логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Архива на Преминпортал)

(25.11.2010)


Моштите на света великомаченичка Екатерина од грчкиот метох на Синајскиот манастир на света Екатерина за првпат ќе бидат донесени за поклонение на верните во Русија: од 1 до 5 декември светињата ќе биде во Москва, а од 5 до 24 декември – во Екатеринбург, којшто на 7 декември ќе го одбележи празникот на својата небесна покровителка.

Ова беше договорено за време на посетата на Синај на руската поклоничка група предводена од раководството на „Екатеринбуршкото здружение што го носи името на светата великомаченичка Екатерина“.

 Синајските монаси за преносот на моштите

„Во манастирот на Синај од светите мошти се чуваат главата (черепот) и левата рака на света Екатерина. Главата на света Екатерина еднаш го напушти Синај - во 1995 година. Но, оттогаш беше донесен закон според кој не смее да се изнесува ваков вид на светиња од египетската територија без да се обезбедат огромен број документи. Ние уште имаме и дел од моштите на Светителката кои се наоѓаат во нашиот метох во Грција, и нивното пренесување е полесно. Имено, овие мошти (дел од телото на света Екатерина) и ќе бидат доставени во Русија“ - изјави игуменот на манастирот на света Екатерина, Архиепископот Синајски Дамјан.

Игуменот на манастирот Архиепископот Синајски Дамјан

Одговарајќи на прашањето на РИА-Новости за важноста на преносот на моштите во Русија, игуменот изјави дека неговата обител има „посебни односи“ со Московската Патријаршија. „Во нашата историја има многу примери на добри и блиски односи меѓу Русија и манастирот, и пренесувањето во рускиот главен град, и во Екатеринбург (чие име е поврзано со името на света Екатерина), на моштите на оваа великомаченичка, ќе биде многу важен чекор во развојот на нашите односи и за возобновување на старите добри односи“ - рече архиепиескопот Синајски.
Тој раскажа за чудесните исцеленија што се случуваат од моштите на света Екатерина. „Еден познат човек се молеше тука, неговата мајка боледуваше од рак - и таа беше исцлена... Понекогаш од моштите истекува миро. А сребрениот прстен на света Екатерина на кое верните исто така се поклонуваат претставува симбол на стабилен брак.

„Вие сте православни, и тоа ни претставува радост што овој благослов ќе биде кај вас и вие ќе бидете благословени со овие мошти“ - рече духовниот отец на Синајскиот манастир отец Павле.
Според неговите зборови, меѓу стотиците поклоници кои секојдневно ја посетуваат обителта има многу верници од Русија. „Многу руски верници доаѓаат со желба да станат монаси, но многу е тешко да добијат дозвола за постојан престој на Синај, бидејќи ова е милитаризирана зона“ - рече отец Павле.
Најлесен начин да се доближат до Бог, подвлече тој,  - „е да се стане како дете во душата“ и „да не се осудува ближниот“.

Светата великомаченичка Екатерина 

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда. Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и во знаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами. Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица (августа-василиса). Сите пострадаа за Христа. При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.

Според преданието ангелите ги пренеле нетлените мошти на света Екатерина на гората на Синајскиот полуостров (веднаш до гората на Мојсеј), каде што беа и пронајдени во 4 век од монасите, по едно откровение. Моштите на великомаченичката со почести се пренесени во храмот на Синајскиот манастир, кој во 6 век за време на светиот император Јустинијан доживеа процут. Потоа и гората, како и манастирот го добија името на света Екатерина. 

Синајскиот манастир е основан во 4 век и е еден од најстарите христијански обители во светот кои се активни без прекин. Овде се наоѓа центарот на автономната Синајска православна црква, под чија јурисдикција се наоѓаат низа манастирски метоси во Египет, Грција, Кипар, Либан и Турција. Игумен на манастирот е Синајскиот Архиепископ, кого од 7 век наваму го ракоположува Ерусалимскиот Патријарх. Жителите на манастирот предимно Грци. Денес обителта брои 30 монаси, од кои две третини живеат во самиот Синајски манастир, а една третина во неговите метоси.

 

 

Извор: РИА-Новости

Преземено од МПЦ


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная