Скопје, 27 април 2012 год.-храм на св.вмч.Димитриј
На празникот на свети Мартин Исповедник, папа Римски и светиот маченик Ардалион Глумец
Литургија...се земно да молчи
На почеток на Литургијата- немаше промени на фреската на ангелот
На 27 април 2012 година, на празникот на свети Мартин Исповедник, папа Римски и светиот маченик Ардалион Глумец во храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На самиот нејзин почеток, додека свешетикот принесуваше молитви кон Бог, се случи видлива промена на фреската на ангелот кој се наоѓа во непосредна близина на св.вм. Димитриј. Ангелот го облеа силна бела светлина, која објективот на апаратот достојно на настанот не ја забележа, но сепак промената, на еден блед начин.да. Доминираше плавата боја, со бледо присуство на црвената, а ангелот изгледаше како сега Фрескописецот да го поставува на зидот..А кога заврши причетувањето и крајот на Божествената Литургија, навраќајќи се повторно кон фреката на ангелот, се беше исто како и порано: се врати црвената боја и првобитниот изглед на целата фреска. Во олтарот настана друга величенствена појава, се осветли фреската на св.Јован Златоуст, во силна златна боја. Торжествена е Литургијата. Можеби многумина од нас, несвесни , забораваме дека пред Него стоиме. и се однесуваме лефтерно..невнимателно..расеано..едноставно не чувствуваме дека стоиме пред Него, Царот. Можеби ова денешна пројава низ фреската на ангелот, материјално ни покажува што всусшост се случува за време, на Боженствената Литургија.. И тоа се случи само додека таа траеше...
“Ние кои херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна и пееме, секоја животна грижа сега да ја оставиме “
Светлината е видлива и на дрвената површина над главата на ангелот
Сребрената светлина полека се повлекуваше од ликот на ангелот.
Во олтарот настана друга величенствена појава, се осветли фреската на св.Јован Златоуст, во силна златна боја.
....навраќајќи се повторно кон фреката на ангелот, се беше исто како и порано: се врати црвената боја и првобитниот изглед на целата фреска.
Се вратија, пак, седумдесеттемина со радост и велеа: „Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат“. А Он им рече: „Го видов сатаната дека падна од небото како молња! Еве, ви давам власт да настапувате на змии и шкорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; но не радувајте се на тоа дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се што се имињата ваши напишани на Небесата“ (Лука 10, 17-20).
Забелешка: На 29 април 2012 година, се случија други промени на фреските кои дополнително ќе ги публикуваме во овој прилог
Преминпортал
Лето Господово 2012
Скопје, 29април 2012 год.-храм на св.вмч.Димитриј
На празникот на светите маченички Агапија, Хионија и Ирина
Записот е направен во текот на Божествената Литургија на празникот на светите маченички Агапија, Хионија и Ирина .По милоста Божја, во текот на Литургијата на фреската Покров на Пресвета Богородица, се појавуваат понагласено сребрени назнаки на одеждите и на фигурите на трите светители. А во олтарот, денес златеста промена настана на фреската на св. Василиј Велики (на 27 април, таа се случи на фреската на св. Јован Златоуст, во претходната Литургија, на св. Климент Охридски).
Запис направен по Божествената Литургија
Запис на ангелчето од левата страна на горниот аголен дел на фреската на Рождеството Христово, направен во текот на Литургијата (слика 1) и по завршувањето (слика2)
Слика 1. Слика 2.
Запис на ангелчето од десната страна на горниот аголен дел на фреската на Рождеството Христово, направен во текот на Литургијата (слика 3) и по завршувањето (слика4)
Слика 3. Слика 4.
Запис направен на 4 мај 2012 година
Скопје, 6-ти мај 2012 год.-храм на св.вмч.Димитриј
На празникот на Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;
На човековото срце не му треба чудото за да се увери во постоењето на Бог – срцето знае. Дека Бог е сè во сè. (1 Кор 15, 28)
Друго:
- Неговото чудесно присуство во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (13.04.2012)
- Господи, Боже мој, ќе Ти пејам погребна песна, песна на Твоето погребение, зашто Ти, со Своето погребение ја отвори за мене вратата на животот и со Својата смрт ги погуби смртта и пеколот.
- Сестра Макрина - ЧУДО!!!
- Утрена богослужба во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (06.05.2012)
- Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (04.05.2012)
- Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (29.04.2012)
- Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (27.04.2012)
- Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (22.04.2012)