логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Gregorijat.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 Манастирот Григоријат со пристаништето

 Од Цариград Гаврил заминал во 1828 година. После неколку дена бродот пристигнал во манастирот Григоријат. Излегувајќи, Гаврил паднал пред нозете на игуменот велејќи:
 Мајката Божја ме доведе на Света Гора – а солзите му течеле низ очите. Меѓутоа, игуменот и понатаму не сакал да го прими во манастирот, дури и избегнувал да го види. Но, манастирските отци, го посоветувале да го прими. Веднаш му дале послушание како готвач, кое го вршел со усрдност, духовно подвизувајќи се.
 Бил уште почетник кога во манастирот се чекал празникот на светиот Никола. Бидејќи, поради невремето отците неможеле да одат на риболов, биле жалосни што нема да имаат со што да ги почастат гостите. Но, на Гаврил поради тоа не му било воопшто жал. Сметал дека тоа е многу проста работа, која што ќе ја реши свети Никола. Се помолил на светиот Никола и во очи празникот на чудесен начин на манастирското пристаниште пронашле голем број на риби кои морето ги исфрлило. Браќата на раце ги донеле во манастирот и ги подготвиле, славејќи го Бога.
 После овој чудесен настан Гаврил заминал во Капсокаливи, за да го избегне почитувањето од манастирските отци. Во манастирот Григоријат поминал околу два месеца. Тука дознал за некој искусен духовник во скитот во Капсокаливи, јеромонах Неофит Караманлис, свој земјак, голем работник, полн со Божјата благодат. Отидувајќи, го нашол во ќелијата на светиот Георгиј во Капсокаливи.

Ќелија на светиот Георгиј во Капсокаливи
во која се подвизувал отец Неофит

 Штом го здогледал младиот Гаврил, јеромонахот Неофит со радост го примил, бидејќи на лицето на младиот Гаврил ја видел изобразената благодат Божја. Бидејќи во тоа време поради востанието (1821 – 1830) на Света Гора имало многу турска војска , тој го ставил Гаврила во пештерата на преподобниот Нифонт, во која што и самиот го поминувал повеќето свое време, за да го заштити од Турците – варвари. Таму се подвизувал прилежно и строго, четири години не гледајќи друг човек до својот Старец кој што го посетувал и причестувал со Светите Тајни.
 Кога пораснал, а бројот на Турската војска се намалил, Гаврил се вратил во скитот на својот Старец, јеромонахот Неофит во ќелијата на свети Георгиј, каде што престојувале уште девет собраќа, духовни чеда на Старецот.
 Иако уште млад искушеник, Гаврил пројавувал особини на искусен монах!.
 Еднаш додека се молел, го слушнал гласот на својот Старец како им зборува: Монаси мои, спасете ме! Веднаш отрчал кај постариот собрат, но овој го искара:
 Бегај, прелестен, врши го своето правило. Како да не?! Го слушаш гласот на Старецот?! Гаврил послушал, и се вратил во својата ќелија. Штом започнал да ја изговара молитвата  - повторно, уште појасно го слушнал Старецот како говори: Монаси мои, спасете ме! Се наоѓам кај крстот, кај Зигос испред Керасија и сум во опасност. Спасете ме!
 Гаврил повторно отишол кај постариот собрат и му рекол:
 Нашиот Старец е во опасности се наоѓа високо кај Крстот.
 Овојпат, братот уште повеќе го нагрдил:
 Зар толку си опрелестен, да божем го слушаш гласот на Старецот од Крстот?
 Тогаш Гаврил со болка го замолил:
 Заврти, оче мој, една бројаница крстејќи се и обрни внимание, па ќе видиш.
 Штом започнал и се прекрстил еднаш – двапати говорејќи ја молитвата, го слушнал гласот на неговиот Старец. Веднаш, со коноп прицврстиле летвици за нозете за да не пропаѓаат во снегот, и тргнале. Им бил потребен околу половина час за да се искачат до местото каде што се наоѓал Старецот, бидејќи снегот бил длабок. Кога во Капсокаливи снегот бил еден метар, колку тогаш бил горе кај Крстот!
 Јеромонахот Неофит се враќал од пат, во зима и невреме. Качувајќи се од Света Ана спрема Керасија, близу кај Крстот, изнемоштел од замор и бидејќи имало многу снег, целиот пропаднал во него и неможел да излезе.
 Кога пристигнале неговите монаси, го пронашле скоро мртов, затрупан во снег. Веднаш го земале така здрвен и го пренеле во Керасија, додека да се врати на себеси. Помислата ми говори дека Старецот не го спасиле топлината и човечката топлина, туку топлата молитва на Гаврил.
 Бидејќи јеромонахот Неофит се опоравил, се спуштиле до Капсокаливи, до Свети Ѓорѓи. Набрзо после тоа, Гаврил бил потстрижен за монах во неговата ќелија, добивајќи го името Георгиј, а подоцна заради посетувањето на Светите места – хаџи Георгиј.
 Бидејќи братството на јеромонахот Неофит во Капсокаливи се намножило, за да имаат поголем мир, се искачиле до Керасија. Во почетокот поминале четири години во ќелијата на Светите Апостоли, а за тоа време подготвиле голема ќелија на Свети Димитриј и Свети Мино, каде што можело да се смести целото братство. Таму на Керасија јеромонахот Неофит имал видение, и потоа вовел строг типик на постојан пост и непрестана молитва. Поставувајќи го отецот Георгиј, хаџи Георгиј, за Старец, во 1848 година, ја земал симонопетарската ќелија на Свети Никола, во Кареја, за да би бил подостапен на што поголемиот број страдни души, бидејќи бил облагодатен духовник.

Ќелијата на свети Димитриј и на свети Мино
Каде што живеел хаџи Георгиј со своите браќа

 Братството на Керасија чувствувало голема духовна сигурност, бидејќи хаџи Георгиј и самиот предходно бил потчинет, па така можел да ги разбере подчинетите.
 Спрема себеси бил многу строг, и непрестано ги зголемувал своите подвизи. Говорел:
 Кога човекот е усмерен на пост, бдеење и молитва, изнемоштуваат телесните сили, телото слабее и негодува во тешкотија и трудот на подвижничкиот живот. Особено тогаш човекот треба да е внимателен во борба со помислите( тогаш ни доаѓа во сеќавање времето на живот во светот), да не би бил спречен на патот на спасението и да не би загинала неговата душа.
 Разбирливо е што после таков долгогодишен подвиг изнемоштел, но затоа пак се надминал телесно. И покрај болките во колената од стоењето на молитва – особено во коленицте од многу клечење, и воопшто во целото тело од подвигот – Старецот и понатаму го издржувал својот строг типик, никогаш не земајќи лекови. На своите послушници и посетители им говорел:
 Најдобар лек е причестувањето со пречистите Христови Тајни. Честата исповед и Светата Причест се најбитен и најпотребен услов за неземна духовна радост и небесна целомудреност.
 Им го кажувал следниот пример:
 Еден пустиножител га запрашал ѓаволот:
 Што е најстрашно во вашиот живот?
 Ѓаволот одговорил:
 Страшно и неподносливо за нас е...
 Што тоа? – запрашал Старецот.
 Еве што: Тајната на крштевањето, со која потполно го губиме правото и власта над вас, Крстот – којшто не мачи, прогонува, уништува, а посебно Причеста. Причеста – продолжил ѓаволот  - пострашна е за нас и од самата огнена геена. Не само што не можеме да им се приближиме на оние кои достојно се причестуваат, туку не смееме ниту да ги погледнеме. Но колку и да е страшно тоа за нас, ние сме им благодарни на луѓето кои со своето невнимание и грешните навики сами од себе ја одалечуваат силата на Тајната. И така, сами ни даваат право да завладееме со нивните срца.

 Со вакви живи кажувања, хаџи Георгиј помагал да се свати важноста на христијанските Тајни.
 За да со радост ги поминува трудовите и болките на подвижничкиот живот во целта за спасение за својата душа, секогаш во сеќавање го имал наредниот настан кој што му го раскажал неговиот Старец; отец Неофит:
 Еден болен, губејќи го трпението, викал кон Господа да го ослободи од тешките болки. Пред него се појавил Ангел и му рекол:
 Преблагиот Бог ја услиша твојата молитва и ќе ти ја исполни молбата, но под еден услов: наместо една година живот и мака на земјата, со која што секој човек како злато во оган се чисти од гревовите, се согласиш да поминеш три часа во пеколот. Бидејќи на твојата душа и е потребно очистување низ болести и искушенија, треба да претрпиш во болест уште една година. Тоа ти се чини тешко? Дали можеш да замислиш што е пекол, во кој што одат сите грешници? Затоа, ако можеш, помини во него само три часа, а потоа со молитвите на Светата Црква ќе се спасиш.
 Болниот размислувал: „Година дена маки на земјата е многу! Подобро да претрпам три часа, отколку една година“.
 Се согласувам да поминам три часа во пеколот – му одговорил на Ангелот.
 Тогаш Ангелот нежно ја зел на раце неговата душа, ја оставил во пеколот, и се одалечил говорејќи:
 Ќе се вратам после три часа.
 Непрестајниот мрак кој што владеел, тешкотијата, гласовите на затворените во пеколот кои што допирале до неговите уши и нивниот див изглед, во несреќникот потикнале страшна тага и страв. Секаде околу себе гледал само мака. Од никаде радосен глас во бескрајноста на пеколниот амбис. Само зажарените очи на демонот се забележувале во темнината, подготвени да го смачкаат.
 Почнал јадниот, да вика и моли за помош, но на неговиот глас одговарала само бездната. Му се чинело дека цели векови поминале во мачањето, од секунда во секунда чекал кога ќе му дојде Ангелот, но него го немало.
 Во очај дека никогаш нема да го здогледа Рајот, започнал повторно да плаче и моли за помош, но за него никој не се интересирал. Грешниците во пеколот мислеле само на себе, додека демоните се радувале на нивните маки.
 Но еве, и слатката ангелска светлост се појавила над амбисот! Со рајска радост Ангелот застанал над намачениот и го запрашал:
 Како си, о, човеку?
 Не верував дека и ангелите можат да лажат! – прошепотил овој со заплашен глас.
 Што значи тоа? – запрашал Ангелот.
 Како, „што значи“? – продолжил несреќниот. – Ми вети дека ќе ме земеш од овде после три часа, а од тогаш години, и цели векови поминаа во неподносливи маки.
 Благословен, какви години, какви векови?! – рече изненадено Ангелот. – Само еден час помина откако отидов, треба да останеш овде уште два часа.
 Како? Два часа? Ох! Не можам да издржам, немам сили! Ако е можно и ако е волјата Божја, те преколнувам, земи ме од овде. Подобро на земјата со години да се мачам до денот на последниот Суд, само извади ме од пеколот! Сожали се на мене!
 И кревајќи ја раката кон Ангелот, почнал да вика посилно.
 Добро – одговорил Ангелот. – Добриот Бог, како човекољубив Отец, ќе те помилува.
 Тогаш болниот ги отворил очите и видел дека како и порано се наоѓа на болничка постела.
 Сеќавајќи се на ова, Старецот ги умртвил своите сетила, бидејќи грижата за спасение на душата го смирува телото и ги умртвува страстите. Од таквиот надприроден подвиг, издржување во тешки болки и смирени помисли на кои се принудувал себеси – да верува дека многу е грешен и дека треба душата да му се очисти низ болки – иако бил осветен од мајчината утроба, му била дадена неизмерна благодат Божја, така да никогаш не бил болен.
 Отец Георгиј многу би се нажалил кога некој во првите чекори на монаштвото, на самиот почеток за спасение за својата душа. Изнемоштува, губи храброст, и потклекнувајќи пред искушенијата го напуштал монаштвото и осветениот Атон, не сваќајќи ја сериозноста на својот завет, даден на Бога. Говорел дека со смирение и трпение треба да го примаме секое искушение и жалост што ни ја праќа Бог, за да нашата душа сосема се очисти од знајните и незнајните гревови.
 Оние кои ќе ги видел победени од унинието, Старецот ги утешувал и советувал духовно. Оние пак, кои не сакале да го понесат крстот на тешкиот монашки живот и кои сакале да ја напуштат Света Гора, Старецот им го кажувал следниот настан:
 Еден Светогорец, кој што имал дар на проѕорливост, ги видел сите групи  на демоните, една од друга погнасна, меѓу кои една се издвојувала по гнасотијата од останатите. На човекот би му паднало мачно уште од самиот поглед на нив, Подвижникот кој што ги гледал, се запрашал од каде произлегува таа нивна гнасотија.
 Зошто не гледаш така чудно монаху? – со сатанска иронија запрашал еден ѓавол. Сите овие кои ги гледаш, ги искушуваат монасите и на секој начин се обидуваат да им попречат во патот на спасението. Преку мисли за сродниците и отечеството ги доведуваат до униние, и им подметнуваат мисли да ја напуштат Света Гора и да се вратат во светот. На мене паѓа делот оние кои заминуваат и ја фрлаат мантијата да ги пренесам на рамениците до бродот,  и од нив ми е изгризан вратот и рамениците. И бидејќи ги носам до бродот, патувам заедно со нив до светот.
 Старецот ќе се прекрсти и се ќе исчезне.
 Хаџи Георгиј секого го советувал примерно со расудување, утешувајќи ја душата и помагајќи им со својата срдечна молитва. Неговото лице зрачело со светлината на животот и ја раздавало благодатта Божја на намачените души. Гласот за светиот Георгиј се разнел насекаде. Од сите страни пристигнувале луќе за да задобијат духовна корист. Од утро до вечер ги примал дојдените и ги загревал нивните срца цо цвојата љубов, која приличела на пролетна ведрина. По утрото се познава денот.
 Од своето семејство заминал како мало дете. Заради Христовата љубов ги оставил родителите. Ја пренел љубовта од своето мало семејство, задобивајќи ја така Божјата љубов. Сите луѓе ги сметал како свои браќа, бидејќи станал дете на големото Адамово, Божјо семејство.
 Немал никакви свои планови, но Бог го ставил во Својот план, и направил да стане духовен Отец. Сваќајќи ја големата важност на ангелската схима, не сакал друга работа. Мнозина посакувале да станат негови ученици, особено малолетни кои што не ги примале во манастирите. Нив хаџи Георгиј од сожалување ги примал од својата петнаесетта година, пазејќи ги како грижлив татко и добра мајка. Да би мислеле како и тие, наводно,  дека имаат брада и да се радуваат, им ставал пепел на лицето. И покрај тоа што во неговото братство имало деца, тие не правале проблеми во строгиот типик на хаџи Георгиј, туку напротив, младите ги поминувале старите. Вкупно биле триесет браќа. Во ќелиите на Свети Димитриј и на Свети Мино некогаш биле и по пеесет. Во неговото братство секогаш имало шест – седум млади од манастирот или од другото братство, додека покрај светиот Старец не им пораснат вистински бради и духовни крила.
 Во топлата духовна атмосфера во братството на хаџи Георгиј се ширела благодат која браќата духовно ги топлела, така да не им била потребна многу вештачката храна и огрев. Нивна вообичаена храна била суви плодови и мед. Мрсна храна никогаш не јаделе, дури ниту масло. За Воскресението, наместо јајца готвеле кромит и го боеле црвено.
 Во сите денови од Светлата седмица хаџигеоргиевците се радувале духовно, а не со добро јадење. Благодатта Божја ги крепела телесно и биле здрави.
 Ако некој од браќата се разболел, Старецот малку ја загревал фурната, и кога со раката ќе се уверел дека температурата е воедначена, внатре влегувал братот, и му станувало подобро. Ако пак на некој од браќата му се случило нешто друго, таквиот го поставувал пред иконата и цела ноќ се молеле. Ја молеле Мајката Божја и на крајот на Светата Литургија братот ја примал Светата Причест наместо лекот и оздравувал. Исклучок бил некој старец кој што веќе бил пред својот крај и маки, кого што Христос би го зел близу кај Себе за да вечно се одмори.
 Светиот Старец имал голема слобода пред Бога, како и други отци од неговото братство кои постанале како Ангели. Повеќето од нив од порано биле Ангелчиња; такви постанале поради непрестаните и надприродни подвизи. На некој начин постанале нетварни и летеле високо. Нивниот ум постојано се наоѓал кај Бога.
 Имал и околу сто послушници кои биле во доцни  години, во поблиските  ќелии. Тој им снисходел, бидејќи се мачеле обидувајќи се да се сообразат со строгиот типик на хаџи Георгиј. Ги обезбедувал со сите потреби,  за да бидат безгрижни и да ја творат молитвата за свое спасение и за спасение за целиот свет. Од овие послушници повеќето биле Руси.
 Подоцна во заедницата се доселиле тројца – четворица привикнати на удобност, покрената од егоизмот та и тие да се сметаат за вистински чеда на хаџи Георгиј. Полека, полека влијаеле на поедини собраќа, како и на еден учен монах Теофан, по потекло од Молдавија. Тие се пожалиле на свештениот манастир на Лаврата, барајќи да се промени строгиот типик на хаџи Георгиј, бидејќи тие неможат да се сообразат со него.
 Светиот Старец веднаш го послушал манастирот и од тогаш разрешувал на масло секоја сабота и недела, па готвеле зелка.
 Меѓутоа, еден голем дива свиња почнала  да влегува во нивната бавча и да ја уништува зелката. Кога монасите го известиле Старецот за тоа, тој им рекол да внимаваат на неа штом ја  видат да му кажат. Една вечер додека животното ја раскинувало оградата да влезе, тие му кажале на Старецот. Штом ја  здогледал, хаџи Георгиј ја прекрстил и таа веднаш останала  неподвижна. Старецот ја  фатил за уво и животното тргнало по Старецот како јагне до штала, каде што Старецот за казна ја затворил три часа гладна. После тоа време ја пуштил на слобода велејќи и:
 Благословено животно, зарем не ти е доволен цел Атон, туку доаѓаш овде и ја уништуваш оваа зелка , од кој што треба да се хранат повеќе души. Оди сега во добро, но следен пат не доаѓај, бидејќи ќе ти наложам поголема казна.
 Се разбира, во зрелиот духовен раст на Старецот ова не било најзначајно, бидејќи уште како искушеник Гаврил правел многу други чуда поголеми од ова.
 Нешто слично на ова се случило во Капсокаливи. И таму во нивната бавча влегувала дива свиња и правела штета. Јеромонахот Неофит го испратил Гаврил да ја фати, да ја заврзе за својот појас и да ја доведе, како што и се случило. Старецот наредил да ја нахранат со корења и трева, и да му направат јасле во шталата па потоа и рече на дивата свиња:
 Кога ќе огладнеш, дојди овде да те нахранат монасите, а не да ја уништуваш бавчата на отецот на овој крај.
 Дивата свиња така постанала домашно животно, и кога била гладна доаѓала по својот оброк.
 Еднаш Старецот со својот ученик Аврам тргнал високо на Атон за да сече дрвја. Бидејќи исекле доволно дрвја, го положил конопот, ги наредил дрвјата и му рекол на отец Аврам да му ги натовари на грб. Отецот се изненадил бидејќи дрвјата биле толку што ни четири животни не би можеле да ги пренесат; но, верувајќи во светоста на својот Старец, тргнал да ги натовари.  Хаџи Георгиј го качил бремето и му помогнал  на Аврам да стане. Подоцна самиот раскажувал:
 На грбот како да имав една лесна покривка.
 Старецот имал дар на проѕорливост, т.е, духовен телевизор. Многупати одненадеж ја оставал својата работа, излегувал на пат, им приоѓал на луѓето кои биле во очај, ги утешувал, и им помагал да се спасат.
 На лицето на хаџи Георгиј луѓето ја гледале Божјата ведрина, така да лесно се отворале и се лекувале. Сите со восхитување и почит говореле за Старецот.Словените и Грците Светогорци го прифатиле заради неговото подвижништво и светоста која ја ширел, особено по Атон.
 Богопросветени биле неговите поуки. А гостољубието Аврамово! На посетителите им давал храна по двапати. Во своето братство имал два духовника кои ги исповедале  поклониците, јеромонах Исак и јеромонах Антониј.
 Нивното ракоделие бил иконописот. Еден од поистакнатите иконописци бил побожниот јеромонах Мино.  Се занимавале и со друга рачна работа, но не престанале да се занимаваат со умната, непрестана молитва. Ако приметел дека некој од отците повеќе од другите ги возљубил молитвата и метаниите, го ослободувал од послушанието и му говорел да се моли и да прави метании непрестано за целиот свет, бидејќи светиот Старец се грижел и за спасение на душите на целиот свет.
 Со благодатта Божја успевал да покрсти дури и Турци. Меѓу нив на Света Гора бил и еден ага – наредник, кого што Старецот го покрстил после многу пост и молитви, бидејќи наредникот се колебал.
 И покрај непрестајниот монашки подвиг, бил здрав и се движел така лесно, што се чинело дека лети. Очите му биле светли и секогаш отворени; лицето му зрачело и имало слатка боја на ружа, вратот и главата биле повиени како зрел клас. Бил со средна висина, витален, само коските, жилите и кожата го сочинувале неговото тело, кое што цело со подвизите било посветено на Бога. Се радувал на бденијата, и со нив духоно се хранел. Додека останатите се одморале на креветот, хаџи Георгиј тоа го правел стоејќи . Својата ќелијаа скоро и да не ја гледал, бидејќи ноќта ја поминувал во црквата, а денот со измачените луѓе.
 Духовните чеда не го вознемирувале, бидејќи духовно созреале и покрај тоа што биле млади. Благодарејќи на дарот на проѕорливост, било доволно еднаш да погледне на своите монаси, за да ги прочита нивните помисли и срцето пред тие да го изнесат тоа.
 Еднаш прорекол и сообраќајна незгода која што требало да се случи во царско семејство, и му напишал на царот на одредениот ден да не поаѓа на пат преку тој – и – тој мост со своето семејно возило. Царот, читајќи го писмото на Старецот, се насмеал и рекол:
 Монахот проси милостиња, испратете му неколку рубљи.
 Меѓутоа, после шест месеци додека се возел со семејството на онаа место и ден кој што ги прорекол Старецот, се обрнало неговото возило, но ништо не се случило. Со чудо сите биле спасени. Тогаш се присетил на зборовите на хаџи Георгиј и сватил дека е спасен по неговите молитви.
 Од тогаш царот гаел особено почитување спрема Старецот, и испраќал луѓе на советување кај него. Разбирливо што тогаш кај некои Руси – монаси, се појавила завист – како тоа Руси да одат на совет кај хаџи Георгиј, а не кај нив кои биле Руси.
 Многу Руси кои биле излечени по молитвите на Старецот му праќале прилози. Но, бидејќи тој со своето братство живеел подвижнички, прилозите обично ги раздавал на други самоподвижници или сиромашни. Поради тоа за некого кој што штедро делел милостиња се велело: Дели како хаџи Георгиј.
 Самиот Старец секогаш ја носел истата облека – подрасник и едни панталони. Одел бос, а само во храмот облекувал некакви дебели чорапи. Меѓутоа,  добриот Бог го топлел со Својата обилна љубов, и затоа Неговиот верен слуга прилежно се подвизувал заради љубовта Христова. Инаку човечки е необјасниво да некој живее високо на Керасија каде што од Атон се спушта голем студ, и да ја поминува зимата со малку храна.
 Сите кои го познавале Старецот го почитувале како Светител, каков што и навистина бил. Многумина побожни Руси поклоници земале фотографии од хаџи Георгиј и ги носеле на болни во Русија, а овие поклонувајќи му се со вера – оздравувале. Фотографии од хаџи Георгиј се наоѓале на руски иконостаси заедно со иконите од Светителите. Болните луѓе го призивале во своите молитви, а Старецот, како некој Светител, им помагал преку  благодатта Божја, иако се наоѓал на Керасија Атонска.
 Меѓутоа, сите овие чудесни случувања, како и почитта од луѓето, дури и од самиот цар, спрема личноста на хаџи Георгиј, како што изнесов, голема завист кај поедини Руси – Светогорци. Поради тоа го клеветеле кај Грците, дека тој наводно ја сака Русија и царот, а тие наводно ја сакале Грција. За жал, се нашле поедини лоши Грци, кои поверувале во тоа, бидејќи во тоа време владеела меѓучовечка расипаност, како последица на руската пропаганда. Меѓутоа, односите на светиот Старец со Русите биле чисто духовни.
 Во тоа време, се појавило уште едно големо искушение и голем раздор помеѓу Грците и Русите во манастирот на Светиот Пантелејмон. Го повикале Старецот хаџи Георгиј да ги измири, и тој во текот на два месеца, доаѓал и одел. После тоа имал видение од Мајката Божја како подеднакво го дели својот благослов и на Грците и на Русите, од што старецот сватил дека во манастирот на Светиот Пантелејмон треба да останат и имаат меѓусебна љубов и Грците и Русите. Оние кои го правеле немирот во манастирот, меѓу кои имало припадници на двете страни, и на кои што не им одел во прилог мирот и љубовта, не само што не го послушале советот на хаџи Георгиј, кој што бил и желба на Мајката Божја, туку се согласиле да го исфрлат од манастирот за да би можеле да продолжат со нивните расправии. Така и се случило.
 Старецот се вратил на Керасија, но и тука поднесувал напади и од Грците и од Русите. Русите му завиделе што кај него, Грк, доаѓаат знаменити Руси заради совети, и го клеветеле кај Грците дека е русофил, бидејќи во тоа време како што изнесов, била заострена состојбата. Поедини лоши Грци поверувале на тоа и го растуриле ангелското братство на хаџи Георгиј на Керасија. Ги оставиле само јеромонахот Мина, и тројца монаси Грци – Гаврил, Викентиј и Симеон во Свети Димитриј.
 Постарите отци се разотишле по разни места на Света Гора, по двајца или тројца. Тројца отци од братството на хаџи Георгиј дошле во кутлумушкиот скит. Тоа биле: отец Аврам, отец Исак, и отец Георгиј, кој што отишол во своето отечество во Рахова, западен Епир и земајќи во своето братство и двајца свои собраќа по тело – Периклиј (отец Лука) и Герасим, ги замонашил во ќелијата на Светиот Герасим. Подоцна им се придружил и Стојас Герасим од Пликат – коњитска, нивни соседно село, кој што многу ми раскажа од светиот живот на својот духовен дедо, хаџи Георгиј. Изнад Кареја, каде што почнува Капсала, во ќелијата на Светиот Георгиј „Фанеромен“, живееле шестмина од учениците на хаџи Георгиј со Старецот, нивниот духовен собрат, богобојазливиот Евлогијем. Исто така, близу манастирот Кутлумуш, во ќелијата на Светиот Теодор живееле уште двајца.
 Меѓутоа, Старецот хаџи Георгиј бил одговорен и за малите. Отишол во својот прв манастир на Светиот Григориј, подигнал ќелија на Свети Стефан високо во шумата, и како добар отец, собирајќи ги сите млади монаси од своето братство, ги чуваше како нежна мајка. Поради тоа што во григоријатската шума која што се сечела, се наоѓале многу работници – световници, Старецот беше заповедал на младите монаси не само да не разговараат со нив, туку и да ги избегнуваат. Кога се наоѓале на послушание во тој крај, и кога ќе виделе некој световник, младите монаси се криеле по дрвјата и ја кажувале молитвата додека овие не се оддалечеле.
 За жал, поедини луѓе го искористиле ова за да повторно го наклеветат Старецот во манастирот Григоријат, говорејќи:
 Хаџи Георгиј има и многу други монаси сокриено во брдото, а не ги пријавил на манастирот, и ги крие своите планови...
 Разбирливо кај григоријатските отци се јавиле помисли против него, за да на крајот го протераат од своите краеви. Старецот бил принуден да се смести кај својот ученик, отец Евлогиј, во Свети Георгиј „Фенеромен“, а после тоа да ја земе руската ќелија Свети Стефан на Капсали.
 Но, за жал, ни тука, луѓето кои му подзавиделе не престанале да го напаѓаат, се додека работата не стигнала до Свештената Општина на Света Гора, која донела одлука за прогонство на хаџи Георгиј од Света Гора:
 Свештената Општина со својата одлука донесена на 27.10.1882 година на пеесет и втората седница, не земајќи ги во предвид претходните одлуки, по молба на свештениот манастир Русика постапува со изгонување на Гркот хаџи Георгиј од руската ќелија Свети Стефан, како оној кој не се сообразува со правилата на ова свештено место.
 
 Летал високо по Атон како крстообразен орел, но, за жал, поедини лоши луѓе, туѓи, не од неговото братство, непрестано му ги кршеле крилјата и му го рушеле гнездото, се додека не го уловиле. Меѓутоа, аголниот камен си останува аголен камен, каде и да се фрли. Пронашол еден запустен манастир на Светиот Ермолај и Светиот Пантелејмон близу Цариград во Мармари, и таму повторно го продолжил својот подвижнички живот.
 Појавата на хаџи Георгиј во Цариград во она време беше божествен балсам за душите на страдните христијани, бидејќи околу 1883 година многу пострадале од варваринот султан Абдул – Хамит. Старецот  божествената утеха не ја ширел само на страдните души, туку лекувал и болни тела, и со благодатта Божја која ја поседуваше, праваше чуда. Дури и самиот негов појас правел чуда. Болните го преојасувале појасот и се излекувале; жени кои што биле во опасност на породување, го барале појасот на светиот Старец и штом ќе го ставеле, веднаш се растеретувале, додека демонизираните се ослободувале.
 Во Мармари го посетил неговиот ученик отец Симеон, и Старецот му дал благослов да ја обнови запустената ќелија на Светиот Димитриј и Светиот Мино. Во духот на хаџи Георгиј му било да дели милостиња која ја примал како милостиња, а самиот секогаш да биде посиромашен од најсиромашниот. На тој начин се богател духовно и постанал аристократ т.е дете Божјо. Во тоа му помогнало прилежното подвизување во кое останал до крајот на животот, кој го дочекал во кревет. Болки имал во целото тело, особено во нозете, така да не можел да оди. Духовните сили го оставиле, но тој до својот подвиг се држел и во креветот. Страдалниот свет, меѓутоа, не го оставил, бидејќи имал голема потреба и сите се стремеле кон него за помош и духовни совети. А цветиот Старец од болничката постела, покажувал интерес за болката на другите.
 На Старецот многу му помогнал отец Партениј, Русин од Керасија, кого што хаџи Георгиј го спасил од сигурна смрт, и кој што постанувајќи негов ученик, гаел големо почитување кон Старецот. Меѓутоа, целосното држење на Русинот, јеромонахот Партениј помогнало да хаџи Георгиј биде протеран. Јеромонахот Партениј бил славољубив, и во желба да се истакне го користел името на преподобниот хаџи Георгиј во сите свои потфати, злоупотребувајќи ја светоста на Старецот и создавајќи така    проблеми. Но, и покрај тоа, тој го љубел, и останал покрај Старецот до крајот на животот.
 Светиот Старец до последниот час од својот живот имал просветен ум и советувал со божествена јасност. Покрај оние кои го посетувале заради духовна помош, пред крајот на неговиот живот, го посетувале и луѓе кои имале материјална потреба, бидејќи мислеле дека во банка има многу пари. Хаџи Георгиј на таквите, покажувајќи со раката од креветот на небото, говорел:
 Таму е мојата банка; овде јас немам пари. Имам само уште еден долг.
 Мислел на предавањето на својата душа во Божјите раце. Потоа побарал да се причести, и се упокоил во Господа на 17 декември во 1886 година (по стар календар) и бил погребан во Балаклија во храмот на Живоносниот Источник на Богородица, во ист гроб во кој што бил, три години пред него, погребан неговиот брат Анастасиј.
 Тие денови на Света Гора, лежел на постела јеромонахот Неофит( потстриженик на јеромонахот Неофит Караманлис), неговиот собрат кој престојувал на Катонакија во ќелијата на Успение Богородично. И додека Старецот лежел на креветот и гледал нагоре, одеднаш го загубил чувството за надворешниот свет. Малку подоцна дошол на себе и рекол:
 Сега бев во Цариград, кај хаџи Георгиј.
 И што ни донесе одтаму? – го запрашал неговиот ученик, јеромонах Игнатиј.
 Еве, ви донесов коливо.
 И што ти рече? – продолжил да прашува јеромонахот Игнатиј.
 Ми рече: За три дена ќе дојдам по тебе – одговори Старецо и замолчи.
 Ние, вели јеромонах Игнатиј, не им придадовме никакво  значење на зборовите од Старецот.
 Но, на големо изненадување на неговите ученици, јеромонахот Неофит, потполно здрав, ако се изземе старечката изнемоштеност, навистина после три дена, т.е на 20 декември во 1886 година ја предал својата мирна душа; додека хаџи Георгиј заминал на небесата на 17 декември во 1886 година, точно во денот и часот како што се окрило во видението на јеромонахот Неофит.
 По заповед на најсветиот патријарх Јоаникиј трети официјално е извршен погреб од страна на епископот Дирахијски Висарион со целокупниот клир, и произнесено било погребно слово. Светиот Старец хаџи Георгиј го испратило мноштво луѓе, меѓу кои и деца, момчиња и девојчиња, ученици од училишта, кои што додека бил жив, Блажениот многу ги помагал.
 Сите жалеле за својот заштитник кого што го изгубиле, па дури и Турците, бидејќи на многу од нив им направил добрина, излечил многу Турци од разни болести, и имале почитување спрема него. Турците го нарекувале бизим баба т.е наш Отец.
 Хаџи Георгиј имал голема и чиста љубов кон сите. Секогаш бил мирен, незлоблив, и простувал. Имал големо срце, па во него можел да смести се и сешто. На некој начин постанал како бестелесен. Живеејќи ангеласки живот, постанал Ангел и се издигнал на небото, бидејќи ништо не го задржало – ни душевните страсти, ниту материјалните нешта. Сето тоа го отфрлил, и поради тоа и се вознел високо.
 Бидејќи светиот Старец бил неправедно измачен од луѓето, верувам дека се удостоил со двострук венец од Христа: Преподобен и Маченик. Но сепак, и во овој случај, кога некој страда од христијанин, болката на Божјите луѓе е дотолку поголема кога ја забележуваат грубоста, неприлична за христијаните.
 Од ова горе изнесено, може да се свати светоста на преподобниот отец Георгиј ( хаџи Георгиј). Светиот Отец, се разбира, се трудел да живее незабележано, како што учеле Светите Отци на нашата Црква, поради што му чинам неправда со ова малку што го пишувам и знам .
 Никакво значење нема тоа што Црквата уште го нема прогласено за светител и не му дала ореол. Она што има значење е светлиот живот на Старецот, прост, незлоблив, молчалив пример. Бил полн со доблести и божествена сила, која што заедно со самиот себе ја ставал на располагање на ближните, се со цел да им помогне.
 Го проповедал Христа и на далечина. Правел чуда, имал Божји виденија и дар на проѕорливост. Имал голема благодат Божја која го откривала. Кога од гробот го извадиле неговото тело, прекрасен мирис се ширел од неговите свети мошти.
 Јеромонахот Пертениј дал меколку честици за благослов на побожните Руси, а останатите ги чувал во тогаш хиландарската ќелија Благовештение на Пресвета Богородица во Кареја.
 Молете се да се пронајдат, та и ние да примиме малку благослов од неговите свети мошти; да бидеме благословени од него самиот, бидејќи не сме живееле во неговото време. Амин.
 Преподобни Георгије Божји, фрли еден милостив поглед и на мене, бедниот Пајсиј.

 

На денот на празнување на иконата
„Достојно ест“
На 11 јуни во 1983 година
Кутлумушка ќелија „Панагуда“
Света Гора

Слава Му на Бога!

 Светиот Старец си имал свети духовни чеда кои што ги помагал и духовно штител, како што ќе видиме од писмото упатено до митрополитот на Хиос. Отците, иако живееле во светот, сепак, живееле надвор од светот, применувајќи го строгиот типик на хаџи Георгиј. Со својот добар пример на подвижнички дух им помагале на христијаните да го чуваат Светото Предание на нашата Црква.
 Изгледа луѓето од тоа време почнале полека духовно да слабеат, па хаџи Георгиј се трудел да го подржи православниот подвижнички дух на нашата Црква. Треба и ние, особено во нашето време да внимаваме. Покрај слабеењето кое се пројавува, денешните луѓе за жал, стигнале дотаму што и правилата (каноните) СТРАНА ПРЕД КРАЈ  . Поради тоа трудбениците, не само што не треба да подпаднат под  влијанието на овој светски дух, туку и да не се споредуваат самите себе со световниците и вообразуваат дека се свети, после што слабеат и стануваат полоши од самите световници.
 Меѓутоа, кога се споредуваме самите себе со Светите, ќе ги видиме своите страсти, ќе се смириме и потрудиме уште поусрдно,  за да се спасиме.


Амин.

 

 

(Продолжува)

Подготви: Даниел Илиевски

Vinjeta.zakniga1.jpg

 

 

 

 

 

Друго:

СТАРЕЦ ХАЏИ ГЕОРГИЈ СВЕТОГОРЕЦ (1)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная