логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

обид за воцрковување во современиот свет
(II дел)

Закономерноста на духовниот развој

krstevka8.jpgЧесто пати луѓето – и тоа не само оние што се „почетници“ во Црквата, туку и оние коишто одамна живеат црковен живот – се жалат дека не гледаат никаков духовен напредок во себе. И повеќе од тоа: забележуваат дека во првите денови, недели и месеци по влегувањето во Црквата чувствувале необична радост, духовен подем, сè им изгледало лесно. Но потоа, напротив, сè како да почнува да оди наопаку, секој чекор го прават со напор, црковниот живот, ако така може да се каже, им станува навика и не им носи радост во душата, туку, спротивно, во него сè повеќе гледаат недостатоци. Настапува униние коешто често води кон своевидна парализа, кога човекот веќе не живее туку само вегетира: се чини дека ништо веќе нема никаква смисла, зашто „ионака ќе нема резултат“. И бидејќи нема труд, и нема промена во состојбата, човекот буквално му ја препушта на Бога можноста исклучиво Тој Самиот да го спаси – преку испратените искушенија и грижи. Притоа, ваквата состојба не е карактеристична за еден или за неколку христијани, туку е појава, слободно може да се каже, од општоцрковни димензии.

Во што е причината за овој проблем – инаку еден од најсериозните – на денешното време? Христијаните се жалат на падот на својот духовен живот, на тоа дека во почетокот имале многу повеќе одошто сега. Тие искрено се прашуваат: зошто е така? Меѓутоа, недоумението тука е резултат единствено на непозанавањето на текот на духовниот живот, на неговата закономерност.

Духовниот живот – според својата суштина – е заемен однос меѓу човекот и Божествената благодат. Во почетокот, благодатта го повикува човекот, се прилепува кон неговото срце, и тој се одѕива на нејзиниот повик, доаѓа во храмот, Му се обраќа на Бога. Тоа е – како некое повторно доживување на детството. Во тој период самата благодат ги извршува сите нешта за новообратениот, го носи на раце, како мајката младенецот. Господ му дава да ја вкуси радоста на постоењето, на општењето со Него, нагледно покажува што е тоа живот во црквата, живот во Бога. Тој во тоа време ги намалува страстите на човекот, му дава различни духовни утехи, за да му даде можност макар и за кратко да се оттргне од плотскиот, земен живот, да го вкуси небесниот живот.

А потоа настапува нов период. Благодатта како да отстапува, како да се сокрива од христијанинот. Таа и понатаму е со него, го храни, но веќе не се труди место него. Во тој период Господ ги чека трудовите од самиот човек кај кого веќе постои искуство: ете го – земното; и ете го – небесното; сега човекот е должен да направи свој избор. Ако го сака небесното, ако сака да биде со Бога, мора и да го докаже тоа.

Бог може да ни ја дава благодатта, но сè додека ние не се потрудиме самите, таа благодат ќе остане само нешто надворешно, нам туѓо, и таа нема да може да нè спаси без нашето сопствено учество. А кога претрпуваме напад од своите страсти, кога се бориме со нив, благодатта, којашто невидливо ни помага, се апсорбира во нашата душа, во нашето срце. 

Меѓу човекот и Бог не се можни „правно регулирани“ односи: Бог го сака човекот и од него очекува љубов. Може да се каже, дури, дека нас не нè спасува само Божјата љубов, туку и нашата љубов спрема Бога. Но, љубовта не е нешто што може да се докаже со зборови. Тука се нужни дела, коишто би сведочеле за тоа на кого или на што ние, всушност, го предаваме нашето срце. Ние го сакаме светот, ги сакаме своите страсти, го сакаме, колку и да е тоа страшно, гревот. Тоа е противприродна љубов и таа, секако, не може да се поврзе со љубовта спрема Бога.

Затоа нам постојано ни се нуди можноста да избереме меѓу Бога и она што на Бога му е спротивно. И во зависност од тоа што избираме, го определуваме нашиот пат. Ја избираме верноста спрема Бога – и се зацврстуваме во љубовта спрема него. Го избираме светот, сопствените страсти, гревот – и се зацврстуваме во злото.

Човекот е крајно извалкан. Тука се и прародителскиот грев, и гревовните навики кои човекот ги усвоил во животот, пред да Му се обрати на Бога. Затоа е неопходна постојана борба, постојан труд на самоисправање. И благодатта учествува во тој труд, во таа борба, невидливо му помага на христијанинот и го зајакнува.

Понекогаш се поставува прашањето: зошто, сепак, нам ни е толку тешко и зошто толку малку напредуваме во духовниот живот. Одговорот е очигледен. Тешко е затоа што благодатта нè воспитува, нè тренира, нè тера да работиме до границата на нашите сопствени можности. Може да се даде следната споредба од светот на живата природа. Кога фоката го учи своето младенче да плива, таа само малку го поддржува од долната страна, и кога ќе види дека младенчето може само да плива, престанува да му помага, макар што за сето време го набљудува, подготвена во секој миг да му помогне.

Така и Господ постапува со нас. Секој миг Тој нè поддржува, не зајакнува, но најчесто на таков начин што ние тоа не го забележуваме. Господ нè остава да се потрудиме самите, да се научиме на нешто, да доживееме нешто и преку сето тоа да Му се приближиме.  

Духовниот живот се карактеризира со промени, во него нема непроменливост. Присуството на благодатта, благодатните утешувања задолжително се проследени со периоди кога човекот се чувствува напуштен, беспомошен. Утешувањата ја јакнат човечката слабост, го прават човекот посилен, го учат да се надева на Бога, раѓаат чувство на благодарност спрема Бога. А чувството на напуштеност (богооставеност), сознанието за сопствената беспомошност, напротив, ја смируваат човечката гордост, ни ја даваат најдобрата можност да разбереме дека без Бога сме – ништо. Чувствувајќи ја својата беспомошност, почнуваме да ја бараме како што треба Божјата помош, и дури тогаш ние најчесто за прв пат разбираме што е вистинска молитва.

Понекогаш човекот доживува мошне долг период на оваа „оставеност“, кога небото како да се затвора за него и кога душата станува совршено невосприемчива за какви годе духовни доживувања. Слична состојба им е добро позната не само на немоќните, грешни луѓе какви што сме ние, туку и на вистинските подвижници, на Божјите угодници. Тука се потребни трпение и вера, надевање на Бога, доверба во Бога. Не добивајќи никаква духовна поткрепа и награда, човекот сепак мора да се труди и да верува дека Господ го гледа неговото страдање, неговиот труд, но од одредена причина смета дека таквата проверка е полезна за него.

Во тоа време непријателот обично го вознемирува христијанинот со помисли исполнети со тага и очај, го тера да мисли дека чувствата и доживувањата коишто ги имал претходно, веќе никогаш нема да се повторат, и дека, напротив, нему ќе му биде сè потешко и потешко. Но тоа не е точно. Всушност, ако човекот машки го издржи испитувањето преку заладувањето во срцето, ако не престане да се бори и да се труди за својот духовен напредок, тој повторно ќе го почувствува дејствувањето на благодатта, и тоа во многу поголема мера. 

А потоа повторно ќе настапи време на привидна оставеност, повторно борба и повторно утешување. И така – во текот на целиот живот.

Каков труд и каква борба се потреби од страна на човекот? Најчесто станува збор за едноставни и сосема достапни нешта: необрнување внимание на чувството на внатрешна празнина, на помислите за „бесмисленоста на дејствувањето“, придржување до востановеното молитвено правило, читање духовни книги и разбирање на смислата на нивните пораки, присуство на службите во храмот, учество во црковните таинства. Но мошне важно е заедно со сето тоа човекот да се грижи да ја разгори ревноста што гасне или што веќе изгаснала. За таа цел, полезно е размислувањето за оние нешта коишто првобитно го условиле нашето свртување кон Бога, за оние нешта коишто нè довеле до покајание. Во таквата состојба потребно е често да си споменуваме за неизбежната смрт и за исто толку неизбежниот суд, за потребата да се подготвуваме за него уште во овој земен живот. Напоредо со тоа, за да не нè задуши стравот и уште поголемо униние, потребно е спомнувањето и за Божјата љубов спрема нас, за која постојат изобилни сведоштва во животот на секој од нас.

Во слично испитување човекот поостро од кога и да е чувствува дека тој, освен Бога, нема друг помошник. А тоа значи дека треба почесто да му се обраќа на Господа со молитвено повикување (преку молитви дадени во молитвеникот, преку стихови од псалмите, или со сопствени зборови). Да Му се обраќаме, да бараме Тој – Семоќниот – Самиот да ја исцели немоќта на нашата душа, да ја просветли нашата темнина, да ни даде радост и веселба коишто се пројавуваат во човечкото срце од чувството на Неговото Божесетвено присуство, кога сè во животот на човекот се исполнува со највисока смисла, со онаа полнота која не остава ниту најмал простор за „празнина и незадоволство“.


(Издадено од Саратовската епархија при РПЦ)


Подготви: д-р Драган Михајловиќ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная