логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Протоереј Георгиј Флоровски
✣✤✣ georges_florovsky.jpg

За честа на горното призвание
✣✤✣
Човекот е создаден како икона (образ) Божја (1. Мој. 1, 26 – 27). Не е ниту лесно, ни едноставно – во статичните, природните категории – да се одредиgeorges_florovsky.jpg што точно претставува „иконата Божја“ во човекот. Светите Отци, во поглед на ова, укажуваа на умот и слободата. Тоа значи дека иконата Божја има динамичка смисла и природа. „Иконата Божја“ е она што изобразува, што одразува, што одново произведува... Создавањето на човекот како икона Божја го означува неговиот призив и неговата способност да се уподоби на Бога, способност за живеење во Бога... И затоа грешниот и паднат човек не може во себе да ја пројавува „иконата Божја“, зашто е надвор од Бога, надвор од животот. Тој е оддалечен од Бога и Божјиот лик не се огледува во неговата душа... Христовото обновување на „паднатата икона“ е оживувањето на човекот, повторното соединување со Бога... Он, бидејќи ни ја дарува Својата сопствена икона и Својот сопствен дух, но ние тоа не го сочувавме, вели Преподобен Јован Дамаскин, ја прими врз себе нашата бедна и немоќна природа за да нѐ очисти, да нѐ избави од распадливоста и одново да нѐ направи причесници на Своето Божество. Според тоа причестувањето и е живот за човекот зашто единствено Бог е вистински Живот. И, затоа спасението е воскресение и Христос за нас  е воскресение и живот.

Тој живот во нас се открива преку Духот Свет. И како што зборуваше Св. Атанасиј Велики, „Напоени од Духот Го пиеме Христа“. Преку даровите на Духот се соединуваме со Спасителот и во таа смисла Светиот Дух е Дух Христов. И Светиот Дух е Духот Животворен. Духовното оживување на човечкото битисување е осветување на тоа битисување. Духот е „Источник на осветувањето“ и во таа смисла, според објаснувањето на Отците, треба да го разбереме неговото именување како Дух Свет. „Осветувањето“ е „обожување“, теосис, зашто единствено Бог е Свет и единствено преку соединувањето со Бога, човекот може да постане „причесник на светоста“. И обратно, примајќи ги даровите на Духот кои осветуваат, ние стануваме „причесници на божественото“: се соединуваме со Бога и во нас се открива духовен или Божествен живот. Во тоа се остварува спасението. Тоа се остварува во Црквата и Црквата, пред сѐ е Света Црква. Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа за да ја освети (Ефес. 5, 25 – 26). Црквата е Дом Божји, Дом на Духот Свет. Црквата е Тело Христово, таинственото Тело на Воплотеното Слово , и затоа во неа, исто така, се сретнуваат и соединуваат две природи. Црквата е организам на богочовечкиот живот.

 Тој живот се остварува, пред сѐ во Светите Тајни. Сите Свети Тајни се дејства што осветуваат: преку нив дише Светиот Дух, преку нив се остварува соединувањето со Христа, преку нив се обновува општењето со Бога. И сите Свети Тајни се свети и преку нив се остварува светиот живот на Црквата. Заедничарењето во Светите Тајни е заедничарење во светоста, во осветувањето, во даровите на Духот. И христијаните, токму преку Светите Тајни, се издвојуваат од неосветениот свет во род избран, во царско свештенство, во народ свет (спор. 1. Петр. 2, 9). Во оваа смисла, во првите векови сите верни се нарекувале светии, како оние кои се родени од Духот, како оние кои се осветени преку Светите Тајни. А надвор од Светиот Дух воопшто не може да има и не постои вистински христијански живот. Ако некој Го нема Духот Христов, тој не е Негов (Рим. 8, 9), вели Апостолот.

 Целокупниот христијански живот, во извесна смисла, е дар на Светиот Дух. Сите се повикани на осветување: во тоа е и смислата на христијанството. А тоа значи: сите се повикани на светост, на стекнување на Духот. Во тоа е основната задача на христијанинот, смислата на неговиот живот, неговата надеж...

 Од Светиот Дух доаѓа дарот на верата, и дарот за молитва, и дарот на љубовта...Целокупниот живот на Црквата е пројава на Духот Свет. Но, Црквата се состои од луѓето, како нејзини членови. Ако Црквата е Дом Божји, тогаш и секој христијанин е должен да биде Дом Божји и храм Божји. Зар не знаете дека сте храм Божји и дека Духот Божји пребива во вас? (1. Кор. 3, 16), вели Апостолот. Така се одредува и првиот и основниот момент на светоста и него можеме да го наречеме харизматски (благодатен момент). Тоа е приопштување кон Духот, единство со Бога, причестување со животот. Тоа има свои степени и мерки. Но, на тоа се повикани сите и во него е целата христијанска надеж, во честа на горното призвание од Бога во Исус Христос (Филип. 3, 14)

Светоста е од Светиот, светоста е од Бога. Светоста е дар и милост, односно благодат. Дар е од Оној Кој повикува, а не од делата (спор. Рим. 9, 12; Гал. 2, 8 – 9). Но, сепак, нема дар без дела. Пред сè токму поради тоа што осветувањето е восиновување од Бога  - восиновување, а не ропство. Веќе не ве нарекувам слуги... туку... пријатели (Јован, 15, 15) вели Господ. Во Бога не смее да се живее и пребива ропски, од страв, со присила... Да се живее во Бога, значи да се живее богоподобно, а првата одлика на богоподобноста е слободата „самовластие“, како што велеа древните Отци, односно создавање и одлучност на волјата. Благодатта не дејствува насилно, ниту магијски, ниту, пак, принудно. Благодатта привлекува, но не замајува, туку повикува: Еве стојам пред вратите и тропам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене (Откр. 3, 20). И оттаму и другиот момент во светоста, кој можеме да го наречеме подвижнички. Тоа е момент на подвижништво и создавање, и тоа доброволно подвижништво, а не неволно, подвижништво од љубов, а не од страв. Според зборовите на св. Исаак Сирин, „Бог според големата Своја љубов, не сакаше да ја ограничи нашата слобода, туку благоволи ние да бидеме тие кои со љубовта на своето срце ќе Му се приближиме  Нему“, и затоа благодатта дејствува во „тајната на слободата“. Бог, според Својата љубов, од нас бара љубов и на таа Љубов треба да Му се одговори со љубов. Осветувањето не е од делата, туку е дар, и затоа треба да биде прифатено во слобода, т. е. во љубов. Така се соединуваат подвижничкиот и харизматскиот (благодатен) момент. Како што велеше св. Григориј Богослов: „Доблеста не е само дар од Великиот Бог Кој ја почитува Својата икона, туку за неа е потребен и нашиот стремеж, ниту, пак, таа е плод на исклучиво „благословените“ срца, туку неопходна е и силата на Севишниот“.

 И сè се завршува во љубовта. Љубовта не е само врв на подвижништвото, туку и почеток, или, поточно, таа е самата сила на подвижништвото, повозвишениот пат (1. Кор. 12, 31). Првата заповед е заповедта на љубовта: Возљуби Го Господа својот Бог (Матеј, 22, 37). Но, тоа е повеќе од заповед. Зашто љубовта е живот: прави го тоа и ќе живееш (Лк. 10, 28), рече Господ. Зашто според зборовите на Апостолот, „љубовта е од Бога и секој кој љуби роден е од Бога, и Го знае Бога... зашто Бог е љубов (1. Јован, 4, 7 – 8). Љубовта кон Бога, пред сè, е стремеж кон Бога, копнеж за богоопштење, чувство дека богоопштењето ни е неопходно.

 За тоа, со особено нагласување, насекаде зборувале христијанските подвижници и мистичари, почнувајќи од големите апостоли Јован и Павле. Подвижничката мистика била мистика на љубовта, и тоа каде – каде повеќе од мистиката на покајанието. Љубовта кон Христа, како љубовен стремеж кон Христа, била мотив и движечка сила на првиот христијански, ранохристијански подвиг, подвигот маченички. Доволно е да се потсетиме на блескавиот лик на св. Игнатиј Богоносец. Тоа не било само поднесување заради Христа и Христа ради, туку и следење на Христа со радост, сострадување, соносење на крстот. Љубовта кон Христос е источник на маченичката радост и затоа во ранохристијанското мачеништво имаше толку големо вдахновување и мистика.

Подвижничката љубов е динамичка, и на некој начин ненаситна. Тоа е пат кон непрестајното воздигнување. Тоа е заборавање на себе во љубовта кон Бога. И во врска со тоа стои и собраноста, напрегнатото сосредоточување на душата, која мисли единствено на Бога. Во источното подвижништво, на многу јасен начин, изразен е естетичкиот мотив и токму тоа е она што особено ја карактеризира слободата на љубовта.

Извор: Бигорски манастир

Лето Господово 2012



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3127
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7601
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная