логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


    Постои вообичаено мислење дека полесно е да се воспитуваат девојчињата отколку момчињата. Велат, момчињата се немирини, а девојчињата многу помирни. Затоа и на мајките им е полесно да ги разберат-сепак се работи за женска психологија... Но, ако се погледне одблиску, какко што често се случува, се покажува дека таквото мислење не одговара на стварноста.
    
    Кога ќе се замислиш за воспитанието сериозно, ќе се покаже дека не е јасно на кои родители им е полесно: на тие со момчиња или на тие со девојчиња. Бидејќи XX-от век откри пред жените невидени можности но, истовремено положи на нив бреме на огромна одговорност. Откако добија исти права со машките, жените добија можност да учат, работат, да се бават со политика, самостално да одлучуваат за својата судбина. Така да, како би се рекло,  сè одеше одлично, само семејството да не пукнеше по своите рабови. Жената имаше време за сè, освен за децата и мажот.

    Промената на начинот на живот и психологија доведоа до разводот. Разводите ги расипуваа детските судбини. Децата пак, како раснеа, ги копираа родителите и на таков начин, поколение по поколение се вовлекуваше во порочен круг... Денес од три семејства се распаѓаат две и на тоа не се гледа крајот. Јас, не еднаш, се среќавав со фактот на предавање на психогијата од мајката на ќерката единица во трето и четврто колено: прабабата се развела и ја воспитувала ќерката сама. Таа, кога ќе ѝ дојде редот, исто така не можеше да живее со мажот и го предаде својот горчлив опит на својата ќерка... Ќерката пак, не извлече соодветен наук од она што се случило, што за последица остана сама со детенцето на раце.
    
    И еве сега, тоа порасното девојче се мачи со својата ќерка, жалејќи се на нејзиното однесување но, истовремено изградувајќи во неа карактерни  црти кои скоро сто одсто, ќе ја сторат неспособна да се сложи со мажот. Бидејќи негативните стереотипи на однесување со спротивниот пол во тоа семејство се веќе толку вкоренети, што е многу тешко да се надминат. Тоа е како бремето на на наследство: за секое поколение  тоа станува се потешко и потешко.
    
    Интересно е што во целиот свет поголемиот број на разводи се извршува на барање на жената. Зошто? Не ли ви се чини чудно тоа? Бидејќи жените во текот на илјада години традициоално настапувале во дијаметрално спротивната улога, односно улогата на чуварка на семејното огниште!


    Значи, дошло до драматични промени во женската психологија и карактер. Градбата на семејството почна да се руши, погребувајќи ги под рушевините сите: и мажите и децата и секако, самите жени.
Така полека доаѓаме до тоа, дека да се воспита девојче во наше време, воопшто не е едноставна задача. На што да ја усмеруваме: на семејство или на кариера? Што да се поддржува, а што да се пригушува?
    
    На една работа треба од детство да се учи детето, главно е активност и независност. И нешто сосема друго-да се воспитува благост, попустливост, сострадување. Односно особини кои го олеснуваат семејниот живот но, кои се неспоиви со ветвите претстави за водство (лидерство).
    
    Изборот е секако на родителите. (Друго е тоа што ни оддалеку на испаѓа секогаш онака како што би сакале. Како што се вели: «човек, предлага а Бог располага») Но, мене ми се чини дека изборот треба да биде свсесен. А за тоа е неопходно јасно да се претстават себеси последиците од својот избор. Меѓу нив има и доста оддалечени.
    

ГЛАВНА Е СЕМЕЈНАТА СРЕЌА. ОСТАНАТОТО ЌЕ СЕ ДОДАДЕ.

    Многу од возрасните кои на свое сопствено искуство се увериле како им е на децата чија мајка «согорува» на работа, сметаат дека девојчињата треба да се усмеруваат, пред сè, на создавање силно семејство. Сè останато ќе се додаде.
Веројатно тоа некому ќе ми се причини чудно. «Ништо со ништо не се сложува, вели тој. Ако го ставиме семејството во главата  на аголот, на работата може да се заборави.» Или работа или кариера. Но, се случува човек да ги вложува своите напори во едно, а другото да се случува само од себе.
    
    Но, колку и да е чудно, во даденото прашање таа железна логика секогаш наново се покажува неточна. Но, ако се вдалбочиме, што има тука чудно?
Кај жените со тешка лична судбина често се искривува карактерот.

Факт?- Факт.

Многу од нив се озлобуваат, стануваат преосетливи, раздразливи, амбициозни, осветнички деталисти. А тоа, секако, не се одразува на најдобар начин на нивините односи со соработниците, што значи и на кариерата. Конфликтен човек си создава себеси непријатели, соработниците тежнеат да се избават од него.
    А што ако да речеме, кај жената во семејствотото има постојано скандали? Што ако децата се истргнале од контрола? Колку и да ги оттргнува мајката од себе тешките, вонемирувачки мисли, тие никаде нама да си заминат и во секој случај ќе ѝ сметаат на работа. Но, тогаш работата, станува своевиден наркотик. А наркоманијата од кој и да е вид, не носи добро.

    Колку често во наши денови жените мечтаат за кариера, во длабочината на душата жалејќи се што мораат да губат време на воспитување на детето кое го родиле! Но, ако се случи со него, испаѓа дека тоа не е воопшто пријатно. Само да е детето живо и здраво. «Цело детство на Ваља јас патував по терени. Мене многу ми се допаѓаше професијата геолог! Мечтаев да станам доктор на  науки, ми предвидуваа блескава иднина. Ваља остануваше со моите родители. Тој тагуваше, плачеше, молеше: «Мамо, не оди!» Потоа порасна и навидум се беше навикнал. Но, тогаш, кога наполни 13 години, одеднаш стана некако туѓ, се замолча, почна да се кара со децата, со учителите. Јас се вознемирив, се трудев се повеќе да бидам дома. Потоа и работата ја напуштив за да бидам се повеќе со детето. Но, беше доцна. Сега него го нема (детето се самоубило-прим, на авт.) и јас сфаќам дека не ми е потребна ни дисертација, ни раководна положба, ни патувања во странство...»

    Колку мајки се препознаваат себеси во оваа мачна исповед на непозната жена, која ми пријде по мојот настап во некој клуб или библиотека?! Секако, не завршуваат сите истории така трагично, но општата смисла останува иста: градејќи ја кариерата на штета на воспитувањето на децата, жената губи на двете полиња.

МАЛКУ ЗА МИНУСИТЕ НА «БЕСПОЛНАТА ПЕДАГОГИЈА»

    Промената на традиционалните улоги и модели на однесување секогаш изобилува со лоши последици. Иако некогаш, тоа не се случува веднаш очигледно. Последните години не само кај нас туку и во другите земји, се почесто се слушаат гласови во заштита на одвоено воспитување на момчиња и девојчиња. Во едно англиско кнежевство, неодамна направиле експеримент и се покажало дека успехот во одвоените одделенија е поголем, отколку онаму каде што момчињата и девојчињата учеле заедно.

    Чудно?-Никако.

    Се работи за тоа што и физиолошки и психолошки момчињата неколку години доцнат зад девојчињата. Затоа кога учат заедно, кај момчињата се развива комплекс на неуспешност. Во основно и средно школо тие и со раст се пониски од девојчињата и физички често се послаби и понеуредни. Нивните тетратки сe валкани, ракописот уште полош, оцените во склад со тоа... Сето ова, како што сфаќате, не ја поттикнува желбата на момчето да учи подобро... А кога момчињата не ги ставите намерно во губитничка положба, тие се чувствуваат спокојно и покажуваат, многу подобри резултати. Од друга страна пак, девојчињата, кои обично порано започнуваат да се интересираат за прашањата на полот, не се забавуваат при одвоеното учење на часовите, не гледаат лево-десно, не си дофрлуваат хартивчиња.

    Неодамна бев во московско забавиште каде што исто така прават обид за одвоено воспитување на момчиња и девојчиња. Часовите и прошетките им се заеднички, а останатиот живот во градинката: храната, играњето-тие им се одвоени.  Бев таму и помислив: Така и треба! Колку само последните години слушав за промашувањата на бесполната педагогија (така ја нарекоа педагогијата која не го зема во обѕир полот  на детето) и за неопходноста на воспитание на детето во склад со полот. Ате тоа е кај нас тука, при рака.                                                    

    Нормално, без непристојности, без разоткривања на она што кај нас традиционално се смета за недетско, без цинично «гледање низ клучалката»...
Со децата во таа градинка не им ја преувеличуваат темата «од каде сум дојден», туку просто секој ден им предлагаат обрасци на прифатено машко и женско однесување.  Момчињата ги учат да бидат храбри, издржливи, внимателни кон девојчињата.  А за девојчињата ќе кажам малку поподробно. Кога ќе дојдеш во нивната половина, ќе се сетишна романот на Зола «Дамска среќа». Што се таму нема! Дневна соба со минијатурен мек мебел и уметнички нацртан камин. Мини кафе-местенце со чадорчиња и чинивчиња за сладолед, направен од белоснежна вата. Празнична трпеза со мноштво, јадења, смесени од тесто  и обоени со бои.  Кукли со колички и многу фустани. Право женско царство во кое секоје девојче е една мала принцеза. Тие и се однесуваат во склад со тоа.

    Таков ненападно прав грб имаат само балерините, а движењето поразува со женственост и грациозност. Иако, многу од девојчињата, тукушто дојдени во градинката, по своите манири потсетувале на момчиња. Особено оние кои имаат постари браќа. И покрај тоа што и кај другите деца однесувањето не се одликувало со грациозност, бидејќи  немалку деца има во градинката од сиромашни семејства каде што грубоста и агресивноста се животна норма. Но, тука девочињата брзо се менуваат. Притоа во тие повиени и некако многу благородни услови, да се однесуваш  недоделкано е неприродно. А децата лесно препознаваат неискреност.

    Доаѓајќи на половината на девојчињата на гости, момчињата јавно се запрепастуваат од изобилството на «укравчиња» и со олеснување се враќаат на својата половина, кај машкото опкружување, на кое се навикнати: сабји, пожарникарски шлемови, војници. Но, притоа, кај нив не се јавува искушение да го разрушат девојчинскиот рај. Иако, инаку момчињата одненадеж знаат на девојчињата да им ја расипат играта за да ја пројават својата надмоќ врз плачливките  и разгаленките. Тоа е нивен природен начин да ја «означат територијата»  и да покажат «кој е подобар». Додека градинката била обична, природно тие на пропуштаа прилика да им напакостат на девојчињата. Но, овде кога немаат што да делат, тие не само да не ги задеваат девојчињата туку со задоволство им отстапуваат подобри места и сл.


ВОСПИТУВАЊЕ НА ЖЕНСТВЕНОСТ

    Според мене, основниот проблем на воспитување на денешните девојчиња, тоа е воспитувањето на женственоста. Звучи како бесмислица. Зошто да го воспитуваш она што е заложено со самата природа?
Меѓутоа се случила една парадоксална работа: во борбата за рамноправност жените однеле победа но, како последица на тоа, преминале да играат на туѓо поле, а своите положби ги напуштиле, ја изгубиле женската благост, чистотата и наивната милостивост која така ги погодува силните мажи.


    Денешниот стил е упорен, агресивен, дрзок. Младите девојки се трудат да не зaостануваат зад момчињата: пцујат, тренираат карате и ву-шу, пушат, пијат, «менуваат партнери», се почето стапуваат во банди. Женственоста на многумина им се чини непрестижна, се сфаќа како пројавување на слабост. Имитирајќи ја другарката  на Хи-Мен, способни се да срушат противникот на грб. Нив навситина е тешко да си замислиш како грижливи мајки.


    Поголемиот дел од денешната улична книжевност за млади девојки ја распалува сетилноста, им предлага помисла за дозоволеноста, па дури и посакуваноста  на брачните односи во младешката возраст и претставува во вид на образец лик на безобразна, самоуверена, нетрпелива јунакиња која не се срами да се нафрла на момчињата (таа то го нарекува «да го земе своето», често се однесува како спремна проститутка, пред сè го става своето сопствено задоволство, а потоа природно, ги нарушува застарените морални норми, сметајќи ги за глупи, тешки предрасуди.

    Една од главните особини на такво девојчиште е-незауздано самоволие со убаво име-«жед за слобода». Родителите секако «не ја разбираат», «ѝ сметаат», «ја гушат». Притоа сѐ  е опишано така за да предизвика кај девојчето сочувствување кон таа јунакиња и восхит од неа. Таа се прикажува како паметна, смела, независна, успешна. На крајот од книгата по правило ја чека среќа.

    Заведените девојчиња почнувааат да ги подражаваат саканите хероини, несомневајќи се паѓаат во замка. Играта на туѓо поле е опасна работа. Отфрлајќи ги природните женски особини: скромност, благост, грижливост, умешност да се трпи и сострадува-девојчињата,  без   подозрение, се одрекуваат од својата природа и преминуваат во друга категорија. Не, не во категорија  на мажи. Тоа е и онака невозможно. Колку  и шари да нацрта антилопата на кожата, таа нема да стане тигар. Може само да стане предмет на подсмев во жвиотинското царство.

    Така е и со напредните девојки. На почеток им се чини дека стекнале слобода и независност, дека сиот свет е под нивните нозе, сите се подготвени да им удоволувааат, сите се као луди поради нив. Но, многу скоро се разјаснува дека момчињата гледаат на нив како на предмет, објект на употреба. Зошто да ја чува кога за копејка, па и за џабе, може да земе друга? Зошто особено, да биде поинаку? Во конзумеристичкото општество нештата се меѓусебно разменливи. А чувствата, немирот... Па тоа е смешно. Какви чувства има предметот?

    Затоа, на родителите кои сериозно размислуваат за иднината на ќерката, би им советувала да имаат особено внимание, всушност во романтичното воспитание на девојчињата. Не плашете се дека тоа ќе биде во противречност со животот, кој секако е потежок отколку во романите на Ш. Бронте (иако не ниту потполно циничен, како што сакаат да наметнат «жолтите» медиуми). Романтизмот на чудесен начин ја јакне душата. Особено што тој одговара на женската природа.

    -Не ограничувајте се со литература-секако, со нејзините класични, квалитетни обрасци.  Раскажувајте им на девојчињата за вашите роднини и познаници кои вие ги сметате за достојни образи за подражавање.
    
    -Сетете се на нашата и странската историја. Во неа има многу примери на женска добрина, чистота, самопожртвуваност, милосрдие.
    
    -Почесто ставајте го девојчето во положба да се грижи за некој. И секако, приметувате, како е тоа големо достоинство! Признанието на заслугите е огромен  поттик за детето но, многу родители, за жал, до денес го пренебрегуваат.
    
    -Не го засилувајте инетресот за козметика.

    Денес некои мајки, отакао се наслушале совети за тоа колку е важно девојчињата од малечки да се учат  да се шминкаат и да се грижат за кожата (велат, во тоа се состои воспитувањето на женственост) купуваат на десет-дванаесетгодишни девојчиња «детски» кармин или «детска» сенка за очи. А ете, по сфаќањето на девојчињата, употребата на козметиката е-многу важен чекор на патот кон животот на возразните.
    
    Храбрејќи ги ваквите чекори, мајките неволно ги усмеруваат девојчињата кон сè останато, што е поврзано со современите сваќања на возрасност кај младите. Така што, девојче од пет години, прашува дали да ги налакира ноктите  «како мама» и оди да се игра «мама». А со дванаесет години, нашминканите девојчиња одат на сосема други места и се играат други, веќе не така невини, игри.

 МЕКОТО ГО ПОБЕДУВА ТВРДОТО

    «Но, сепак, ќе прашате, зошто едни девојчиња се мали принцези, а други, мали разбојнички? Зар работата не е само во воспитанието?»
Секако да не е.  Многу зависи од карактерините особини на детето, од неговиот темперамент. Малите раззбојнички често се хиперактивните деца. Исто и демонстративните девојчиња накои им се допаѓа да привлекуваат внимание, макар и негативно. Се случува и  просто да имаат авантуристички карактер.  Освен тоа, многу зависи од примерот кој му се дава на детето. Девојчињата кои растат во семејства каде што имаат постари браќа, често (иако не секогаш) ги подражаваат момчињата. Во секој конкретен случај треба да се сфати причината за «разбојничките» испади на ќерката  и да се размисли како да ја усмериме на нешто позитивно. Ќе с сложите дека помеѓу бандитка и загрижена планинарка постојат «две големи разлики», како што говорат во Одеса.
Воопштено говорејќи, интересно е што во таа градинка, за која зборував, каде што пристапот кон момчињата е еден, а кон девојчињата друг, дури и непоправливите разбојнички, постепено стануваат љубезни и послушни.
«Мекото го победува тврдото»-гласи стара кинеска поговорка. И таа древна мудрост денес ми се чини неможе да биде посовремена.

 

Татјана Шишова, Член на Сојузот на писателите на Русија, мајка на три деца

Извадок од «Родителскиот прирачник»-издание на Православана породица-Београд 2014 лето Господово
http://православнајапородица.срб

 

  Подготви: Маја Белева    



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная