логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 ВЛАДИКА ЈОСИФ, МИТРОПОЛИТ НА КУМАНОВСКО-ОСОГОВСКАТА ЕПАРХИЈА


Не сме ние тие кои одлучуваат кој ќе биде затворен, кој ослободен или, пак, помилуван


Актуелизирањето на случајот Вранишковски и активностите за признавањето на автокефалноста на МПЦ се само последица на одлуката на Светиот архиерејски синод да излезе од долгогодишната летаргија и да почне активна кампања за прием во друштвото на помесните православни цркви, каде што впрочем и припаѓа една апостолска црква како што е Охридска архиепископија. Писмото испратено до поглаварот на СПЦ се чини беше првиот знак на добра волја на МПЦ за отпочнување дијалог кој од страна на СПЦ очигледно не наиде на прием. За актуелните настани, за историјатот на настанатиот проблем разговараме со кумановско-осоговскиот архиереј

Постојат ли реални шанси за продолжување на разговорите со СПЦ во сегашнава ситуација?

- Во сегашнава ситуација, тешко ми е да поверувам во можноста за продолжување на преговорите. Тоа, пак, не значи дека нема решение. Да го парафразираме преподобниот Јустин Келијски, кој толкувајќи го петтиот канон од Првиот вселенски собор, вели дека треба да ревнуваме во носењето на некакви почовекољубиви одлуки", преиспитувајќи да не биле донесени некои одлуки поради недобронамерност или кавгаџиство на некои архијереи. Ваквото ревносно и љубовно раководење со словото на Божјата вистина треба да ни биде патоказ и истото би ја санирало штетата којашто со години наназад човечкиот фактор ја нанесува во односите меѓу двете помесни цркви. Штета која не погодува сите, и едните, и другите, и за која и едните и другите ќе дадеме одговор кога ќе биде побарано од нас.

Кој е вашиот личен став за случајот Вранишковски, што добиваме со неговото ослободување, постои ли можност СПЦ да ја повлече одлуката за ПОА и потоа да продолжат преговорите со МПЦ?
- Видете, најпрвин да разјасниме еден факт што деновиве како да се запоставува: и кога не беше Јован во затвор, СПЦ се однесуваше не помалку уценувачки кон МПЦ. Кажувајќи го ова, нагласуваме дека неговото затворање не претставуваше добивка или победа за МПЦ-ОА, туку се работеше за судска одлука. Апсурдно е да се поврзува одлуката на судската власт во една секуларна држава со инсинуираната волја на црковните кругови во неа. Лично, како христијанин, но уште повеќе како епископ, постојано се молиме за болните, немоќните, за оние што патуваат и што стојат во затворите. И за сите нив од Бога просиме се што е потребно за нивното спасение. Во таа линија, ние ве уверуваме дека не сакаме ниту Јован, ниту било кој друг човек да биде затворен, но, истовремено, потсетуваме дека не сме ние тие кои одлучуваат кој ќе биде затворен, кој ослободен, или пак, помилуван. Во македонската правосудна рамка постои јасна процедура за движење низ правниот сообраќај, каде што нашиот став е потполно ирелевантен. Од друга страна, колку и да сакаме да веруваме во доброволието на дел од српските архијереи, реалноста не демантира. Пред само четири месеци, во Божикното послание на српската Црква нашата држава беше именувана, по кој знае кој пат, како БЈР Македонија", со што се открива политичката позадина на нашето заложништво. Најискрено прашуваме од каде е таквата болна потреба за негирање на се што е наше? Или, дури и поопшто: дали патот на осветољубивото барање на некаква си фиктивна сопствена правда е патот кон чувањето на единство во верата, мирот и љубовта? Оставајќи го сето претходно кажано на страна, и бивајќи реален оптимист, не веруваме дека СПЦ е подготвена да го реши статусот на МПЦ надвор од веќе видените сценарија.

Од неформалните средби со официјалните црковни лица во СПЦ какво е нивното мислење за Јован Вранишковски, со оглед на фактот дека во секоја посланица на соборот на СПЦ тој е посочуван како маченик за верата?
- Видете, денес со брзина на светлината некои луѓе се прогласуваат за светители и маченици, а други за еретици и расколници. Непромисленоста и брзоплетоста се обележја на современиот комуникациски код, па од тој агол гледаме и на писанијата што ги споменавте. Мислењата за одредена личност спаѓаат во областа на интерперсоналните односи, и не би сакале да се впуштаме во коментирање на таквите положенија. Извесно е дека Божјиот суд ќе следува за секој еден од нас, за секоја наша постапка и одлука, која ќе биде испитана во огнот на вистинољубивата правда. А тогаш нема да биде важно каква медиумска и информативна војна била водена или кој бил сметан за маченик и исповедник, а кој, пак, за нешто друго.

Имаат ли другите помесни православни цркви мислење за овој случај и дали овој проблем е навистина толку голем за да бидеме во статус кво ситуација?
- Некој некогаш рекол дека проблемот е толку поголем, колку што е понеразумен. Во тој случај, би рекле дека навистина овој проблем е мошне голем. Никако поинаку не би можело да се толкува безумното продлабочување на раните на телото Христово, раните во свеста на христијаните што се создаваат со пропагандната машинерија насочена кон другите помесни православни цркви, со цел оцрнување на нашиот народ и Црква.

Кое е решението?
- Решението отсекогаш било и ќе биде исто, односно Едниот и Истиот Христос е решение за секој проблем на човекот, од почетокот, па се до последните времиња. Без Христа секое решение е бесмислено и секоја цел е промашена. Меѓутоа, Христос не како поим, не како идеја, како плод на систем од правила и закони, туку како вистински и жив Бог со кого градиме вистинска и жива заедница, а преку Него и со сите околу нас.

Што значи ова?
- Деновиве сме сведоци за искушенијата и проблемите низ кои минува народот (т.е. Црквата) во Србија, и нашите молитви за погодените и постраданите ги принесуваме пред престолот на живототворната Троица. Меѓутоа, покрај усрдната молитва, како Црква во вистински смисол, преку чедата воградени во телото на нашата МПЦ пристапивме кон прибирање на средства и помош за сите погодени од оваа природна непогода. Ова не го кажуваме како негација на евангелскиот принцип да не знае твојата лева рака што прави десната", туку како сведоштво и реализирање на она што се оживува пред нашите очи, една новозаветна икона за која читаме во делата апостолски: Тогаш учениците решија, секој, со што располагаше, да испрати помош на браќата, ...".

Кога ваквата заедница постои меѓу двата соседни братски православни народи, преку кои, всушност, и се изградува Црквата на тие простори, зарем обидот за прекинување на таа заедница не ви се чини богопротивен?
- Би се надоврзале на почетокот на одговорот на ова прашање, и би рекле дека доколку Христос ни е целта, тогаш само во евхаристиското сослужување би можеле да се најдеме, само во евхаристијата би можеле да се сретнеме и да си подадеме рака, да ја запечатиме заедницата која на очиглед на сите се остварува меѓу нашите правоверни народи. Почеток на решението, повторуваме, сметаме дека треба да биде заедничкото сослужување, заедничарењето меѓу еднородните и едноверните браќа, кое пак ќе ни ги покаже решенијата на сите проблеми и одговорите на сите прашања. На крајот од краиштата, само во тој предвкус на Царството што доаѓа може да заклучиме дека во Христа нема ниту Јудеец, ниту Елин".

МПЦ ја добива својата автономија во 1958 година, а во 1967 година прогласува автокефалност која не е призната од останатите помесни православни цркви. Дали сметате дека САС на МПЦ треба да ја анулира одлуката за автокефалност и да го врати својот статус на автономност за потоа да ги започне преговорите за добивање на автокефалност?
- Дозволете ни уште на почеток да направиме мала, но важна корекција: моментално, како услов за продолжување на преговорите за решавање на канонскиот статус на Црквата во Македонија, од страна на Пеќката патријаршија се наведува ослободувањето на Јован, а не, како што велите, анулацијата на одлуката за автокефалност на Македонската православна црква. Што не значи, пак, дека тоа не би бил следниот услов, и токму затоа цениме дека е потребно да потсетиме: одлуката за автокефалност на Македонската православна црква е донесена на Третиот црковно-народен собор во 1967 година, и истата претставува заокружување на еден подолг процес на комплексно духовно и национално крстовоскресение на нашиот народ (а не изолиран инцидент и скандал, како што многумина истото се обидуваат да го прикажат). Како таква, веруваме дека никој од нас нема право да ја менува или, како што велите, да ја анулира, и секоја уцена што евентуално би одела во таа насока ја сметаме за, најблаго речено, нереален, но и непристоен и навредлив ултиматум.
Би сакале да направиме една мошне кратка, но важна паралела: хипотетичкото носење на одлука за менување на претходно донесената одлука би било исто толку погубно како што беше договарањето на т.н. привремена референца" со кое се соочи нашата држава пред крајот на минатиот век. И самите гледате дека од тоа привремено решение" нашата држава никако не може да се реши. А тоа решение, пак, останува да биде генератор на уште посложени микропроблеми до недоглед. Затоа го креваме својот глас и велиме дека треба смирено и одмерено да ги решаваме сите предизвици со кои се соочуваме како Црква, а не еуфорично и на јуриш". Па макар тоа значело дека реалноста на автокефалноста на МПЦ ќе продолжи да се толкува ин малам партем".

Елизабета АРСОВСКА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная