логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Митрополит Американско- канадски г. Методиј


 И го создаде Бог човекот според образот свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог и им рече: плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа... (1Мој. 1, 27-28). Човечката природа низ тој благослов за господарење стана носител на оној креативен потенцијал на свештенослужење (а не формално владеење) низ која светот ни се открива како света тајна на љубовта Божја. На тој начин човекот и човечицата го примија дарот на учеството во Домостројот Божји како сотрудници во љубовта: мажот, Адам - создаден од земја, да биде свештеник на светот, и жената, Ева - живот, да биде мајка.

И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: еве коска од моите коски, и тело од моето тело. Нека í биде името жена, зашто е земена од мажот! Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја, и обата ќе бидат едно тело (едно битие)... (1Мој. 2, 22-24). Овие две поенти од библиската историја - благословот за господарење над сето создание и онтолошката врска меѓу мажот и жената, - ни го откриваат човекот како свештено битие и како еротско битие. Божествениот ерос го воспитува човекот да се доживува себе си и субјектот на својата љубов како едно. На тој начин човекот станува едно со себе си, едно со својот ближен, едно со светот и сето Божјо создание и, конечно, едно со Бога. Неслеано и неразделно едно.

Како носители на истата, човечка природа Адам и Ева беа човек и човечица. Според украсот на нивната сексуалност тие беа маж и жена. Но, според гревот, тие станаа безлично машко и безлично женско, аморфен објект на аморфната сексуалност во која секој и сî е причина и последица, искра и пепел во огнот на сладострастието. Како последица од ова, човекот започна да го перцепира светот како соблазна. Богосоздадената убавина се помрачи во очите на Адам - човекот. Заводливоста на светот започна да ги извитоперува благодатните енергии во човекот и истите ги прертвори во страсти. Човекот започна да го извитоперува светот според диктатот на страстите. Схизмата меѓу човекот и сето видливо и невидливо создание стана хронична.

Причината за нарушувањето на единството беше и е гревот на недовербата. Недовербата стана и човечка примарна спознајна реакција. Низ неразумната слобода да се посомнева во премудрата промисла Божја, човекот се позна себе си дека е гол, ги почувствува срамот и стравот заради својата разголеност (кои од тој момент непрестано го нагризуваат неговиот ерос) и ја загуби моќта да се гледа и созерцува себе си, својот ближен - својот возљубен, светот околу себе и Бога, низ призмата на љубовта. Адам го слушна Бога како оди низ Едемската Градина, се уплаши, па се сокри оти беше гол. Човекот го наследи од својот прародител проклетството на голотијата и животот му стана постојано бегство, непомирлива оттуѓеност од својата првородна убавина. Разголен од своето совршенство, Адам (човекот, мажот) престана да биде свештеник на светот. Божјото создание за него престана да биде света тајна на Божјата љубов и стана природа. Природа која треба да се скротува, над која треба да се покажува и докажува својата доминација. Светот стана објект на разболениот ерос на човекот.

О друга страна, пак, Ева (човечицата, жената) посегнувајќи по забранетиот плод, всушност, прифаќајќи ја волјата на змијата наместо волјата Божја, престана да биде жена, т.е. живот, и стана женско, инструмент за раѓање со кое владее мажот. Така, падот во непослушание, изворот на секој грев, во човекот распали опскурна "свест" за сексуалноста, преку која животот стана бесмислена борба меѓу половите во која владеењето над другиот е очајничка жед да се уништи срамот и стравот од разголеноста како онтолошка состојба, која го јагленисува човековиот ерос.

Скепсата и самоволието станаа субститут за единството (она што Бог го составил, човек да не го разделува). Зашто единството пред сî подразбира послушание во љубовта, не (слепа) послушност и љубов, туку полнота на послушност (доверба) во љубовта.

И самите конструкции во колоквијалниот говор: спротивни полови, понежен пол, посилен пол, рамноправност на половите и т.н. - укажува на вкоренетост на идејата за непомирлива поларизираност, подвоеност на она што во библиското поимање на човекот се открива како едно тело, едно битие. Она што Бог благослови да биде едно ја преживува агонијата на нескротливиот копнеж кон недофатливиот и неприфатливиот спротивен екстрем (пол). Тој стремеж, се разбира, посилен е и по суштествен од простото задоволување на телесните наслади. Аристофан, еден од учесниците во Платоновата Гозба вели: Никој не би можел да помисли дека тоа е само взаемно љубовно насладување и дека можеби токму поради тоа се радуваат еден на друг и толку страсно се соединуваат. Напротив, очигледно е дека душата на секој од нив копнее за нешто друго, но таа не може тоа до го искаже, туку само го насетува она кон што копнее и го навестува во нејасни изрази. Сеопфатното проникнување во светата тајна на љубовта, во огревовената човечка природа, острастена со непреобразениот ерос (обичниот, помладиот ерос, синот на Афродиота Пандемос, според беседата на Павзанија) се сведува на слепа, потсвесна привлечност, низ која се остварува некоја рудиментирана комуникација, неспособна да ја пополни надумната празнина во човековата жед за љубов. Strangers in the night exchanging glances. . Токму како во евергринот на Синатра. Самоосудени во потполна отуѓеност, во ноќта на огревовениот живот, во бизарниот солипсизам, луѓето заедничарат низ срамежлива размена на погледи. Тоа ги уверува дека не се сами и навидум таа површност им е доволна. Секој сегмент на светот и светот во целост претворен е во фетиш. Сексуалниот фетишизам е начинот на кој човекот владее со божественото наследство. Вулгарната "сексуалност" е содржина на секуларизираниот човек. Политиката, економијата, социолошките теории, уметноста, масовните медиуми, рекламните и музичките клипови, сî се купува и продава според законите на разнебитениот ерос. Другиот, нашиот ближен, нашиот сродник во Бога, е само безличен седатив за нашата осаменост. Неговата (нејзината) употребна вредност го неутрализира во нас интересот за неговите (нејзините) личносни квалитети, потреби, интереси, неповторлива убавина и т.н. Се е безлично и обесмислено како во ироничната игра на зборови во Girls and Boys на Блур: GIRLS WHO ARE BOYS, WHO LIKE BOYS TO BE GIRLS, WHO DO BOYS LIKE THEY'RE GIRLS, WHO DO GIRLS LIKE THEY'RE BOYS…

Човечката сексуалност е голема тајна, света тајна на нашето призавание да бидеме учесници во создавањето и грижата за сета Божја убавина. Таа е бестрасна страст и неострастеност на нашата динамична и затоа креативна природа. Дали ќе бидеме господари и домостроители на тоа наследство или искористувачи и зоупотребувачи (грабачи) како беззаконите лозари од евангелската парабола зависи од луцидноста, просветеноста на нашата естетска/аскетска свест. Убавината, се разбира, ќе го спаси светот низ преобразениот и преобразувачкиот ерос на животот во Бога и со сето Негово создание.

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная