29/04/2015
1. Затвори се сам во соба, исклучи ги светлата, седни, замижи и не мисли на ништо освен на Господа Исуса Христа.
2.Кога стануваш наутро речи му на Бога: „Господи, испланирај ми го денов“. Предај се во рацете на Бога. Во секој момент од денот остави Господ да ги води твоите мисли и твоите недоумици. Имај пријатен ден.
3. Дневно кажувај некому по една шега, наместо осуда и озборување.
4. Ако некој човек ти создава одбивност, односно го мразиш, пробај да сфатиш дека тој постои со некаква намера, со некаква цел. Дека и тој е роден како тебе со потенцијал да биде нешто. Тоа што ја промашува целта и фукнцијата, или ја злоупотребува, нека те потсетува на твоите промашувања и злопотребувања во животот.
5. Зборувај за своите проблеми со најблискиот човек.
6. Бог делува. Ти, исто така, делуваш. Значи чувствуваш, мислиш, сакаш, имаш желби. Само за момент запри, насочи се кон делувањата твои, види ги, и предај му ги на Бога. Сè што постои во тебе, сè што те нервира кај тебе, предај му го на Бога, зашто Бог го создал, тој е одговорен за тоа. Остави да делува преку тоа што те нервира, преку тоа што те тера да чкрташ со заби, што те вади од контакт. Речи Му на Бога: „еве ти го Господи, еве ти ја мојата болест. Ти си ми ја дал, еве ти ја, твоја е. Еве ти го мојот рак.“ И што понатаму? Остави Бог да делува, Бог да ти открие.
7. Прифаќај сè како да е од Бога.
Отец Мајкл Х.
Извор: http://agapi.mk/sedum-soveti-od-nujorshkiot-sveshtenik/