логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

PUTIR
+++ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО НА ЕДЕН СВЕШТЕНИК ЗА СИЛАТА НА ИСПОВЕДТА И ЧУДЕСНОТО ИСЧЕЗНУВАЊЕ И ВРАЌАЊЕ НА СВЕТИТЕ ДАРОВИ (ПРИЧЕСТА) ВО СВЕТИОТ ПУТИР ЗА ЧОВЕК КОЈ САМО ШТО НЕ ПОЧИНАЛ, А ПОБАРАЛ ДА СЕ ПРИЧЕСТИ


            -Во едно село на Грчкиот остров Лерос, пред 30-ина години, се случи чудна случка, која нас ни ја раскажа свештеникот Христифор, кој се упокои во Господа 2010 година. Мештаните го викаа „Отец Христо“.
Кој ќе ја слушне неговата приказна, невозможно е да не ја приклони неговата глава пред безграничната љубов на нашиот Господ Исус Христос.Еве ја приказната на Отец Христо:


-„Беше сончево саботно утро. Одслужив Литургија и се припремав да ги употребам преостанатите Свети Дарови во олтарот.
Одеднаш слушнав како некој ме повикува. На страничната врата стоеше синот на нашиот комшија, момчето Коста. Тешко дишеше и целиот беше испотен. Ми беше јасно дека дотрча во храмот колку што можел побрзо. Ми рече:
          -„Оче Христо, помагај! Изгледа татко ми умира. Бара да се исповеда и причести."
Во истиот момент челото ми се прекри со пот. Таткото на ова момче беше најчудниот, најскандалозниот и најподлиот човек во селото. Немаше семејство со кое не беше замерен. Никогаш не доаѓаше во Црква ниту присуствуваше на некој погреб, венчавка или крштевка.
Се прекрстив, ги зедов Светите Дарови и тргнав по неговиот син, примајќи ја неговата молба како повик од Бога. Куќата беше многу блиску, околу 40 метри од влезот на храмот. Кога јас и момчето влеговме во куќата на Јанис кој умираше, така се викаше, ја ставив Светата Чаша, во која беа честици од Светите Дарови, на ноќното шкафче пред неговиот кревет.
Одма реков:
- Чичко Јанис, за да можам да те причестам, морам прво да те исповедам и над тебе да ја прочитам разрешната молитва. Сакаш да се исповедаш?
- Сакам! - викна болниот.
Го покрив со епитрахилот, а тој ми ги раскажа гревовите кои му тежеа. Му прочитав разрешна молитва и ја зедов Чашата да го причестам. Ама, таа беше потполно празна!! Останав без здив. Му реков на болниот кој умираше: „Не можам да разберам што се случува. Путирот е потполно празен, а после литургијата имаше уште Свети Дарови. Сега ќе отрчам до храмот да ја земам дарохранилницата и да те причестам со други честици од Светата Причест."
Кога ги слушна моите зборови тој почна да вели: -„Оче, Христос заради мене си замина од чашата. Се што реков е потполна глупост. Ми беше срам да ги исповедам своите вистински гревови, затоа што тие се многу страшни... Ама сега ќе кажам навистина што сум згрешил, не криејќи ништо.”
И болниот почна да се исповеда плачејќи. После тоа повторно му прочитав разрешна молитва над него и го замолив да почека додека одам до храмот и се вратам со Светите Дарови. Оди, оче, ќе почекам..."
Но кога ја зедов Светата Чаша во раце(од која предходно исчезнаа Светите Дарови) за да ја однесам во храмот, погледнав внатре и ме обзеде страв - внатре се вратија Светите Дарови!! Се прекрстив и одма го причестив човекот кој умираше. Кога ги проголта Светите Дарови, лицето му се озари и доби таков мирен израз каков што никогаш во животот немал. Ги затвори очите и го предаде духот на својот Господ пред моите очи.
Присетувајќи се на на оваа случка, секогаш го прославувам Христа и размислувам за тоа како со љубов му опрости на нашиот чичко Јанис и го упати кон спасението.
Нека Господ го прими во своите небески населби! Вечен да му е поменот. Да не губиме надеж и да не очајуваме за своето спасение, па макар и да сме и најгрешните луѓе на светот. Да ни даде Бог сите да го пронајдиме вистинското покајание и да постанеме достојни за Рајот со искрено и понизно признавање на своите гревови. Амин!".

 

фб Ljube Petreski

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная