Ние мора да разбереме, дека животот околу нас, колку и да не е нормален, е место каде ние го започнуваме нашиот сопствен христијански живот. Што и да правиме од нашиот живот, каква содржина и да му даваме, тој и понатаму на себе ќе има дел од печатот на “ЈАС генерацијата“ и мораме да бидеме доволно скромни и смирени за да можеме да го согледаме тоа. Оттука почнуваме.
Постојат два лажни пристапи кон животот околу нас, кои денес се многу често прифатени, сметајќи дека тоа е она што Православните Христијани треба да го прават.
Првиот пристап – највообичаениот – е едноставно да се оди во чекор со времето; прилагодување на рок музиката, на современата мода и вкус и на целокупниот ритам на нашиот бучен, неотесан и модерен живот. Често се случува, старомодните родители, кои имаат малку контакт со овој живот и го живеат својот живот помалку или повеќе одвоено, да се насмеат кога ќе ги видат своите деца како го следат најновото лудило, мислејќи дека тоа е нешто безопасно. Овој начин е тоатална катастрофа за Христијанскиот живот; тоа е смрт за душата. Некои може и понатаму да водат надворешно исправен живот, без борба против духот на времето, но одвнатре се мртви и умираат; и најтажно од се – нивните деца ќе ја платат цената со разновидни психички и духовни пореметувања и заболувања кои постануваат се повообичаени.
Еден од водечките членови на самоубиствениот култ кој заврши трагично во Џонстаун пред четири години, беше младата ќерка на грчки православен свештеник; сатанистичка рок група “KISS – Knights In Service of Satan“, составена од бивши руски православни млади луѓе; најголем дел од членството на сатанистичкиот храм во Сан Франциско, спрема истражувањата, биле православни млади луѓе.
Ова се само некои од екстремните случаи, повеќето млади православни луѓе не забегуваат толку далеку – тие само се мешаат со антихристијанскиот свет околу нив и престануваат да бидат пример за било какво Христијанство за оние околу нив.
Ова е погрешно. Христијанинот мора да биде поинаков од светот, да биде над сите денешни настраности на ненормалниот свет и ова мора да биде една од основните работи кои тој ги знае, како дел од Христијанското воспитување. Во спротивно, нема причина да се нарекуваме Христијани – уште помалку Православни Христијани.
Наспроти тоа, вториот лажен пристап е пристапот кој може да се нарече лажна духовност. Преводите на православните книги за духовниот живот стануваат се подостапни и Православниот речник за духовната борба е пласиран се повеќе во комуникацијата, така да може да се забележи растечки број на луѓе кои зборуваат за исихазам, Исусова молитва, аскетски живот, возвишени степени на молитва и за најголемите отци како што се Свети Симеон Нов Богослов, Свети Григориј Палама, Свети Григориј Синаит.
Во ред е да се биде свесен за вистинските возвишени страни на Православниот духовен живот и да се има почит за великите отци кои тоа го живееле; но, доколку немаме реална и многу скромна свесност и познание, колку сме всушност далеку од сето тоа, сите ние денес; од животот на исихастите и колку сме малку подготвени дури само и да му пријдеме, нашето интересирање ќе биде само израз на нашиот егоцентричен “пластичен“ универзум.
“Младите луѓе на ЈАС генерацијата постануваат исихасти!!!“, тоа е нешто што некои денес се обидуваат да го направат; но всушност тие само додаваат нова игра, наречена “исихазам“ на новите атракции во Дизниленд.
Постојат и книги на оваа тема кои се многу популарни. Што е многу важно и римокатолиците се впуштаат во ова, под влијание од православните и тие сами влијаат на други православни луѓе. На пример, постои еден језуитски свештеник, отец Џорџ Малуни кој пишува секакви видови на книги на оваа тема и ги преведува Свети Макариј Велики и Свети Симеон Нов Богослов, трудејќи се луѓето денес да постанат исихасти. Имаат секакви видови на “харизматични“ собири, луѓето наводно биваат инспирирани од Светиот Дух, наводно ги преземаат сите видови учења од Светите Отци, кои се далеку од она каде што сме ние денес.
Ова е многу несериозно. Тука е исто така и госпоѓата Катерина Хук – Доерти, која пишува книги за “Пустината“, за отшелничкиот живот; “Безмолвие“, живот во тихување; сите овие работи кои таа се обидува да ги вметне во животот е како да сакате да имате нова реклама за слатки. Ова се разбира е многу несериозен и многу трагичен знак на нашето време. Овие видови на возвишени работи биваат користени од луѓе кои немаат идеја, ниту поим за што тука се работи. За некои луѓе тоа е само навика или мината работа; за некои кои тоа го разбираат многу сериозно, може да значи голема трагедија.Тие мислат дека водат еден вид на возвишен живот, а всушност во реалноста не разрешиле внатре во самите нив. Дозволете повторно да нагласам, дека двата екстрема треба да се избегнат – световноста и “супер-духовноста“ – но тоа не значи дека ние не треба да имаме реална свесност, познание на законитите барања кои светот ги има кон нас, или дека треба да престанеме да ги почитуваме светите отци и да ги слушаме нивните упатства; и да ја користиме Исусовата молитва сходно на нашите услови и состојба.
Само тоа мора да биде на нашето ниво, “на земја со обете нозе“. Суштината е - а тоа е работа апсолутно неопходна за нашиот опстанок како православни денес – дека ние мораме да разбереме во какво време живееме, колку малку всушност го знаеме и чувствуваме нашето Православие, колку сме далеку не само од древните отци, туку и од обичните Христијани стотина години или само една генерација пред нас, дека мораме да се смириме себеси, за да успееме да преживееме како Православни денес.
Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата
Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...
Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...
Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...
Болестите според светоотечкото учење
Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...
Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург
Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Повеќе...
Духовни поуки: „Помоли се за мене“
Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...
Живот без стрес
Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес..Повеќе...
Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет
И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.Повеќе...
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети. Повеќе...
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...
Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ
Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...
За Моето име
Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...