Губење на верата
- „Дваесет години одев во црква“ – ми се довери еден пријател – „цели денови поминував во храмот, а сега не ми се оди таму. Воопшто немам потреба од Црквата и самиот не разбирам, што се смени во мене!“
– Тоа значи дека била поставена погрешна основа на верата. Бидејќи, кога човек има правилна вера уште од самиот почеток, тој ја развива и поддржува. Но Христос во Евангелието, во параболата за сејачот, дава пример за тоа, како семето паднало на место, каде што има малку почва, тоа дало малку плод, и кога излегло сонцето, тоа изгорело. Ова е кажано за луѓето кои ја примаат верата, пуштаат цветче, но кога ќе дојдат искушенијата, не издржуваат и изгоруваат.
Зошто? Затоа што си мислат, дека штом се со Бога, тогаш кај нив сѐ ќе биде во ред: „Работата ќе ми врви добро, моето здравје, децата, семејството“. Но Христос не ги го кажал ова. Христос не е магепсник. Он ни рекол да се сакаме и дека во животот ќе сретнеме многу неволји. Но од тие неволји треба да извлечеме духовна полза, и Самиот Христос ги претвора неволјите во благослов. Во неволјите е причината за Царството Божјо.
Ние имаме врска со Христос и Црквата не затоа, за да си го поминеме добро времето во животот, тоа е погрешно размислување. Тоа е состојба на наемник, како што велат светите отци, т.е. ние Му велиме на Христос – јас Ти принесувам покајание, молитва, свеќи, пост, милостина, но и Ти ми даваш здравје, пари, семејство, сопруг/а, деца. Ако ти го дадам сето тоа, а Ти во замена не ми дадеш ништо, ќе се скараме. Тоа е како дете, кое бара пари од татка си, со зборовите: „Ако не ми дадеш пари, јас нема да те сакам“. Разбирате, дека тоа не е многу добро дете… А ние речиси сите сме такви. Тоа создава проблеми. Тоа е микроб, кој предизвикува температура и растројство на здравјето.
Основа на верата е дека сме деца Божји. Да Го љубиме и да го правиме тоа, не затоа што се плашиме од Бога, или затоа што чекаме од Него возврат, туку затоа што Го љубиме Бога.
(Извадок од интервјуто со митр. Атанасиј Лимасолски)
Превод: Свештеник Јани Мулев
Преземено од: АМВОН
23-ти ноември, лето Господово 2014