логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


За силата на нашите мисли

 o.tadej4.jpgМислите,расположението, желбите го управуваат нашиот живот. Со какви мисли се занимаваме, таков ни е и животот. Доколку мислите ни се мирни, тивки, полни со љубов, доброта, племенитост, чистота - тогаш во нас има мир, бидејќи сите мирни мисли даваат внатрешен мир којшто зрачи од нас, затоа што нашите мисли се мирни, тивки, полни со љубов и доброта. Доколку во себе носиме негативни, пеколни мисли, тогаш и нашиот внатрешен мир е разоран. Светите отци за мислите велат: Мислите кои го разоруваат мирот и од кој што немаме мир, тие се од пеколот и треба да ги отфрлиме и да не ги прифаќаме. Ние треба да се трудиме за своето добро, во нас да се зацврсти мирот, радоста, Божествената љубов. Нашиот Отец Небесен посакува Неговите чеда да ги имаат неговите Божествени особини, додека ние сме полни со љубов, мир, вистина, радост, утеха, племенитост. Господ, а и сите ние, сакаме да бидема кротки и смирени, бидејќи онаа душа која што е кротка и смирена, таа зрачи со доброта и племенитост. Таквата душа и кога молчи прикажува од себе секогаш мирни, и тивки бранови полни со љубов и доброта. Таквата душа не се навредува кога ја навредувате, можете и да ја удирате, а таа вас ве жали што толку се мачите. Таквите се малкубројни на земјината топка, но поради нив сонцето грее и Бог ни дава благослов да живееме, да имаме се што ни е потребно за живот. Ние треба да се измениме во мислите.
 Гледате и самите како ние во семејството создаваме хармонија или дисхармонија, зависно од нашите мисли и желби. Доколку домаќинот во куќата е многу оптоварен со грижи и мисли за некоја потешкотија, тој со тие мисли создава немир, не само на себе, туку и на целото свое семество. Сите во куќата се нерасположени, немаат мир ниту пак утеха. Тој како домаќин треба да блеска со доброта, за да од него се пренесува на сите останати во семејството. Ние сме таков мисловен апарат. Јас во моето време не знаев дека човекот не смее да ги навредува своите родители, ниту телесно ниту духовно. Ние не смееме да ги навредуваме ни во мислите. Во своето време не бев свесен, дека навредувањето носи тешки последици за сите нас. Јас многу страдав, поради тоа што во мислите го навредував својот татко, и сега не можам да се покајам поради тоа. Мојот татко беше мирен, тивок, кроток човек, неверојатно добар. Во своот живот никогаш не беше болен затоа што секогаш имаше внатрешен мир, па и органите му работеа без оптеретување. Целиот свој живот го набљудуваше како претстава, кога некој го навредуваше, тој не се навредуваше, беше мирен и тивок. Јас би бил среќен доколку ги имам неговите карактерни особини. Ние мшкит сме повеќе на своите мајки доколку женскитре деца се на таткото. Луѓето не знаат зошто тоа така се случува, да во е дно семејство се раѓаат женски, а во друго машки. Луѓето тоа не го знаат, немат претстава, а Господ нам ни покажал како е тоа и поради што. Тоа многу зависи од крвната слика на родителот. Доколку крвните слики им се слични, се раѓаат и машки и женски деца, но ако крвната слика на мајката е посилна, се раѓаат машки, но доколку крвната слика пак, е посилна на таткото, се раѓаат женски. Тоа може да се види на повеќе места. Тоа истото може да се види и преку пчелите. Пчеларите добро знаат дека матицата се пари еднаш во животот, со друга матица и едната загинува после парењето. Таа која ќе остане, во себе носи јајца. Додека во себе има семе и од едната и од другата страна, раѓа работнички и трутови. После две години пчеларот мора да ја отсрани, бидејќи носи само трутовски јајца, само машки, нема работнички. Видете, на многу места Господ ни открива зошто се раѓаат и машки и женски деца. Бог се ни открива, но потребно е малку размислување, бидејќи многу е тајна и ние не знаеме да сватиме. Од нашите мисли станува добро и зло, мир или дисхармонија во семејството, и оние кои се побожни сакаат секогаш да бидат добри и мирни. Тие се трдат, но грижите на земјата често пати го оптеретуваат човекот. Господ сите наши грижи ги земал на себе, затоа што ние не можеме да си помогнеме сами на себе, туку само ги компликуваме работите.
 Ние сега во нашата земја па и во светот береме плодови од нашите мисли и желби. Ако не ни се добри желбите, и не ни се добри мислите, не може ни плодот да биде добар. Потребно е да се покаеме , да го измениме животот. Покајанието не е само да отидеме кај свештеникот, но е потребнодушата да се ослободи од тие мисли и депресии во кои западнала поради кривините во животот. Покајанието е измена на животот, свртување кон апсолутното добро, оставање на негативните страни. Тоа слабо го има и кај побожните и поради тоа страдаме. Кога нашиот народ би се покајал, не би го доживувал ова страдање сега, бидејќи ние сами, со своите желби и мисли си го компликуваме животот. Порано јас тоа не го знаев, но сега гледам дека сум виновен за се, и тоа како сум виновен. Јас се зачудив поради тоа што Светите отци себе се сметале за најлоши од сите луѓе.
 Ми доаѓаше една девојка. Нејзините мајка и татко се лекари, а таа работи во Академија. Беше во манастирот Витовница во 1963 година, па ме прашуваше многу работи. Јас гледам дека таа е многу ожалостена на мајка си. Многу го сакаше татка си, а мајката не. Кога ја прашав зошто, кажа дека мајката не сакала ќерка туку син. Таа има постар брат, но отишол да живее во Париз. Јас ја молев да не се расправа со мајка си која ја носела во утробата, ја родила, одгледала. Нејзиниот татко веѓе починал, мајката останала вдовица и таа е единствена утеха на мајка си во животот. Таа бегаше во манастирот два пати, но отецот ја враќаше. И реков да не ги жалости родителите, да претрпи бидејќи монахиња може да се биде и без униформа. Господ од нас не бара униформа. Господ бара нашиот живот да биде добар, племенит. Монахиња може да се биде и во светот. Во Русија има доста монаси, монахињи и свештеници кои не носат униформа, бидејќи е забрането. Во Русија многу порасна духот на побожноста.
 Ќе дојде Бог и кај нас, само мораме да се молиме од срце на Господа да ни помогне, бидејќи многу сме се оладиле. Нашата вера треба да се зголеми. Таа расте постепено и станува се посилна и посилна. Кога ќе се помолиме од срце Господ ќе ни помогне, бидејќи Тој е Бог на сите нас, Родител наш и затоа треба да станеме посилни во молитвите. Треба да бидеме едномисленици на нашата држава и ако го постигнеме тоа нема да имаме непријатели.
 Кога ја надгледуваме историјата на израилскиот народ гледаме дека непријателот ги покорувал секогаш кога ќе отстапеле од Господа, но Бог секогаш им помагал кога ќе почувствувале искрено покајание.
 Господ е секогаш со нас. Ние ги навредуваме нашите политичари кои се на власт, но тие се наши деца. Ние старите сме виновни, а не тие, бидејќи не сме им дале животен пример да се угледаат. Ние сме слика на своите родители, слика на старите, а од нив не сме имале многу што да видиме. Ние старите сме виновни бидејќи децата не сме ги упатиле на правиот пат. Ние старите треба одново да почнеме од себе, а не однадвор да ги поправаме другите. Светите отци велат дека треба да се поправиме самите себе, да се спасуваме, па така многу ќе се спасат од нас. Треба да се потрудиме да бидеме добри, секогаш мирни, тивки, секаде да чувствуваат мир и тишина од нас. Сами видовме дека ние со своите мисли можеме да привлекуваме кон себе, или да одбиваме од себе. Треба да се измениме и да се потрудиме за да ни зајакне верата. Сцетите отци многу објаснувале за умната молитва, како треба да се управува со умот и срцето. Сцетите отци велат дека треба да се потрудиме секоја работа, секоја мисла се да ни потекнува од срцето, бидејќи со срцето се чувствува а не со главата. Со главата се мисли, а кога се потекнува од срцето тогаш тоа е концентрација на сите умни сили во срцето.
 Кога се молиме, тоа го правиме од срце, бидејќи Господ е Господ на срцата. Тој е центар на животот, на секое живо битие. Тој е покренувач на животот и не треба да го бараме на некое друго место. Тој е тука и очекува да Го прифатиме, и да му веруваме. Малку вера имаме во Господа, а и малку доверба. Кога би имале толку доверба колку што имаме во својот пријател кога ќе го замолиме да направи нешто, кога би имале толку доверба, нема ние и нашата држава да страдаме толку.
 Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли. Ние сме тие кои создаваме дисхармонија на мислите и кога нашите политичари би биле истомисленици, состојбата не би била ваква. Ние не сме свесни дека во нас е Божествената енергија и Божествениот живот. Секоја единка како Божествена енергија, кога ќе се соедини со останатие, создава огромна сила и непријателот бега од тој, бидејќи тука е хармонија, а таму дисхармонија. Кога нашите политичари би се соединиле, ние не би имале непријатели, тогаш на непријателот не му вреди ни оружје, ни војска, ништо.
 Ние сме битие даровано од Господа, но не знаеме (умееме) да живееме како што треба и создаваме пекол во себе и околу себе. Владиката Николај зборуваше како еден сештеник постојано барал преместување во друго место. На тоа негово настојување владиката Николај одговорил: Оче, со драга воља би те преместил каде што сакаш, но само кога ти не би се носел таму самиот себе. Тој уште вели: Ако човекот не си наштети самиот на себе, не може ни ѓаволот.
 Нам Господ се ни дарувал, и на нас е да бидеме добри. Доколку ние  обрнуваме внимание на негативните особини на поедини луѓе кои ни се обраќаат, не можеме да имаме мир и спокој. Зошто Господ наредува да ги сакаме своите непријатели? Не е тоа поради нив, туку поради нас. Се додека ние ги задржуваме во себе мислите за навредите кои ни ги нанеле непријателите, пријателите, роднините, ближните – ние немаме мир и спокој и живееме во поколна состојба. Треба да се ослободиме од тоа зло, да го отфрлиме како ништо да не било, се да опростиме. Токму поради тоа родителите мораат многу да трпат во животот и во семејството меѓу децата. Ние сега ги караме свеите деца, а немаме право, бидејќи не сме ги упатиле на правиот пат. Една докторка ми напиша писмо во кое вели: Јас и мојот сопруг, кој исто така е лекар, имаме еден син. Синот упропасти три автомобили, но фала му на Бога што остана жив. Сега барам повторно да му купиме автомобил, но ние не сме во финансиски можности. Кога ќе дојдам од работа, тој од мене и од татка си насилно бара пари. Што да сторам, како да го решам тој проблем? Јас на сето тоа и реков дека за тоа не може никого да обвинува, бидејќи вината е нивна. Имаат еден син и му правеле се по воља, уште од мали нозе. Додека бил мал имал мали барања, но сега тој е поголем и барањата се поголеми. Единствено што сега им преостанува е цда му посветат многу љубов и внимание на својот син, за да дојде на себе и да свати дека родителите му посакуваат се најдобро. Друг начин нема. Видете како ние со своите мисли и желби можеме да го поправиме својот живот, и животот на ближните, затоа посакувам да бидете такви.
 Опростете, јас скренав од правата тема која што беше, но ете, тоа што го имам во себе, тоа го изнесувам, бидејќи секој го изнесува тоа што го има во себе, и му посакувам добро на својот народ и целиот свет, бидејќи монасите се за тоа.
 Еднаш ме прашаа што значи да се биде монах со велика схима? Одговорот го добија од Пресвета Богородица: молитвеник за цел свет,  оној кој што се моли на Бога за да Бог го спаси целиот свет. Наша должност е така да се молиме, искрено за се, и да Господ на сите им подари мир и радост. Му благодарам на Бога поради смирените, кротки и простодушни деца поради кои Тој ни дава добра состојба.
 Му благодариме на Бога што нашата земја е на умерена клима, и се може да се произведува. Пределите во Сахара, Палестина, на Истокот добиваат дожд само во зима, но тие се трудат, а нас Господ ни дал се добро и благочестиво за (па) да бидеме добри.
 Во животот нашата вера постепено расте, прво сознанието добиено дома од родителите, па потоа се уверуваме дека Господ размислува за нас и не гледа кој е кој туку гледа на нашето срце. Господ гледа на нашето срце кое апсолутно му припаѓа Нему. Погледајте ги оние кои се во брак. Сите оние кои стапиле во брак без благослов од родителите или пак биле принудени на брак, таквите немаат мир и залудна им е нивната љубов. Видете колкава е власта на телесните и на духовните родители. Многу пати сум слушнал дека телесните и духовните родители говорат токму за тоа што се случува со децата. Еднаш се зачудив кога слушнав дека една мајка која што е побожна, и таткото, го убиле синот со мислите. Тој нивни син единец кој што исто така како нив е побожен, уште во младоста воспитан во тој дух беше просто како ангел, имаше неверојатна доброта која што не може ни да се замисли. Во една прилика му дојде една девојка од неговото место да го замоли за помош. Имено, таа затруднела со некој човек, па сега го моли овој младич да ја ожени бидејќи родителите и браќата и биле строги и кога ќе забележат дека е трудна не и преостанува ништо друго освен да се самоубие. Тој се сегласил на тоа да го потпише тој брачен договор, па кога ќе се породи и кога детето ќе прооди, тој по својот а таа по нејзиниот пат. Бидејќи тоа беше мало место, брзо се дозна за тоа, а неговата мајка не можела да го поднесе тоа а пак таткото говореше дека тој е негов живот, а не нејзин, но таа тоа не сакаше ни да го чуе. Знаеше да каже: Не сакам жив да го видам! Така и беше. Нивниот син во една прилика се возел на мотор со другарот и настрадал. После тоа таа мајка дојде кај мене во тага и жалост. Јас и реков: Ти го уби својот син. Гледаш колку се силни твоите мисли? Рече дека не го сакаш жив, па ете, така и се случи.
 Често пати ни родителите не знаат, но за нас како нивни деца, тие се во право и мораме апсолутно да ги слушаме па тогаш нивниот благослов ќе биде на нас. За жал, малку се оние кои родителите ги почитуваат како светиња. Јас многу страдав бидејќи често го осудував својот татко, мислејќи дека малку време поминува со своите деца. Тие мои мисли го испланитаа мојот живот и поради нив многу страдав. За време на окупацијата два пати бев осудуван на смрт. Пред тоа не знаев поради што, но кога се освестив видој дека јас сум тој кој го испланирал својот живот. Исто така, очигледно е дека на оние кои носат неискажлива љубов им се отвараат сите врати, и таму на бојното поле, каде што нема живот и таму Господ на чуден начин ги чува оние кои имаат љубов за родителите, како за телесните така и за духовните. Видете, кога ние би биле такви, состојбата на земјата не би била таква. Сега мораме да се молиме, сите да се молиме и Господ ќе ни даде помош и сила.
 Господ е господар на сите умови. Тој е силен и моќен да го преобрази секој поединец за да дојде на себе, бидејќи ако Господ не го разбуди, кој ќе го разбуди, кога ни мајката ни таткото не го упатиле на правиот пат. Ни во училиште не можел да научи ништо, освен во животот да се јаде и пие. Јас уште како дете многу мислев на светот. Уште како дете обрнував внимание на мислите, а сега гледам дека остарев и уште не го достигнав оној степен кој го достигнав како дете, бидејќи Самиот Господ ги просветува децата. Бев уште мал, не одев ни на училиште, а забележав дека моите мисли а забележав дека моите мисли лутаат додека другите деца си играат. Тоа не е добро, си велам себе си, морам да бидам тука присутен со мислите, сконцентриран само на таа работа, но залудно, мислите постојано ми бегаа.
 Уште како дете разбислував за сето тоа, па сега гледам, остарев, а уште не го достигнав тој степен. Поради тоа посакував да видам како се чувствувале Светите Оци, кои за време на својот живот се прославени од црквата, а подоцна и на небото; како тие се чувствувале за време на животот? Му благодарам на Бога што бев со Русите, па можев да ги читам делата на светите оци. Свети Исак Сирин е неспоредлив психолог помеѓу Светите Отци. Во неговите списи пишува: Човеку, немој да го дадеш својот внатрешен мир за ништо на овој свет. По секоја цена сочувај го свеојт вантрешен мир. Помири се сам со себе си, па со тебе ќе се помират и небото и земјата. Гледате како се тоа длабоки мисли, многу пати го повторувам тоа, но не можев ни до денес да го достигнам тој степен. Ние сите можеме да бидеме добри ако се соединиме со изворот на животот – со Бога, со сето свое срце. Тој ќе ни даде сила да се сакаме себе, и да ги сакаме ближните. Без Господа не можеме да се сакаме ни сами те себе. Честопати многу паѓаат во очај и се дигаат против својот живот, си го одземаат животот, бидејќи без Господа не можеме ни самите себе да се сакаме, а камо ли пак роднините и пријателите или пак непријателите. Со него можеме се бидејќи Тој е наша сила и живот.
 Своето срце мораме да го подариме некому и ако го подариме некому на земјата, сите можат да не повредат. Ние сите бараме бесконечна и неизменлива љубов, бесконечен мир, а кој може да ни го даде тоа? Не можат ни таткото, ни мајдата, но братот, ни сестрата. Сите нас тие можат да не остават, презрат и отфрлат. Зошто? Затоа што сите сме ограничени и со времето и со просторот и сите сме во борба со силите под небото, кои постојано ни ги валкаат мислите. Значи, на кого и да го подариме срцето, сите можат да не оставаат. Во нашата чиста, Божја љубов духовите на злото ниуфрлуваат мисли и гледаадт да не заробат. Божјата љубов е бесконечна, сеопфатна, а ние само за живите битиа, туку и за мртвите предмети кои се безвредни. Нашето срце е заробено за земскинешта и ако ги отргне некој – то боледува. Само со Бога можеме да имаме единство во љубовта, па потоа со роднините и пријателите.
 Не смееме да си бидеме идоли еден на друг бидејќи тоа е Божја воља. Светите Отци велат дека нашево раѓање на земјава е дошуштање од Господа, после падот, бидејќи Бог поставил се и тој е родител на се. Но ете, за жал се се нарушило. Се нарушила и нашата природа бидејќи нашите преродители биле бесмртни. Откако човекот паднал настапила смртта, се нарушил материјалниот свет во космосот бидејќи Адам е создаден како круна на созданијата и господар на целокупниот материјал. Во секоја единка е застапен целиот материјален цвет на космосот и умните и мислените сили, па затоа се вели дека човекот е мал космос.  Треба да се вратиме во рацете на своите родителил, да ни се зацврсти верата, да бидеме силни со Него, па со Господа ќе го видиме царството Небесно. Почнав да му зборував за протестантите. Тие околу 200 илјади Индонезијци ги преобратиле во христијанството. Сите тие луќе автоматски се вклучени во негативна енергија. Кај нив се случуваат големи чуда. Тие воскреснуваат мртви, претвараат вода во вино, вршат операции со раце, отвораат и затвораат утроби со раце.
 Светите Отци велат: „Што и да посака верата, Господ прави, но совршенството на христијанскиот живот е крајно смирение”. Уште стариот пророк вели: На кого ќе погледа, само на кроткото и смирено срце. Смирените и кротките се наследници на царството небесно, па на сите ви посакувам да бидете и вие синови на Светлината па заедно да се најдеме пред Бога и да го славиме Господа низ сето време на вечноста. Ете, нашата планета доаѓа до крајот, се што се случило до крајот а особено за ова кратко време, се проаѓа неверојатно брзо, фала му на Бога да е така, па да не ни биде залуден овој живот, да не се мачиме овде е залудно, бидејќи царството небесно е мисловна состојба на душите. Ние сме час ворајот, час во пеколот. Кога сме нерасположени во нас е поколот, немаме мир ни спокој, а пак кога во нашето срце е радоста тогаш се чувствуваме како во рајот. Затоа мораме непрестајно да се трудиме во молитвата.
 Малкубројни се оние на земјата кои добиваат бесплатна благодат. Јас многу се интересирав за тоа како се чувствувале Светите Отци во текот на животот, и како тие успевале да ја сочуваат таа бесплатна благодат до самиот крај. Светите Отци велат дека тоа на земјата се случува со оние кои многу грешеле, кои веќе имаат искуство во животот, па кога се свртеле кон Бога не се вртеле повеќе ни лево ни десно, туку заминале право кон Господа.И Светиот апостол Павле вели дека Марија Египетска, и многу други кога се свртеле кон Господа, останале со Него. Ние уште не сме го достигнале тој степен, нас уште не привлекува нешто овде на земјата. Кај нас е час утеха, час борба, војна, но бесплатната благодат малку се тие што ја добиле. Јас се зачудив кога сватив дека малку од монасите ја добиле бесплатната благодат, дека таа благодат ја добиле обични луѓе, мирјани. Веќе, долги години ми доаѓа еден младич од Бањалика кој се занимава со Исусовата молитва. И неодамна, еден свој другар, кој што е оженет и има деца, го научил и тој да се моли со Исусовата молитва. Се зачудив кога дојде неговиот другар и кажа како срцето му се моли постојано, и дека молитвата постојано тече. Овој младич е така осветлен со радост, полн со неискажлив мир. Тој се предал и себе, и жената и децата на Бога и добил бесплатна благодат. Пријателот што му кажал не ја добил таа благодат, иако, подолго време се молел од него. Значи, Господ го гледа нашето срце, и кога му се обраќаме од срце, Господ ќе не утеши веднаш. Само оние кои добиле бесплатна благодат, може да знаат каква е состојбата на ангелите и светителите. Други тоа не можат да го знаат. Ние се молиме на Бога, и се трудиме, но ако некој не добил бесплатна благодат, не е во можност да ја свати состојбата на ангелите и на светителите, бидејќи таа состојба со зборови не може да се објасни. Тоа е состојба на неискажлив мир и радост. Знаеш каков си бил претходно, си се лутел, а сега лутење нема. Не постои човек кој може да те навреди, ни една негативна мосла не може да ти наштети, бидејќи си ограден, раководен од Светиот Дух. Тие можат да ја разберат состојбата на Пресвета Богородица, која и од мајчината утроба, до крајот на животот на земјата, па и во вечноста била во полна Божествена благодат. Свети Дионисиј, ученикот на апостол Павле, сакал да ја види Светата Мајка и кога дошол во Ерусалим, го вовеле во собата каде што се наоѓала Пресветата Мајка, и него одеднаш го озарил некаков мир и радост и тој рекол: ,, Да не знам за Вистината, дека има Бог, за мене Бог би била Пресветата Мајка.” Затоа, Господ ја оставил Пресветата Мајка како утеха на Светите Апостоли, бидејќи тие биле гонети од сите страни.Таа им била голема утеха, бидејќи Таа зрачи со Божествен мир и Божествена радост, секаде околу себе. Ете, затоа треба да се молиме од срце, и да го ревнуваме Бога од срце, па нас Господ ќе ни ја даде Својата благодат и секаде ќе почувствуваме каква е состојбата на ангелите и светите и никој нема да може да ве навреди. Се сакајте, и ќе имате неискажлив мир, неискажлива радост, неопислива со зборови. Ви посакувам се најубаво и мир и радост од Господа.

 

 

(Продолжува)

Подготви: Даниел Илиевски

Друго:

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7567
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Блажен си ти Арето, верен слуга на Бога Живиот, кому Спасителот Му подари разум за умудрување на мнозина,  со дела достојни...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная