логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Да се измириме и да веруваме

Да не бидеме веќе неверни, но верни, да почнеме да си веруваме најпрво меѓу себе, дека никој никому зло не мисли, ниту му посакува, и така измирени и на Бога да му веруваме и мирот во душите да си го вратиме. А, за тоа да се случи слободно треба да одлучиме ние самите

Како да не се навратам на веронауката барем на кратко по сите оние силни напади на Црквата што одредени медиуми го вршат врз неа. Не сме се согласувале со одлуката. Па, ве молам нели и тројца од уставните судии кои го знаат, почитуваат и бранат Уставот гласаа различно, па зар и тие не го почитуваат Уставот или само станува збор за различно толкување? Еве земете во краен случај дека и ние размислуваме како и овие тројца судии од Уставниот суд, па разберете ја нашата реакција. Но, доста е. И самиот празник Велигден падна во сенката на укинатата веронаука. Дајте да ја смениме темава и да потенцираме некој убав настан, зашто верувам дека и убави работи се случуваат кои вредат да се споменат. Ќе почнам со личен настан. Убаво за мене беше тоа што за Велигденските празници богослужев во една наша црковна општина во Италија опкружен со илјадници нашинци од тој регион и бев далеку од реакциите околу веронауката, а и сите тие дебати, но бев блиску до местото со еден прекрасен настан.

Убав настан, убав театар, убав ден, убав град, убава симболика врзана со денот и празникот, како и името на театарот. Град Венеција, театар Фениче или во наша транскрипција Феникс по митската птица што од пепелта повторно се воздигнала, а која во христијанството се споменува кога се зборува за Воскресението Христово, на денот кога се празнува вториот ден на Велигден, настанот збогатен со концерт на наши врни уметници, како и светски познати музички имиња во класичната музика, а сето тоа под закрила на УНЕСКО . На паузата промоција на Зборникот од охридската мировна конференција која се одржа минатата година кај нас. И кога сме кај неа таа беше пример на прекрасно организирана меѓурелигиска конференција на која тема водилка беше мирот, а која се роди од мултиконфесионалната и мултинационална култура кај нас во Македонија, конференција на која имаше претставници од разни религии, разни нации и од разни краишта на светот.

Ги собравме и пречекавме гостите од целиот свет и на светот му испративме една прекрасна порака за мир. Сега останува сами да се потсетиме и ние на мирот и да ги закопаме секирите. Сакам да го споменам и пофалам овој настан зашто не сакам да остане незабележан. Но, не ми е идејата да кажувам пофални зборови за Зборникот и организацијата кои го заслужуваат, туку Венеција ме врати во детството и ме мотивира да ја поврзам со верувањето и барањето на потврда на истото. Слично како кај светиот апостол Тома. Токму во неделата си споменавме и за овој Христов ученик кај нас попознат како неверен Тома. Овој пак израз неверен Тома ни се одомаќинил. а ние сакале или не и покрај секуларноста во континуитет од скоро 65 години, како израз никако да излезе од нашите животи, исто како нешто што треба да го знаеме напамет, нешто што треба да се знае како Оче наш, а токму на учењето на Оче наш на почетокот на часот по веронаука ни се сопнал господинот судија судејќи според неговото интервју. А кога велам јас, дека требаше да се сретнеме со време и ако тој ни кажеше на време само ќе ја коригиравме програмата и сега се ќе беше помирно. Но било што било, да се вратиме на Венеција.

Венеција е еден град за кој јас уште од раното детство верував дека е убав. Верував бидејќи моите родители додека јас бев уште малечок ја посетиле, ја виделе па долги години потоа со жар си споменуваа за нејзините убавини, и така јас длабоко во себе верував дека е така и не дека недоволно им верував на моите, но сепак живеев со желба еден ден и јас да ја посетам и да се уверам во кажаното, да си добијам потврда на своето верување. Тој еден ден се случи, а мојата желба се реализира ја видов и тука заврши мојата верба дека Венеција е убава. Од тој момент веќе не верував дека е убава, од тој момент знаев дека е убава.

И светиот апостол Тома не дека бил неверен и дека не му верувал на Бога, но барал потврда на својата вера слично на овој погоре споменат случај. Кога Христос по Своето Воскресение им се јавил на своите апостоли кои биле собрани на заедничка молитва, сите виделе и со тоа си ја потврдиле својата вера. Но, во оваа пригода светиот апостол Тома не бил со нив. Кога се вратил другите апостоли му кажале дека Воскреснатиот Христос дошол меѓу нив во тело и дека тие го виделе. Во тој момент Тома се посомневал во кажувањето на апостолите и ги споменал оние зборови исполнети со сомнеж дека тој ќе поверува дури тогаШ кога своите прсти ќе ги стави во раните Христови од клинците при распнувањето и својата рака во ребрата Христови односно во раната направена со копје од еден војник додека висел на Крстот.

Со тоа тој побарал потврда на својата вера. Христос набрзо повторно им се јавил на своите ученици но овој пат и Тома бил со нив, Христос го повикал да дојде до него и да си ја утврди својата вера со тоа што ќе му исполни она Што барал Тома да ги стави прстите во раните од клинците и раката во ребрата Христови и од неверен повторно да стане верен, упатувајќи му ги зборовите, блажен си ти кој виде и поверува, но блажени се и оние кои не виделе, а поверувале. И од тој момент неверието Томино станува основа на нашата вера за оние кои веруваат во Христа Богочовекот, а за останатите синоним за скептик или за човек Што не Ќе ни поверува на она што сме му го кажале, туку по секоја цена бара потврда на тоа.

И колку неверни Томи има денес меѓу нас? И колкумина и ден денес бараат потврда на својата вера? Колкумина од нас го кажале истото дека ќе поверуваат кога Ќе го видат Бога. Како тогаш дека ќе бидеме сите задоволни, па сите ќе станеме верници? Не дека Христос не е силен она што го направил за Тома да го направи и за секој од нас поединечно, но тука доаѓаме до едно прашање дали по средбата со Бога нашата вера ќе биде вера или пак во тој момент ќе стане знаење.

За нас како личности нашата вера христијанска завршува со нашата смрт? Оттука и ставот на Православната врква дека по смртта нема можност за градење на сопственото спасение. По тоа голема е јамата што ги дели оние кои нашле милост пред Бога и оние што не ја нашле. И Христос преку приказната за сиромавиот Лазар ни кажал дека по смртта нема преминување од едната на другата страна. Тогаш секој ќе поверува дека има Бог, поточно секој ќе знае. Но, по смртта кога нашата душа оди на поклонение пред Бога престанува нашата вера и станува знаење, и повеќе не не' спасува. Бидејќи она што не' спасува, секако, не е знаењето, туку верата.

Пораката е да не бидеме веќе неверни, но верни, да почнеме да си веруваме најпрво меѓу себе, едни на други, дека никој никому зло не мисли, ниту му посакува, и така измирени и на Бога да му веруваме и мирот во душите да си го вратиме. А, за тоа да се случи слободно треба да одлучиме ние самите.

Митрополит Европски Пимен

Извор: Дневник



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная