логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 

Се чини, дека за човекот е најтешко да почувствува љубов. Човекот е единствен од цицачите, кој се раѓа потполно незаштитен. Доколку новороденчето го оставите само, тоа нема да може да се погрижи за себе. Од првата минута, кога човекот доаѓа на белиот свет, тој бара прегратки, топлина, дојка полна со млеко, бара тело да го згрее, бара мајка која ќе му каже нежни зборови и тоа трае доволно долго.
Современите детски лекари и психолози утврдуваат, дека кога младенецот плаче, не треба да се остава сам. Порано, праксата била друга: "Oстави го, нека поплаче, ќе се навикне, не му давај толку внимание." Сега пак, потполно обратно говорат. Во почетокот на животот детето чувствува неизбежна потребa во љубов, бидејќи таа му ја наситува душата, му влева доверба во тоа, дека во овој свет неговите главни потреби ќе бидат задоволени моментно, дека средината во која живеее, е дружељубива кон него.
Среќни се оние меѓу вас, кои вкусиле таква мајчина и таткова љубов, кога биле деца. Но, не ја доживеале сите. Не пораснале сите во среќно семејство, немале сите мајка, кога би ги прегрнувала и загревала. Конечно, оние, кои го осетиле тоа, а сеќавањето за тоа е многу силно, - ќе можат да се соочат до тешкотиите во животот, та кај нив ќе има душевна сила, тие нема да се скршат, затоа што се наситиле, кога за тоа било време.
Старецот Паисиј говори, дека младенецот, кој не се нацицал од мајчините гради, кој не ја примил мајчината љубов, утре, кога ќе порасне, сето време ќе бара, нешто со што ќе ја замени таа дојка и таа љубов. Кога ќе се фати за шише вино или пиво, за наркотици, цигари, тоа ќе биде, оти сите тие ќе му се гледаат како љубовта, која не ја добил, кога бил дете. Затоа, кога ќе сретнеш млади луѓе, кои се потопени во пороци, кои се наоѓаат во криза, во пијанство, а јас сум видел младина во таква состојба, - се чини како да тие да викаат:
- Јас сум добро дете! Јас те сакам тебе! Јас сакам љубов!

Ние во сé бараме љубов. Сега можеби ќе ми речете:" А зошто ти говриш за мајките и татковците, кога темата е љубовта Божја? " Затоа што љубовта Божја започнува со луѓето. Првите суштества, кои си ги видел во животот, биле твоите родители. Првата слика која ти покажувала, што е љубов, било човечко лице од тело и крв. Токму оној кој се наситил со тоа, подобро може да го поими Бог.
Еднаш јас и кажав на една госпоѓа, која ми беше раскажала за атеизмот во срцето на младите, дека според мене, атеисти не постојат. Има луѓе, кои измениле нешто. Има луѓе кои задобиле рани во животот и не се наситиле со љубов, оти никој не им ја дал. Резултатот е таков, што тие го негираат Бог, Кого не го знаат. Но, највеќе тие го отфрлаат системот, односно сé, што ги потсетува на системот и сé што се чини дека говори за Бог, а всушност не дава љубов.

Тоа е големо прашање. Ние влеговме во Црква, за да се научиме да љубиме. Доколку сме исполниле сé, а сé уште не умееме да љубиме и не се чувствуваме љубени од Бог, тогаш сé, што сме достигнале, оди во заден план. На пример, постот. Тоа е добро дело, но за што тој ќе ти послужи тебе ако ти не љубиш? Светиот апостол Павел говори, дека и покрај тоа што ние сé правиме правилно, ако не љубиме, не сме постигнале, ништо (сп. 1 Кор. 13). Љубовта е над сé.
Надворешните норми се неопходни, но тие мора да содржат во себе нешто суштинско. Содржината - тоа е нешто сосема друго. Има такви деца во Атина, кои не знаат како да ми се обратат. Ми говорат: "господин", "господин оче", и не знаат, дека треба да го кажат моето име. Но, тие во душата имаат нешто вистинско и непритворно и Бог ги претпочита тие души. Бог не се ограничува со надворешното, Он гледа во срцето. И ти говори  тебе:
- Се научи ли да љубиш?

За жал, судејќи по себе, јас заклучувам, дека во Црквата постои беспрекорно надворешно поведение, но во него подеднакво, отсуствува внатрешната содржина. Неодамна, еден човек сподели со мене:
- Јас добивав удари од луѓе, кои во очите на околината се покажуваат добри, примерни христијани, одат во цркаа. Тие, сепак, ми нанесоа рани, ме предадоа, ме навредија.

Имено, тоа и ги ранува луѓето, тоа ја раскинува нашата врска со Бог. Тогаш човек ќе се запраша:" А на што се научив, толку години во црквата, ако не знам, што е тоа љубов?" Тоа ми го кажа еден монах на Света Гора Атонска - многу голем аскет, исушен, со долга брада. Сите му се восхитуваа. Он ми кажа:
-Оче, јас сум толку години овде, но ако не се научам да љубам, ќе си останам само со едната ми моја схима.

Вие сигурно сте чуле за монашката схима, за тој особен монашки атрибут. Прашањето е во тоа, што има под него, т.е. што има тој внатре, во своето срце? Таму мора да има љубов. Ако таа отсуствува, ништо не сум достигнал.
Книжниците и фарисеите имале сé, но тоа било лишено од духовна височина и содржина. Надворешно тие постеле, оделе на богослужби, формално ги исполнувале сите правила, но кога Христос им погледнал во срцата, Он видел нешто што Го одбивало, она што се нарекува лицемерие, лага, покажување. Љубовта Христова ја бара твојата душа, за да ти даде тебе вистинско доживување, за да почувсвуваш и ти, дека си љубено дете Божјо. Имено, тоа е треба да ни биде цел во животот, во семејството. Таа љубов останува засекогаш, таа нé наситува, ни дава да се одмориме. Сé останато постепено поминува.
Кога ќе го почувствуваш Бог, ти стануваш снисходлив и човекољубив. Но, кога ќе видиш човек, кој е жесток кон луѓето, саркастичен, изискателен, знај, дека тој, без каков било сомнеж, не го почувствувал Бог. Доколку видите вакво поведение, размислете и не говорете: "Еден Божји човек мене ме повреди", туку кажете: "Eден човек, кој сé уште го бара Бог, ме навреди." Исклучено е дека Божји човек може да се однесува кон некого жестоко.  

Завчера јас преку Интернет примив соопштение, во кое еден човек пишуваше: Јас отидов да се исповедам и се вратив оттаму скршен. Јас го прашав зошто." Затоа што јас почувствував таков пресинг!" Отецот мене ме караше, ме наведи и ме казни. Јас му одговорив:"Тоа што сме ние свештеници, воопшто не означува, дека сé што ние правиме и говориме е од Бог. Кога некој тебе ти нанесува навреди, ти се потсмева, те понижува и те ранува, - исклучено е неговото поведение да биде богоугодно. Бог е дружељубив кон Своето создание."

Помнете го тоа. Исто така, кога размислуваш за себе, и се чувствуаш непотребен, неспособен, ништожен и најпоследен - знај, дека тој глас не е од Бог. Запомнете, дека Бог нé укрепува, и дури и кога нé исправува го прави тоа со љубов и разбирање, не нé навредува, не нé понизува и не нé разочарува. Затоа и говорат, дека кога човекот исповедува некој тежок грев, духовникот не треба да покажува, дека е во шок, да се возмутува и да демонстрира, дека е поразен од слушнатото. Зошто? Затоа што другиот ќе почувствува, како Сам Господ да го оттргнува. Што и да направиш, каков и да бидеш, Бог те љуби тебе. Затоа и му кажав на тој човек:
- Духовникот ти сам го избираш, затоа избери некој, кој би те потсетувал на таткото на блудниот син, кој го примил него таков, каков што тој бил: на него немало здраво место останато, сиот бил потопен во грев и нечистотија, но он не го навредил, не го казнил, не почнал да му го испитува животот и не го понижил: "Ајде сега кажи што сé ти направи, за да чуеме сите!" - туку го покрил. Го облекол, го измил, му дал на рака прстен и направил гозба во негова чест.
Еве што значи, дека Бог те љуби тебе. Сметам, дека нема таков човек, кој не би прифатил, не би искал и не би љубeл таков Бог. Во противположност на постариот брат од таа приказна, кој се разгневил и кој и покрај тоа што бил поредочен човек, сепак посакал, негвиот брат да биде казнет. Но, сметам дека Бог, за што говорат и свети  Јован Златоуст со светиот Исак Сирин, во извесна мера е несправедлив, и таа Негова несправедливост дејствува во нашта полза, затоа што Бог приоѓа кон човекот со терезија, туку со љубов. А љубовта допушта несправедливост. Он го зема рабојникот и му говори:
- Влези прв во рајот!
- Јас те сакам тебе!

Зар тоа не е неспреведливост? Во секој случај таа несправедливот ни служи нам во полза. Затоа и чедата Божји, кои извршиле гревови, но кои се покајале, први влегуваат во рајот. Самиот Господ го говори тоа. Грешни жени, митари, блудници, порочни луѓе, кои плачат и се каат, - Бог ги љуби, пред сé нив. Размислувајќи за ова, ти примаш огромна сила и утеха. Не знам, дали вие чувствувате, дека вие сте созданија, кои Бог  ги љуби и ги прифаќа такви какви што сте?
 Мене ме поразува, што Бог и Црквата често ги асоцира луѓето не на љубов, туку на подигнат показалец и строгост. Многумина од вас пораснале со таков Бог, Кој повеќе предизивикува страв, отколку љубов. Со Бог кој ве води во ужас при мислата за вашата виновност, ве води во ужас со заканите за тоа, што ти ќе западнеш во пеколот, што она што ти го правиш, дека е одвратно, дека Бог само чека, да те казни. А не со Бог Кој чека, за да те прегрне, целива и разбере.
Да бидеш разбран, тоа е голема работа. Мене многу ми се допаѓаат луѓето, кои доаѓаат на исповед со искреност и го претставуваат својот проблем. Тогаш јас се трудам за разберам што се крие, зад нивниот грев. Зад него, во поглемиот број случаи, се крие жед за љубов.

3.angeli.so.truba

Една жена ми прати мене писмо, во кое го сподели следното: "Оче, јас така се запустив, што дојдов дотоа, што почнав да го предавам своето тело, за да преживеам, затоа што имав големи проблеми. Но, Бог толку многу ме возљубил мене насреде мојот грев, така што ми прати една пријателка, која ме запозна мене со мојот иден маж, не гледајќи на тој грешен и опасен живот. Љубовта Божја ме пронајде мене таму, каде што бев потопена и се влакав во грев."
Tогаш јас се восхитив од Божјата љубов, која што таа самата ја барала и ја пронашла. Бог гледа и на тоа, што доаѓа "после тоа". Ајде и ние да научиме да гледаме и на тоа, што доаѓа "после тоа". Денес човекот е грешен, а утре не знаеш, каков ќе биде. Денес твоето дете, западнало во разни случки, тоа е исцрпено, повредливо, бара љубов, прима наркотици. Но, за наркотиците јас тебе веќе ти говорев, од нив тие бараат љубов, сказни бараат. Младиот човек, сака да живее, сака да се пренесе во мислениот рај, кој го изгубил, затоа што не го добил дома; а бидејќи нешто не добил дома, затоа и го бара онаму каде што лесно ќе го најде.
Следствено, сé приведува кон љубов, сé преку љубов се успокојува и се устројува, затоа што таа е глад на нашата душа. Јас не знам дали има во вас љубов, дали ја чувствувате вие Божјата љубов и дали дарувате љубов на својот ближен. Тоа е најдобриот подарок, кој можете да му го предадете на своето дете. За да види детето, дека родителите се љубат еден со друг, што тие се молат, но не формално, не така што в недела одат во црква, на во текот на неделата се уништуваат еден со друг (тоа е најскверната проповед).

3.angeli.so.truba
Причината, поради која децата не одат во црква, е затворена во фактот, што ние не сме им покажале, дека во црквата се случува преображение: ние, напротив, им покажуваме обезобразување.
- Што да се прави, оче, доколку родителите одат во црква, а потоа дома се тепаат еден со друг? Зошто да се женам, оче, ако сум разочаран од бракот на моите родители?
За да види нешто детето и да се ревнува за тоа, ти треба да го покажеш тоа како вистина, како личен опит, а не како проповед. Како проповед ние многу говориме, јас исто така многу зборувам, но прашањето е, што правам? Дали ја пројавувам љубовта? Дали ја доживувам љубовта? Најглавно е не само да ја покжувам, туку да ја доживувам љубовта. Ако ти имаш љубов, вели старецот Паисиј, ти наликуваш на дињи, кои прекрасно мирисаат на лето. Дури и да не знаеш, каде се наоѓаат, по миризбата ги пронаоѓаш. Тие се издаваат самите себе, миризбата ги издава.

Не треба никому да се проповеда, а да му се помогне да го сфати Бог: тој ќе го види Бог во тебе, кога ќе го види твојот свет. Тој го гледа спокојниот нервен систем, слуша добри и врамнотежени зборови во семејството, како жената му говори на мажот:
-Добредојде, љубов моја! Седи, да јадеме заедно!
Тоа е послание за детето, дека Бог ги љуби неговите родиетели, дека родителите ја чувствуваат Божјата љубов, и тие самите се љубат взаемно. Тоа е многу важно. Ајде, секој да се вгледа од почеток, за да види, што тој прави, а не да бара, промени надвор од себе. Промените, говори Христос, започнуваат од нашата душа, длабоко во нас, таму се случува големата игра.

3.angeli.so.truba



(Продолжение следует)

За Преминпортал: Маја Белева


https://pravoslavie.ru/124506.html

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная