логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Децата не се воспитуваат со постојани пофалби
 
Децата не се воспитуваат со постојани пофалби. Напротив, така стануваат егоисти и полни со суета. Такви деца подоцна, низ целиот живот, ќе сакаат сите постојано да ги фалат, макар притоа и да ги лажат.

Денес, за жал, сите научиле и да лажат, а суетните луѓе ги прифаќаат лагите, тие им се душевна храна. Само ти тоа мене кажи ми го, па нека е и лага, нека е и иронија - велат. Но, Бог ништо од тога не сака. Бог ја сака вистината. Тоа, за жал, сите не го разбираат, па го прават токму спротивното.

Ако децата постојано ги фалиш, па уште и без расудување, нив тогаш ги искушува противникот ѓавол. Тој во нив го покренува млинот на егоизмот, а тие, од најраното детство навикнати на пофалби од родителите и учителите, напредуваат, можеби, во писменоста и знаењето, но какво фајде од тоа?

 Во животот ќе влезат како егоисти, а не како христијани. Егоистите никогаш не можат да бидат христијани. Тие тежнеат кон тоа постојано сите да ги фалат, сите да ги сакаат, сите за нив убаво да зборуваат, а нашиот Бог, Црквата наша, Христос Господ наш, тоа не го сака.

Нашата религија не го оправдува таквиот начин на воспитување. Таа, напротив, сака децата од мали да се учат на вистината. Вистината Христова нагласува дека човекот го претвораш во егоист ако го фалиш. Егоистот е сплеткан и побркан.
Со него раководи ѓаволот или лошиот дух. Бидејќи израснува во егоист, прва работа му е да го порекнува Бога и, како егоист, да стане асоцијален, што ќе рече, неприлагодив за живот во општеството.

Треба да ја зборуваш вистината, за  другиот човек да ја сознае; инаку, го зацврстуваш во неговото незнаење. Кога на друг човек ќе му ја соопштиш вистината, тој се снаоѓа, внимава, ги слуша и другите, се совладува. Така и на детето има да му ја кажеш вистината.
Ако треба, и да го искараш, за да воочи дека она што го прави не е добро. Шта е она што го кажува премудриот Соломон?
 „Кој ја жали прачката своја, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува" (Прич. Сол. 13, 25).
 Но тоа не значи дека треба да го тепаш со тојага. Тогаш излегуваме од дадените рамки и се случува спротовното од посакуваното.

Фалејќи ги своите деца од мали нозе, ги водиме кон себичност. На егоистот човек може и да му се наруга и да го измами. За тоа е потребен само еден услов: да му се зборува дека е добар и со тоа да му се дуе неговото `јас`.
Тогаш тој ќе ти каже: ете, кој ме фали, тој е добар. Но, ништо од ова не е исправно. Бидејќи човекот расте со растечки егоизам, во него почннуваат да се јавуваат пореметувања. Тој страда, не знае што да прави со себе...

 Причината за душевниот неред е себичноста. И самите психијатри, ако го проучат ова  прашање, ќе востановат дека егоистот е болен човек.
Никогаш не треба да ги фалиме своите ближни, ниту да им ласкаме, туку треба да ги приведуваме кон смерноста и љубовта Божја.
Ниту ние не треба да бараме да нè сакаат со тоа што ќе ги фалиме другите.  Треба да се учиме да сакаме, а не да бараме да нè сакаат.
 Треба да сакаме сè и секого и што повеќе да се жртвуваме за сите во Христа браќа и сестри, и тоа несебично, не очекувајќи пофалби и љубов од нивна страна.
Тие, пак, во однос на нас, ќе постапуваат така како што Бог ги учи. Ако се и тие христијани, ќе вознесат слава на Бога што нè сретнале и што сме им помогнале или што сме им упатиле добар збор.

Во овој правец насочувајте ги и школските деца. Ова е вистина. Во спротивно, тие стануваат неприлагодливи или асоцијални. Не знаат ниту што прават ниту каде одат, а причината сме ние кои такви сме ги направиле. Не сме ги воделе по  патот на вистината, не сме ги учеле на смирение ниту на љубовта Божја. Сме направиле од нив егоисти и тоа е сега резултатот.

Има, меѓутоа, и такви деца кои потекнуваат од смирени родители. Тие, додека се уште мали, им зборуваат за Бог и за светата скромност и смиреност. Тие деца не прават тешкотии на своите ближни. Не се склони на лутење кога ќе  им се укаже на некоја нивна грешка, туку се обидуваат да ја исправат и Му се молат на Бога да им помогне да не бидат себични.

Шта да ви кажам?
Кога како дете отидов на Света Гора, појдов кај некои многу свети старци. Тие никогаш не ми рекоа браво. Секогаш ме советуваа да го сакам Бог и секогаш да бидам смирен, во молитвата да Го призивам Бога да ја закрепи мојата душа и сесрдно да Го сакам.
Ниту некогаш сум доживеал да ми се каже браво, ниту некогаш тоа сум го побарал. Токму напротив, бев тажен кога старците не ме караа.
Си велев во себеси: „Боже прости ми, не сум нашол добри старци!" Сакав да ме караат, да ме прекоруваат, кон мене да се однесуваат строго.

 Ако некој просечен христијанин го чуе ова што сега ви го говорам, шта ли ќе речат? Во чудо ќе се зачудат и ќе ги отфрлат моите зборови; па сепак, ова што ви го кажувам е исправно, смирено, совршено.

Ни моите родители никогаш ми немаат кажувано браво, ниту јас сум сакал тоа од нив да го чујам. Затоа, што и да правев, го правев несебично. Сега, кога луѓето ме фалат, се чувствувам многу непријатно.
Што да ви кажам... Во себе протестирам кога другите ќе ми кажат браво. Но, тоа не ми има наштетено, бидејќи се имам научено на смирение.
А зошто сега не сакам да ме фалат? Затоа што знам дека пофалбата го прави човекот празен и ја изгонува од него благодатта Божја. Благодатта Божја доаѓа само кога имаме свето смирение. Смирениот човек е совршен човек.

Зарем ова не се убави работи? Зарем ова не се вистинити работи?
Кому и да му го кажеш сево ова, ќе ти возврати:
ма што зборуваш, човеку! Ако детето не го пофалиш, тоа не може ниту да учи, ниту било што да постигне.
Но, тоа се случува затоа што сме ние такви, па и своето дете го правиме такво какви што сме ние. Со други зборови, сме застраниле од вистината.
 
Егоизмот го оддалечи човекот од рајот, тој е големо зло. Првите луѓе Адам и Ева, биле едноставни и смирени. Заради тоа живееле во рајот. Во нив немало себичност.
Ги одликувала, како што се вели со богословски јазик, првобитната убавина. Под изразот првобитна убавина ги подразбираме  благодатните дарови кои Бог им ги дал на човекот на почеток, кога го создал – подразбираме, значи, живот, бесмртност, совест, слобода, љубов, смирение и друго.
Подоцна. ѓаволот, со помош на пофалбите, постигнал да ги заведе. Тие се исполниле со егоизам.  Човековата природна состојба, таква како што Бог ја создал, е, меѓутоа, смирение, додека егоизмот претставува нешто неприродно; тој е всушност, болест, тој е противприроден.
 
Кога ние, значи, преку пофалбите создаваме во детето такво
 „супер – его“ и го надувуваме во него егоизмот, всушност, ние му нанесуваме големо зло. Му помагаме што повеќе да се приклонува кон ѓаволски работи. Така, воспитувајќи го, ние, за жал, го оддалечуваме од сите животни вредности.

Зарем не мислите дека тоа е причината што децата се губат и што луѓето стануваат бунтовници? Причината е егоизмот, кој во нив од мали нозе го всадиле нивните родители.

Ѓаволот е голем егоист, голем луцифер. Во ваква состојба, значи, ние во себе го доживуваме луцифер, го живееме ѓаволот. Не го живееме смирението.
Смирението е од Бог. Тоа му е неопходно на човековата душа. Тоа органски му припаѓа на човековото битие. Кога го нема, тоа ви е како на нашиот организам да му недостасува срце.
 Срцето му го дава животот на организмот, а смирението ѝ дава живот на душата. Робувајќи му на егоизмот, човекот се сврстува во зол дух, односно се развива покрај  духот зол, а  не со помош на доброто.
 
Ѓаволот успеал тоа да го постигне. Ја претворил земјата во лавиринт за да не можеме да се разбираме едни со други. Што се случи со нас, а тоа и да не го забележуваме?
Гледате ли како сме заблудени? Допуштивме нашата земја и нашата епоха да станат вистинска психијатриска болница!
Притоа не сфаќаме што нам ни пречи. Сите се исчудуваме: што тоа нам ни се случува, каде одиме, зошто децата ни појдоа по крив пат, зошто ги напуштија своите домови, зошто се одрекоа од животот, зошто го отфрлија учењето и образованието, зошто сето тоа се случува?
 
Ѓаволот успеал да се престори себеси незабележлив, како да го нема, и да ги наведе луѓето за неговите дела да користат некои други називи, наместо да го спомнуваат него.
Лекарите, особено психолозите, кога некој човек душевно страда, често велат: ах, имаш неуроза, нервозен си и на тоа слично. Тие не прифаќаат дека ѓаволот во човекот го поттикнува и го оснажува егоизмот. Сепак, ѓаволот постои. Тој е духот на злото.
Ако кажеме дека тој не постои, тогаш, тоа е како да го порекнуваме и Евангелието, кое за него говори. Тој е нашиот непријател, наш животен душман; противник Христов, кој затоа и се нарекува антихрист.
 Христос дојде на земјата, да нѐ избави нас од ѓаволот и да ни дарува спасение.
 
Заклучокот кој следи е дека треба да ги научиме децата да живеат смерно и едноставно, а не да бараат пофалби и извици – браво. Треба да ги научиме на смиреност, која и е животно здравје.
 
Менталитетот кој владее во денешното општество им нанесува на децата зло. Денешното општество има поинаква психологија и поинаква педагогија, која е наменета на безбожните деца. Тој менталитет ги води децата во безобѕирност. Какви се неговите резултати кај децата и кај младината и сами гледате.
Денес младите викаат.
Ни велат: треба да не разберете!

Ние, меѓутоа, не треба да одиме во нивниот правец. Напротив, треба да се молиме за нив, да им го говориме она што е право.

 Но и тоа да го живееме. Тоа треба да го проповедаме, а притоа да не се прилагодиме на нивниот дух. Да не дадеме да се осквернави величината на нашата вера!
 Не можеме да им помогнеме така што и самите ќе го стекнеме нивниот менталитет. Треба да бидеме она што сме и да ја проповедаме вистината, светлината.
 
Децата најдобро ќе се учат од светите Отци. Учењето на светите Отци ќе им помогне на нашите деца да научат што е исповед, што се страсти, а што зли дела и како светите донесувале победа над своето лошо – `јас`.
Притоа, ќе се молиме на Бога да се всели во нив.
   
преземено од книгата
"Живот и поуке Старца Порфирија Кавсокаливита"
стр. 413-441
издава "Беседа". Нови Сад,
2005.
Превод:
Мирјана Даниловска Мина

 

Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная