТОЛКУ СТАНУВАМЕ ПОБЛИСКИ МЕЃУ СЕБЕ

Georgij.Kapsanis.interv.jpg
Интервју со aрхимандрит Георгиј Капсанис
игумен на манастирот Григоријат, Света Гора


Старче, изгледа дека човекот нема љубов, туку намера за љубов. Ако е тоа вистина, тогаш кон што треба да се насочуваат неговите обиди за вистински да возљуби?
Човекот од Бог ја има благодатта да љуби, но тој дар го има во потенцијал. Дарот треба да стане дејствителен. За да преминеме од потенцијал во дејствителност, секој од нас треба да се ослободува од себељубието, кое е болна егоцентрична љубов кон самите себе. Светите Отци велат дека никој не може да биде богољубив и човекољубив, ако е себељубив. Следствено, целата борба е во тоа да се ослободиме од нашето себељубие, а тоа не може да се случи без многу подвиг и молитва, и без Божјата благодат. Светителите го надминале нивното себељубие и затоа можеле вистински да ги возљубат Бог и човекот. Сега ние, пак, љубиме во мерата според која се ослободуваме од нашето себељубие. Колку помалку сме себељубиви, толку повеќе вистински љубиме. Колку повеќе сме себељубиви, толку помалку љубиме. Борбата на христијанинот се состои во следново: непрекинат бунт што треба да го насочи против неговото јас, односно против неговиот болен егоизам, за индивидуата да стане личност. Индивидуата станува личност кога се отвора кон Бог и кон луѓето, односно кога е во заедница со Бог и со луѓето.
Што е индивидуа, што е човек и што е личност?
Човекот е Божјо создание кое може да стане индивидуа или личност. Индивидуа станува кога е затворен во себеси и не општи ниту со Бог, ниту со луѓето, и кога нема внатрешна духовна заедница, и кога не го надминува својот егоизам. Индивудуа е и една мачка, едно куче, односно индивидуа е биолошко постоење. Но, колку што повеќе стекнува заедница со Бог и со луѓето, човекот ја надминува индивидуата. Бракот многу помага во тоа бидејќи гледаме двајца млади кои уште пред да се возљубат еден со друг, секој од нив се разбира само себеси и вели јас, но штом вистински ќе се возљубат помеѓу себе, тогаш се чувствуваат соединети еден со друг и велат ние. Тоа надминување на јас и на ти, кои стануваат ние е веќе нешто што ги води младите луѓе кон тоа да станат личности, да живеат во заедница. Но, како што реков и претходно, таа заедница не треба да се ограничува во меѓусебната заедница на двајцата млади кои се љубат, туку треба да напредува во љубов кон Бог и во љубов кон сите луѓе.
Која е смислата на бракот и која е неговата цел според денешното општество, но и според нашата Црква?
Според општеството, вие кои живеете во светот знаете подобро од мене. Според Црквата ова е голема Тајна, а јас ви зборувам за Христос и за Црквата. Црквата, апостолот Павле, Божјото слово сакаат бракот да не биде обичен општествен договор и биолошки настан, туку да биде и духовен настан, па да им помага на луѓето во нивното духовно восовршување. Тоа е една од кожните облеки, со кои Бог го облече човекот по падот, заради утеха во неговото прогонство и во неговата смртност. Значи, бракот е свештена институција, благословена од Бог, која им помага на луѓето да ја живеат тајната на љубовта. Затоа светиот Јован Златоуст бракот го нарекува тајна на љубовта. Во тоа психосоматско единство луѓето учат да го надминуваат нивниот егоизам, односно јас и ти да стануваат ние. Потоа, да можат да се љубат еден со друг, едниот да му се принесува на другиот, едниот да има трпение кон другиот и да се жртвуваат еден за друг, така што таа љубов помеѓу двајцата сопружници, како што минува времето, да станува посовршена, поисполнета и позрела. Во бракот брачните христијани треба да созреваат, со текот на времето, и да постигнуваат поголеми степени на љубов, која нема да биде само телесна, туку ќе биде и духовна. Таа љубов полека-полека да се проширува и на оние вон семејството, односно во почетокот на децата кои ќе дојдат на свет, а потоа да излегува од семејството и да го прегрнува целиот свет.
Ние православните христијани треба да внимаваме, затоа што дури и во таа семејна љубов може да има егоцентризам, ако ги љубиме само оние кои се во четирите ѕидови на нашиот дом. Тоа е демонска љубов. Ние го љубиме нашиот животен другар и нашите деца за потоа да можеме да го возљубиме целиот свет. Значи, љубовта почнува од семејството, но не завршува во семејството, туку треба да биде севкупна (соборна) љубов за сите луѓе. Господ вели: „возљуби го својот ближен како себеси“. Ако не го возљубиш својот ближен, а во случајов сопругот или сопругата, децата, родителите и браќата, тогаш како ќе ги возљубиш подалечните? Ги љубиш блиските за да ги љубиш и далечните. Не ги љубиш блиските за да останеш само на тоа, затворен во една семејноцентрична љубов, како што видов дека се случува во Америка, каде што луѓето навистина го љубат семејството, но само заради себеси. За нас, семејството постои за да биде мост кој ќе нè одведе во љубовта кон Бог и кон сите луѓе. 
Бракот е Света Тајна. Старче, што е Света Тајна?
Светата Тајна, техничкиот термин „Света Тајна”, значи дека дарот се дава со видливо нешто, но она што се извршува, односно соединувањето на мажот и жената, е невидливо (духовно). Целата Црква е Света Тајна на Богочовечко соединување и заедница. Моменти на таа единствена Света Тајна на Црквата се таканаречените седум Свети Тајни преку кои се означува Црквата, според светиот Никола Кавасила. Значи во нив се пројавува Црквата, Црквата се реализира како заедница на Бог и луѓето, и се дава благодатта на Светиот Дух. Според тоа, и бракот е Света Тајна на соединување на сопружниците во Христос и во Црквата. Соединувањето на сопружниците не е само помеѓу нив, туку е во Христос и во Црквата. Светата Тајна Брак го осветува тоа соединување и го прави црковна Света Тајна.
Старче, што значи тоа дека бракот е образец на Христос и на Црквата?
Односот на младоженецот и невестата е икона, која го покажува односот на Христос и Црквата, каде што постои многу длабоко единство на Христос и Црквата, а истовремено личностите не ја губат својата природа. Христос останува Христос, а невестата (душата) останува човек. Се случува соединување на Бог и човекот, без Бог да престане да биде Бог, а човекот без да престане да биде човек. Значи, нема конфузија. Како што Христос ја љуби Црквата и како што Црквата е соединета со Христос, така и сопружниците треба да се љубат еден со друг и да бидат соединети помеѓу себе, но и со Црквата.
Општа констатација е дека бракот и семејството денес минуваат низ најдлабока криза. Старче, кои се причините за оваа криза?
Мислам, најосновното е тоа што го реков, луѓето немаат разбрано дека бракот и семејството постојат за да го надминеме нашиот егоизам и за да се смириме вистински. Кога сопружниците сфаќаат дека целта на бракот е стекнување на најголемото можно подобрување на личноста со взаемно смирение, тогаш се менува нивниот став во бракот. Меѓутоа, ако мислат дека бракот е егоистично задоволување и наметнување на нивното јас, итн., тогаш ќе имаат неуспех. Обично во бракот имаме судир на егоизми, па затоа тој доживува неуспех. Ако едниот сопружник е егоист, а другиот е смирен, тогаш се спасува нивниот брак. Ако и двајцата се смирени, тогаш бракот има голема благодат и благослов од Бог, а тоа им помага ним и на нивните деца. Тоа и се бара, како двајцата сопружници да станат смирени, па со смирението и самите да напредуваат како личности, а да напредува и бракот и семејството. Но макар и еден да е смирен, пополека му помага на другиот да стане смирен. Смирението носи смирение, а егоизмот носи егоизам. Според тоа, работата е кој ќе го скрши оклопот на егоизмот со своето смирение.  
Дали можеби философијата, западната култура и средствата за јавно информирање имаат придонесено за кризата во бракот и во семејството? И ако имаат, тогаш кој е начинот за одбрана?
Ѓаволот ги употребува философијата и културата, и ги прави свои инструменти, за да ги вовлекува луѓето. Тоа се случува денес. Бидејќи философијата денес е егоцентрична, човекоцентрична, индивидуалноцентрична, затоа таквата култура, нормално, не им помага на луѓето, ниту му помага на бракот да живее правилно, ниту на што било друго да живее правилно. Следствено, атмосферата на таа егоцентрична култура има најдлабоко влијание врз институцијата на бракот и врз сите институции на човековиот живот, ги труе и ги води во катастрофа. Но, поради таа причина ние треба да се обидуваме да влеземе во климата на Црквата. Колку што ние се обидуваме да ја одбегнеме атмосферата на таа човекоцентрична и егоистична клима на нашата епоха со тоа што ќе живееме во Богочовекоцентричната клима на Црквата (која е крајно спротивна), толку повеќе можеме правилно да се соочуваме со бракот и со сите институции на нашиот живот, и со сите детали на нашиот живот. Нормално, нешто што ни помага да живееме во Богочовекоцентричната клима на Црквата, е нејзиниот литургиски живот, односно нашето учество во богослужбениот живот на Црквата. Надвор од Црквата царува човекоцентризмот, а во Црквата царува Богочовекоцентризмот. Следствено, влегувајќи во Црквата се детоксицираме од духовните отрови што секој ден ги примаме надвор во општеството во кое живееме. Се врши духовна детоксикација. И така ги усвојуваме љубовта и духот на Христовата жртва, трпение и смиреномудрие. Центар на нашиот живот да биде Христос. Тоа ни помага поправилно да го заштитуваме и нашето семејство.


Философи, социолози и други научници, и политичари се обидуваат да пронајдат начини за соочување со проблемите на бракот. Мислите ли дека такви правни или советодавни начини можат да ѝ помогнат на институцијата на бракот?
Видете, и тие може нешто да сторат, но не можат суштински да помогнат. Може нешто второстепено да придонесат. Меѓутоа, ако Господ не ја изгради куќата, залудно се труделе градителите. Затоа основата на бракот е: во Христос преродувањето на луѓето во Црквата, односно нивниот живот во Црквата. За некои психолошки и слични проблеми може да помогнат и оние кои се занимаваат со проблемите на бракот, но само ако не се инспирирани од атеистички начела. Знам брачни луѓе кои за помош отишле кај психолози со атеистички начела и наместо добро претрпеле штета. Доколку психолозите, социолозите и правниците се луѓе со христијанска вера, тогаш може да помогнат и со тие науки, и во секој случај штета нема да сторат. Секако, ако не се христијани, може да направат и штета.
Што значи автономија, себељубие и егоизам, и во колкава мера истите имаат одговорност за кризата на бракот и на семејството?
Себељубие, егоизам и автономија е кога се сметаш себеси за центар на светот и кога не сакаш со смирение да прифатиш дека ти не си центарот на светот, туку дека тоа е Пресветиот Бог. Ниту можеш да бидеш послушен кон себеси, затоа што ти не си се создал себеси, туку си Божјо создание и според тоа треба да бидеш послушен на Неговата волја.
Веруваме дека православниот брак е Света Тајна и дека не се раскинува. Според тоа, како се објаснува фактот дека и тој се наоѓа во истата криза со граѓанскиот и со еретичкиот брак?
Затоа што, како што рековме, и христијаните учествуваат во овој разболен свет. Следствено, не е можно и нивниот брак да не ги следи симптомите на болниот свет. Меѓутоа, ако сопружниците се осветуваат, тогаш сето тоа се надминува.
Веруваме дека православниот брак е Света Тајна и според тоа е нераскинлив, бидејќи Светиот Дух ги соединува сопружниците. Меѓутоа, како се одржува нераскинлив, кога сопружниците се одвраќаат еден од друг, при што Светиот Дух ја повлекува Својата благодат од нив?
Секако, бракот е Божји дар и треба да станеме достојни за тој дар. Чинот на бракот не е нешто магиско. Во сè е потребна соработката помеѓу Бог и луѓето. Бог ја дава благодатта, а човекот се труди да стане достоен за неа. Навистина, во свештенодејствието на бракот слегува Светиот Дух и тоа врз оние кои одат во црква не заради формални причини, туку поради суштински причини, за да ја побараат благодатта на Светиот Дух. Светиот Дух слегува и го дава дарот на живеење во брак во Христос, но тоа трае доколку луѓето го сакаат и го бараат, а потоа го одржуваат. Светите Тајни не дејствуваат магиски. Треба да постои соработка и во вршењето на Светата Тајна и после неа, во текот на целиот брачен живот.
Што треба да знае и да стори некој за да може свесно да му каже на другиот:  ти си мојот живот, сега живеам за тебе? Значи, на кој начин јас станува ти?
Со смирението и со молитвата. Колку што напредуваме во смирението и во молитвата, толку повеќе и го чувствуваме другиот човек како Божји дар. Тоа е голема работа. Во бракот сопружниците треба да се чувствуваат еден со друг како Божји дар во нивниот живот.
Како може некој да го види другиот како Божји дар, кога му создава толку проблеми во животот?
Проблемите може да постојат, но ни помагаат во подвигот на трпението и на смирението. Треба за нив да имаме добри помисли, за да ги претвориме од негативни во позитивни. Го љубиме другиот човек таков каков што е, и покрај недостатоците што ги има, и покрај тешкотиите што ни ги предизвикува, за да бидеме и тој и ние какви што нè сака Бог.
Дали вљубениот љуби вистински или доживува трогнатост, или екстаза на некоја негова страст?
Еросот е Божји дар. Божји дар е, но поради падот, треба да се преобрази. Затоа што еросот сам по себе, без да се преобрази во димензиите на Црквата, на Божјото Царство, може да биде и страшно штетен. Гледаме двајца вљубени, како едниот го убива другиот или како се самоубиваат и сл. Бидејќи човекот е паднат, може да го доживува еросот на еден многу болен и смртоносен начин. Поради тоа  еросот и сè друго треба да влезе во Црквата за да се освети. Црквата го осветува еросот со институцијата на бракот.
Во некои емисии, и тоа на државната телевизија, професори по психологија и други општествени фактори даваат совети за сексот во бракот. Таму се кажуваат работи што предизвикуваат психолошки судир кај децата во врска со авторитетот на таткото и на професорот на телевизијата, но и една безизлезна ситуација кај самиот татко. Сфаќањето што владее во врска со проблемот е да не реагираме воопшто. Правилно е тоа?
Не, туку треба да протестирате и да им кажете и на други да праќаат писма и телеграми на министрите и на компетентните луѓе. Затоа што, ако има реакција, тогаш тие се подзамислуваат. Меѓутоа, ако христијаните пасивно прифаќаат толку неприфатливи работи, тогаш и тие стануваат дрски.
Многупати, некој хомосексуалец или некој сличен, на телевизија се жали за навреда на неговата личност. Зарем тие страсти сочинуваат личност?
Видете, тоа се болести, како што знаете. Болести и гревови. Меѓутоа, ние и покрај сето тоа со луѓето се соочуваме со грижа и со љубов, но гревот и страста што ги носат, нормално, ги осудуваме. Никогаш не ги осудуваме луѓето, туку ги осудуваме страстите. И блудниот син со неговите страсти бил син, не престанал да биде син. Секако, бил блуден, но бил син! Според тоа и овие луѓе во нивниот пад, во нивната слабост, не се целосно без врска со Бога, а ние треба да се молиме Бог да ги просветли за да се исцелат од нивните страсти.
Како успеваат, ако успеваат, еретици или номинални православни христијани да имаат нормални семејства и да живеат мирно и радосно?
Не знам дали може да биде тоа надвор од Црквата и без Христос. Но рековме дека луѓето и во нивниот пад се Божји деца, и може, иако ја немаат вистинската вера, сепак да прават и нешто добро, но тоа добро не ги спасува. Може во едно семејство луѓето да немаат психолошки или други проблеми, но тоа не ги води кон спасение. Подобро е едно семејство кое има некои проблеми и каде што луѓето се смируваат и одат кон спасение, отколку едно семејство кое според сè е, да речеме, општествено беспрекорно, а каде што луѓето Го губат Бог, бидејќи во „беспрекорното семејство” се зголемува нивниот егоизам и нивниот егоцентризам.
Дали алтруизмот, меѓусебното почитување и взаемното попуштање можат сами по себе да го спасат бракот и семејството да го направат радосно?
Сами по себе, ако не ги облагодати Бог, не. За нас православните христијани, добродетелите се дарови на Светиот Дух, а Неговите плодови се: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добрината, верата, кроткоста, воздржанието; против овие нема закон.
На кој начин жената му станува помошник на мажот?
Жената му станува помошник на мажот и мажот на жената, доколку и двајцата за своја цел го имаат нивното спасение.
Што значи жената да се бои од мажот?
Тоа значи длабоко почитување. Како што велиме во страв Божји, а не подразбираме ропски страв, така и кога се вели да се бои од мажот, значи да го почитува мажот. Но светиот Козма Етолски вели дека и мажот треба да ѝ биде послушен на жената доколку таа не му бара да прави работи спротивни на Божјата волја. Знаете, смирението на мажот многу ѝ помага на жената. Ако мажот нема смирение, тогаш жената реагира егоистички и не сака да ја прифати неговата власт.
Старче, дали мажот има некакво првенство? Ако има, тогаш кое е тоа и која е неговата цел?
Го има првенството на жртвата и на смиреномудрието. Ние силните сме должни да ги носиме слабостите на немоќните и да не си угодуваме себеси.
Многумина и тоа образовани луѓе, можеби плашејќи се од бракот и од правните последици на еден развод, претпочитаат да живеат заедно со, или без вонбрачни деца. Како го оценувате тој феномен?
И тоа е во рамките на тој дух што го спомнавме, каде што луѓето, бидејќи не се љубат вистински еден со друг, не сакаат едниот да ги преземе одговорностите на другиот. Љубов значи да ја земеш одговорноста на другиот, а ја земаш не со неодговорен однос, кој не те обврзува во ништо (вонбрачен однос), туку ја земаш со еден однос кој има одговорност. Секој кој ќе реши да стапи во брак, ја зема одговорноста за другиот човек и верува дека неговиот брак ќе трае цел живот. Да, тоа е љубов.
Дали младите од нашава епоха имаат свест за сериозноста на бракот и за нивната одговорност кон семејството?
Трулежноста на нашето општество е општа. Не е само кај младите, туку и кај постарите. Овде гледаме луѓе кои се во брак триесет години, а за некакви безначајни причини се разделуваат, ги напуштаат децата и ги растураат семејствата. Според тоа, одговорноста не е само кај младите, туку и кај постарите, кај сите нас. Сите сме виновни и сите имаме потреба да им се вратиме на начелата на Црквата и конечно да разбереме дека без смирение, без молитва и светотаински живот, не е лесно да се одржи бракот. Многумина доаѓаат по десет години и ми велат дека одлучиле да се разведат. Ги прашувам: „Се имате ли воопшто исповедано во овие десет години? Не. Одите во Црква? Не. Се причестувате? Не. Се молите? Не.“ Е па, без Христос како ќе се одржи семејството? Нели е така? Светото Писмо вели: „ако праведникот одвај се спасува, тогаш нечестивиот и грешникот...“ Значи, ако со Христос и со борбата на христијанинот е тешко да го победиме нашиот егоизам, за да имаме среќно семејство, тогаш колку е потешко кога воопшто не се бориме. Затоа кај помладите не гледам поголема слабост отколку кај постарите. Помладите ја имаат и олеснителната околност што немаат и економски можности. Денес со невработеноста што постои, кутрите деца имаат многу проблеми и се соочуваат со многу тешкотии, затоа што ги немаат предиспозициите, немаат куќа каде да живеат, ниту пари да го одржуваат своето семејство, а тоа е многу значајно. Тука кај сите нас постои одговорност: ќе треба да им помагаме на младите да оформуваат христијански семејства. Треба да се заинтересираме за проблемот на невработеноста. Мислам дека би била важна работа од страна на државата и на Црквата да се заинтересираат секој нов брачен пар да има сопствена куќа и да може да живее човечки. Како можат младите да живеат денес, како ќе формираат семејство, кога немаат да ја платат високата кирија, сметките и многуте други трошоци, кога немаат никаква работа или имаат некаква работа, а примаат плата што не им е доволна за ништо?    
Дали можеби автономијата, независноста на брачните парови наспроти останатото татковско семејство предизвикува проблеми во бракот?
Овде е потребен, од страна на сите, и на родителите и на младите брачни парови, став на љубов, па ниту постарите да се обидуваат да влијаат врз младите и да не прават пречки во сопружничкиот живот на нивните деца, но и помладите да покажуваат почит кон постарите, секако одржувајќи го на некој начин нивниот семеен азил. Двајцата млади сопружници треба да го развијат нивниот живот. Другите не треба да интервенираат и да им го расипуваат животот. Од друга страна, пак, младите деца треба да знаат дека сето добро што го имаат го примиле од нивните родители, и да им ја покажуваат потребната почит, да им покажуваат љубов, грижа итн., но и секогаш да ја држат својата куќа во таква состојба никој да не може да ѝ направи штета.
Дали сопружниците, чијшто брак се наоѓа во длабока криза, примаат совети или сметаат дека самите правилно се соочуваат со нивните проблеми?
Зависи од смирението што го имаат и од тоа колкава љубов имаат кон Бог. Лично, имам запознаено доволно случаи каде сопружниците биле разведени десет години. Потоа, ја сфатиле нивната грешка, виделе дека не требало да се разведат и повторно се соединиле. Тоа е добар знак. Така семејството се спасува. Да се молиме тоа да се случува со сите луѓе кои се развеле, но не стапиле во брак со друга личност. Затоа, добро е, некои кои се развеле и поради некое искушение, да не брзаат да воспоставуваат друга врска и да стапуваат во брак, за да можат, кога ќе помине искушението по една-две години, повторно да се соединат.
Што треба да прават сопружниците, та нивното различно мислење и спротивставените мислења да не предизвикуваат судири, туку градење на правилно мислење и причина за љубов?
Некој треба да отстапува и со своето смирение да му помага на другиот и тој да се смири.
Дали можеби едниот сопружник треба да ги контролира дејствијата на другиот? Ако е тоа правилно, тогаш како може да се случува таа контрола без да ја навредува, туку да ја пројавува љубовта?
Сега што да кажам јас, немам искуство во тие работи. Доколку постои смирение и ако му кажеш нешто на другиот заради негово исправање, но со голема љубов и со големо смирение, тогаш нема да се навреди. Меѓутоа, ако сфатиш дека се навредува, тогаш подобро да не кажеш ништо. Моли се.
Која е психологијата на жената, која се прикажува како што наметнува модата, за да им се допадне на другите или на себеси, трошејќи така големо количество од семејниот приход?
Тоа е во природата на женското, општо, а во случајов во природата на жената. Само кога една жена напредува во духовниот живот, може да го надмине тоа и да се скроти во рамките на скромноста и достоинството. Меѓутоа, кога една жена не живее духовен живот, тогаш се остава себеси слободна да го изложува и промовира не нејзиниот душевен свет, туку нејзиното тело, за да го привлече интересот на мажите. Секако, тоа е нешто егоистично, односно тоа е обид за егоистичко себепромовирање на нејзината болна внатрешност и тоа бара духовна терапија. Од друга страна, пак, и ние тоа го гледаме со некаква симпатија, особено кај младите девојки кои не можат да најдат сопруг и се облекуваат така за да најдат некое момче и да се омажат. Тоа е нешто што треба да го гледаме со разбирање, но не дека така треба да биде. Не, не треба. Туку, за жал, девојките кои го промовираат своето тело веројатно инстинктивно, а не со мисла, не со таква намера, на крај страдаат од тоа, затоа што ги тераат и другите да ги гледаат како тела. Потоа, кога ќе се омажат, нормално дека нивниот брак не може да има духовен темел. Има телесен темел, кој е многу кршлив. И така бракот се растура, затоа што оној кој поради телесни причини избрал некоја девојка, подоцна ако види друга која поради телесни причини ќе ја најде како поинтересна, тогаш ќе ја остави првата и ќе оди кај втората.
Постојат разведени брачни парови кои иако тврдат дека не се мразат еден со друг, туку и дека взаемно се почитуваат, сепак не се осмелуваат или не сакаат повторно да се соединат. Дали ова нивно тврдење може да е вистинито или се наоѓаат во заблуда?
Може да е вистинито, но тоа не е доволно. Взаемното почитување треба да се дополни и со потполно взаемно прифаќање. Взаемното почитување секако е некаков позитивен став наспроти другиот, но тоа не е целосно прифаќање. Според тоа, треба да преминат на целосно прифаќање, што значи повторно соединување.
Некои разведени или во брак, иако се одвраќаат еден од друг, сепак тврдат дека ги љубат нивните деца. Дали може да е вистинито едно такво тврдење или наоѓајќи се во заблуда не ги љубат ниту нивните деца?
Може да ги љубат нивните деца, но таа љубов не ги спасува, доколку не се љубат и помеѓу себе. Светиот Јован Златоуст вели дека сопрузите треба да ги љубат своите сопруги повеќе од нивните деца. Треба барем да им велат:  „Не гледај сега што имаме деца, јас не ги љубам повеќе од тебе. Прво те љубам тебе, а потоа децата. Ти си незаменлива во мојот живот, ти си сè за мене”. Па, така жените да не се жалат дека, ете сега имаме деца и ме заборави мојот сопруг, ги љуби децата. На истото треба да внимава и сопругата.
Доколку разведените сопружници повторно се соединат, тогаш што треба да прават за да живеат мирно, пријателски и возљубени? Дали можеби еден таков обид е утопија?
Не е воопшто утопија, затоа што имаме многу примери на луѓе кои повторно се соединиле и вториот период на нивниот брачен живот бил многу повозвишен од првиот. Периодот што го минале разделени ги натерал да увидат колкава потреба имаат еден за друг, колку незаменлив е едниот за другиот и дека едниот кон другиот треба да се однесува со смирение, за да се одржи бракот. Според тоа, може да излезе на добро, нешто негативно да излезе добро, и не е воопшто утопија, затоа што со Божјата благодат сè бива.
Кои се практичните чекори што сопружниците треба да ги направат, ако сакаат:
1) да се ослободат од меѓусебните расправии и од зависта;
2) да му ја прости добриот прељубата на другиот и да го спасат  бракот;
3) ако се имаат разведено, повторно да се смират и да се соединат?

Чекорите кон Христос. Колку што одиме поблиску до Христос, толку стануваме поблиски меѓу себе. Колку повеќе се оддалечуваме од Христос, толку повеќе и меѓусебно се оддалечуваме.
Многумина тврдат дека духовникот, ако е женет, дава совети според тоа како тој живее со неговата презвитера, а ако е безбрачен, тогаш не знае ништо за семејството, па затоа ја одбегнуваат исповедта. Што би имале да им кажете на тие? И како можеме да процениме дали еден духовник е добар или не?
По плодовите се познава дрвото. Доколку духовниците ја имаат Божјата благодат, било да се брачни или безбрачни, тогаш ќе даваат совети по Бога. Затоа треба да наоѓаме благочестиви духовници, кои имаат духовно искуство и страв од Бога. Кога ќе ги најдеме, ќе им бидеме послушни.
Што е вера, а што е логика и како функционираат?
Верата е предавање на Бог. Нашиот живот да Му го предадеме на Бог. Логиката е еден Божји дар, кој е полезен, ни помага во нашиот секојдневен живот, но не може сама по себе, без Божјата благодат и просветлување, да ни ги реши нашите егзистенцијални проблеми. Тука е грешката што денес ја прават многу луѓе. Мислат дека со нивната логика (разум) ќе Го познаат и ќе Му се доближат на Бог, ќе живеат среќни во нивниот живот, итн. Но сето тоа е голема заблуда, бидејќи светилката на нашата логика фаќа два метра околу нас, како што вели Кјеркегор, но не го осветлува небесното. Небесното го спознаваме преку верата и преку прифаќањето на Бог, Кој ни се открива.
Ако не е правилно да ја практикуваме нашата волја заради Божјата волја и заради нашето спасение, тогаш како може да се постигне истото кога не Го познаваме Христос, ниту ги сфаќаме Неговите доброчинства, ниту пак, ја чувствуваме потребата за нашето спасение, туку само го посакуваме телесното?
Тогаш не може ништо да биде. Ако го посакуваме телесното, тогаш не може да биде ништо. Човекот треба трите душевни сили да ги насочи кон Бог, и разумот, и волјата, и чувството. Целиот човек да функционира кон Бог. Насоченоста кон Бог треба да биде насоченост на целиот човек. Може да се вежба нашата волја заедно со чувството и заедно со разумот. Целиот човек треба да ја негува љубовта и послушноста кон Бог. Со нашиот ум да мислиме на Бог, со нашето срце да Го љубиме Бог, а со нашата волја да Го бараме Бог. Кога Го имаме Бог како центар, а не нашето јас, тогаш Христос ги соединува овие три сили на душата и тогаш не сме расцепкани. Доколку човекот едно размислува со својот разум, друго сака со својата волја, трето љуби со своето чувство, тогаш е расцепкан. Христос го обединува и внатрешниот човек, односно трите дела на душата.
Која е разликата помеѓу верата во Бог и довербата во Божјата Промисла?
Исто е. Ако веруваш во Бог, тогаш имаш доверба и во Божјата Промисла.

превод од грчки: о. Атанасиј Арсоски
интервјуто е дадено за книгата Ο Γαμος, на Константинос Евтимиу

Извор:ПРЕМИН БР. 85/86

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная