логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Во врска со оние проблеми коишто се решаваат – треба да направиме нешто. На пример, жената чијшто маж е насилен и ја тепа, не може да рече дека решението е да го поднесува тоа. Решението не е да трпи ќотек, туку да седне со мажот и да разговараат, како што направија едни сопружници кои пред скоро време ми рекоа: „Седнавме и се договоривме дека таа епизода во нашиот живот мора да заврши. Треба да размислиме што се случува, да најдеме некое решение. Минуваат месеци, години и ние двајцата не можеме да се разбереме. Се караме, се боцкаме, се тепаме. Треба да најдеме решение. Не можеме да продолжиме вака сѐ додека не наполнеме 70-80 години“. Тука треба удриш по масата, во позитивна смисла на зборот, да го побараш своето право, да видиш што е причината, едниот да го разбере другиот и потребите на неговата душа, да разбере дека не се оженил за тебе за да го изгуби својот живот, ни срцето да си го зацрни, ниту, пак, да направи другиот да се разболи од рак. Тие треба да разберат што се случува со нив. За некои работи решението е да побараме и да направиме промени во нашите животи. Промени го она што не ти се допаѓа. Дури и на Света Гора – ми раскажуваше еден што го познавав кој не можеше да остане во еден манастир – се бореше со тоа, се борел една, две, три години, после тоа отиде во друг. После тоа тој ме праша: „Добро ли направив?“ Е подобро е да направиш нешто со коешто душата ќе ти живне, процвета и ќе постигне нешто големо.

 

Еднаш еден човек ме праша: „Не е ли за нив разводот подобро решение, во споредба со тоа да живеат една драма, мачеништво кое никако не запира?“ Во принцип готовите решенија се многу лесни. Зашто ако јас сега дозволам „развод“, тогаш некој ќе прокоментира: „Отецот рече дека разводот е добар, кој сака нека се разведе!“ Јас не го спомнав тоа, туку реков дека во одредени случаи, кај некои луѓе се претпочита да се случи нешто кое ќе го промени тој „систем“, отколку сите заедно да пропаднат. Понекогаш решението е такво. Нешто треба да се промени дома, во нашата врска, семејство, работа. Некој човек на работа постојано го пренебрегнуваат, му забиваат нож во грбот, го хулат, гонат, навредуваат, исмејуваат. Таму тој не може да рече: „Христијанин сум и ќе направам жртва!“ Заради кого прави жртва? Ќе рече: „Имам семејство, деца, плата“. Во овој случај, тој треба да го побара своето право. Затоа треба да се изјасни што сака да каже кога ќе рече: „Христијанин сум“, дали со тоа сака да каже дека се смирува. Тоа во Црквата се нарекува расудливост. Бог постојано нека нѐ просветлува како да одговориме на секој предизвик во животот. Некогаш нема да треба да направиш ништо и ќе се смириш, друг пат, пак, ќе треба да застанеш и кажеш: „Ова ќе се промени! Крај! Од понеделник ќе бидам друг човек. Имам право да бидам среќен, не може косата да ми паѓа и обелува, да се разболувам, да имам брчки, да ме боли стомакот, да не можам да спијам. Ќе најдам некое решение!“

Како и да е, ние живееме во оваа епоха, зашто ова што сега го кажувам, во постаро време се нарекуваше „сон во летна ноќ“. Во минатото жената која била тепана, едноставно го трпела тоа. Велела: „Ништо страшно, имам сопруг кој одвреме-навреме ќе ми удри по некоја шлаканица“. За тоа ќе разговарала само со некоја своја пријателка. Денес е поинаку. Пред скоро време имаше меѓународен Ден за борба против семејното насилство. Тоа значи дека за некои работи што се случуваат во нашиот дом треба да се најде решение. Тоа е одговорот. Има и Ден за борба против насилство врз мажите. Постојат и мажи кои јадат ќотек од своите жени. Јас познавам такви. Работата не е да се разделиме на партии, на групи, и да бараме победници и победени, туку во тоа сите дома да бидеме победници во љубовта и да живееме меѓусебно соединети. Понекогаш некои сопружници не ми велат дека сакат да најдат решение, туку наместо тоа ме прашуваат кој од нив е во право. Јас им велам: „Добро, да речам дека едниот од вас има право, што ќе правите после тоа?“ Тие тоа вака ќе го разберат: „Аха, отецот ми рече дека сум во право!“ Според тоа, при следната кавга тој ќе го искористи тоа и ќе рече: „Отецот ми рече дека јас имам право!“ Одговорот е: дома не победува оној кој има право. Христос не победил со Своето право, туку го победил злото, зашто Он го примил Своето право да биде распнат. Тоа е парадоксална логика којашто преку Црквата влегува во нашиот живот. Ако некој може да жртвува нешто за доброто на своето семејство, но не и да ја огревови својата душа, тогаш нека го направи тоа. Тој ќе побара решение, ќе направи отстапки, ќе се промени, но до степенот во којшто ќе ја запази својата душевна рамнотежа и спокој. Ако нештото го повредува, тогаш треба да најде решение.

Во секој случај, треба да запомниме дека решението што ќе го најдеме во животот, не секогаш е пријатно, но со сигурност секогаш е полезно. Не секогаш сѐ што е пријатно е решение. Ние сакаме комфорно решение – Бог да ни ги реши проблемите, т.е. нештата да ни се подредат така како што ние сакаме.

Еднаш еден човек ми кажа дека треба да научи двесте зборови и да состави реченица со нив. Побара да му дадам некое решение. Јас му реков: „Учи, решението е во тоа да вежбаш“. Одново и одново. Да стигнеш до границата на уморот, но не и да ја преминеш. Да стасаш колку што можеш понапред, да се измориш, тогаш ќе дадеш плод и ќе има резултат. Тоа ќе биде тешко, но не постои друго решение за оној кој оди на приемен испит, за оние што учат и се изморуваат. Полезно е за душата, но не е пријатно за нашите навики. За нас пријатно е комфорното. Сакаш да одмораш, да седиш, да гледаш телевизија, тоа ти е пријатно. Но, кога треба да учиш 4-5 саати на ден и да ги извршуваш домашните обврски, тоа те уморува. Затоа велам дека решението што Бог ни го дава, понекогаш не ни се допаѓа и не ни е пријатно. Тоа е малку болно, тешко, а ние сме свикнале да ни е лесно, како убав подарок, го поврзуваме решението со пријатното чувство и велиме: „Каков подарок ми дал Бог?“ Ама, сѐ е дар. Сѐ она што Бог ни го дава како одговор на тоа што се молиме, е за наше добро. Ќе плачам. Во мигот кога плачам, правам добро. Ќе плачам, го имам тоа право. Но, после еден месец, после една година, ќе си спомнам за тој плач и ќе си речам: тогаш плачев оти водев инает. Тоа за коешто си патев, всушност беше добро за мене, ми помогна, ја растопи пристрасноста во мојата душа, болните состојби и душевната конфузија. Бог ме оттргна од нив и тоа се покажа како добро, иако искусив болка и плачев во тие мигови.

Ајнштајн зборуваше за нешто многу убаво – дека умот кој создава проблем и конфузија, не може сам да го реши. Тоа многу ми се допаѓа. Понекогаш се збркуваш во умот и се сепнуваш. Истиот оној ум којшто се збркува, не може сам да го реши проблемот, зашто тој и го создал. Според тоа, што е потребно? Друг ум. Тоа е Христовиот ум, умот на Христовите луѓе, умот на некој наш пријател или пријателка, којшто е попросветлен и побистар во тој момент. Понекогаш имаме грижи, конфузни сме и се обидуваме сами да ги решиме проблемите. Ама не бива. На пример, девојката што ми пиша во врска со лекарствата кои не ги пиела седум месеци…

Пишува ли пишува, а јас не одговарам, зашто ако одговорам започнува бескраен дијалог. Секогаш започнува од едно исто: „Здраво, не сакам да те изморам!“ и така поминале два часа. Си реков: ќе почекам пред да ѝ пишам. Таа ми вели: „Не ги пијам лекарствата и си мислам дека единственото решение е да се разделам со човекот што е до мене, или да се самоубијам!“ Всушност, природно е тоа да го каже, зашто умот ѝ беше побркан и не можеше сама да го најде решението. Затоа одиме, макар и малку насила, кај свештеникот и му велиме: „Ве молам, отче, кажете ми нешто, помогнете ми!“ Одиме кај нашиот духовник. Или, пак, одиме кај некој човек, кој е наш пријател – христијанин – и го прашуваме: „Како ти гледаш на ова? Нормално ли е, или умот ми се помрачил и не наоѓам решение зашто сум конфузен?“

Одете при вашиот духовник да ви прочита разрешна молитва за вашите гревови, но не и за бескрајни разговори. Кога станав свештеник и започнав да исповедам, имаше еден игумен од еден манастир во Оропо, кој ми рече: „Сега кога ќе почнеш да исповедаш, внимавај со жените! Да не те полудат!“ Си помислив: „Многу е радикален тој совет на игуменот!“ Сега, пак, велам: „Пресвета Богородице, дарувај му да живее долги години!“ Тој беше многу јасен, зашто го беше преживеал тоа што ми го кажа. Паталецот знае да ги поучи и другите. Ми ги кажа тие зборови: „Внимавај да не те полудат!“

(Продолжува)

Извор; Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная