логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На прагот на геената огнена


Епископ Александр Милеант

„А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења“ (1 Тимотеј 4:1).

Како дете кон макја, така и човекот инстинктивно се стреми кон Бога – особено во тешките мигови на својот живот. Во Бога тој го гледа својот Небесен Отец, Кој му сака добро и Кој може да направи и невозможни нешта. Господ Исус Христос ветил: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Матеј 7:7). Некој бара физичко исцелување, помош во работа, зацврстување на семејството, среќа за децата; некој – зацврстување на верата, стекнување молитва, исполнување со Светиот Дух – секој според мерата на своето духовно ниво. Бог ги прима молбите од секој оној кој Му се обраќа со искрена и силна вера. 
Освен што молитвата ја привлекува кон нас Божјата помош, за неа е карактеристично и тоа што содејствува на внатрешниот раст на човекот. Причината за тоа е што молитвата не е монолог, туку е беседа во која Господ ì одговара на душата и ја озарува со благодатта на Светиот Дух. Озарувајќи го внатрешниот свет на човекот, Бог го учи да го бара не само материјалното, временото, туку, главно, вечното и вистински вредното. Човекот што беседи во молитвата со Бога, знае дека Бог е повисоко и семоќно Битие, полно со љубов, но и праведно, и дека пред Него треба да се стои со стравопочит. Со Бог не може да се манипулира, како со некоја слепа сила. Тој е – Отец Кого што треба да Го слушаме. Така личното молитвено искуство, коешто се јавува во почетокот како резултат на некаква конкретна потреба, содејствува на моралното усовршување на човекот и го води кон највисокото благо – кон Царството Небесно.    
Сосема спротивна на таквата здрава религиозност, заснована на вера и послушност спрема Бога, е нездравата, „црна духовност“ на окултизмот. Тука исто така постои елемент на натприродното и барање на помош – но таа не се бара од Творецот, туку од некои сомнителни духови или од таинствени нефизички сили. Ако здравата вера во Бога го облагородува човекот, тогаш нездравата окултна вера духовно го нагрдува. Таа исцело е насочена кон земното, тривијалното и гревовното. Целта на окултните знаења е чисто утилитарна: - дознавање на тајните, успех во животот, покорување на нечија љубов, зацврстување на здравјето, стекнување био-енергија, ширење на својот потенцијал, одмазда на непријателот или, едноставно, „поигрување“ со таинственото. Многумина ги прелестува тоа што сето тоа може да се достигне без каков и да е физички напор и без нарушување на граѓанските закони.
Ако обраќањето кон Бога ја буди совеста во човекот и го поттикнува да се покае и да се промени, занимавањето соокултизмот, спротивно, не го поврзуваат со никакви морални обврски: земи и насладувај се! Оваа (навидум) слобода од моралните обврски очигледно е главната привлечност на окултизмот. Но, како што ќе видиме подоцна, услужливите духови воопшто не се алтруисти и човекот порано или подоцна ќе плати мошне скапо за добиените услуги. Само во почетокото сè изгледа лесно и просто.  
Окултизмот е древен колку и самото човештво. Вкусувањето на забранетиот под во рајот претставувал прв обид на човекот да добие извонредни знаења и способности по окултен пат (Битие, гава 3). Магови, шамани, повикувачи на духови на умрени и сл., – постоеле отекогаш, но најмногу во „посземјето“. За нашата епоха е карактеристична се посилната популаризација и занимавање со разни форми на окултизам, за што сведочат низа сериозни современи истражувања. Така, еден од научниците од Чикашкиот Универзитет, од областа на споредбената религија и окултизмот, Mircea Eliade, забележува во својата книга Occultism, Witchcraft and Cultural Fashions: „Како историчар на религијата, запрепастен сум од огромната популарност на магијата во современата Западна култура и субкултура. Притоа, занимавањето со магија претставува само дел од пошироката насоченост, односно од зголемениот интерес спрема семожни окултни, езотерични науки“ (The University Press, Chicago IL 1976). Под влијание на модерното учење „New Age (Новиот век)“, илјадници луѓе во САД се претставуваат како channelers (медиуми) и psychics (претскажувачи), и милиони луѓе им се обраќаат за совети и за услуги, читаат нивна литература... Некои од тие channelers се добро познати во уметничките и во телевизиските кругови. Во Европа, Канада, Бразил, Русија и во други земји исто така се забележува зголемен интерес спрема  „светото на духовите“. Влијанието на окултните идеи почнало да навлегува дури и во сериозните науки, како што се психологијата, медицината, философијата, археологијата итн. Почнале да никнуваат псевдохристијански секти коишто шират древни окултни идеи, завиткани во псевдонаучна и псевдохристијанска терминологија. Во книжарниците може да се сретнат посебни штандови на кои се нуди литература посветена на „New Age“. Пред очите се шаренеат наслови како што се: „Вештерки во средниот век“, „Древна египетска магија“, „Историја на тајните друштва“, „Тајните зборови на шаманте и зомбите на Хаити“, „Енцикопедија на древните и забранети знаења„, „Од кабала до астралните светови: умствените енергии и тајните на интимните односи“, „Книга на светата магија: неопходен црн извор на окултното знаење“, „Современ речник на вештерките: сè што ти е потребно за да можеш да се занимаваш со магија“, „Достигнете го посакуваното со помош на окултна енергија“, „Што е левитација и како се користи“.  
Dr. Wаltеr R. Маrtin, истакнат познавач на култовите во Америка, тврди едека 60 % од американците применуваат некакви окултни методи или се интересират за окултизам. Постојат повеќе од 3000 издавачи на окултни книги или журнали, чиј вкупен годишен приход се мери во милијарди долари. Дури и традиционалните журнали, коишто во принцип не се интересираат од оваа област, печатат статии за окултни техники, за астролошки знаменија, за лечење со кристали и сл. Во Русија, исто така, интересирањето за окултизмот добива размери на епидемија. Овие жалосни факти говорат за духовна дегенерција на современото општество и ја навестуваат близината на Второто доаѓање Христово. 
Зборот окултизам потекнува од латинскиот збор occultus, што значи: нешто скриено и недостапно за мнозинството. Во сферата на окултизмот влегуваат различни необјасниви појави и дејствија, коишто се предизвикани од таинствени, нефизички сили. Окултните техники се управуваат според следниве цели: 1) стекнување знаење недостапно на обични физички средства; 2) стапување во контакт со духови или натприродни сили; 3) стекнување вештини за манипулирање со тие духови или сили. Еве краток список на окултни учења или занимања: професионално претскажување, астрологија, хиромантија, нумерологија, одредени видови мистицизам, трансцендентална медитација, медиумизам или channeling, јога, екстрасенсно (нетрадиционално) лечење, лечење со биополе, ритуално кодирање, шаманство, сите видови бела и црна магија.
Во наше време голема популарност стекнало окултното учење „Новиот век“, кој ео себе содржи голем број стари окултни учења. Некои современи секти-култови или никнале како резултат на „откровение“ на духовите, или во себе носат елементи на окултизам и се користат со окултни методи. Меѓу нив треба да се споменат: Орденот на Розенкрајцери, учењето на Николај Рерих („Жива етика“ или „Агни-јога“), заедницата на Белите браќа, заедницата на Е. Блаватска, движењето „Новиот век“, заедницата Аум Синрике, Кришнаизам, Lucius Trust (Alice Bailey), Eckankar (Paul Twitchell), The Children of God (David Berg), Unification Church (Sun Mun), антропософското друштво Rudolf Steiner, Astara (Earlyne Chaney), заедницата („црквата“) на мормоните (Joseph Smith со неговиот „angel Moroni“), Christian Science (Mary Baker Eddy) и други.
Што ги поттикнува луѓето од дваесеттиот век да се свртуваат кон такви ненаучни и сомнителни нешта, како што е повикувањето духови? Одговорот на ова прашање е дека науката, сама по себе, и материјалистичкото учење не можат да одговорат на повисоките човекови прашања. Нешто во нас го бара повисокото, духовното, жеднее за одговор на принципиелните прашања: зошто живееме, постојат ли други светови и други, посовршени форми на постоење, што нè чека по смртта, постојат ли нефизички сили коишто би можеле да му помогнат на човекот да ги совлада физичките закони и да стекне сигурна среќа. И ете, луѓето, не познавајќи го или игнорирјќи го христијанското учење, се обраќаат кон езотерични учења. Тие учења претендираат на тоа дека нудат одговор на длабоките принципиелни прашања за постоењето и дека го знаат пристапот до нефизичките сили. Но, овие одговори се лажни, а рецептите – погубни. Најстрашно е тоа што тие го придушуваат стравот Божји во човекот и чувството за одговорност за своите постапки. Паднатите духови му дошепнуваат на окултистот-почетник дека не постои ниту судот Божји, ниту вечните маки, туку, напротив, дека таму е сè лесно и пријатно. Затоа, „збогатувај се со знаење и примај ја во себе силата што ти се дава“. И, навистина, понекогаш, како резултат на окултни занимања, на човекот му се откриваат необични способности – телепатија, способност да лечи со помош на „биополе“ или да ги придвижува предметите („телекинеза“), итн. Но, како што ќе видиме, овие сапособности не се развиле во него самостојно, туку при содејство на нечистите духови, и затоа се мошне опасни и штетни. Навистина, за да не го исплашат почетникот, демоните го сокриваат своето присуство и се претставуваат: а) или како безопасни духови што талкаат наоколу, или б) за безлична нефизичка енергија, разлеана во космосот или сокриена во самиот човек. 


(продолжува)

Подготви: д- р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная