логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

„Но, на четвртата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: ’Тоа е привидение‘, и од страв извикаа. Но, Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: ’Не бојте се! Јас сум, не плашете се!‘ А Петар, одговарајќи Му, рече: ’Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!‘ И Исус му рече: ’Дојди!‘ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исус; но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: ’Господи, спаси ме!‘ Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: ’Маловернику, зошто се посомнева?‘ И кога влегоа во коработ, ветрот престана. А оние што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: ’Навистина, Ти си Син Божји!‘“ (Матеј 14, 22–34). ...По стоти пат.

Ова случување од животот на Богочовекот Исус Христос веќе е толкувано и ако добро се сеќавам, објаснувањето се сведува на тоа дека бродот ја симболизира светата Црква, дека бурата ги симболизира искушенијата низ кои Црквата поминува во текот на историјата и дека Христос ги допушта тие искушенија поради нашите гревови – за да се освестиме, покаеме и вистински да Го побараме да дојде и да нѐ спаси од нив. Што се однесува до Апостолот Петар, за него се објаснува околу неговата вера и маловерие, од кои зависат неговото одење и пропаѓање во водата.

Во минатата беседа објаснив дека Бог прави чуда таму каде што има основа за чудо, односно таму каде што нема друго решение; кога заради Него и Неговата љубов даваме и од она што не е доволно ни за нас – е, тогаш нема друго решение освен чудо. Убав пример се светите Маченици, кои го даваат и својот живот заради сведоштво на Христос; тогаш гледаме многу чуда и за време на нивното сведоштво преку мачеништвото и по нивното упокојување. Исто така, убав пример се вистинските монаси – и тие преку целосрдечното послушание го предаваат целиот свој живот во Божји раце, но затоа најмногу кај нив може да се забележат Божјите дарови на умно-срдечната и чудотворна молитва, поради којашто светот уште постои. Минатиот пат ви го објаснив чудото на тоа кога даваме од своите материјални блага и тогаш кога немаме доволно ни за самите себе.

Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар? Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него или бара нешто што не е својствено за паднатата човечка природа? Дали тоа што го бара само за себе пред публика е заради Христос и заради Неговата љубов, или заради нешто друго? И дали Христовото „дојди“ беше благослов или изнуден благослов? Тешко дека ќе можеме позитивно да одговориме на овие прашања – затоа Петар и пропадна во водата. Верата не е непотребна егзибиција: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Зашто е напишано: ’На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат‘“ (Лука 4, 9–10). И каков одговор доби ѓаволот? Знаеме: „Не искушувај Го Господ, својот Бог“ (Лука 4, 12).

Е, па, тоа е таа разлика меѓу Божјите чуда и демонските чуда. Едните се случуваат кога даваме иако немаме доволно ни за себе, во крајна нужда и безизлезна ситуација, заради сведоштво Божјо, заради Бог и заради Неговата љубов, што автоматски подразбира и заради спасение на сите луѓе; другите се случуваат заради барање, гордост, човечка и демонска слава, и заради држење на луѓето во страв и ропство. Со вториве чуда ќе се случи и доаѓањето на глупавиот антихрист. И така луѓето отсекогаш повеќе барале чуда, отколку што Го барале Бог.

Чуден лик е Апостол Петар, впрочем, како и сите ние. Во неговото, како и во нашето житие, забележуваме доста падови, и тоа тешки, како и повторни станувања, но неговото житие завршува свето – со маченичко сведоштво на својот Учител, Богочовекот Исус Христос, а нашето допрва ќе видиме... Тој е вистински духовен воин – ниту еден пораз не го поколеба да ја заврши духовната војна докрај.

Пресвета Богородице, по молитвите на светиот Апостол Петар, помогни ни и ние духовната војна да ја завршиме со победа – Божјо чудо! Оти, пак, нема како.

Извор: МПЦ-ОА

5-ти август 2017 лето Господово



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2687
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1858
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…