логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Од книгата Духовна азбука од свети Димитриј Ростовски

✤✣✤

Покој на душата во близина на Бога

✤✣✤

Колку и да бараш одмор и утеха во овој минлив свет, нема да ги најдеш. Мир и утеха на душата може да ѝ даде само Бог со Својата благодат, како што рече: „Мир ви оставам;  мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот.” (Јн. 14, 27)

Помисли, каде и во кое земно задоволство ќе најдеш мир и одмор? Каде ќе најдеш внатрешен мир и трајна радост? Можеби во славата? Но, денес си почитуван, а утре намразен. „Секој човек е трева, сета слава негова е како полско цвеќе. Тревата се исушува, цвеќето овенува, штом ќе дувне врз него здивот на Господ” (Ис. 40, 6-7). Но, можеби во богатството? Не само што не дава мир и одмор, напротив, предизвикува многу грижи, неспокојство и несигурност. Луѓето ти завидуваат и не ти се допаѓаат, а ти не си задоволен со она што го имаш. Сакаш да имаш сѐ повеќе, заборавајќи на тоа дека ништо нема да остане од твоето богатство.

„Вели богатиот: ’Најдов мир  и сега ќе му се радувам на моето богатство’, но тој не знае колку време тоа ќе трае; ќе дојде денот кога сето тоа на други ќе го остави и ќе умре“ (Мудр. Сир. 11, 17-18). Како што излегол гол од мајчината утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе. И тоа е големо зло: каков што дошол, таков си заминува. Каква е тогаш, ползата за него, кога се трудел залудно? (Пропов. 5, 14-15). Не заборавај како богатството е причина за многу смртни гревови и падови, како што ни потврдува апостолот: „А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.” Поради оваа причина еднаш Господ извика со болка: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо... Полесно камила ќе влезе низ иглени уши, отколку богат во царството Божјо.” Што ќе претпочитаат тогаш: земното богатство или царството Божјо?

Но, можеби ќе најдеш мир и покој во телесните задоволства? Ниту таму не постои. Телесниот грев – го знаеш добро, ако си го пробал – придружен е од внатрешната горчина, психичката свест, совесната контрола. И кога душата се скаменува, тогаш се случува совршено изоставање од Бога и совршено поробување во чувственост. Никаква друга страст не го заробува човекот толку тешко и неизбежно како оваа. И штом го зароби, му се раѓа внатре бескрајност, но лошa: жестокосрдечност, нечувствителност, горделивост, богохулство, бес, конечно и совршено неверство. Словото Божјо не се сместува во срце на сладострасник, бидејќи трњата на страста го дават секое добро семе што ќе падне меѓу нив: „…тоа, пак, што падна  меѓу трње, се оние што го слушаат словото, но откако ќе заминат, се гушат од грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод”, објаснува  Господ во параболата за сејачот.

Значи, ако во славата не постои покој, ако во богатството не постои покој, ако во задоволствата не постои покој, тогаш каде ќе покојуваме? Да го слушнеме Псалмопевецот: „Навистина, човек оди како сенка и залудно се измачува; собира богатство,а не знае кому ќе му го остави. И сега што да очекувам Господи? Надежта моја е во Тебе.”

Господ е твојата надеж, очекување, радост, твојот покој. Милостивиот и штедар и долготрпелив, предобар и човекољубив, Бог на мирот, Бог на сите молби, Младоженецот на твојата душа, која со копнеж Го повикува.
Задржи ги, брате, внатре во срцето зборовите на Господ што ѝ ги кажа на грижливата Марта: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи. Но, само едно е потребно. Марија, пак, го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе.” Остави ги и ти животните грижи. Седи смирено „покрај нозете на Исус ” и одмори ја твојата душа со топлината на божественото присуство. Тоа ти е доволно. Постои ли поголемо богатство? Постои ли поголема слава? Постои ли поголемо задоволство?

 

Извор: Бигорски манастир

 

лого

Извор

TVITer270

П.П.2015-01-29 07:02:44

 

 

 

 

Друго:

 Obraz-Iisusa-Hrista

 Voskresenie.s.jpg

 

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная