логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 За Старец Порфириј Кавсокаливиски

„САМО СВЕТИТЕЛИТЕ ВИСТИНСКИ СВЕДОЧАТ ЗА ЕВАНГЕЛИЕТО“


Се запознав со отец Порфириј во 1983 година, на Света Гора. Оттогаш имав можност да се видам со него неколкупати, но исто така, и да разговараме по телефон. Многупати ми помогнал со своите совети и ми дал духовна поддршка. Не еднаш сум бил сведок на неговата проѕорливост и другите благодатни дарови кои ги поседуваше.
Нашиот Старец доживеа срцев удар и мислевме дека ќе умре. Заминав за Солун и сретнав еден монах кој му беше ученик на Старец Порфириј и тој ми го даде неговиот број, но ми рече да ѕвонам во 5 часот наутро, бидејќи тогаш одговарал на повиците. Се обидов, ѕвонев неколкупати, но никој не ми се јави. Почнав да го читам Акатистот на Пресвета Богородица и кога стигнав до последната песна, завртев на телефонот и од другата страна чув глас: „Радувај се, Невесто Неневестна!“ Старец Порфириј точно ми ги опиша симптомите на нашиот Старец и ми кажа што да направиме. Сето тоа по телефон.
Кога бев протоепистат на Света Гора (1991 год.) ме измачуваше едно важно прашање за кое сакав да побарам совет од него. Игуменот на Ватопед реши да ме прати со група монаси на Кипар, каде со благослов на Архиепископот Хризостом требаше да возобновиме еден древен манастир. Бев многу тажен поради овој предлог, бидејќи не сакав да ја напуштам Света Гора. Му заѕвонив на Старецот Порфириј. Но, на телефон ми се јави еден од монасите и ми рече дека Старецот е на смртна постела и дека не може да зборува. Одеднаш го чув слабиот глас на Старецот. Тој сакал да ме чуе. Ми даде совет да му бидам послушен на мојот духовник и да отидам на Кипар: „Јас ќе Ѝ се молам на Пресвета Богородица, Таа да ти биде поддршка и да те чува под Нејзиниот покров. Прости ми што не можам долго да зборувам. Јас умирам“.
Следниот ден Старецот замина кај Господ.
Еднаш разговарав со Старец Паисиј. Го прашав: „Старче, зошто Господ му дал на отец Порфириј толку благодатни дарови?“ – „Мислам поради чистотата на неговото срце и безграничното смирение“ – ми одговори отец Паисиј.

***

Има цели книги со сведошта за Старец Порфириј. Има опишани случаи на чуда и после неговата смрт.
Едно духовно чедо на Старецот работеше за НАСА. Си спомнувате ли за едно вселенско летало кое беше испратено во отворен простор и не можеа да го вратат? Повикаа познати научници за да видат што ќе прават со него, меѓу нив имаше и некој што го познаваше Старецот. Пред да отиде во Америка, отиде кај Старецот за да земе благослов – му кажа каков е проблемот, а Старецот го праша:
– Што се случило, па да не можат да го вратат?
– Па не можат.
– Чекај да видам.
Точно му опиша каде било оштетувањето.
– И како да го поправиме?
Му објаснил како. Му кажал:
– Оди и ништо не кажувај. Остави другите да зборуваат, но ништо нема да откријат. Остани последен. Кажи го ова и ќе добиеш и награда.
Грчкиот претставник отишол, другите научници го кажале своето, но не ја откриле причината за оштетувањето. Тој си помислил: „Но ако не е така и ми се потсмеваат, од каде знае Старецот? Но сепак, ми рече да кажам“. Тоа и го направил. Му одговориле дека е невозможно тоа да биде причината. Тој им кажал да проверат. Го послушале и успеале да го вратат вселенското летало на земјата.
***
 
Кога тој почина на Света Гора, една жена од Австралија, која понекогаш му се јавувала по телефон, ѕвонела во неговата соба во Атина, без да знае дека Старецот бил заминат за Света Гора, ниту пак, дека веќе починал. Старецот разговарал со неа и таа му го кажала својот проблем, па ја посоветувал како да го реши проблемот. Потоа зборувале 20-25 минути, и таа му кажала:
– Ќе Ви се јавам, Старче, да Ви кажам што се случи.
– Не ми се јавувај.
– Зошто, Старче?
– Не сум на земјата, дете мое! Починав и сега сум на небото. Не се јавувај.
Жената не поверувала, си рекла, што му стана на Старецот, нешто не е добар или се шегува. Како и да е. Се јавила другиот ден да види што се случува. Ѕвонела, ѕвонела, и се јавила една монахиња што живее таму во манастирот.
– Ве молам, сакам да зборувам со Старецот!
– Чедо, не ли ја чувте веста? Старецот почина пред 40 дена.
– Навистина ли?
– Почина, на Света Гора.
– Ама вчера зборував со него по телефон.
– Не знам на кој телефон сте зборувале, Старецот почина пред 40 дена.
 
***
 
Се разбира, некој може да праша, какви се овие работи, или зошто ги кажуваме? Тие покажуваат дека Црквата не е теорија, ниту философија, туку реалност, и сѐ што ни кажува Христос во Евангелието е реалност. Тоа не се однесува само на Старец Порфириј, туку и на исклучително многу свети луѓе – Старец Паисиј, Старец Софрониј, Старец Јаков – овие современи светители што ги познававме. И јас познавав такви луѓе. Тоа е нешто неверојатно. Ги гледаш, гледаш што прават и ти самиот не веруваш дека тоа се случува!
Ако го разгледате животот на овие луѓе, ќе видите еден основен белег, т.е. двоен белег – прво, имаат голема љубов кон Бог, и кон човекот како резултат на тоа; и второ, имаат големо смирение, исклучително големо смирение. Старец Порфириј, кога го опишуваше својот благодатен дар, бидејќи знаеше и велеше дека е дар од Бог, не го криеше, беше толку простодушен, што понекогаш, како да кажам, се забавуваше со тоа. Кога минуваше покрај разни села, им кажуваше на луѓето каде имаат вода:
– Јас им кажувам каде има слатка вода, и тие ја наоѓаат. Зошто им го велам тоа? Им го кажувам за да можат, откако ќе ја најдат водата, да поверуваат дека тоа што сум им го кажал е од Бог, и потоа да им проговорам за духовните нешта и да ме ислушаат.
Некои одеа и го прашуваа:
– Старче, имам ли вода во нивата?
А тој кажуваше:
– Добро де, деца, јас да не сум сонда?

Велеше дека го добил тој дар бидејќи наполно се умртвил себеси заради Бог. Воопшто немаше сопствена волја. Што е доказот за тоа? Тој имаше толку голема желба да живее на Света Гора, а Бог на некој начин го „истера“ од неа, и го принуди да живее на Омонија, плоштад во центарот на Атина. Таму живееше.
Не знам дали можете да си ја претставите тишината на Света Гора, пустината. Ќе ви кажам и од личен опит. Ние бевме 20-22 монаси во нашата заедница и живеевме во скитот, во пустината, и служевме Литургија. Црквата ни беше многу мала. Беше широка два метра и половина. Еднаш дојде еден странец и нѐ бараше. Ние бевме во храмот. Тој беше надвор и не нѐ слушаше. Толку тивко служевме, речиси шепотејќи. Таква е исихастичката традиција. Ако немаш опит, можеш да се запрашаш: овие луѓе што прават, не зборуваат ли? Таква тишина. Така беше на Света Гора.
Кога тој отиде во Атина, во болничкиот храм отспротива продаваа музички цедиња. Продавачот толку гласно пушташе музика, што музиката ја пригушуваше Литургијата во храмот. Старецот велеше дека не може да служи, бидејќи постојано се слуша музика. Се прашуваше што да прави и, за да може да се сосредоточи, требаше да се моли со целата своја сила. Тој се навикна да се моли од целата своја душа поради тоа што храмот се тресеше од песните однадвор. Таква беше атмосферата.
starec.Porfirij.K.jpg

***
 
Со спомнативе случаи сакав да ви покажам дека Црквата е простор во кој човекот се исцелува и во кој оживуваат сите негови сили и дарови, дадени од Бог. Црквата ги насочува тие сили кон Бог. Доказ за тоа се светителите. Да ги немаше нив, луѓето кои ѝ се доверуваат на Црквата ќе беа глупаци.
 Замислете си да следите една црква која ви зборува за нешта што не може да ги докаже. Со други зборови, немаше ли да бидеме безумни ако го следиме Евангелието без докази за неговата вистинитост? Од каде да знам дека тоа е вистина? Добро, тоа се убави нешта, но како да ги правиме? Има ли доказ дека е вистина тоа за што ми кажуваат или зборуваат? Само светителите вистински сведочат за Евангелието. Навистина, признавам дека кога бев на осумнаесет години и за првпат отидов кај Старец Порфириј, мојата душа веднаш почувствува, веднаш штом го видов, дека зборовите на Христос се вистина. Така си реков. Зошто? Затоа што пред себе видов свет човек.
На крајот, кога се молите, повикувајте се на молитвите на Старец Порфириј – тој свет човек. Тој има голема смелост пред Бог и верувам дека неговата молитва има особено голема сила.   
 Митрополит Лимасолски Атанасиј
 
Се видов со Старец Порфириј два или трипати. Многупати во детали опишуваше домови и села во кои никогаш не бил. На други им кажувал каде да бушат и тие во сушни области наоѓале вода. На еден човек со високо образование Старецот му дал совет како да ги реши сите свои проблеми; со тоа му направил голема добрина, затоа што претходно многу духовни отци не можеле да му помогнат. Еднаш, поминувајќи покрај едно место каде биле во тек градежни работи, го предупредил багеристот да копа внимателно. Тој му кажал дека во земјата има крст и затоа треба да внимава да не го оштети. Неговите зборови се потврдиле како точни.
                                                                                                    Старец Паисиј Светогорец

Преподобен Порфириј велеше дека до благодатта стигнал единствено преку Црквата.
                                                                                         архимандрит Ефрем Ватопедски

Отец Порфириј ми откриваше ситуации од мојот живот. Исто така, ми објаснуваше како да се однесувам кон моите деца, од кои две веќе беа адолесценти. „Со својата најстара ќерка треба да се однесуваш на еден начин, а со средниот син сосема поинаку; кај најмалиот, пак, сѐ е во ред“. Ми кажуваше за карактерот на моите постари деца и јас почувствував дека воопшто не ги познавам; добив впечаток како воопшто да не сум живеел со нив, како Старец Порфириј да го правел тоа.
  протопрезвитер Георгиј Металинос
  доктор по богословија и философски науки,
      поранешен декан на Атинскиот богословски факултет

Старецот имаше многу болести: доживеа инфаркт, речиси и да не му работеше црниот дроб, страдаше од чир на дванаесетпалачното црево кое често прокрваруваше, имаше лишаи на лицето, дерматитис на рацете, хроничен бронхит и уште многу нешта. Но, го имаше трпението на Јов. На прашањето како се чувствува, Старецот одговараше: „Се чувствувам како образот да ми е залепен за вжештена тава“. Беше совршено спокоен и своите страдања не ги покажуваше надворешно; од него никогаш не чув дури ни најмала воздишка.

  Георгиј Папазахос
              докторот на отец Порфириј; доктор по медицински науки

 
подготви: Петар Георгиевски

Премин бр.99/100

 


 Старец Порфириј Кавсокаливиски- За болестите

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная