Малиот Никола го држеше за рака својот татко и чекореше сигурно покрај него по тесната шумска патека. Наеднаш му текна нешто:
– Тато, колку е голем Бог?
Кревајќи го погледот кон небото, таткото се чудеше каков одговор да му даде на својот шестгодишен син. Горе, меѓу белите облачиња на чистото небо забележа авион што едвај видливо го сечеше небесното синило. И се насмеа па го погледна Никола и праша:
– Што велиш сине, колкав е авионот? – И со прстот покажа кон точката што се движеше на небото.
– Многу мал, скоро како мравка. – одговори Никола.
Потоа татко му го однесе на аеродром и му ги покажа наредените големи и разнобојни авиони.
– А сега колкав е?
– Е тато, сега е огромен, поголем од нашата куќа!
– Ете, толку е голем Бог. Неговата големина зависи од далечината меѓу тебе и Него. Колку си Му поблизу, толку поголем ќе биде Он во твојот живот.
Извор: Бигорски манастир